Египет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 08:30:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Египет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Египет ќе помогне во евакуацијата на околу 7.000 странци преку преминот Рафа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipet-ke-pomogne-vo-evakuatsijata-na-okolu-7-000-strantsi-preku-preminot-rafa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipet-ke-pomogne-vo-evakuatsijata-na-okolu-7-000-strantsi-preku-preminot-rafa/#respond Thu, 02 Nov 2023 08:30:49 +0000 https://kurir.mk/?p=895645

Египет ќе помогне да се евакуираат „околу 7.000 странци и лица со двојно државјанство“ од Појасот Газа, соопшти денеска египетското Министерство за надворешни работи. За време на состанокот со странски дипломати, заменик-министерот за надворешни работи Исмаил Хаират соопшти дека Египет се подготвува да „го олесни приемот и евакуацијата на странски државјани од Газа преку преминот Рафа“. Тој рече дека се работи за околу 7.000 странски државјани, припадници на повеќе од 60 националности. Од 7 октомври, Појасот Газа е цел на израелски напади како одговор на нападот без преседан на исламистичкото движење Хамас на израелска територија. Во израелските напади врз Појасот Газа, кои траат веќе 26 дена, убиени се 8.796 Палестинци. Министерството за здравство во Газа денеска соопшти дека меѓу загинатите има 3.648 деца и 2.290 жени. Повредени се 22.219 лица.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipet-ke-pomogne-vo-evakuatsijata-na-okolu-7-000-strantsi-preku-preminot-rafa/feed/ 0
Првите амбулантни возила со ранети Палестинци од Газа влегоа во Египет преку преминот Рафа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvite-ambulantni-vozila-so-raneti-palestintsi-od-gaza-vlegoa-vo-egipet-preku-preminot-rafa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvite-ambulantni-vozila-so-raneti-palestintsi-od-gaza-vlegoa-vo-egipet-preku-preminot-rafa/#respond Wed, 01 Nov 2023 13:18:01 +0000 https://kurir.mk/?p=895400

Првите амбулантни возила со ранети Палестинци од Газа денеска влегоа во Египет преку преминот Рафа, изјави египетски официјален претставник, кој сакаше да остане анонимен. Снимките во живо прикажани на телевизиски станици блиски до египетското разузнавање покажаа како амбулантни возила влегуваат на египетската страна на терминалот Рафа за да ги однесат како што рекоа официјалните лица, околу 90 од најтешко болните и ранетите Палестинци на лекување во египетските болници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvite-ambulantni-vozila-so-raneti-palestintsi-od-gaza-vlegoa-vo-egipet-preku-preminot-rafa/feed/ 0
Првите странци денеска ќе ја напуштија Газа и ќе се упатат кон Египет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvite-strantsi-deneska-ke-ja-napushtija-gaza-i-ke-se-upatat-kon-egipet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvite-strantsi-deneska-ke-ja-napushtija-gaza-i-ke-se-upatat-kon-egipet/#respond Wed, 01 Nov 2023 07:38:08 +0000 https://kurir.mk/?p=895169

Извор од палестинската гранична управа во изјава за француски медиуми наведе дека на 81 тешко повреден жител на Газа ќе им биде дозволено да влезат во Египет денеска преку преминот Рафа. Египетски функционер рече дека првите странци што ќе ја напуштат Газа тоа ќе го сторат денеска. Египет распореди денеска околу 40 амбулантни возила на преминот Рафа за да пренесе повредени Палестинци во египетските болници на лекување. Генералниот секретар на Црвената полумесечина во Северен Синај, Раед Абдел-Насер, изјави за ДПА дека се очекува околу 80 ранети лица да бидат пренесени во болниците во северен Синај во Египет. Граничниот премин Рафа досега беше единствениот начин да се донесе итно потребната помош во Појасот Газа, кој е затворен од Израел. Минатата недела Египет соопшти дека теренска болница за лекување на Палестинците е формирана во близина на Газа. Египет ќе дозволи до 400 странци да ја напуштат Газа преку нејзините граници почнувајќи од денеска, изјавија синоќа високи египетски официјални претставници Египетските претставници запознаени со тоа прашање изјавија дека е постигнат договор и со САД и со Израел да им се дозволи на странците и тешко ранетите Палестинци од Газа да заминат од среда. Египетските власти соопштија дека договорот е постигнат со сите страни, вклучително и милитантната група Хамас. Египет првично ќе прими денеска помалку од 100 Палестинци, но се очекува бројот да се зголеми на илјадници во наредните денови, рекоа тие, објави Волстрит џурнал.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvite-strantsi-deneska-ke-ja-napushtija-gaza-i-ke-se-upatat-kon-egipet/feed/ 0
Египет: Има полесно повредени во ненамерниот израелски напад на нашата гранична точка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipet-ima-polesno-povredeni-vo-nenamerniot-izraelski-napad-na-nashata-granichna-tochka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipet-ima-polesno-povredeni-vo-nenamerniot-izraelski-napad-na-nashata-granichna-tochka/#respond Sun, 22 Oct 2023 20:32:28 +0000 https://kurir.mk/?p=892035

