едвард џозеф – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 31 May 2023 05:48:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png едвард џозеф – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Џозеф: САД му дадоа зелено светло на Александар Вучиќ да ја ескалира ситуацијата на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dhozef-sad-mu-dadoa-zeleno-svetlo-na-aleksandar-vuchik-da-ja-eskalira-situatsijata-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dhozef-sad-mu-dadoa-zeleno-svetlo-na-aleksandar-vuchik-da-ja-eskalira-situatsijata-na-kosovo/#respond Wed, 31 May 2023 05:35:42 +0000 https://kurir.mk/?p=840684

САД отидоа предалеку со критиките до властите на Косово кои сакаа да ги спроведат новоизбраните градоначалници на нивните места, изјави денеска Едвард Џозеф политички аналитичар од Вашингтон и познавач на Балканот. Како што јави дописникот на МИА, САД и ЕУ претходно повикаа дека официјална Приштина ја дестабилизира ситуацијата во земјата. -Со тоа што САД отидоа предалеку велејќи дека со ова односите со Косово ќе бидат оштетени, тие му дадоа зелено светло на Вучиќ да ескалира и да го обвини Албин Курти, изјави Џозеф во интервју за Ал Џезеира. Додаде дека косовскиот премиер можеби заслужува критицизам, на дека САД отишле предалеку откако Вашингтон даде до знаење дека односите со Приштина ќе бидат оштетени поради четирите градоначалници. -Според законот, Косово е во право. Тие имаат право на тоа, Србите ги бојкотираа овие избори кои водеа кон тоа да бидат избрани овие четири градоначалници, изјави Џозеф. -Александар Вучиќ ја ескалира ситуацијата на Косово иако де-факто се согласи на признавање во март (на преговорите во Охрид) благодарејќи на посредништво на ЕУ и САД. Дигање тензии е последното нешто што треба да го прават како Косово така и Србија, изјави Џозеф. -Но оваа тензична ситуација му одговара на Вучиќ, кој е под голем притисок дома, со досега незабележани масовни демонстрации против неговата власт. Тој сака да се претстави како голем патриот, бранител на Косово и на косовските Срби, точно во време кога е под огромен притисок дома, рече тој. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dhozef-sad-mu-dadoa-zeleno-svetlo-na-aleksandar-vuchik-da-ja-eskalira-situatsijata-na-kosovo/feed/ 0
Едвард Џозеф: Бугарија го негира македонскиот идентитет и тоа е основата на бугарските позиции за Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edvard-dzozef-bugarija-go-negira-makedonskiot-identitet-i-toa-e-osnovata-na-bugarskite-pozicii-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edvard-dzozef-bugarija-go-negira-makedonskiot-identitet-i-toa-e-osnovata-na-bugarskite-pozicii-za-makedonija/#respond Wed, 29 Jun 2022 19:12:59 +0000 https://kurir.mk/?p=697504

Бугарија го негира македонскиот идентитет. Ова е основата на бугарските позиции за Македонија, негираат. Ова е суштината нивните позиции, негирањето. Може да кажуваат што сакаат, но има конзистентен обид и напор да го негираат македонскиот идентитет. Тоа е целта да го оспорaт идентитетот и да создадат поттик за македонските граѓани тука со бугарско државјанство и така да го оспорат во свое време Бугарската основна позиција не е сменета, позицијата за историјата не е сменета, изјави Едвард Џозеф предавач на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон и експерт за Балканот, за Агенда35 на МТВ. Тој посочи дека предлага САД да го афирмира македонскиот идентитет, преку договор меѓу САД и Македонија, билатерален културен документ во рамките на стратешкиот дијалог што ќе го афирмира идентитетот, затоа што ова веќе е проблем и на НАТО и на САД. - НАТО членка Бугарија ја искористува својата позиција на ЕУ членка за ефективно да врши идентитетска агресија што е форма на агресија врз друг НАТО сојузник. Не може ова да го имаме во НАТО, овој тип е на агресија е сличен на она што го прави Русија во Украина кога и вика дека се вештачка држава, тоа го прави Бугарија, ви вика вие сте вештачка нација, вие сте Бугарија, вашиот јазик е бугарски, вашата историја до 1944 е бугарска. Ние велиме дека тоа е неприфатливо. Путин го прави тоа со бомби, Бугарија со блокирање. Ова е проблем на НАТО затоа што една членка врши агресија на друга. Но ова е и проблем на САД. Затоа што