ЕХФ Келн Ф4 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 19 Jun 2023 05:17:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЕХФ Келн Ф4 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ТАЖНА ВЕСТ од Келн: Почина новинарот на кого му се слоши за време на финалето во ракометната ЛШ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/tazhna-vest-od-keln-pochina-novinarot-na-kogo-mu-se-sloshi-za-vreme-na-finaleto-vo-rakometnata-lsh/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/tazhna-vest-od-keln-pochina-novinarot-na-kogo-mu-se-sloshi-za-vreme-na-finaleto-vo-rakometnata-lsh/#respond Mon, 19 Jun 2023 05:17:46 +0000 https://kurir.mk/?p=847214

Трагедија на финалето на ЕХФ Лигата на шампионите во ракомет во Келн, Германија. Новинар почина откако му се слоши на мечот за титулата помеѓу Магдебург и Кјелце. Станува збор за полскиот новинар Павел Котвица кој работеше за порталот „Ехо Днија“. Во 18 минута од второто полувреме натпреварот беше прекинат кога на новинарот му се слоши во новинарската ложа. Неговите колеги околу него побараа прекин на натпреварот и повикаа брза помош. Му беше извршена реанимација, на носилки беше изнесен од „Ланксес арената“ и со возило на брза помош беше префрлен во болница. Околу еден час по завршувањето на финалето, од болницата беше пријавено дека новинарот починал. Ова беше потврдено и во соопштението на Европската ракометна федерација. – ЕХФ жали за загубата на колегата од медиумите кој почина за време на фајналфорот на ЕХФ. Тој доби лекарска помош во второто полувреме, но за жал, почина. Нашите мисли и молитви се со неговото семејство, пријателите и роднините – се наведува во соопштението на ЕХФ.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/tazhna-vest-od-keln-pochina-novinarot-na-kogo-mu-se-sloshi-za-vreme-na-finaleto-vo-rakometnata-lsh/feed/ 0