егзит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Nov 2022 14:33:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png егзит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Егзит“ на Србија и донел преку 220 милиони евра од 2000 година https://arhiva.kurir.mk/svet/region/egzit-na-srbija-i-donel-preku-220-milioni-evra-od-2000-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/egzit-na-srbija-i-donel-preku-220-milioni-evra-od-2000-godina/#respond Thu, 10 Nov 2022 14:33:12 +0000 https://kurir.mk/?p=758685

Оваа година фестивалот Егзит (EXIT) донесе нови 19,7 милиони евра за економијата на Нови Сад и Србија, со што вкупниот придонес на фестивалот од неговото основање до денес е над 220 милиони евра, објавија денеска организаторите на EXIT, пренесе Бета. Поголемиот економски придонес во однос на претходната година, кога изнесуваше 18,8 милиони евра, е резултат на зголемувањето на неколку клучни параметри, меѓу кои се рекордна потрошувачка и зголемениот број посетители надвор од Србија, покажуваат резултатите од „ТИМ Центар“ од Нови Сад. За време на фестивалот во Нови Сад и Србија посетителите потрошиле во просек по 549 евра, што е скок од 22 отсто во однос на претходната година, туристите од Западна Европа во просек потрошиле 821 евро, а оние од Источна Европа 720 евра. Во јули 2022 година низ фестивалските порти поминаа повеќе од 200.000 посетители од 107 земји, а најмногу странски гости доаѓаат од Германија, Велика Британија, Турција, Унгарија и Франција, додека Словенија, Босна и Херцеговина и Хрватска водат во регионот. Бројот на посетители од несрпска националност сочинува 65,4 отсто од овогодинешната публика, што, според организаторите на фестивалот, е нов рекорд од неговото основање. Фестивалот, како што покажа истражувањето, го посетуваат повеќе фанови од Западна Европа (21 отсто) отколку од Источна (12,5 отсто), традиционално висок е бројот на посетители од регионот (24 отсто), 7,8 отсто од посетителите се од други континенти, а сместување платиле 71,5 отсто од испитаниците. Кај испитаниците годинава повеќе од 50 отсто биле нови посетители на фестивалот, а меѓу нив 38 отсто биле од Србија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/egzit-na-srbija-i-donel-preku-220-milioni-evra-od-2000-godina/feed/ 0
ПОЛИЦИЈАТА ВЛЕЗЕ НА ЕГЗИТ ВО СТРУМИЦА – уапсени десетина лица среде улица, еве што имале во нивните џебови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policijata-vleze-na-egzit-vo-strumica-uapseni-desetina-lica-srede-ulica-eve-shto-imale-vo-nivnite-dzebovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policijata-vleze-na-egzit-vo-strumica-uapseni-desetina-lica-srede-ulica-eve-shto-imale-vo-nivnite-dzebovi/#respond Thu, 08 Sep 2022 14:25:17 +0000 https://kurir.mk/?p=730330

Во периодот од 18.00 часот на 07.09.2022 до 06.00 часот на 08.09.2022 година за време на одржување на музички настан во градски парк во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода С.С. (26), Д.С. (20), Г.Б. (28), М.А. (45), А.С. (24), А.М. (25) и А.Б. (28), сите од Скопјe, Џ.Б. (40) од Струмица и А.А. (19) од Кавадарци. При преглед над лицата била пронајдена и одземена марихуана, прашкаста материја, таблети... По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policijata-vleze-na-egzit-vo-strumica-uapseni-desetina-lica-srede-ulica-eve-shto-imale-vo-nivnite-dzebovi/feed/ 0
ХАОС НА ВТОРИОТ ДЕН ОД ЕГЗИТ КАДЕ СЕ МНОГУ МАКЕДОНЦИ – полицијата „коси“ насекаде, еве што заплени https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haos-na-vtoriot-den-od-egzit-kade-se-mnogu-makedonci-policijata-kosi-nasekade-eve-shto-zapleni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haos-na-vtoriot-den-od-egzit-kade-se-mnogu-makedonci-policijata-kosi-nasekade-eve-shto-zapleni/#respond Sat, 09 Jul 2022 12:37:07 +0000 https://kurir.mk/?p=702668