претседателот Румен Радев и други во бугарскиот парламент и функционери го користат ова прашање за агенда што е во сојузништво со Путин, оние кои го користат ова прашање во Бугарија се сојузници на Путин. Затоа е проблем и за САД, рече Џозеф. Во врска со тоа што треба да преземат македонските власти тој истакна дека Бугарија го поткопува македонскиот идентитет и премиерот Ковачевски и претседателот Пендаровски да одлучат каква позиција ќе заземат и што ќе им објаснат на граѓаните на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edvard-dzozef-bugarija-go-negira-makedonskiot-identitet-i-toa-e-osnovata-na-bugarskite-pozicii-za-makedonija/feed/ 0
БУГАРСКОТО МАЛТРЕТИРАЊЕ ВРЗ МАКЕДОНИЈА Е И ПРОБЛЕМ НА НАТО – Едвард Џозев смета дека САД мора во пишана форма да го афирмира македонскиот идентитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskoto-maltretiranje-vrz-makedonija-e-i-problem-na-nato-edvard-dzozev-smeta-deka-sad-mora-vo-pishana-forma-da-go-afirmira-makedonskiot-identitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskoto-maltretiranje-vrz-makedonija-e-i-problem-na-nato-edvard-dzozev-smeta-deka-sad-mora-vo-pishana-forma-da-go-afirmira-makedonskiot-identitet/#respond Sat, 25 Jun 2022 12:44:01 +0000 https://kurir.mk/?p=695613

Американскиот претседател Џо Бајден не може да си дозволи меѓу сојузничките од НАТО, една земја членка да „и се сили“ и да малтретира друга земја членка затоа што е поголема или како што е во случајот со Бугарија и Северна Македонија, затоа што е членка на ЕУ, смета американскиот универзитетски професор и експерт за Балканот, Едвард Џозеф. – Тоа е веќе и проблем на НАТО. Тоа не можеме да го дозволиме. Ова е сојуз, НАТО е сојуз, не може САД да толерира агресија кон идентитетот, искористување на силата, на овој начин. Ова е сериозно, не е мало прашање. Идентитетот на луѓето е поврзан со идентитетот на државата, со напредокот на државата, со внатрешната стабилност и добрите односи меѓу Македонците и Албанците, што е наш интерес. Од друга страна интерес на Владимир Путин се поделбите и конфликтите. Поделба меѓу Бугарите и Македонците, поделби меѓу Албанците и Македонците, меѓу Србите и Косовците, сето ова Путин го сака - во Украина, тоа го сака и на Балканот, поделби, конфликти, додека интересот на САД е да се запре сето тоа, почнувајќи со афирмација во официјална пишана форма на македонскиот идентитет“, вели Џозеф во интервју за ТВ Клан Македонија. Според него, на тој начин со американската афирмација на македонскиот идентитет, нација и јазик, ќе се испрати порака до Софија: „Вие никогаш нема да победите, никогаш нема да го избришете македонскиот идентитет“. Тој смета дека тоа е сигналот што им треба во Бугарија и на бугарските лидери, како премиерот Кирил Петков, кои сакаат да го решат ова прашање. – Им даваат простор на историчарите во заедничката комисија да разговараат, врз експертска основа, а не врз основа на сила, од типот „ние сме посилни од вас, па не мораме да ги почитуваме одредбите од Договорот за пријателство, вие мора да ја слушате нашата верзија на историјата, со сила“. Тоа е против принципите на НАТО, на ЕУ и на САД, додава Џозеф. Според него, по падот на Владата на Петков, како технички премиер во Бугарија би можел да се врати Стефан Јанев, кој како министер за одбрана руската агресија врз Украина ја нарекуваше „специјална воена операција“. – Значи ќе имаме човек на Путин, кој одново ќе го води шоуто во Бугарија, членка на НАТО и ЕУ. Тоа е голем проблем за претседателот Бајден. Тоа е голем проблем за НАТО. Дополнително, во Северна Македонија имаме лојална членка на НАТО, земја што пружа целосна поддршка за Украина. Знаеме дека лидерството на земјата, претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски ќе се соочат со остри критики, загрижености и напади. Тоа веќе го видовме од ВМРО, од Христијан Мицковски. Значи веќе имаше реакции поради францускиот предлог овде. Ова значи дека претседателот Бајден ќе има двојна криза овде. Односите меѓу две земји, сојузнички во НАТО ќе се влошат, а тоа е загриженост за САД, оценува Џозеф. Запрашан за коментар на „францускиот предлог“, Џозеф вели дека не верува оти Франција и нејзиниот претседател Емануел Макрон имале „лоши мотиви“, туку проблем е во „слабоста