едукација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 02 Apr 2023 17:14:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png едукација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кадиевска-Војновиќ: Образовниот систем во Македонија не поддржува финансиска писменост, потребно е воведување едукација за финансиите уште од основно училиште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovik-obrazovniot-sistem-vo-makedonija-ne-poddrzhuva-finansiska-pismenost-potrebno-e-voveduvane-edukatsija-za-finansiite-ushte-od-osnovno-uchilishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovik-obrazovniot-sistem-vo-makedonija-ne-poddrzhuva-finansiska-pismenost-potrebno-e-voveduvane-edukatsija-za-finansiite-ushte-od-osnovno-uchilishte/#respond Sun, 02 Apr 2023 17:14:07 +0000 https://kurir.mk/?p=819194

Денес во рамки на првиот женски економски форум - „Финансиска писменост“ во организација на „Јас Сум Жена“ и „Global Shapers Skopje Hub“ главен говорник беше членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Маја Кадиевска Војновиќ. На тема „Потребата од финансиска писменост во Македонија“, Кадиевска Војновиќ потенцираше дека тековно едукативниот систем е еродиран и истиот не поддржува финансиска писменост. Според неа, во образованието се учи сѐ, ама не и за современите текови и финансиите, а финансиите го вртат светот. На Македонија и треба зголемување на степенот на финансиска писменост, а тоа може да се постигне само институционално т.е со воведување на едукација за финансии уште во основно училиште. За повозрасните потребни се специјализирани обуки од давателите на финансиски услуги. Според неа итно е потребно да се зголеми квалитетот на образованието кон новото време за да се задржат младите во економијата, нашите таленти и идениот потенцијал за раст. Статистичките мерења според неа се поразителни. Според меѓународните мерења населението над 18 години во Македонија има ниско финансиско знаење, однесување и ставови, што е во рамки на групата земји од Јужноисточна Европа кои заостануваат во многу сегменти зад западноевропските држави. Според анкетата на НБРМ, повеќе од половината од младите (на возраст од 13-15 години) сметаат дека делумно знаат како да управуваат со парите, а истото во најголем дел го учат од своето семејство, додека формалното образование обезбедува низок процентот на финансиска едукација. Кадиевска Војновиќ потенцираше дека финансиската инклузија или вклученост е сѐ уште ниска во одредени сегменти. Така, според најновите податоци од Финдекс базата на Светска банка за 2021 година и покрај тоа што поголемиот дел од населението над 15 години има сметки во банки (85,3%), само 14,9% од населението штеди во банки (50% од оние кои имаат сметки во банка) и само 22% позајмува пари од официјални финансиски институции (од младите само 6,5%, од посиромашните само 17,6%). Наспроти ова, депозитите на домаќинствата од крајот на 2010 година до февруари 2023 година се имаат зголемено за високи 2,9 милијарди евра, а кредитирањето на банките на физичките лица за овој период расте за 2,3 милијарди евра. Ова покажува две работи, ниска финансиска моќ односно низок расположлив доход за штедење (или способност за позајмување) кај поголем дел од населението и висока концентрација на депозитната база кај домаќинствата со повисоки примања. Финдекс базата на податоци покажува дека сопственици на кредитни картички се само 22% од населението (52,6% поседуваат дебитни картички), додека позначаен процент 88,4% од населението имаат пристап до интернет и 94,6% имаат мобилни телефони. Сепак, според Кадиевска Војновиќ користењето на мобилните и интернетот за финансиски трансакции како плаќања, земање на кредити, депозити, осигурување, тргување со хартии од вредност е ниско, зошто во Македонија сѐ уште не е развиен финтекот секторот. Користењето на мобилниот телефон или интернетот е највеќе за проверка на салдото на сметката (кај 43,2% од тие што имаат сметки), помалку за плаќање на сметки (само кај 28,3%) и за купувања на интернет (кај 30,5%). Кадиевска Војновиќ потенцираше дека потребата од финансиска писменост не е само од личен интерес, туку е и од национален интерес. Финансиската писменост овозможува носење на информирани одлуки за личните и јавните финансии. Ефикасното управување со парите го намалува ризикот од финансиски грешки, што води кон подобра финансиска благосостојба, намален долг и зголемени заштеди. Истото овозможува планирање за иднината и помага при справување со неочекуваните финансиски предизвици. Кадиевска Војновиќ потенцира – финансиската писменост е потребна не само за успешно управување со личните финансии, тука и за македонското општество како целина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kadievska-vojnovik-obrazovniot-sistem-vo-makedonija-ne-poddrzhuva-finansiska-pismenost-potrebno-e-voveduvane-edukatsija-za-finansiite-ushte-od-osnovno-uchilishte/feed/ 0
Меѓународно признати вински сертификати за вински професионалци и ентузијасти конечно и во Македонија https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/megjunarodno-priznati-vinski-sertifikati-za-vinski-profesionalci-i-entuzijasti-konechno-i-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/megjunarodno-priznati-vinski-sertifikati-za-vinski-profesionalci-i-entuzijasti-konechno-i-vo-makedonija/#respond Thu, 28 Feb 2019 15:06:57 +0000 https://kurir.mk/?p=169445

