ЕИБ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Mar 2023 17:10:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЕИБ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Откако беше демантирана од ЕИБ, Арсовска нервозно му се нафрли на новинар кој и постави прашање https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/otkako-beshe-demantirana-od-eib-arsovska-nervozno-mu-se-nafrli-na-novinar-koj-i-postavi-prashane/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/otkako-beshe-demantirana-od-eib-arsovska-nervozno-mu-se-nafrli-na-novinar-koj-i-postavi-prashane/#respond Wed, 22 Mar 2023 17:10:23 +0000 https://kurir.mk/?p=815136

Демант за Арсовска од главниот финансиер за очекуваната пречистителна станица во Скопје, Европската инвестициона Банка. Заменик претседателката на Банката, Лилјана Павловска, вели дека процесот целосно се одвивал како што треба, со што го потврди ставот на поранешниот директор на ЈП Водовод, Златко Перински, кој иако тврдеше дека проектот е кристално чист, беше обвинет и разрешен од Арсовска. „Ние имаме и мораме да следиме посебни правила и процедури кои што се веќе воспоставени, вршиме надзор на процесот на набавка, да ги вршиме сите потребни и вонредни проверки и контроли и она што можам да го кажам е дека процесот на набавка беше успешно завршен и немаше отстапки и имаме зелено светло за потпишување на договорите за изградба и надзор од страна на Водовод и канализација.“ – Вели Заменик Директор на европската инвестициона банка, Лилјана Павловска. Иако обивнувањата за „раце во мед“ практично и паднаа во вода, градоначалничката Арсовска се уште тврди дека била во право и ја обвини Алфа дека поставува „инсинуирачки прашања“. „Ако може да не испревртувате, Вашето прашање беше инсинуирачко, кажиувајќи ја изјавата на еден господин кој што беше разрешен поради тоа што нетранспарентно и врз основа на влијание ги вршеше постапките и одговорал само пред својот партиски лидер, а не пред граѓаните.“ – Вели Арсовска. Тендерот за пречистителната станица беше точката на вриење помеѓу Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ без кои не ќе беше градоначалник. Таа лани во септември го разреши Златко Перински од функцијата директор на ЈП Водовод, и тврдеше дека постоеле сомнежи за водењето на тендерската постапка, иако тој ги негираше тие обвинувања, потенцирајќи дека Арсовска со своето мешање може да ја загрози реализација на пречистителната станица. Европската инвестициска банка не ги демантира обвинувањата на Арсовска прв пат. Уште при смената на директори во јавното претпријатие, од банката преку соопштение потврдија дека се почитуваат условите и преземените обврски, како и дека немаат забелешки за тоа, како Перински го води проектот. Денеска беше потпишан договор за неповратен грант од 70 милиони евра од Европската Унија, со тоа се заокружи финансиската конструкција од над 200 милиони евра за изградба на пречистителната станица. Претходно, во 2019 преку заем беа обезбедени 136 милиони евра од Европската инвестициска банка. Сега се чека Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ да го потпишат договорот за градба. извор: alfa.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/otkako-beshe-demantirana-od-eib-arsovska-nervozno-mu-se-nafrli-na-novinar-koj-i-postavi-prashane/feed/ 0
Главниот финансиер за пречистителна станица, Павлова од ЕИБ, со ист став со разрешениот Перински и контра Арсовска: Процесот е чист и воден беспрекорно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glavniot-finansier-za-prechistitelna-stanitsa-pavlova-od-eib-so-ist-stav-so-razresheniot-perinski-i-kontra-arsovska-protsesot-e-chist-i-voden-besprekorno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glavniot-finansier-za-prechistitelna-stanitsa-pavlova-od-eib-so-ist-stav-so-razresheniot-perinski-i-kontra-arsovska-protsesot-e-chist-i-voden-besprekorno/#respond Wed, 22 Mar 2023 13:05:34 +0000 https://kurir.mk/?p=814966

