египќани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Apr 2023 07:20:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png египќани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Египќаните против Нетфликс: Клеопатра имала бела, а не црна кожа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipkanite-protiv-netfliks-kleopatra-imala-bela-a-ne-tsrna-kozha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipkanite-protiv-netfliks-kleopatra-imala-bela-a-ne-tsrna-kozha/#respond Thu, 20 Apr 2023 06:56:30 +0000 https://kurir.mk/?p=825721

Египетскиот адвокат Махмуд ал Семари поднесе тужба против Нетфликс за кршење на законите за медиуми и обидите „да го избрише египетскиот идентитет“, а и најпознатите археолози во земјата, Захи Хавас стои на ставот дека Клеопатра имала „бела кожа, а не црна“. Родена во Александрија во 69 година п.н.е., Клеопатра Седма била последната владетелка од династијата на Птоломеј Први, генералот на Александар Македонски. Таа на престолот го наследила нејзиниот татко Птоломеј Дванаесетти и владеела од 51. година п.н.е. и владееше до нејзината смрт во 30. година пр.н.е. После тоа, Египет потпаднал под римска доминација. Припадниците на Птоломејската династија, говореле најмалку девет јазици, меѓу коишто и древномакедонски, старогрчки, но и сириски, медски, етиопски јазик, според Плутарх, а самата таа била меѓу ретките владетели кои научиле и древноегипетски. Етничкото потекло на мајката на Клеопатра е непознат, а некои историчари велат дека е можно таа да била домородна Египќанка, или од друг дел на Африка. Клеопатра во серијата на Нетфликс овојпат ја глуми Адел Џејмс, која е од делумно африканско црнечко потекло. Продуцентите велат дека тоа е „одраз на вековната дебата за расата на Клеопатра“. Џејда Пинкет-Смит, американска глумица која е наратор и продуцент на оваа драма, рече: - Не гледаме, ниту слушаме често приказни за црните кралици, и мене и на мојата ќерка, и на нашата заедница ни е многу важно овие приказни да бидат познати. Сите овие изјави се осудени во Египет. Захи Хавас, истакнат египтолог и поранешен министер за антиквитети, тврди дека тоа е измислица. - Нетфликс се обидува да предизвика конфузија со ширење лаги дека потеклото на египетската цивилизација е црнечко, изјави тој. Махмуд ал Семари побара од државниот обвинител да преземе „неопходни правни мерки“ и да го блокира пристапот до услугите на Нетфликс во Египет. Нетфликс е обвинет за промовирање афроцентризам и бришење на египетскиот идентитет. Адел Џејмс на Твитер кусо им одговори: „Ако не ви се допаѓа поделбата на улогите, не гледајте“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipkanite-protiv-netfliks-kleopatra-imala-bela-a-ne-tsrna-kozha/feed/ 0
„НГИ Коалиција на Египќани“ повикува на предвремени парламентарни избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ngi-koalicija-na-egipkjani-povikuva-na-predvremeni-parlamentarni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ngi-koalicija-na-egipkjani-povikuva-na-predvremeni-parlamentarni-izbori/#respond Wed, 28 Dec 2022 14:58:03 +0000 https://kurir.mk/?p=781765

На Македонија час поскоро им се потребни предвремени парламентарни избори, бидејќи не само што имаме евидентна политичка, економска, енергетска криза, туку и безбедносна криза, ова денеска го изјави лидерот на „НГИ Коалиција на Египќаните“, Демир Далип. „Суштински, најмногу страдаат граѓаните на Македонија, евидентни се поделбите по сите основи, како и политичките реваншизми, монтираните судски пресуди, сиромаштијата, заминувањето на младите од татковината и многу други примери кои се во спротивност на европските вредности. Во дадениот момент сите политички одлуки не само што се во статус кво состојба, туку истите се ретроградни, непрогресивни и недемократски. Во голема мера се прекршуваат основните човекови права и слободи од страна на власта, и единствен излез од горенаведеното се предвремени парламентарни избори, истакна лидерот на „НГИ Коалиција на Египќаните“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ngi-koalicija-na-egipkjani-povikuva-na-predvremeni-parlamentarni-izbori/feed/ 0
Египќаните задоволни од работата на градоначалникот на Охрид https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/egipkjanite-zadovolni-od-rabotata-na-gradonachalnikot-na-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/egipkjanite-zadovolni-od-rabotata-na-gradonachalnikot-na-ohrid/#respond Tue, 08 Nov 2022 15:59:27 +0000 https://kurir.mk/?p=757555

НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ е задоволна од работата на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков -Особено, припадниците на етничката заедница Египќани, како втора по бројност етничка заедница во Охрид, има посебни аргументи  да изрази благодарност  и задоволство на Пецаков, бидејки  се реализира  процесот на интеграција на Египќаните во институциите на системот, преку учество на Египќаните во Управните и Надзорните одбори, а со самото тоа и да бидат  учесници во процесот на одлучување. Градоначалникот на Охрид, несомнено створи и работи за сите Охриѓани, и покрај тоа што наследи општина со огромни долгови и Јавни претпријатија, исто така со огромни долгови од страна на предходната власт. Неговите дела во овој период од 1 година, не ги гледаат само оние кои тоа не сакаат да го гледаат, а во реалноста постојат и делата говорат за посветеноста и работата на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, истакна лидерот на Египќаните, Демир Далип.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/egipkjanite-zadovolni-od-rabotata-na-gradonachalnikot-na-ohrid/feed/ 0
„Египќаните во Македонија не се соодветно и правично застапени во институциите на системот“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/egipkjanite-vo-makedonija-ne-se-soodvetno-i-pravichno-zastapeni-vo-instituciite-na-sistemot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/egipkjanite-vo-makedonija-ne-se-soodvetno-i-pravichno-zastapeni-vo-instituciite-na-sistemot/#respond Mon, 19 Sep 2022 11:39:18 +0000 https://kurir.mk/?p=734788

Египќаните, како посебна автентична и автохтона етничка заедница во Македонија, не се соодветно и правично застапени во институциите на системот, иако, за разлика од порано, имаме над 40 високообразовани кадри, кои дипломирале, магистрирале или докторирале на државните универзитети, вели Демир Далип, лидер на Египќаните. -Излезот од ваквата состојба, Египќаните го наоѓаат преку трајно напуштање на државата и заминување во западните земји или преку изјаснување како припадници на други етнички заедници, а се со цел да бидат  вработени во администрацијата. Токму затоа, како НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“, реагиравме на резултатите на Пописот, бидејки е апсурдно и недозволиво да се прифатат состојби кои не се реални, не е  коректно да прифатиме дека на ниво на држава има 2008 Египќани, кога само во Охрид, на избирачки список има околу 2000 Египќани со право на глас, вели тој. Далип прашува каде се тука децата  или оние кои не наполниле 18 години. -Излез од ваквата состојба гледаме  преку практикување на МОДЕЛОТ НА ПОЗИТИВНА ДИСКРИМИНАЦИЈА, а се со цел интегрирање во системот, бидејќи, ако се продолжи со ваквиот тек, голема е веројатноста да настапи “тивка административна асимилација“ на Египќаните кои се лојални граѓани на Македонија и кои имаат големи заслуги за независноста и самостојноста како и за унитарниот карактер на Македонија, истакна лидерот на НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“, Демир Далип.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/egipkjanite-vo-makedonija-ne-se-soodvetno-i-pravichno-zastapeni-vo-instituciite-na-sistemot/feed/ 0
Египќаните во Македонија не ги признаваат резултатите од пописот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/egipkjanite-vo-makedonija-ne-gi-priznavaat-rezultatite-od-popisot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/egipkjanite-vo-makedonija-ne-gi-priznavaat-rezultatite-od-popisot/#respond Thu, 31 Mar 2022 19:07:56 +0000 https://kurir.mk/?p=656576