Египетската војска соопшти дека има „лесно повредени“, без да го прецизира бројот, откако израелската армија соопшти дека еден од нејзините тенкови „по грешка“ погодил египетска позиција на границата меѓу двете земји. „За време на тековните борби во Појасот Газа во неделата, египетска контролна кула беше погодена од шрапнел од граната испукана по грешка од израелски тенк, предизвикувајќи полесни повреди на припадниците на граничните контролни сили“, изјави портпаролот на египетската армија. „Израелската страна изрази жалење веднаш по овој ненамерен инцидент, а истрагата е во тек“, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipet-ima-polesno-povredeni-vo-nenamerniot-izraelski-napad-na-nashata-granichna-tochka/feed/ 0
Израел ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат Јордан и Египет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-gi-povika-svoite-gragani-vednash-da-gi-napushtat-jordan-i-egipet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-gi-povika-svoite-gragani-vednash-da-gi-napushtat-jordan-i-egipet/#respond Sat, 21 Oct 2023 11:51:36 +0000 https://kurir.mk/?p=891573

Израел денеска ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат Јордан и Египет, пренесуваат странските агенции, повикувајќи се на официјално соопштение. Советот за национална безбедност на Израел го објаснува предупредувањето со влошување на ситуацијата со антиизраелски протести. Нивото на опасност во Јордан и Египет го подигна на максимум, на четврти степен. Вакво предупредување веќе и е дадено на Турција. Нивото на опасност во Мароко е подигнато на трет степен, што значи дека на Израелците им се советува да не ја посетуваат земјата. Двајца израелски туристи и нивниот локален водич беа убиени од полицаец во северниот египетски град Александрија на 8 октомври, еден ден откако палестинското исламистичко движење Хамас го нападна Израел. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-gi-povika-svoite-gragani-vednash-da-gi-napushtat-jordan-i-egipet/feed/ 0
Граничниот премин Рафа меѓу Египет и Газа отворен за испорака на хуманитарна помош https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/granichniot-premin-rafa-megu-egipet-i-gaza-otvoren-za-isporaka-na-humanitarna-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/granichniot-premin-rafa-megu-egipet-i-gaza-otvoren-za-isporaka-na-humanitarna-pomosh/#respond Sat, 21 Oct 2023 08:15:52 +0000 https://kurir.mk/?p=891521

Граничниот премин Рафа меѓу Египет и Појасот Газа денеска беше отворен за испорака на хуманитарна помош за палестинската енклава, блокирана по нападот на Хамас врз Израел, објавија странските агенции. Хамас вели дека помошта вклучува „лекови, медицински материјали и ограничено количество храна (конзервирана храна). Според палестинското исламско движење, конвојот се состоел од 20 камиони. Претходно, американската амбасада во Израел соопшти дека граничниот премин Рафа ќе биде отворен за странци кои сакаат да го напуштат Појасот Газа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/granichniot-premin-rafa-megu-egipet-i-gaza-otvoren-za-isporaka-na-humanitarna-pomosh/feed/ 0
Започнува Мировниот самит во Египет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapochnuva-mirovniot-samit-vo-egipet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapochnuva-mirovniot-samit-vo-egipet/#respond Sat, 21 Oct 2023 07:07:30 +0000 https://kurir.mk/?p=891496