Полицијата на вториот ден од музичкиот фестивал Егзит во Нови Сад заплени разни видови наркотици од 53 лица против, кои ќе бидат поднесени кривични пријави, јави дописникот на МИА. – Припадниците на МВР во вториот ден од Егзит запленија различни видови наркотици од вкупно 53 лица, а 19 лица се уапсени, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во него се додава дека кај приведените лица била пронајдена помала количина марихуана, кокаин, екстази како и други психоактивни супстанции. Според соопштението, кај 46 лица дрогата е пронајдена на подрачјето на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, каде се одржува фестивалот. Против сите осомничени ќе бидат поднесени кривични пријави, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело неовластено држење опојни дроги. Полицијата на првиот ден од фестивалот Егзит кај 34 лица запленила повеќе од шест килограми различни видови наркотици. Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Нови Сад, по наредба на министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, продолжуваат со интензивирање на контролата на просторот каде што се одржува фестивалот Егзит.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haos-na-vtoriot-den-od-egzit-kade-se-mnogu-makedonci-policijata-kosi-nasekade-eve-shto-zapleni/feed/ 0
Започнува фестивалот „Егзит“, се очекува за 4 дена да го посетат повеќе од 200.000 луѓе- еве кој е настапува https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/zapochnuva-festivalot-egzit-se-ochekuva-za-4-dena-da-go-posetat-povekje-od-200-000-lugje-eve-koj-e-nastapuva/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/zapochnuva-festivalot-egzit-se-ochekuva-za-4-dena-da-go-posetat-povekje-od-200-000-lugje-eve-koj-e-nastapuva/#respond Thu, 07 Jul 2022 07:44:11 +0000 https://kurir.mk/?p=701465

Портите на фестивалот „Егзит“, годинава под мотото „Заедно. Секогаш!“, се отвораат денеска во 19 часот, а се очекува за четири дена да го посетат повеќе од 200.000 луѓе. Меѓу настапувачите се Келвин Харис, Ник Кејв и „Бед сидс“, Иги Азалеа, Џејмс Артур, раперот Маск’д Вулф, Жу, „Сепултура“, Масео Плекс, Хани Дижон, Борис Брејча, Стефан Боџин, „АРТБАТ“, Денис Султа, диџеј Тенис, Анфиса Летјаго, Марки Рамон, „Напалм дет“, „Експлоитед“, „Блајнд чанл“, Адам Бејер Б2Б Енрико Санџулијано, Дакс Џеј, Сама ‘Абдулхади… Натаму, ќе настапи и регионален состав предводен од Констракта, Сенида, белградската панк-хипхоп група „Прти Би Ги“, Марчело, „Бркови“, Артан Лили, загрепски „Параф“, Кило Кило, Мими Мерцедес, Бојана Вунтуришевиќ, „Деца лоших музичара“, Кирил Џајковски… Вратите се отвораат секој ден во 19 часот, а се затвораат во три часот наутро, по што не ќе може да се влезе во Петроварадинската тврдина во Нови САД. Фестивалот трае до 11 јули. Поради очекуваната огромна заинтересираност за фестивалот, организаторите упатија повик до посетителите да дојдат порано, за да се избегне метеж и гужви пред портите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/zapochnuva-festivalot-egzit-se-ochekuva-za-4-dena-da-go-posetat-povekje-od-200-000-lugje-eve-koj-e-nastapuva/feed/ 0
ПРВ ДЕН НА ЕГЗИТ: Уапсени над 50 лица- еве ги деталите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prv-den-na-egzit-uapseni-nad-50-lica-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prv-den-na-egzit-uapseni-nad-50-lica-eve-gi-detalite/#respond Fri, 09 Jul 2021 15:09:22 +0000 https://kurir.mk/?p=534493

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Нови Сад, во текот на првиот ден од фестивалот Егзит, запленија наркотици од 55 лица, јави дописникот на МИА од Белград. -Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено држење наркотични средства, полицијата уапси 54 лица, од кои 31 се странски државјани, соопшти МВР на Србија. Полицијата уапси уште едно лице поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотици. Министерот за внатрешни работи Александар Вулин повтори дека припадниците на полицијата во согласност со законот на „Егзит“ ќе апсат и казнуваат дилери на дрога, како и конзуманти. –Како што ветивме, припадниците на полицијата ќе казнат секој што ќе го пронајдат за време на фестивалот „Егзит“, без оглед дали е дилер на дрога или корисник на дрога, во согласност со законот, рече министерот. Ќе сториме се за посетителите и учесниците на фестивалот да бидат безбедни, но, пред сè, и сите граѓани на Нови Сад. уживајте во музиката, не земајте дрога – изјави Вулин по првиот ден од Егзит. На првата вечер на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад, на тврдината Петроварадин престојуваа околу 42.000 посетители од 70 земји, соопштија организаторите. За влез на Егзит, потребен е зелен дигитален сертификат, а невакцинираните мора да имаат негативен PCR или антигенски тест. За посетителите организаторите обезбедија бесплатно антигенско тестирање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prv-den-na-egzit-uapseni-nad-50-lica-eve-gi-detalite/feed/ 0
Лоша вест за фановите на Егзит  https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/losha-vest-za-fanovite-na-egzit/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/losha-vest-za-fanovite-na-egzit/#respond Tue, 14 Jul 2020 07:08:23 +0000 https://kurir.mk/?p=375446

