ефикасна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 Mar 2021 07:00:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ефикасна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ефикасноста на вакцината на Новавакс е 96 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/efikasnosta-na-vakcinata-na-novavaks-e-96-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/efikasnosta-na-vakcinata-na-novavaks-e-96-otsto/#respond Fri, 12 Mar 2021 07:00:14 +0000 https://kurir.mk/?p=481124

Вакцината против Ковид-19 на „Новавакс“ е 96 проценти ефикасна во спречување на инфекцијата предизвикана од оригиналната верзија на коронавирусот во последното испитување спроведено во Велика Британија, соопшти компанијата. Вакцината, исто така, има ефикасност од околу 86 проценти во заштитата од позаразната варијанта на вирусот, која првпат беше откриена и сега е распространета во Велика Британија. Во одделно испитување во Јужна Африка, каде волонтерите првенствено беа изложени на другата понова, позаразна варијанта која циркулира таму и се шири низ целиот свет, вакцината имаше ефикасност од околу 55 проценти И во двете испитувања, вакцината беше 100 проценти ефикасна во спречување сериозни болести и смрт. Резултатите од финалната анализа на истражувањето во Велика Британија претежно беа во согласност со привремените податоци објавени во јануари, кои исто така покажаа дека вакцината на „Новавакс“ е 96 проценти ефикасна против оригиналната верзија на коронавирусот и околу 86 проценти ефикасна против британската варијанта. Компанијата очекува да ги искористи овие информации за да аплицира за одобрување во различни земји. Не е познато кога ќе побара одобрување во САД ниту дали американските регулатори ќе бараат да заврши истражувањето што е во тек таму. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/efikasnosta-na-vakcinata-na-novavaks-e-96-otsto/feed/ 0
Вакцината на АстраЗенека ефикасна за сите возрасни групи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinata-na-astrazeneka-efikasna-za-site-vozrasni-grupi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinata-na-astrazeneka-efikasna-za-site-vozrasni-grupi/#respond Mon, 22 Feb 2021 13:49:39 +0000 https://kurir.mk/?p=472284

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача употреба на вакцината АстраЗенека против Ковид-19 за сите возрасни групи, и ова е силен сигнал до сите граѓани дека се работи за безбедни и ефикасни вакцини, соопшти Европската комисија. Во врска со информациите дека Германија и Белгија изразиле сомневање во врска со ефективноста на вакцината АстраЗенака за лица над 65 и 55 години, Комисијата наведува дека е во надлежност на земјите-членки да одлучуваат за „дополнителни и построги барања за употреба на некои вакцини, се додека тоа не е во спротивност со препораките на ЕМА. Европската комисија ги повика и интернет-платформите, како што се Фејсбук, Твитер, Јутјуб и Гугл, итно да работат на решавање на дезинформациите што се појавуваат на социјалните мрежи кога станува збор за вакцините против коронавирусот. „Живееме во глобална здравствена криза, а проверените информации можат да спасат животи“, се вели во пораката од Брисел. ЕУ потенцира дека од договорените 2,6 милијарди вакцини за ЕУ-27, 1,2 милијарди се во моментов во производство, што според очекувањата на Брисел би требало да овозможи крајот на летото во ЕУ, да биде вакцинирано 70 проценти од населението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinata-na-astrazeneka-efikasna-za-site-vozrasni-grupi/feed/ 0
Истражување: Вакцината на Синовак е ефикасна во 78 отсто од случаите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-vakcinata-na-sinovak-e-efikasna-vo-78-otsto-od-sluchaite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-vakcinata-na-sinovak-e-efikasna-vo-78-otsto-od-sluchaite/#respond Fri, 08 Jan 2021 11:43:06 +0000 https://kurir.mk/?p=452829

Вакцината против Ковид-19 на кинеската компанија Синовак е ефикасна во 78 отсто од случаите, покажаа резултатите од испитувањето во Бразил. Во испитувањето учествуваа над 12.000 здравствени работници, од кои 169 примиле плацебо. Кај испитаниците не се забележани негативни нус појави. Властите во бразилската сојузна држава Сао Паоло набавија вакцини од Синовак и бараат од федералните власти итно одобрување за нејзина употреба.Државата Сао Паоло со 46 милионско население планира да почне вакцинација на 25 јануари. Додека кинеската компанија Синофарм минатата недела објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 е ефикасна во околу 79 отсто од случаите. Во Бразил од последици од новиот коронавирус починаа речиси 200.000 луѓе, со што земјата е на второ место по смртни случаи во светот, по САД, каде починаа околу 360.000 лица. И Турција минатиот месец ја испитуваше вакцината на Синовак, при што се покажа ефикасна во над 90 проценти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-vakcinata-na-sinovak-e-efikasna-vo-78-otsto-od-sluchaite/feed/ 0
Вакцината против Ковид-19 на кинеската „Синофарм“ е ефикасна 79 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinata-protiv-kovid-19-na-kineskata-sinofarm-e-efikasna-79-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinata-protiv-kovid-19-na-kineskata-sinofarm-e-efikasna-79-otsto/#respond Wed, 30 Dec 2020 08:36:42 +0000 https://kurir.mk/?p=450162