Во Египет денеска ќе се одржи самит за кризата во Газа во момент кога постојат стравувања од ширење на конфликтот на Блискиот исток, но отсуството на високи претставници на САД, главниот сојузник на Израел, и некои други лидери ги намалува очекувањата за тоа што може да се постигне таму. Мировниот самит во Каиро ќе ги собере лидерите на неколку арапски и европски земји, заедно со бројни министри за надворешни работи. Тој се одржува додека Израел се подготвува за копнен напад врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври во кој загинаа 1.400 луѓе. Повеќе од 4.100 Палестинци се убиени во израелската контраофанзива која предизвика страшна хуманитарна криза во палестинската енклава. Засега не се знае кој ќе ги претставува САД, Кина и Русија. Германскиот канцелар Олаф Шолц и британскиот премиер Риши Сунак нема да дојдат во Каиро, а се уште не е официјално познато дали ќе учествува францускиот претседател Емануел Макрон. Висок претставник на ЕУ рече дека се уште се разговара за конечната декларација, но се уште има разлики, па не е јасно дали ќе биде усвоена. Тој додаде дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, планираат да одат во Каиро, иако под знак прашалник е дали ќе стигнат таму на време, со оглед на тоа што и двајцата се во САД на самитот на ЕУ во Вашингтон. Во последните денови, арапските земји изразија гнев поради израелското бомбардирање и опсада на Газа, каде живеат 2,3 милиони луѓе. Во исто време, Египет сака да достави хуманитарна помош во Газа преку граничниот премин Рафа, единствениот што не е контролиран од Израел, но помошта се трупа само од египетска страна. Претседателот Абдел Фатах ал-Сиси во средата изјави дека Египќаните ќе се спротивстават на какво било принудно префрлање на Палестинците на Синај, бидејќи тоа ќе го претвори египетскиот полуостров во база за напади врз Израел. Јорданскиот крал Абдула и Сиси во четвртокот го обвинија Израел дека „спроведува колективна казна“ со бомбардирање на Газа. Израелските власти, вклучително и премиерот Бенјамин Нетанјаху, велат дека „сакаат да го збришат Хамас од лицето на Земјата“, но очигледно немаат план како да владеат со палестинската енклава потоа, изјавија осум регионални и западни претставници запознаени со конфликтот. – Некои советници на американскиот претседател Џо Бајден се загрижени дека Израел можеби ќе може да му го зададе последниот удар на Хамас, но стратегијата за излез допрва треба да се формулира, изјави извор од Вашингтон. Список на официјални претставници кои досега потврдија учество на Самитот за мир во Каиро: Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси Палестинскиот претседател Махмуд Абас Јорданскиот крал Абдула Бахреинскиот крал Хамад бин Иса Ал Калифа Кувајтскиот престолонаследник шеик Мешал ал-Ахмад ал-Сабах Италијанската премиерка Џорџа Мелони Шпанскиот премиер Педро Санчез Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис Кипарскиот претседател Никос Христодулидес Јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок Француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона Јапонската министерка за надворешни работи Јоко Камикава Британскиот државен секретар за надворешни работи Џејмс Клеверли Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Еиде Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. Египет, првата арапска држава што потпиша мировен договор со Израел во 1979 година, е загрижен од масовното иселување на жителите на Газа од нејзината територија. Единствениот граничен пункт меѓу Египет и Газа е затворен речиси две недели и покрај израелските воздушни напади врз енклавата. Истовремено, Израел воведе и блокада на Газа и го запре увозот на храна, лекови и гориво. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapochnuva-mirovniot-samit-vo-egipet/feed/ 0
Мировен самит ќе се одржи утре во Египет, но тешко ќе се постигне единство во врска со кризата во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/miroven-samit-ke-se-odrzhi-utre-vo-egipet-no-teshko-ke-se-postigne-edinstvo-vo-vrska-so-krizata-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/miroven-samit-ke-se-odrzhi-utre-vo-egipet-no-teshko-ke-se-postigne-edinstvo-vo-vrska-so-krizata-vo-gaza/#respond Fri, 20 Oct 2023 16:29:51 +0000 https://kurir.mk/?p=891403