Не сме подготвени да ги прифатиме ваквите пописни резултати. Бројни се нерегуларностите во самиот пописен процес и конечниот резултат не кореспондира со реалните бројки, се вели во реакцијата на неформалната граѓанска иницијатива Коалиција на Египќаните. „Податоците кои се објавени практично ги побиваат самите пописни резултати на Државната пописна комисија. Во суштина, ова претставува и обид за административна асимилација на Египќаните и нивно исчезнување од мултиетничката карта на современото мултиетничко македонско општество. Аргументите се на наша страна, и токму затоа, поради сите утврдени факти, крајно нелогично и непринципиелно е да се прифатат ваквите поразителни пописни резултати за Египќаните во Македонија. Нашата борба ќе продолжи низ институциите на системот, а со цврст аргументи ќе бидат известени и Еуростат, ОБСЕ и амбасадите на највлијателните држави во Македонија со кои имаме соработка“, изјави лидерот на НГИ Коалицијата на Египќаните, Демир Далип. Тој додава дека пописни резултати не кореспондираат и не се во согласност со објективната бројчаност на Египќаните, особено во град Охрид каде Египќаните се втора по бројност етничка заедница, а  со податоците од Пописот како Египќани се изјаснети “само“ 2008 Египќани/ки, а само во избирачкиот список има над 1.900 Египќани/ки со право на глас. -Каде се тука децата, неризидентното население? Како да “испарија“ Египќаните. Со вакви податоци нема иднина за мојот народ-Египќаните, истакна Далип.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/egipkjanite-vo-makedonija-ne-gi-priznavaat-rezultatite-od-popisot/feed/ 0
Демир Далип: Охридскиот Рамковен договор не се применува за Египќаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demir-dalip-ohridskiot-ramkoven-dogovor-ne-se-primenuva-za-egipkjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demir-dalip-ohridskiot-ramkoven-dogovor-ne-se-primenuva-za-egipkjanite/#respond Thu, 13 Aug 2020 18:41:59 +0000 https://kurir.mk/?p=390410

Рамковниот договор склучен во Охрид пред 19 години, според припадниците на  етничката заедница Египкани  е со „тесни рамки“ и нив ги става во подредена положба, подложни на дискриминација, институционална неинтеграција и како такви подложни на “тивка административна асимилација“, истакна лидерот на НГИ КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПКАНИ, Демир Далип. Тој потенцира: -Слободно може да се констатира дека  не сите  ги чувствуваат ефектите од овој договор, кој, според мое мислење,  донесе само привиден мир и спречи ново Босанско сценарио и крвопролевање на овие простори. Но денес Египќаните, Црногорците и Хрватите, кои не се спомнати во Преамбулата на Уставот на РМ дефакто не се дел од споведувањето на Охридскиот договор, што претставува одреден степен на дискриминација и не е во насока на еднаков третман  на граѓанините и спроведување на начелото на ЕДНАКВОСТ И РАМНОПРАВНОСТ како и начелото на СООДВЕТНА И ПРАВИЧНА ЗАСТАПЕНОСТ. Далип истакна дека Рамковниот договор за нив не се применува. -Денес, за жал, можеме да констатираме дека нема ниту еден деклариран, а вработен Египканњец/ка според духот, содржината и целта на Охридскиот Рамковен Договор, а да не говориме за раководни фунции, минстри, заменици министри, директори, па ниту раководители. Ваквата состојба е далеку од едно праведно и еднакво општество за сите граѓани, а особено за ранливите етнички заедници, истакна Демир Далип.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demir-dalip-ohridskiot-ramkoven-dogovor-ne-se-primenuva-za-egipkjanite/feed/ 0
Мнозинството Египќани ќе гласаат за Гордана Силјановска Давкова- бидејќи ги разбира проблемите со кои се соочуваат етничките заедници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnozinstvoto-egipkjani-kje-glasaat-za-gordana-siljanovska-davkova-bidejkji-gi-razbira-problemite-so-koi-se-soochuvaat-etnichkite-zaednici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnozinstvoto-egipkjani-kje-glasaat-za-gordana-siljanovska-davkova-bidejkji-gi-razbira-problemite-so-koi-se-soochuvaat-etnichkite-zaednici/#respond Wed, 01 May 2019 13:30:28 +0000 https://kurir.mk/?p=193013

