егзекуција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 May 2023 05:34:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png егзекуција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Амнести интернешнал: Лани во 20 земји беа егзекутирани речиси 900 луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnal-lani-vo-20-zemji-bea-egzekutirani-rechisi-900-luge/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnal-lani-vo-20-zemji-bea-egzekutirani-rechisi-900-luge/#respond Tue, 16 May 2023 05:34:25 +0000 https://kurir.mk/?p=834544

Речиси 900 луѓе биле егзекутирани во 20 земји во светот минатата година, најголем број од 2017 година, објави невладината организација „Амнести интернешенел“ во својот годишен извештај за смртната казна. Невладината организација забележува дека некои земји се зафатени од „смртоносна хистерија“. „Бројот на публикувани егзекуции во 2022 година е најголем во изминатите пет години, а рекордот главно се должи на земјите од Блискиот Исток и Северна Африка“, посочува Амнести интернешнал. Организацијата за човекови права објави за 883 егзекуции во 20 земји лани, што е 53 отсто повеќе во споредба со 2021 година. Според АИ, бројот на егзекуции во Иран во 2021 година бил 314, а минатата година - 576. Во Саудиска Арабија минатата година биле извршени трипати повеќе егзекуции (196) во споредба со 2021 година. Египетските власти погубиле 24 лица минатата година, според извештајот. Амнести интернешнал забележува дека реалниот број на егзекутираните минатата година може да биде поголем, бидејќи некои земји кои применуваат смртна казна не објавуваат податоци за тоа прашање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnal-lani-vo-20-zemji-bea-egzekutirani-rechisi-900-luge/feed/ 0
Во Иран егзекутирани двајца мажи поради сквернавење на Куранот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-iran-egzekutirani-dvajtsa-mazhi-poradi-skvernavene-na-kuranot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-iran-egzekutirani-dvajtsa-mazhi-poradi-skvernavene-na-kuranot/#respond Mon, 08 May 2023 18:37:24 +0000 https://kurir.mk/?p=831989

Двајца мажи беа егзекутирани со бесење во Иран затоа што запалиле копија од Куранот и го навредувале пророкот Мухамед, соопшти денеска иранското правосудство. Садрола Фазели Зар и Јусеф Мердад беа осудени за „навреда на пророкот Мухамед и други богохулства, вклучително и палење на Куранот“, се вели во соопштението, додавајќи дека и двајцата утрово биле егзекутирани со бесење. Во март 2021 година, еден од обвинетите призна дека отворил профил на Телеграм за да го „дискредитира исламот“ со објавување навреди, се вели во соопштението, додавајќи дека другиот обвинет формирал група на интернет „за да пропагира атеизам“. Според податоците на неколку невладини организации, Иран е втора земја со најголем број егзекуции после Кина. Минатата година во Иран беа егзекутирани повеќе од 580 луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-iran-egzekutirani-dvajtsa-mazhi-poradi-skvernavene-na-kuranot/feed/ 0
Кувајт егзекутираше седум лица, првпат од 2017 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuvajt-egzekutirashe-sedum-lica-prvpat-od-2017-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuvajt-egzekutirashe-sedum-lica-prvpat-od-2017-godina/#respond Wed, 16 Nov 2022 12:47:15 +0000 https://kurir.mk/?p=761682

Во Кувајт денеска е извршена смртна казна над седум лица поради убиство. Станува збор за први егзекуции од 2017 година. Обвинителите соопштија дека егзекуциите биле извршени со бесење откако смртните казни биле одобрени од кувајтскиот емир Шеик Наваф. Обесени се едно женско лице од Етиопија, друго од Кувајт, заедно со тројца машки кувајтски државјани, Сириец и Пакистанец. Кувајтското Министерство за надворешни работи соопшти дека смртните казни се во согласност со кувајтскиот Кривичен законик 16 од 1960 година и неговите амандмани „по исцрпување на сите нивоа на судски спорови“. – Овие казни, кои беа спроведени, беа засновани на убедливи докази дека осудените ги извршиле злосторствата што им се припишуваат, рече Ганим Ал Ганим, помошник министер за надворешни работи на Кувајт за правни прашања. Во синоќешното соопштение, Амнести интернешнл повика да се запрат егзекуциите, нарекувајќи ги „крајно сурова, нечовечка и понижувачка казна“. Овие егзекуции се први од 25 јануари 2017 година, кога исто така беа обесени седум луѓе, а меѓу нив и член на кралското семејство. Кувајт егзекутираше десетици луѓе откако започна со спроведување смртна казна во средината на 1960-те години. Најголем дел од осудените биле убијци или трговци со дрога. Првата смртна казна беше спроведена на 17 мај 1964, а до денес се егзекутирани 84 лица, меѓу кои, 20 од Кувајт и 15 од Пакистан. Смртната казна е широко распространета на Персискиот Залив, особено во Иран и Саудиска Арабија, каде 81 лице беа егзекутирани во еден ден во март, предизвикувајќи меѓународна осуда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuvajt-egzekutirashe-sedum-lica-prvpat-od-2017-godina/feed/ 0
Во Јапонија егзекутиран маж кој уби седум луѓе во 2008 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-japonija-egzekutiran-maz-koj-ubi-sedum-lugje-vo-2008-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-japonija-egzekutiran-maz-koj-ubi-sedum-lugje-vo-2008-godina/#respond Tue, 26 Jul 2022 05:58:05 +0000 https://kurir.mk/?p=710180