Во Египет утре ќе се одржи самит за кризата во Газа во момент кога постојат стравувања од ширење на конфликтот на Блискиот исток, но отсуството на високи претставници на САД, главниот сојузник на Израел, и некои други лидери ги намалува очекувањата за тоа што може да се постигне таму. Мировниот самит во Каиро ќе ги собере лидерите на неколку арапски и европски земји, заедно со бројни министри за надворешни работи. Се одржува додека Израел се подготвува за копнен напад врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври во кој загинаа 1.400 луѓе. Повеќе од 4.100 Палестинци се убиени во израелската контраофанзива која предизвика страшна хуманитарна криза во палестинската енклава. Засега не се знае кој ќе ги претставува САД, Кина и Русија. Германскиот канцелар Олаф Шолц и британскиот премиер Риши Сунак нема да дојдат во Каиро, а се уште не е официјално познато дали ќе учествува францускиот претседател Емануел Макрон. Висок претставник на ЕУ рече дека се уште се разговара за конечната декларација, но се уште има разлики, па не е јасно дали ќе биде усвоена. Тој додаде дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, планираат да одат во Каиро, иако под знак прашалник е дали ќе стигнат таму на време, со оглед на тоа што и двајцата се во САД на самитот на ЕУ во Вашингтон. Во последните денови, арапските земји изразија гнев поради израелското бомбардирање и опсада на Газа, каде живеат 2,3 милиони луѓе. Во исто време, Египет сака да достави хуманитарна помош во Газа преку граничниот премин Рафа, единствениот што не е контролиран од Израел, но помошта се трупа само од египетска страна. Претседателот Абдел Фатах ал-Сиси во средата изјави дека Египќаните ќе се спротивстават на какво било принудно префрлање на Палестинците на Синај, бидејќи тоа ќе го претвори египетскиот полуостров во база за напади врз Израел. Јорданскиот крал Абдула и Сиси во четвртокот го обвинија Израел дека „спроведува колективна казна“ со бомбардирање на Газа. Израелските власти, вклучително и премиерот Бенјамин Нетанјаху, велат дека сакаат да го збришат Хамас од лицето на Земјата, но очигледно немаат план како да владеат со палестинската енклава потоа, изјавија осум регионални и западни претставници запознаени со конфликтот. – Некои советници на американскиот претседател Џо Бајден се загрижени дека Израел можеби ќе може да му го зададе последниот удар на Хамас, но стратегијата за излез допрва треба да се формулира, изјави извор од Вашингтон. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/miroven-samit-ke-se-odrzhi-utre-vo-egipet-no-teshko-ke-se-postigne-edinstvo-vo-vrska-so-krizata-vo-gaza/feed/ 0
Сунак денеска во посета на Египет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-deneska-vo-poseta-na-egipet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-deneska-vo-poseta-na-egipet/#respond Fri, 20 Oct 2023 06:55:16 +0000 https://kurir.mk/?p=891049

Британскиот премиер Риши Сунак денеска ќе го посети Египет, каде што ќе разговара за ситуацијата во Израел и Појасот Газа, соопштија од кабинетот на британскиот лидер. За време на овие разговори, се очекува Сунак да ја нагласи „потребата да се избегне регионална ескалација и да се спречи понатамошна непотребна загуба на цивилни животи“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот. Риши Сунак е на турнеја по Блискиот Исток, обидувајќи се да најде решенија за кризата во конфликтот меѓу Израел и палестинското исламистичко милитантно движење „Хамас“. Вчера тој ги посети Израел и Саудиска Арабија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-deneska-vo-poseta-na-egipet/feed/ 0
Преминот Рафа нема да биде отворен ниту денеска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/preminot-rafa-nema-da-bide-otvoren-nitu-deneska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/preminot-rafa-nema-da-bide-otvoren-nitu-deneska/#respond Fri, 20 Oct 2023 06:43:28 +0000 https://kurir.mk/?p=891045

Преминот Рафа не се очекува да се отвори денеска за конвој со хуманитарна помош за Газа, изјавија повеќе извори за Си-Ен-Ен. -Не би се обложувал дека тие камиони ќе поминат утре, изјави извор запознаен со дискусиите. На египетската страна на тампон зоната, поправките на патиштата мора да бидат завршени, а има и многу други детали на кои треба да се работи за да се осигура дека помошта е одржлива, а не еднократна. -Тоа е навистина нестабилна ситуација. Овие луѓе чекаа храна, лекови и вода. Ако им кажат дека доаѓаат 20 камиони, а не знаеме кога, тоа ќе создаде навистина опасна ситуација. Да сум во таква ситуација, да мислам дека нема да има уште камиони, ќе направам се што можам за да го земам тоа што е внатре, рече изворот за Си-Ен-Ен. Американските власти сега очекуваат првиот конвој камиони со помош за Газа од Египет да ја премине границата овој викенд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/preminot-rafa-nema-da-bide-otvoren-nitu-deneska/feed/ 0