Во Првиот круг од Претседателските избори, огромно мнозинство на граѓани кои припаѓаат на етничката заедница Египќани, го дадоа својот глас за кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Проф. Д-р Гордана Силјаноска Давкова. Тоа, најубаво се виде во Охрид, каде патем Египќаните се втори по бројност. Искрено, очекувам на 5 мај, таа бројка да се дуплира, очекувам масовна излезност и секако победа на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Проф. Д-р Гордана Силјаноска Давкова,која најдобро ги разбира проблемите со кои се соочува етничката заедница на Египканите.Тоа, го знам и од лично искуство, бидејќи ми била професорка и знам каков однос имаше со студентите Албанци, Египќани, Роми, Турци, истакна лидерот на НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПКАНИ“ Демир Далип.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnozinstvoto-egipkjani-kje-glasaat-za-gordana-siljanovska-davkova-bidejkji-gi-razbira-problemite-so-koi-se-soochuvaat-etnichkite-zaednici/feed/ 0
Демир Далип со повик до Египќаните: Во вториот круг масовно да ја поддржиме Силјановска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demir-dalip-so-povik-do-egipkjanite-vo-vtoriot-krug-masovno-da-ja-poddrzime-siljanovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demir-dalip-so-povik-do-egipkjanite-vo-vtoriot-krug-masovno-da-ja-poddrzime-siljanovska/#respond Tue, 23 Apr 2019 11:23:42 +0000 https://kurir.mk/?p=190232

Како НГИ „Коалиција на Египќаните“ јавно ги повикуваме сите Египќани кои имаат право на глас, на 5 мај масовно да излезат на гласање и да го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. Д-р Гордана Силјаноска Давкова, онака како што го сторија тоа, на 21 април, храбро, одлучно, без страв и достоинствено, повика лидерот на НГИ „Коалиција на Египќани“, Демир Далип. -Египќаните се „жедни“ за правда, правична и соодветна застапеност, за владеење на правото, за рамноправност и еднаквост. Ова, се заложбите на професорката Силјаноска за спроведување на начелото на правична и соодветна застапеност, поддршка на ранливите категории, меѓу кои спаѓа и етничката заедница на Египќаните, како најмаргинализирана и институционално најнеинтегрирана етничка заедница. Со победата на Силјаноска, Египќаните имаат свој поддржувач, кој несебечно ќе им помогне во нивните легитимни барања, истакна Далип во дописот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demir-dalip-so-povik-do-egipkjanite-vo-vtoriot-krug-masovno-da-ja-poddrzime-siljanovska/feed/ 0
НГИ „Коалиција на Египќани“: Му благодариме на лидерот Мицкоски што ги спомна Египќаните како посебен етникум на големиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ngi-koalicija-na-egipkjani-mu-blagodarime-na-liderot-mickoski-shto-gi-spomna-egipkjanite-kako-poseben-etnikum-na-golemiot-miting-na-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ngi-koalicija-na-egipkjani-mu-blagodarime-na-liderot-mickoski-shto-gi-spomna-egipkjanite-kako-poseben-etnikum-na-golemiot-miting-na-vmro-dpmne/#respond Sun, 14 Apr 2019 09:53:14 +0000 https://kurir.mk/?p=186190

НГИ „Коалиција на Египќани“ му се заблагодари на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски што ги спомна Египќаните како посебен етникум на големиот митинг вчера во Скопје. -Дозволете ни, да му се заблагодариме на опозицискиот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, г дин Христијан Мицкоски, што на неговиот говор на големиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, ги спомна и Египќаните како посебен етникум. Тоа, за нас Египќаните, е голема вредност, бидејки е испратена порака дека и опозицијата има разбирање и подршка за етничката заедница на Египќаните. Испратена е јасна и недвосмислена порака, за еднаквост и фер шанса за сите граѓани во нашата заедничка држава Р.Македонија. Проф-Д-р Христијан Мицкоски повторно докажа дека е голем пријател на мојот народ Египќаните и тоа мојот народ многу ќе го почитува и соодветно ќе му возврати, во интерес на силна, напредна и праведна Македонија, истакна лидерот на НГИ ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“, Демир Далип.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ngi-koalicija-na-egipkjani-mu-blagodarime-na-liderot-mickoski-shto-gi-spomna-egipkjanite-kako-poseben-etnikum-na-golemiot-miting-na-vmro-dpmne/feed/ 0