егејски македонци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 30 Jun 2018 10:41:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png егејски македонци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Одбележани 70 години од прогонот на Македонците од Егејска Македонија: Граѓаните порачаа дека договорот со Грција е велепредавство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezani-70-godini-od-progonot-na-makedoncite-od-egejska-makedonija-gragjanite-porachaa-deka-dogovorot-so-grcija-e-velepredavstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezani-70-godini-od-progonot-na-makedoncite-od-egejska-makedonija-gragjanite-porachaa-deka-dogovorot-so-grcija-e-velepredavstvo/#respond Sat, 30 Jun 2018 10:41:31 +0000 https://kurir.mk/?p=71463

Утринава во паркот Жена Борец одбележани беа 70 години од прогонот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Цвеќе пред споменик на децата бегалци положија повеќе делегации, меѓу кој од Кабинетот на претседателот на државата, од Светскиот македонски конгрес, цвеќе положија и партиски делегации од ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ. Настанот беше во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, а покровител беше светскиот македонски конрес. -Ова е протест и против договорот за велепредавство меѓу Димитров и Коѕијас, рекоа учесниците. Кога беше споменат договорот со Грција за промена на името тие гласно извикуваа „Уа“. Граѓаните ги повикаа и СДСМ да положат цвеќе, но откако никој не дојде, тие почнаа да извикуваат „Уа“ и „Македонија, Македонија“. На манифестацијата присутен беше и Ташко Јованов, претседател на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушодари. Откако завршија со полагањето цвеќе отидоа да погледнат изложба „70 години од прогонот на децата на бегалци од Егејскиот дел на Македонија 1948-2018“, во големата сала во Домот на АРМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezani-70-godini-od-progonot-na-makedoncite-od-egejska-makedonija-gragjanite-porachaa-deka-dogovorot-so-grcija-e-velepredavstvo/feed/ 0
Македонците малцинства колатерална штета: За само една година Заев се откажа од Егејските Македонците и од Македонците во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-malcinstva-kolateralna-shteta-za-samo-edna-godina-zaev-se-otkaza-od-egejskite-makedoncite-i-od-makedoncite-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-malcinstva-kolateralna-shteta-za-samo-edna-godina-zaev-se-otkaza-od-egejskite-makedoncite-i-od-makedoncite-vo-bugarija/#respond Wed, 13 Jun 2018 08:09:58 +0000 https://kurir.mk/?p=65257

Премиерот на Република Македонија вчера ја информираше јавноста дека Република Македонија и Република Грција постигнале договор околу новото име на нашата држава, договорено е името Република Северна Македонија да биде за севкупна употреба, т.е. ерга- омнес што беше почетен став во преговорите на грчката страна уште од стартот. Со овој дел Зоран Заев повторно се откажува од македонските малцинства во соседните држави, нешто што во една од точките го предвидува договорот кој треба да го потпишат премиерите Заев и Ципрас. -Референцата „да се заштитуваат македонските малцинства“, се отстранува од Уставот на соседната земја, а делот за истородноста се услогласува аналогно со грчкиот устав, е една од точките на договорот. Ова според многумина претставува една голема историска неправда кон Македонците од Егејска Македонија. Егејските Македонци се граѓани на Република Грција, кои имаат македонска национална свест. Егејските Македонци не се официјално етничко признато малцинство во Грција, а со договорот на Заев и Ципрас, тие веќе нема да бидат признаени ниту од државата чии корени влечат, од Македонија. Според тврдењата на „Виножито“, единствената организација на Македонците во Грција, во таа држава денес живеат 400.000 Македонци, граѓани кои веќе нема да бидат признаени од Македонија. Премиерот Заев со договорот кој гордо го најави се откажа од Македонците кои во времето на Граѓанската војна во Грција од 1946 година до 1949, биле жртви на монархофашистичките власти во Грција, кои започнувале масовно протерување и геноцид врз македонското население од Егејска Македонија, кое учествувало или го помагало НОФ и комунистичкото движење. Инаку, во само една година, колку што Заев е на власт не е ова прв пат премиерот да се откаже од македонското малцинство во соседните држави, таков беше и примерот кога беше потпишан договорот со Бугарија, договор кој исто така беше претставен со гордост од премиерот, иако единствен губитник во тој договор беше Македонија. Откажување од Македонците во Бугарија и таму го потврдува една од точките на договорите, таа точка е во член 11, став 5 од договорот. - Република Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статусот и правата на лица што не се државјани на Република Македонија, вели точката од договорот со Бугарија. За само 12 месеци минати на власт, Зоран Заев и неговата Владата се откажаа од Македонците во две соседни држави, премиерот на Македонија се откажа од некаде околу половина милион Македонци, за да ги исполни барањата на соседните држави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-malcinstva-kolateralna-shteta-za-samo-edna-godina-zaev-se-otkaza-od-egejskite-makedoncite-i-od-makedoncite-vo-bugarija/feed/ 0