Македонија, од неодамна, се придружи на глобалната мрежа од над 700 вински едукатори (APP – Approved Program Provider) и стана една од 70-те земји кои имаат свој овластен претставник и едукатор на престижната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци WSET - Wine and Spirit Education Trust. WSET квалификациите се глобално познати како интернационален стандард за винско знаење и „возачка дозвола“ во светот на виното. Петар Величковиќ и неговата школа Wine Way, по долготрајни подготовки и со успешно завршување на ригорозната програма за WSET едукатор – минатиот месец станаа официјални македонски претставници на оваа глобално призната едукаторска организација. Првите курсеви се закажани на 6-ти Април. Рокот за пријавување е 20-ти март, а бројот на местата е ограничен. Ќе бидат одржани курсеви од прво и второ ниво, за кои е потребно само љубов кон виното, не и предзнаење. Високите стандарди на Лондонската школа ќе овозможат на македонската винска сцена да се изградат вински познавачи кои ќе го зборуваат интернационалниот јазик на виното. Создавањето на нови вински ентузијасти, едуцирани вински работници и вработени во угостителството, дирекно ќе влијаат на развојот на домашната винска индустрија и винската култура воопшто во земјата. Повеќе информации за едукативното тело и WSET обуките, како и детали за курсевите кои Wine Way ги нуди, можете да најдете на нивната веб страница wineway.org­­­­.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/megjunarodno-priznati-vinski-sertifikati-za-vinski-profesionalci-i-entuzijasti-konechno-i-vo-makedonija/feed/ 0
Обуки во Скопје за вински ентузијасти на светски реномираната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/obuki-vo-skopje-za-vinski-entuzijasti-na-svetski-renomiranata-londonska-shkola-za-vino-i-zestoki-pijalaci/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/obuki-vo-skopje-za-vinski-entuzijasti-na-svetski-renomiranata-londonska-shkola-za-vino-i-zestoki-pijalaci/#respond Fri, 01 Feb 2019 10:17:31 +0000 https://kurir.mk/?p=159010

Винарската визба „Тиквеш“ ја доби акредитацијата за организирање обуки на престижната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци (Wine & Spirits Education Trust – WSET), најголемиот светски провајдер на обуки во доменот на виното и жестоките пијалаци. Школата „Вински едукатор“ (Wine educator) почнува со работа, а обуките, според највисоките стандарди на едукација во областа, ќе ги изведуваат реномирани искусни предавачи сертифицирани од оваа светски признаена едукаторска организација. Рокот за апликации е во тек и трае до почетокот на март, а првите обуки ќе се одржат од 27 до 30 март оваа година во „М6 едукативниот центар“ во Скопје.
„Ова е логично продолжување на активностите што „Тиквеш“ ги презема повеќе од една деценија на полето на едукацијата и развојот на винската култура. Но, и подигнување на едно повисоко, би рекол, светско ниво. Програмите и највисоките стандарди на Лондонската школа и нејзините интернационални обучувачи ќе отворат нови можности за развој на македонскиот пазар на вино, но и за раст на домашната винска индустрија преку создавање нови познавачи на виното, едуцирани трговци со вино и персонал во рестораните и вински ентузијасти. Тие понатаму ќе ги шират винската култура и бенефитите од умерената и одговорна консумација на виното“, изјави генералниот директор на „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.
Лондонската школа за вино и жестоки пијалаци има свои едукативни програми во повеќе од 75 земји во светот. Во Македонија на самиот почеток ќе бидат организирани обуките од прво и второ ниво, кои не бараат претходно познавање од областа, а во натамошниот период ќе бидат достапни обуки од напредните програмски целини. Учесниците на обуките, преку проверка на стекнатите знаења, ќе може да се стекнат со меѓународно признаени сертификати за познавања од областа. Сите детални информации за обуките и начинот на аплицирање се достапни на специјализираната интернет страница wineeducator.eu.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/obuki-vo-skopje-za-vinski-entuzijasti-na-svetski-renomiranata-londonska-shkola-za-vino-i-zestoki-pijalaci/feed/ 0