и немоќта на Европската Унија“. – Значи Макрон, како и други ЕУ земји, и се разбира САД, иако не се членка на ЕУ, сакаат да биде кренато ветото и Северна Македонија и Албанија да можат да почнат преговори. Очајни се за да се крене ветото. Но, проблемот е што се многу слаби, а Бугарија ја користи таа ситуација, ја искористува, злоупотребувајќи го процесот на ЕУ. Правилата, протоколите на ЕУ велат дека не смеете да внесувате билатерални прашања во пристапниот процес. Тој процес се однесува на друго – дали Северна Македонија ги исполнува условите, дали спроведува реформи и владеење на правото и други прашања, но не за поплаки околу историјата и јазикот, истакнува Џозеф. Тој смета дека во сегашните услови на ЕУ и се потребни САД „за запирање на Путин во Украина и за запирање на агресија кон идентитетот и малтретирањето од Бугарија“. – Потребни се САД да се вклучат и да ја охрабрат Северна Македонија дека Вашингтон го признава македонскиот идентитет и да и пратат сигнал на Бугарија дека „нема никогаш да ја постигне својата цел, никогаш нема да го избрише македонскиот идентитет“. Тоа е клучното, заклучува Џозеф во интервјуто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskoto-maltretiranje-vrz-makedonija-e-i-problem-na-nato-edvard-dzozev-smeta-deka-sad-mora-vo-pishana-forma-da-go-afirmira-makedonskiot-identitet/feed/ 0
Едвард Џозеф: Бугарската блокада е мошне позитивна политика за Русија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edvard-dzozef-bugarskata-blokada-e-moshne-pozitivna-politika-za-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edvard-dzozef-bugarskata-blokada-e-moshne-pozitivna-politika-za-rusija/#respond Tue, 07 Jun 2022 20:40:13 +0000 https://kurir.mk/?p=688036

САД треба да реагираат на Балканот каде ЕУ не може да постигне поместување на позициите, коментираше за Гласот на Америка аналитичарот Едвард Џозеф од Школата за напредни и меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон. Тој се осврна на Стратешкиот дијалог меѓу САД и Северна Македонија, прв од таков вид, и влијанието врз регионот. -Тајмингот на одржување на Стратешкиот дијалог во Вашингтон не можеше да биде подобар за Северна Македонија, затоа што подоцна месецов ЕУ ќе одржи Самит од каде ќе биде донесена одлука за евентуален излез од овој анти-демократски и проруски маневар на Бугарија со блокирањето на почетокот на преговорите за Скопје и за Тирана, рече Едвард Џозеф во изјава за Гласот на Америка Според Џозеф, аналитичар со фокус на Балканот, земјава се уште ги чувствува негативните последици од Бугарија со ветото, а ситуацијата е уште повеќе влошена по инвазијата на Русија во Украина. Тој изјави дека Северна Македонија и Албанија го имаат исполнето тоа што од нив се бараше за почеток на преговори со ЕУ, и затоа блокирањето на интегративниот процес претставува проблем за самата ЕУ, но и за САД. -Бугарската блокада е мошне позитивна за Русија. Тоа е важно да се нагласи. Интересот на Русија да го спречи Балканот да се придвижи кон стабилност кон ЕУ и НАТО, рече аналитичарот. Блокирањето на двете земји и помага и на Србија да носи одлуки кои се косат со меѓународната заедница, наведува Џозеф. -Србија е на страната на Русија. Ваквата ситуација дава моќ на Белград јавно да го предизвика воведувањето санкции врз Русија, или да мора да постигне договор за Косово, кога нема јасен патоказ за членство во ЕУ, како што е тоа во случајот со Северна Македонија и со Албанија, кои се заглавени поради бугарското вето, смета тој. Според него, актуелната политика на Бугарија кон проширувањето на ЕУ, само оди во прилог на интересите на Русија во регионот. Тој анализираше и дека Србија им пркоси на повиците на ЕУ и САД да воведат санкции врз Русија, и дека хрватскиот претседател се заканува дека ќе го блокира членството на Финска и Шведска во НАТО доколку нема решение за некои наталожени предизвици во Босна и Херцеговина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edvard-dzozef-bugarskata-blokada-e-moshne-pozitivna-politika-za-rusija/feed/ 0
Џозеф: Размената на територии меѓу Србија и Косово ќе има негативни ефекти за Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzozef-razmenata-na-teritorii-megju-srbija-i-kosovo-kje-ima-negativni-efekti-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzozef-razmenata-na-teritorii-megju-srbija-i-kosovo-kje-ima-negativni-efekti-za-makedonija/#respond Wed, 29 Aug 2018 08:22:01 +0000 https://kurir.mk/?p=93473

