Едвард Нортон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Jan 2023 14:14:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Едвард Нортон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Познатиот актер дозна дека Покахонтас е неговата 12-та прабаба https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-poznatiot-akter-dozna-deka-pokahontas-e-negovata-12-ta-prababa/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-poznatiot-akter-dozna-deka-pokahontas-e-negovata-12-ta-prababa/#respond Thu, 05 Jan 2023 14:37:04 +0000 https://kurir.mk/?p=784031

Позната холивудска ѕвезда Едвард Нортон, во една епизода од документарната серија на Би-Би-Си, Finding Your Roots, дозна дека е потомок на Индијанка која се омажила за доселеник од Вирџинија, Џон Ролф, пренесува Си-Ен-Ен. Историчарот и водител Хенри Луис Гејтс Јуниор му потврдил на актерот дека долгогодишните семејни гласини се вистинити, велејќи му на Нортон дека постои документ кој докажува дека неговото семејство директно потекнува од Покахонтас и Џон Ролф и дека легендарната Индијанка е негова 12-та прабаба. Според Гејтс, парот се венчал на 5 април 1614 година во Џејмстаун, Вирџинија - додека Вилијам Шекспир бил сè уште жив. Тој додаде дека документите откриваат дека Покахонтас починала три години подоцна во Гравеснд, Англија, додека Ролф умрел во пролетта 1622 година. На почетокот на 17 век, Покахонтас ги пречека англиските доселеници во она што сега се Соединетите Американски Држави. Легендата вели дека таа го спасила животот на капетанот Џон Смит, запирајќи ја неговата егзекуција со тоа што ја ставила нејзината глава врз неговата. Емисијата, која ја следи историјата на предците на познатите, исто така откри дека третиот прадедо на Нортон, Џон Винстед, поседувал семејство на робови, вклучувајќи 55-годишен маж, 37-годишна жена и пет девојчиња на возраст од 4, 6, 8, 9 и 10 години. Нортон во емисијата изјавил дека го истражувал своето потекло пред да се појави во „Најди ги корените“ и признал дека не бил задоволен од сето она што го научил за своите предци. -Тоа не е суд за вас и вашиот сопствен живот, туку е суд за историјата на оваа земја и тоа прво треба да се признае, а потоа да се бориме со тоа, рече актерот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-poznatiot-akter-dozna-deka-pokahontas-e-negovata-12-ta-prababa/feed/ 0