егејско море – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Sep 2023 19:18:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png егејско море – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Над 200 мигранти спасени кај островите во Егејското Море, еден е пронајден мртов https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nad-200-migranti-spaseni-kaj-ostrovite-vo-egejskoto-more-eden-e-pronajden-mrtov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nad-200-migranti-spaseni-kaj-ostrovite-vo-egejskoto-more-eden-e-pronajden-mrtov/#respond Tue, 05 Sep 2023 19:18:01 +0000 https://kurir.mk/?p=874935

Грчката крајбрежна стража спаси 201 мигрант кај егејските острови Родос, Фармакониси, Хиос, Самос и Лезбос во последните два дена. -Беше пронајдено и тело на маж кој загина додека се обидуваше да стигне до малиот остров Фармакониси, соопшти денеска крајбрежната стража, додавајќи дека сите мигранти дошле од Турција. Бројот на мигранти кои нерегуларно влегуваат во Грција од Турција во последно време нагло се зголеми. Според грчкото Министерство за миграција, од 3 септември 9.137 луѓе живееле во кампови за азил на островите Лезбос, Хиос, Самос, Лерос и Кос. Според Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), бројот на бегалци во Грција е зголемен оваа година во споредба со минатата година. Според извештајот, 18.594 лица пристигнале во Грција од Турција по копно или по море до 31 август, речиси колку и во цела мината година кога нередовно влегле 18.700 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nad-200-migranti-spaseni-kaj-ostrovite-vo-egejskoto-more-eden-e-pronajden-mrtov/feed/ 0
Пожар го прекина сообраќајот преку теснецот Дарданели https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozhar-go-prekina-soobrakajot-preku-tesnetsot-dardaneli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozhar-go-prekina-soobrakajot-preku-tesnetsot-dardaneli/#respond Tue, 22 Aug 2023 18:29:07 +0000 https://kurir.mk/?p=869765

Поморскиот сообраќај од Егејското Море до Мраморното Море преку теснецот Дарданели е во прекин поради шумски пожар во северозападната турска провинција Чанаккале, соопштија вечерва турското Министерство за сообраќај и Агенцијата за транспорт Трибека. Во соопштението на Агенцијата се прецизира дека сообраќајот преку Дарданелите е прекинат во двата правци, за авионите кои го гаснат пожарот безбедно да земаат вода од морето. Од Министерството посочија дека реморкерите се подготвени да интервенираат доколку пожарот се приближи до брегот и да дадат дополнителна поддршка во акцијата за гаснење на пожарот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozhar-go-prekina-soobrakajot-preku-tesnetsot-dardaneli/feed/ 0
ВИДЕО: Иван по излез од болница: Бев повеќе од 20 часа во вода https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-ivan-po-izlez-od-bolnica-bev-povekje-od-20-chasa-vo-voda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-ivan-po-izlez-od-bolnica-bev-povekje-od-20-chasa-vo-voda/#respond Tue, 12 Jul 2022 14:21:32 +0000 https://kurir.mk/?p=703982

30-годишниот Иван кој држејќи се за топка беше спасен од Егејското Море на Халкидики е отпуштен од болницата Папаниколау во Солун, каде што беше хоспитализиран од неделата напладне, јавува грчки Protothema. Лекарите велат дека тој е во одлична состојба и може да патува, односно да си оди дома со членовите на семејство. Според информациите на protothema.gr, неколку часа пред лекарите да го пуштат, бил лекуван поради тешка дехидрација. „Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои учествуваа во моето спасување. Посебна благодарност до хеликоптерските екипажи и луѓето на чамците кои ме презедоа“, им рече 30-годишниот Иван на новинарите додека ја напушташе болницата Папаниколау. Тој нагласи дека не бил во вода 18 часа туку повеќе од 20 часа, додека на новинарите им порача дека во следните денови ќе ги повика на разговор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-ivan-po-izlez-od-bolnica-bev-povekje-od-20-chasa-vo-voda/feed/ 0
Нова несреќа со чамец со мигранти во Егејското море, најмалце четворица загинати https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nova-nesrekja-so-chamec-so-migranti-vo-egejskoto-more-najmalce-chetvorica-zaginati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nova-nesrekja-so-chamec-so-migranti-vo-egejskoto-more-najmalce-chetvorica-zaginati/#respond Fri, 24 Dec 2021 08:31:27 +0000 https://kurir.mk/?p=612455

