Егилс Левиц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Apr 2022 09:17:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Егилс Левиц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претседателот Пендаровски го пречека латвискиот претседател Егилс Левиц https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-go-precheka-latviskiot-pretsedatel-egils-levic/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-go-precheka-latviskiot-pretsedatel-egils-levic/#respond Thu, 21 Apr 2022 09:17:41 +0000 https://kurir.mk/?p=666423

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека претседателот на Република Латвија Егилс Левиц, кој престојува во официјална посета на Република Македонија. - Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации, информираат од кабинетот на претседателот. Од таму додаваат дека во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи, политиката на проширување на ЕУ, безбедносните предизвици во поширокото соседство во контекст на руската воена инвазија врз Украина и други актуелни геополитички теми. -Претседателот Пендаровски се заблагодари за континуираната и принципиелна латвиска поддршка за остварувањето на надворешно-политичките приоритети на земјата, укажувајќи на балтичките земји како одличен пример за трансформација на општествата, преку евроинтегративниот процес. Евроатлантската интеграција на Западниот Балкан носи подеднакво безбедносна сигурност за континентот, како што тоа е случај и со балтичкиот регион – потенцираше Пендаровски. По завршувањето на пленарниот состанок на делегациите, предвидено е двајцата претседатели да одржат заедничка прес-конференција во 11:20 часот, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-go-precheka-latviskiot-pretsedatel-egils-levic/feed/ 0
Претседателот на Летонија во официјална посета на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-letonija-vo-oficijalna-poseta-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-letonija-vo-oficijalna-poseta-na-makedonija/#respond Thu, 21 Apr 2022 05:48:14 +0000 https://kurir.mk/?p=666318

Претседателот на Република Летонија, Егилс Левиц, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска ќе има средба со неговиот домаќин и колега претседателот Стево Пендаровски. Како што соопштуваат од Кабинетот на шефот на државата, претседателот Левиц ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите и пленарен состанок на делегациите на Летонија и Северна Македонија. По средбите, најавена е прес-конференција на двајцата претседатели. Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје двајцата претседатели ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев. Претседателот на Летонија, вчера имаше средба со шефот на дипломатијата Бујар Османи кој го пречека на скопскиот аеродром. Двајцата разговарале за актуелните политичко-безбедносни предизвици, како последица на руската инвазија на Украина од аспект на членството на двете држави во НАТО, а реафирмирана е и летонската подршка за нашите евроинтерграции. -Како балтичка земја со изострена диоптрија за геополитичките ризици, Летонија останува наш доследен поддржувач на патот кон ЕУ, со став дека отпочнувањето пристапни преговори со ЕУ е од витално значење како за нашата држава, така и за Европа, напиша Османи на фб по средбата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-letonija-vo-oficijalna-poseta-na-makedonija/feed/ 0
Пендаровски домаќин на летонскиот претседател Егилс Левиц https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-domakjin-na-letonskiot-pretsedatel-egils-levic/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-domakjin-na-letonskiot-pretsedatel-egils-levic/#respond Wed, 20 Apr 2022 10:36:19 +0000 https://kurir.mk/?p=665862

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе биде домаќин на претседателот на Летонија Егилс Левиц, кој престојува во официјална посета на Северна Македонија. -Претседателот Левиц утре претпладне ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што следува тет-а-тет средба на претседателите и пленарен состанок на делегациите на Летонија и Северна Македонија. По пленарниот состанок е предвидена заедничка прес-конференција на двајцата претседатели, најави Кабинетот на претседателот Пендаровски. Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје двајцата претседатели ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев. Поради посетата на Левиц на државава од утре до 23 април Министерството за внатрешни работи ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-domakjin-na-letonskiot-pretsedatel-egils-levic/feed/ 0