Во Јапонија е егзекутиран Тамохиро Като, кој во 2008 година усмрти седум, а повреди 10 луѓе во Токио. Като во 2015 година беше осуден на смрт поради што повеќемина избоде со нож. Тој злосторството го изврши на 25 години и привремено работел во фабрика за автоделови во мал град во централна Јапонија. Непосредно пред да го изврши масакрот во Токио, дознал дека договорот ќе му биде раскинат на крајот на јуни 2008 година. Като на судењето изјавил дека го извршил нападот затоа што се плашел да не стане бездомник. По масакрот на Като, јапонските власти забранија поседување ножеви подолги од 5,5 сантиметри. Егзекуцијата на Като е прво погубување од декември во Јапонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-japonija-egzekutiran-maz-koj-ubi-sedum-lugje-vo-2008-godina/feed/ 0
Во САД егзекутиран осуден криминалец https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sad-egzekutiran-osuden-kriminalec/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sad-egzekutiran-osuden-kriminalec/#respond Fri, 11 Dec 2020 07:55:33 +0000 https://kurir.mk/?p=441833

САД го егзекутираа осудениот криминалец Брендон Бернард, и покрај приговорите од некои поротници на неговото судење кои побараа од администрацијата на Трамп да покаже милост. Смртта на Бернард е деветто погубување откако јавниот обвинител Вилијам Бар на почетокот од годинава продолжи да ја применува федералната смртна казна по пауза од 17 години. Бернард беше осуден на смрт во 2000 година заедно со соучесникот Кристофер Виалва за кражба на автомобил и убиство на Тод и Стејси Багли во оддалечен дел од воената база Форт Худ во близина на Килин, Тексас. Виалва ја киднапираше и ја застрела двојката одблизу додека лежеле во багажникот на автомобилот. После тоа, Бернард го запалил автомобилот. За време на злосторството, Бернард имал 18 години, а Виалва имал 19 години. Тројцата други вклучени во киднапирањето и убиството не биле полнолетни кога се случило злосторството и избегнале смртна казна. Двајца веќе се ослободени од затвор. Пет поротници од судењето го поддржаа барањето на Бернард за помилување, велејќи дека неговите адвокати лоша работеле бранејќи го на судењето. Иако сè уште се согласуваат дека и Бернард и Виалва се виновни, тие рекоа дека изгледа дека Бернард немал намера да ја убие двојката Багли. Половина милион луѓе ја потпишаа петицијата со барање од претседателот Трамп да ја смени казната со доживотен затвор, истакнувајќи ја неговата незрелост за време на злосторството и доброто однесување во затвор. Сепак, Виалва и Бернард во 2000 година беа осудени на смрт од страна на сојузен суд. Првиот доби смртоносна инјекција во септември во казнено-поправниот дом Тере-Хауте. Вториот ја доживеа истата судбина синоќа откако Врховниот суд ја одби конечната жалба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sad-egzekutiran-osuden-kriminalec/feed/ 0
Ирак: По брза постапка егзекутирани 12 терористи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irak-po-brza-postapka-egzekutirani-12-teroristi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irak-po-brza-postapka-egzekutirani-12-teroristi/#respond Fri, 29 Jun 2018 09:45:40 +0000 https://kurir.mk/?p=71118