Најмалку четири лица загинаа и околу 90 чекаат да бидат спасени откако потона чамец со мигранти во Егејското море, северно од грчкиот остров Антикитира, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми несреќата се случила вчера, а мигрантите преку европскиот број за итни случаи 112 побарале помош и рекле дека во едрилицата со која се превезувале имало околу 100 лица, по што започнала спасувачката акција на грчката крајбрежна служба. Биле извлечени четири безживотни тела, а околу 90 лица успеале да стигнат до мал карпест ненаселен остров каде што чекаат помош. Веројатно е дека чамецот тргнал од Турција, а крајната дестинација била Италија, исто како и чамецот што потона во вторникот во близина на островот Фолегандрос. Ова е втора несреќа за неколку дена со загинати мигранти во Егејското море. Во вторникот вечерта потона брод со бегалци и мигранти, беа спасени 13 лица, загинаа тројца, а се уште, непознат е бројот на исчезнати. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nova-nesrekja-so-chamec-so-migranti-vo-egejskoto-more-najmalce-chetvorica-zaginati/feed/ 0
Грчката крајбрежна служба: Низа инциденти со турски патролни бродови во Егејското море https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-krajbrezna-sluzba-niza-incidenti-so-turski-patrolni-brodovi-vo-egejskoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-krajbrezna-sluzba-niza-incidenti-so-turski-patrolni-brodovi-vo-egejskoto-more/#respond Fri, 02 Apr 2021 10:56:35 +0000 https://kurir.mk/?p=491268

Во морскиот регион североисточно од грчкиот остров Лезбос, утрово, според грчката крајбрежна служба, имало три инциденти со турски патролни бродови, од кои два се однесувале на чамци со мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Рано утрово, турски патролен брод, навлегол во грчките територијални води и вознемирил грчки патролен брод, за што од крајбрежна служба на Грција објавија и видео за кое велат дека ги покажува „опасните маневри врз грчкиот патролен брод“. Другите два случаи се поврзани со чамци со мигранти, за кои од грчката крајбрежна служба велат дека кон грчките територијални води се движеле во придружба на турски патролни бродови. За едниот од двата чамци во двата одвоени случаи, од крајбрежната служба се обиделе да стапат во контакт со турските колеги, но без резултат, по што подоцна мигрантите, без да влезат на грчка територија биле спасени од патролен брод на Турција. Во вториот случај, според грчката крајбрежна служба, на чамецот му се приближиле два турски патролни бродови, „кои безуспешно, се обидоа да го истуркаат во грчките територијални води“. За инцидентите во кои биле вклучени мигранти, министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис вели дека е обид на Турција да „предизвикаат ескалација со Грција“. -Ја повикуваме Турција: да ја запре оваа неоправдана провокација; овие мигранти безбедно да ги врати во Турција и да се усогласи со заедничката изјава од 2016 година на ЕУ и Турција за миграцијата, вели Митаракис. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-krajbrezna-sluzba-niza-incidenti-so-turski-patrolni-brodovi-vo-egejskoto-more/feed/ 0
ЕГЕЈСКОТО МОРЕ НЕ СЕ СМИРУВА: За помалку од 12 часа два земјотреси го погодија овој омилени грчки остров на Македонците https://arhiva.kurir.mk/svet/region/egejskoto-more-ne-se-smiruva-za-pomalku-od-12-chasa-dva-zemjotresi-go-pogodija-ovoj-omileni-grchki-ostrov-na-makedoncite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/egejskoto-more-ne-se-smiruva-za-pomalku-od-12-chasa-dva-zemjotresi-go-pogodija-ovoj-omileni-grchki-ostrov-na-makedoncite/#respond Mon, 29 Jun 2020 07:24:09 +0000 https://kurir.mk/?p=364749