Кинеската фармацевтска компанија Синофарм објави дека една од нејзините вакцини против Ковид-19 покажала ефикасност кај 79,34 проценти од оние кои биле во клиничките испитувања. Тој процент е помал од американските конкуренти „Фајзер“ и „Модерна“. За споредба, Фајзер тврди дека нивната вакцина е ефикасна 95 отсто, а Модерна – 94,1 отсто. Британската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ објави дека вакцината, што ја разви заедно со Универзитетот во Оксфорд, покажала ефикасност кај 70 проценти од вакцинираните. Сепак, ефективноста може да достигне 100 проценти со две дози. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinata-protiv-kovid-19-na-kineskata-sinofarm-e-efikasna-79-otsto/feed/ 0
Вакцината може да биде ефикасна и против новата мутација на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinata-moze-da-bide-efikasna-i-protiv-novata-mutacija-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinata-moze-da-bide-efikasna-i-protiv-novata-mutacija-na-koronavirusot/#respond Wed, 23 Dec 2020 12:00:58 +0000 https://kurir.mk/?p=447173

Голема е веројатноста вакцината да биде ефикасна против новата мутација на коронавирусот, изјави Угур Сахин, научник и директор на компанијата „БиоНТек“, чија вакцина е одобрена во ЕУ. Тој за Дојче Веле изјави дека се надева дека на имунизација на населението до следната зима и дека стапката на хоспитализација на стари лица ќе се намали за неколку месеци. Со оглед на тоа дека ЕМА ќе ја објави одлуката за американската вакцина на „Модерна“ на 6 јануари, Сахин вели дека тоа дава надеж дека наскоро ќе можат да се најдат доволно вакцини на пазарот за да се стави пандемијата под контрола до следната зима. Тој посочува дека за тоа треба да се имунизираат 60 до 70 проценти од луѓето. Што се однесува до новиот вид коронавирус што за првпат беше забележан во Велика Британија, директорот на „БиоНТек“ вели дека сè уште не е познато дали е отпорен на вакцината. – Се уште не знаеме, бидејќи не сме направиле тестови, вели Сахин и најавува дека во следните две недели „БиоНТек“ ќе провери каков е одговорот на таа мутација на нивната вакцина. Тој смета дека постои голема веројатност вакцината да биде ефикасна против новиот вид на вирусот, бидејќи, иако оваа варијанта има повеќе мутации, само еден процент од релевантниот протеин е променет. – Ова значи дека 99 проценти е исто, а нашата вакцина предизвикува имунолошки одговор со напад на протеините на вирусот од повеќе страни, додаде научникот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinata-moze-da-bide-efikasna-i-protiv-novata-mutacija-na-koronavirusot/feed/ 0
Директорот на БиоНТек убеден дека вакцината ќе биде ефикасна и против новата варијанта на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-biontek-ubeden-deka-vakcinata-kje-bide-efikasna-i-protiv-novata-varijanta-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-biontek-ubeden-deka-vakcinata-kje-bide-efikasna-i-protiv-novata-varijanta-na-koronavirusot/#respond Tue, 22 Dec 2020 08:00:41 +0000 https://kurir.mk/?p=446521

Директорот на германската фирма БиоНТек, Угур Сахин, изрази убедување дека вакцината што фармацевтската компанија ја разви со американски Фајзер ќе биде ефикасна и против новата варијанта на коронавирусот што се појави во Велика Британија. Сахин рече дека БиоНТек ќе ја испита мутацијата на вирусот во наредните денови, но дека „трезвено ја набљудува ситуацијата“. Земјите ширум светот продолжија да ги затвораат границите со Велика Британија поради страв од новата варијанта на коронавирусот, кој се шири до 70 отсто побрзо од досегашниот. Откажувањето на летовите доведе до хаос во сообраќајот и ја зголеми можноста за недостиг на храна во Велика Британија. Изјавата на Сахин е во согласност со ставот на Светската здравствена организација дека нема причина за голема загриженост и дека новата варијанта на вирусот е вообичаен дел од еволуцијата на пандемијата. Непосредно пред изјавата на Сахин, Европската унија даде одобрение за употреба на вакцината на Фајзер и Бионтек, чија дистрибуција ќе започне по католички Божик. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-biontek-ubeden-deka-vakcinata-kje-bide-efikasna-i-protiv-novata-varijanta-na-koronavirusot/feed/ 0
Москва тврди дека вакцината Спутник V е многу ефикасна против новата варијанта на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moskva-tvrdi-deka-vakcinata-sputnik-v-e-mnogu-efikasna-protiv-novata-varijanta-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moskva-tvrdi-deka-vakcinata-sputnik-v-e-mnogu-efikasna-protiv-novata-varijanta-na-koronavirusot/#respond Mon, 21 Dec 2020 12:40:18 +0000 https://kurir.mk/?p=446213

Директорот на рускиот Фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев изјави дека првата регистрирана вакцина против коронавирусот Спутник V е многу ефикасна против новата варијанта, пронајдена во Велика Британија. Тој тврди дека вакцината е исто толку ефикасна против новата мутација, како што е и против другите постоечки соеви. – Спутник V во повеќе наврати ја покажа својата ефикасност и покрај претходните мутации на С-протеинот, изјави Дмитриев пред новинарите. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков посочи дека Русија ги следи најновите информации од британските научници за новата варијанта на коронавирусот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moskva-tvrdi-deka-vakcinata-sputnik-v-e-mnogu-efikasna-protiv-novata-varijanta-na-koronavirusot/feed/ 0