Едуард Кукан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Feb 2022 08:49:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Едуард Кукан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина Едуард Кукан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-eduard-kukan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-eduard-kukan/#respond Thu, 10 Feb 2022 08:42:33 +0000 https://kurir.mk/?p=629469

Поранешниот министер за надворешни работи на Словачка и пратеник во Европскиот парламент Едуард Кукан почина на 82 годишна возраст. Кукан на министерската позиција беше од 1998 до 2006 година. Во Европскиот парламент пратеник беше од 2009 до 2019 година. Неофицијално починал како последица на срцеви проблеми. Потврда за неговата смрт локалните медиуми добиле и од Правниот факултет на Универзитетот Коменски во Братислава каде тој предавал меѓународно право и меѓународни односи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-eduard-kukan/feed/ 0
Мицкоски оствари средба со европратениците Кукан и Флекенштајн: ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати договорот со Грција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-evropratenicite-kukan-i-flekenshtajn-vmro-dpmne-ne-moze-da-go-prifati-dogovorot-so-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-evropratenicite-kukan-i-flekenshtajn-vmro-dpmne-ne-moze-da-go-prifati-dogovorot-so-grcija/#respond Thu, 20 Sep 2018 17:26:50 +0000 https://kurir.mk/?p=103802

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со европратениците Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн. -Соговорниците се согласија дека евроатлантската интеграција на Македонија во  ЕУ и НАТО е клучна за развој на животниот стандард на граѓаните како и реформските процеси во правосудството, здравството и образованието и целокупен развој на државата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од таму велат дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја посочи посветеноста на партијата на евроатлантските интеграции на државата кои се од стратешки интерес. -Мицкоски го истакна фактот дека ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати договорот која актуелната власт го потпиша со Грција, поради фактот што тој е спротивен на македонските национални и државни интереси, а во иднина се отвора и можноста тој да биде искористен како правен механизам за блокада на македонските евероатлантски интеграции. На средбата со претставниците од Европскиот Парламент се говореше и за актуелната политичка ситуација во државата, а им беше укажано дека актуелната влада има незадоволителен прогрес во реформските процеси потребни за членство во ЕУ и дека нивната лична поддршката и залагање ќе бидат клучни за напредокот во интеграцискиот процес на Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-evropratenicite-kukan-i-flekenshtajn-vmro-dpmne-ne-moze-da-go-prifati-dogovorot-so-grcija/feed/ 0
Европратеникот Кукан: Најтешкиот дел не името, туку Уставот, јазикот, културата, сите тие работи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropratenikot-kukan-najteshkiot-del-ne-imeto-tuku-ustavot-jazikot-kulturata-site-tie-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropratenikot-kukan-najteshkiot-del-ne-imeto-tuku-ustavot-jazikot-kulturata-site-tie-raboti/#respond Thu, 07 Jun 2018 16:12:56 +0000 https://kurir.mk/?p=63372

Европратеникот од демохристијанската група ЕПП, Едуард Кукан за МИА вели дека политичарите прво треба да ја подготват јавноста пред да го објават договорот за името, во кој најтешките делови не се името само по себе, јави дописничката на МИА во Брисел. -Грешка беше да се биде толку оптимист. Мислам дека не е доволно политичарите да постигнат договор. Пред да го најават треба да го подготват народот за тоа. М мислам дека ја научија лекцијата последниот пат со Илинденска Македонија. Не верувам дека најтешкиот дел е името, туку како ќе стои во Уставот, јазикот, културата, сите тие работи. Можеби е техничко потешко, така што кога сите тие прашања ќе се решат, политичарите треба тоа позитивно да и го продадат на јавноста и само тогаш името ќе биде официјално објавено, изјави Кукан за МИА. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropratenikot-kukan-najteshkiot-del-ne-imeto-tuku-ustavot-jazikot-kulturata-site-tie-raboti/feed/ 0
Кукан: Спорот за името може да се реши до јуни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kukan-sporot-za-imeto-moze-da-se-reshi-do-juni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kukan-sporot-za-imeto-moze-da-se-reshi-do-juni/#respond Thu, 19 Apr 2018 10:59:51 +0000 https://kurir.mk/?p=43082

Решавањето на спорот за името на Македонија може да се постигне пред одржувањето на седница на Европскиот совет во јуни, кога лидерите ќе ја разгледуваат препораката за почеток на преговори за членство во Унијата со Скопје. Ова во специјално интервју за „Хоризонт“ го истакнува европратеникот и известител во сенка за Македонија, Едуард Кукан, кој е и еден од покренувачите на „Жан Моне“ процесот. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kukan-sporot-za-imeto-moze-da-se-reshi-do-juni/feed/ 0
Европратениците Вајгл, Флекенштајн и Кукан во Скопје на Косап https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropratenicite-vajgl-flekenshtajn-i-kukan-vo-skopje-na-kosap/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropratenicite-vajgl-flekenshtajn-i-kukan-vo-skopje-na-kosap/#respond Mon, 26 Feb 2018 08:18:39 +0000 http://kurir.mk/?p=24828

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи 13. Конференција на Парламентарните комисии за европски прашања/интеграции на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација од ЈИЕ - Косап. Гости говорници на конференцијата се и тројката европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан. Конференцијата има две сесии и тоа за Европските перспективи на Западен Балкан и владеењето на правото во Западен Балкан. На отворањето ќе зборува претседателот на Собранието Талат Џафери, а како гости говорници на сесиите покрај тројцата европратеници се најавени и евроамбасадорот Самуел Жбогар, Кристијан Вигенин, претседател на Комисијата за европски прашања и контрола на Европските фондови, амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли, како и министрите за надворешни и за правда на Македонија Никола Димитров и Билен Салији. Организатор е собраниската Комисија за европски прашања. Претседателот на Комисијата Артан Груби вели дека конференцијата се прави во периодот помеѓу објавувањето на Стратегијата за Западен Балкан на ЕК, по посетата на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер на Македонија за да се напарви еден вид притисок за Македонија да добие позитивен извештај за напредокот и чиста препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ. На конференцијата најавено е учество на 190 партиципанти од Македонија, Србија, Албанија, БиХ, Турција, Црна Гора и Косово, како и Бугарија, која е актуелен претседавач. Поканети се и претставници на академската заедница во Македонија, четириесетина граѓански организации, како и дипломатскиот кор. Како што е најавено, на крајот на конференцијата ќе биде усвоена заедничка изјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropratenicite-vajgl-flekenshtajn-i-kukan-vo-skopje-na-kosap/feed/ 0