Ирачките власти убија 12 лица осудени за тероризам, само неколку часови откако премиерот Хајдер ал Абади побара егзекуции по забрзана постапка. Ирачката Влада денеска соопшти дека тоа бил одговорот на Абади за киднапирање и убиство на осум припадници на безбедносните сили. - Врз основа на наредба на премиерот Хајдер ал Абади вчера се извршени егзекуции на 12 осудени терористи на кои им беа изречени конечни пресуди, соопшти портпарол на владата на Ирак. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irak-po-brza-postapka-egzekutirani-12-teroristi/feed/ 0
Детали за крвавата егзекуција: Новинарот застрелан во гради, девојка му во глава додека бегала https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/detali-za-krvavata-egzekucija-novinarot-zastrelan-vo-gradi-devojka-mu-vo-glava-dodeka-begala/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/detali-za-krvavata-egzekucija-novinarot-zastrelan-vo-gradi-devojka-mu-vo-glava-dodeka-begala/#respond Tue, 27 Feb 2018 16:04:01 +0000 http://kurir.mk/?p=25413

Истражувачкиот новинар Јан Куциак и неговата девојка се убиени во неговиот стан, изјави шефот на словачката полиција Тибор Гашпар. Тој додаде дека Куциак и неговата девојка се пронајдени мртви во неделата вечерта во неговиот стан во градот Велка Мача, источно од Братислава. Полицијата реагирала откако била алармирана од член на семејството на новинарот. Како што пренесуваат словачките медиуми, Куцијак бил застрелан во градите, а неговата девојка во главата. Се укажува на тоа дека станува збор за егзекуција и оти убиецот е професионалец. Трагите на местото на злосторството наведуваат на заклучок дека Мартина се обидела да побегне и да се сокрие од напаѓачот, но не успеала. Куцијак во последните три години работел за словачкиот информативен сајт „Actuality.sk”. Тој се занимавал со истражување на затајување на данок. Сомнителни бизнисмени поврзани со владејачката партија Една од последните стории со кои се занимавал, се однесувала на контроверзниот словачки бизнисмен Марјан Кочнер и неговата поврзаност со неколку словачки политичари. Куцијак пишал низа текстови за затајувањето на данок и измамите кои се однесуваат на еден комплекс лукзусни згради во кои стан имал и Кочнер, како и за долговите на компанијата „Real Štúdio K.F.A”, која го градела тој комплекс, а со која бизнисменот бил поврзан. Кочнер наводно му се заканувал на Куцијак, за што новинарот минатиот септември поднел кривична пријава против него. Кочнер наводно му рекол на новинарот дека тој ќе најде “валкани работи“ за него и неговото семејство и оти ќе се погрижи никогаш повеќе да не најде работа. Кочнер изјавил дека тој нема никаква врска со убиството на новинарот и дека не му се заканувал. „Тоа се апсолутни бесмислици – изјавил тој за државната словачка телевизија. Контроверзниот бизнисмен изјавил дека не бил во контакт со новинарот “некои два- три месеци“. „Ова е голема трагедија“ – изјавил тој за убиството. Изградбата на комплексот на луксузни станови минатата година беше во центарот на политичкиот скандал во Словачка. Тајкунот Ладислав Баштемак, кој е еден од главните инвеститори на изградбата е обвинет за затајување на данок. Тој купил седум станови за 12 милиони евра, а потоа неправедно му бил вратен данокот на додадена вредност (ДДВ) во износ од два милиона евра. Баштемак приватно е близок со словачкиот премиер Роберт Фицо. Овој скандал довел до големи протести минатата година, кога Словаците барале министерот за внатрешни работи Роберт Калињак да поднесе оставка, поради обвиненијата дека Баштемак му дал мито. Меѓутоа, Калињак и понатаму е на чело на министерството за внатрешни работи. Куцијак пишувал и за неколкумина сомнителни бизнисмени чии имиња се спомнуваат во Панамските документи поради затајување на данок, како што е Мирослав Бодор, а кои се поврзани со владејачката партија во земјата. Вмешана и италијанската мафија? Меѓутоа, изгледа Куцијак наишол на трага и за активностите на италијанската мафија во земјата. Како што пренесува „Њујорк тајмс“, еден долгогодишен истражувачки новинар кој живее и работи во Братислава, Том Николсон, рекол дека разговарал со Куцијак пред околу недела дена во врска со случајот на кој работеле и двајцата, а кој се однесувал на можната вмешаност на италијанската мафија во злоупотребата на фондовите на Европската унија во Словачка. Куцијак, според Николсон, разговарал и со италијанските новинари за да му ги потврдат идентитетите на мафијашите кои се активни во Словачка. Владата на Словачка соопшти дека ќе плати милион евра за информации кои ќе доведат до апсење на убиец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/detali-za-krvavata-egzekucija-novinarot-zastrelan-vo-gradi-devojka-mu-vo-glava-dodeka-begala/feed/ 0