САД наивно веруваат дека со промена на границите на Србија и Косово, конечно ќе се реши овој проблем, оцени во интервју за Радио Слободна Европа Едвард Џозеф, професор на Универзитетот Џонс Хопкинс, а кој бил во повеќе меѓународни мисии на Балканот. Тој вели дека со изјавите, како оние на Џон Болтон, советник на американскиот претседател Доналд Трамп, дека останува на Белград и Приштина да се договорат, всушност се охрабрува и опцијата за промена на границите. Џозеф оценува дека идејата за размена на територии како решение ќе добие на замав. – Друго прашање е дали Белград и Приштина ќе можат конкретно да се договорат кои територии би биле дел од тој договор. Исто така, се поставува многу сериозно прашање, а тоа е дали ќе можат да се превенираат негативните ефекти од таквото решение по БиХ, Македонија и Србите јужно од Ибар. Сметам дека ќе биде потребен дополнителен ангажман на меѓународната заедница, вклучително и Вашингтон, за да се спречат такви последици, оцени Џозеф. Пораката на Болтон дека Вашингтон не ја исклучува опцијата за територијални корекции доколку Белград и Приштина се договорат, Џозеф ја оцени како најважна изјава на еден американски функционер за овој регион од 1991 година кога тогашниот американски државен секретар Џејмс Бејкер рече дека не е нивни проблем тоа што Југославија се распаѓа. – Болтон, во основа го повторува истиот став, нагласувајќи дека на САД не им е грижа како Белград и Приштина ќе го решат тоа прашање. Тоа е наивна и кусогледа изјава, затоа што не ги зема предвид последиците од такво решение, истакна Џозеф. Тој потенцира, дека од друга страна, статус кво не одговара на ниту една страна. Србија не може да влезе во ЕУ, а Косово ни во ЕУ, ни во ОН доколку не биде постигнат меѓусебен договор. Истакнувајќи дека претседателите на Србија и Косово Александар Вучиќ и Хашим Тачи наводно одржале повеќе приватни средби, Џозеф потсетува дека опозицијата во двете земји се противи на идејата за размена на територии. Тој се осврнува и на терминот кој се користи – територијални корекции. – Поимот „корекција“ имплицира дека постоела историска грешка, која сега треба да се поправи. Може да се претпостави дека станува збор за територијалната организација за време на Јосип Броз Тито, кога некои општини со српско мнозинство се припиоени кон Косово, а други, со албанско мнозинство, се припоени на Србија, вели Џозеф за РСЕ. – Тито стравуваше од привлечноста на Косово за Албанија, Македонија за Бугарија, како и Војводина за Унгарија. Тоа е единствена причина зошто Војводина и Косово не добија статус на републики, иако ги имаа сите атрибути, вклучувајќи и интерни граници, истакнува професорот. Тој оценува дека евентуалната промена на границите би ги охрабрила и останатите на Балканот. – Голем број Срби во Република Српска не ја доживуваат Босна и Херцеговина како своја земја, ниту чувствуваат лојалност кон престолнината Сараево. Дури и ако Вучиќ и Тачи соопштат дека договорот за промена на границата меѓу Србија и Косово се однесува само на тој случај, што би ги спречило Србите во РС да агитираат за независност? Зошто нивните сонародници од Косово можат да се приклучат кон Србија, а тие не можат, без разлика на различните околности. Ако РС се отцепи од БиХ, тогаш ќе заминат и Хрватите. Каква ќе биде реакцијата на Бошњаците? Дали ќе дозволат без борба да им се распадне земјата? Станува збор за сериозни компликации, предупредува Џозеф. – Исто се однесува и на Албанците во Македонија. Исто така, во таа варијанта Косово, неизбежно би се обединило со Албанија. Значи, промената на границата на Косово и Србија веднаш негативно би се одразила и на малцинските права. Ги спомнувам Србите јужно од Ибар, затоа што би престанал да важи планот на Марти Ахтисари, кој почива на претпоставката дека во Косово постои значително српско малцинство чии права треба да бидат гарантирани, истакна Џозеф во интервјуто за Радио Слободна Европа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzozef-razmenata-na-teritorii-megju-srbija-i-kosovo-kje-ima-negativni-efekti-za-makedonija/feed/ 0