Годинашниот јубилеен 20. Егзит на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, Србија, дефинитивно нема да се одржи. Ова го објавија организаторите на интернет-страницата на фестивалот, нагласувајќи дека „за жал здравствената состојба во земјата не е подобрена“ поради корона-епидемијата. -Имајќи предвид дека здравјето и безбедноста на сите учесници на фестивалот се наш приоритет број еден, сакаме да ве информираме дека одбележувањето на 20-годишнината од фестивалот Егзит дефинитивно нема да се случи од 13 до 16 август годинава на Петроварадинската тврдина, се вели во известувањето. Како што се наведува, до крајот на месецов ќе се објават датумите за Егзит 2021, а дополнително известување за повраток на парите за влезниците следи наскоро. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/losha-vest-za-fanovite-na-egzit/feed/ 0
„Егзит“ во август, со најмалку 20 бини и зона ширум тврдината https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/egzit-vo-avgust-so-najmalku-20-bini-i-zona-shirum-tvrdinata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/egzit-vo-avgust-so-najmalku-20-bini-i-zona-shirum-tvrdinata/#respond Tue, 09 Jun 2020 12:57:03 +0000 https://kurir.mk/?p=355667

Егзит годинава сепак ќе се одржи од 13. до 16 август, на 20 бини и зона ширум Петроварадинската тврдина, и тоа на површина од најмалку 90 отсто од вообичаениот капацитет, потврдија денеска организаторите. Интересот за влезници, според соопштението, и натаму е голем. „Посетителите од соседството, веќе е извесно дека ќе ги надминат по бројност сиве претходни години, а како што се отвораат земјите од Европската Унија, така расте интересот и во нам блиските Унгарија, Австрија, Германија, Чешка, Романија, Бугарија, Грција и други”, соопштуваат од „Егзит“ тимот. Во продажба остануваат 25 отсто од билетите коишто се набавуваат преку овластени интернет-страници. Покрај „Бината за електроника“, каде што темпото го диктираат домашните, но и странските ди-џеи, ќе има и „Бина без спиење“, „Латино бина“, „Бит бина“, „Икс-Баш пит“, „Урбан баг“, „Гварана Ас-ФМ“, „Гаја Експеримент транс стејџ“, како и „Реге стејџ“… Како што и беше претходно најавено, фестивалот ќе се одржи во соработка со властите и со здравствен тим на Владата на Србија, со цел сите посетители, изведувачи и организатори да бидат максимално заштитени од опасноста од новиот коронавирус. Обожавателите на Фестивалот кои набавија влезница пред прекинот на продажбата поради корона-пандемијата, ќе можат, ако сакаат, и да ја заменат за фестивалот наредната година или да си ги вратат парите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/egzit-vo-avgust-so-najmalku-20-bini-i-zona-shirum-tvrdinata/feed/ 0
Фестивалот Егзит ќе се одржи во август https://arhiva.kurir.mk/svet/region/festivalot-egzit-kje-se-odrzi-vo-avgust/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/festivalot-egzit-kje-se-odrzi-vo-avgust/#respond Thu, 21 May 2020 12:12:36 +0000 https://kurir.mk/?p=348734

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека е усвоена препорака фестивалот Егзит да се одржи во август. -Усвоивме препорака Егзит да се одложи за август, бидејќи очекуваме дека до тогаш ќе биде целосно мирна ситуацијата во цела Европа, истакна Брнабиќ пред новинари во Нови Сад. Таа додаде дека целта на препораката е „фестивалот да се помести, а не да се откаже“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/festivalot-egzit-kje-se-odrzi-vo-avgust/feed/ 0
Грк почина на фестивалот Егзит: Цел ден конзумирал дрога https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grk-pochina-na-festivalot-egzit-cel-den-konzumiral-droga/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grk-pochina-na-festivalot-egzit-cel-den-konzumiral-droga/#respond Sat, 06 Jul 2019 07:03:50 +0000 https://kurir.mk/?p=215887

Управата на светски познатиот музички фестивал Егзит кој се одржува на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, упати жалење поради трагичната смрт на еден посетител од Грција. Откако му се слошило, Гркот бил однесен со Брза помош, но по кусо време починал во болница. Пријателите што биле со него изјавиле дека тој цел ден конзумирал разни наркотични средства и дека боледувал и од хронична болест. Од фестивалот Егзит нагласуваат дека секогаш се залагаат за некористење било какви наркотични средства и дека постојано водат кампањи за превенција и за штетноста од дрогата. Вчера во Нови Сад беше отворен 19 фестивал Егзит со рекорден број посетители од целиот свет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grk-pochina-na-festivalot-egzit-cel-den-konzumiral-droga/feed/ 0