За помалку од 12 часа во морскиот дел во близина на грчкиот остров Родос беа регистрирани два земјотреси со јачина од 5,4 и 4,6 степени според Рихтер,без да има повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина. Првиот земјотрес од 5,4 со епицентар на 30 километри северно од Родос беше регистриран синоќа, а бил почувствуван и на турското крајбрежје. Утрово, кусо по 7 часот, во морскиот дел, 26 километри североисточно од островот беше почувствуван нов земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/egejskoto-more-ne-se-smiruva-za-pomalku-od-12-chasa-dva-zemjotresi-go-pogodija-ovoj-omileni-grchki-ostrov-na-makedoncite/feed/ 0
Силен земјотрес во соседството- еве ги деталите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silen-zemjotres-vo-sosedstvoto-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silen-zemjotres-vo-sosedstvoto-eve-gi-detalite/#respond Fri, 14 Feb 2020 21:14:26 +0000 https://kurir.mk/?p=304218

Земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтер погоди остров во југоисточниот дел на Егејското Море, а засега не се пријавени повредени, ниту материјална штета. Геодинамичниот институт во Атина соопшти дека епицентарот на подводниот земјотрес бил на 39 километри северозападно од островот Карпатос и дека се случил веднаш по 18 часот по локално време. Карпатос се наоѓа меѓу популарните туристички острови Родос и Крит во делот на Грција, кој е подложен на земјотреси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silen-zemjotres-vo-sosedstvoto-eve-gi-detalite/feed/ 0
Најмалку 11 мигранти се удавиле во Егејско море, меѓу нив осум се деца https://arhiva.kurir.mk/svet/region/najmalku-11-migranti-se-udavile-vo-egejsko-more-megju-niv-osum-se-deca/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/najmalku-11-migranti-se-udavile-vo-egejsko-more-megju-niv-osum-se-deca/#respond Sun, 12 Jan 2020 08:42:47 +0000 https://kurir.mk/?p=288461

Најмалку 11 лица, меѓу кои осум се деца, се удавиле во близина на турскиот брег откако им потонал чамецот. Жртвите се мигранти, јави агенцијата Анадолија. Чамецот потонал во Егејско море во близина на Чешме, летувалиште на запад од Турција, спроти грчкиот остров Хиос, додава агенцијата, наведувајќи дека уште осум лица биле смесени од морето. Засега не се соопшштува идентитетот на загинатите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/najmalku-11-migranti-se-udavile-vo-egejsko-more-megju-niv-osum-se-deca/feed/ 0
Силен земјотрес на грчко- турската граница во Егејското Море https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silen-zemjotres-na-grchko-turskata-granica-vo-egejskoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silen-zemjotres-na-grchko-turskata-granica-vo-egejskoto-more/#respond Thu, 03 Oct 2019 07:28:08 +0000 https://kurir.mk/?p=247341

Земјотрес со јачина од 5.1 степен според Рихтеровата скала беше регистриран во 7.44 часот по локално време на грчко –турската граница во Егејското море, jави дописничката на МИА од Атина. Според Геодинамичкиот институт на грчката национална опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил 37 километри југоисточно од грчкиот остров Родос. За сега нема информации за повредени лица или материјална штета од силниот земјотрес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silen-zemjotres-na-grchko-turskata-granica-vo-egejskoto-more/feed/ 0
Во бродската несреќа во Егејското море загинаа пет деца и две жени https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-brodskata-nesrekja-vo-egejskoto-more-zaginaa-pet-deca-i-dve-zeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-brodskata-nesrekja-vo-egejskoto-more-zaginaa-pet-deca-i-dve-zeni/#respond Fri, 27 Sep 2019 13:03:14 +0000 https://kurir.mk/?p=245296

Безживотните тела на уште пет лица биле пронајдени во морето северно од островот Инусес во Егејското море, со што бројот на загинати се искачи на седум лица откако утрово се преврти чамец, веројатно со бегалци и мигранти, jави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, во морето биле пронајдени седум тела, меѓу кои четиригодишно дете и едно бебе, три деца и две жени, а спасени се 12 лица -пет мажи, три жени, три мали деца до шест години и едно 12-годишно дете. И понатаму продолжува спасувачка акција во која учествуваат бродови на грчката крајбрежна служба, брод и авион на Фронтекс и хеликоптер на грчката воена морнарица. Чамецот во кој имало околу 19 лица утрово, од засега непознати причини, се преврти северно од островот Инусес, што се наоѓа меѓу грчкиот остров Хиос и турското крајбрежје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-brodskata-nesrekja-vo-egejskoto-more-zaginaa-pet-deca-i-dve-zeni/feed/ 0