Потпретседател на Европска Инвестициона банка Лилјана Павлова на денешната прес конференција во Клубот на пратеници ги демантираше обвинувањата од страна на скопската градоначалничка Данела Арсовска дека поранешниот директор на ЈП Водовод и канализации Златко Перински дека влијаел на тендерската документација за изградба на пречистителната станица. Имено одговарајќи на новинарско прашање кој е нејзиниот став бидејќи поранешниот директор на ЈП Водовод и канализација Скопје беше обвинет дека не го водел процесот за изградба на пречистителната станица како што треба и поради тоа бил разрешен од градоначалничката на Град Скопје Арсовска, потпретседателката на ЕИБ Павлова рече дека проектот е кристално чист и без никакви проблеми, укажувајќи дека Европската Инвестициона Банка не утврдила никакви отстапки од она што е воспоставено како правила и процедури од нивна страна. Она што можам да го кажам од оваа перспектива знаете дека Европската Инвестициона банка е главен финансиер и ние имаме и мораме да следиме посебни правила и процедури кои што се веќе воспоставени, вршиме надзор на процесот на набавка, да ги вршиме сите потребни и вонредни проверки и контроли и она што можам да го кажам е дека процесот на набавка беше успешно завршен и немаше отстапки и имаме зелено светло за потпишување на договорите за изградба и надзор од страна на Водовод и канализација. И во оваа фаза можам да кажам дека немаме проблеми и навистина со нетрпение ги очекувам роковите и датумите кога ќе се потпишат договорите и успешно да започнеме со имплементацијата, изјави Павлова, потпретседателка на ЕИБ. За потсетување на јавноста, ЕИБ и Европска банка за обнова и развој кои што се главните финансиери на овој голем проект уште тогаш преку соопштение ја демантираа Арсовска дека од самиот почеток на проктот се почитуваат условите и преземаните обврски за исплата на средствата и немаат никакви забелешки како се води целиот процес од страна на Златко Перински, тогашен директор на ЈП Водовод и канализација Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glavniot-finansier-za-prechistitelna-stanitsa-pavlova-od-eib-so-ist-stav-so-razresheniot-perinski-i-kontra-arsovska-protsesot-e-chist-i-voden-besprekorno/feed/ 0
ЕИБ ќе обезбеди 500 милиони евра за обнова на Турција по земјотресот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eib-ke-obezbedi-500-milioni-evra-za-obnova-na-turtsija-po-zemjotresot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eib-ke-obezbedi-500-milioni-evra-za-obnova-na-turtsija-po-zemjotresot/#respond Tue, 21 Mar 2023 06:45:37 +0000 https://kurir.mk/?p=814362

Европската инвестициска банка привремено ја укина речиси четиригодишната забрана за финансирање во Турција за да обезбеди 500 милиони евра за реконструкција на земјата по земјотресот. ЕИБ практично ги суспендираше сите заеми за Турција по спор за нафта и гас кај Кипар во 2019 година, но сериозноста на минатомесечниот земјотрес во кој загинаа речиси 56.000 луѓе во Турција и соседна Сирија ја поттикнаа да направи исклучок. „Заедно со Европската комисија работиме на заеднички сеопфатен пакет, од кои до 500 милиони евра ќе испорача ЕИБ“, најави потпретседателката на банката, Лилијана Павлова. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, говорејќи на Меѓународната донаторска конференција во Брисел, објави дека целиот пакет на Комисијата и ЕИБ за помош на Турција изнесува една милијарда евра. Сите земји од ЕУ, вклучително и Кипар, треба официјално да дадат зелено светло за одобрување на помошта од ЕИБ за Турција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eib-ke-obezbedi-500-milioni-evra-za-obnova-na-turtsija-po-zemjotresot/feed/ 0
ЕИБ на страна на Перински: Ревидирањето на стратегијата за набавки без оправдување го загрозува процесот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eib-na-strana-na-perinski-revidiranjeto-na-strategijata-za-nabavki-bez-opravduvanje-go-zagrozuva-procesot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eib-na-strana-na-perinski-revidiranjeto-na-strategijata-za-nabavki-bez-opravduvanje-go-zagrozuva-procesot/#respond Wed, 14 Sep 2022 19:27:32 +0000 https://kurir.mk/?p=732947

Европската инвестициска банка одговори на прашањата на Телма за тендерот за изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје поради кој градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го разреши директорот на ЈП Водоводот, откако тој не направил промена на членови на тендерските комисии повикувајки се токму на одговор од ЕИБ. Во соопштението кое ви го пренесуваме во целост се потенцира дека секој обид за ревидирање на стратегијата за набавки без оправдување во оваа фаза или неусогласеност со важечките принципи за доверливост, ќе предизвика одложување во процесот на набавка и ќе ја загрози достапноста на средствата. Соопштение од Европската инвестициска банка: „Изградбата на пречистителната станица за отпадни води (ПСОВ) во Скопје е водечки проект во рамките на Економскиот и инвестициски план на Европската комисија и Зелената агенда за Западен Балкан. Целосно усогласен со приоритетите на Европската унија (ЕУ), важечките уредби и рамката за пристапување во ЕУ на Северна Македонија, се очекува да генерира значително подобрување на квалитетот на животната средина како и здравствени придобивки преку обезбедување на прочистена вода и избегнување на континуирано испуштање на непречистена отпадна вода во реката Вардар. Проценетата вредност на проектот е 136,7 милиони евра, финансиран со заеми обезбедени од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). ЕУ обезбедува значителен дел од грантот, дополнувајќи го националниот придонес на Северна Македонија. Заемопримач за заемите е Република Северна Македонија, претставена од Министерството за финансии. ЕИБ го води мониторингот на проектот. Проектот го спроведува јавното претпријатие за Водостопанство „Водовод и канализација-Скопје (ЈПВК). Како промотор на проектот, ЈПВК, исто така, дејствува како Договорен орган на проектот, во смисла на Водичот за набавки на ЕИБ (ВН) и како што е договорено во Финансискиот договор. Јавното претпријатие „Водовод и канализација„ е задолжено за подготовка, имплементација, работа и одржување на системите за третирање на отпадни води финансирани од Банките. Банките, исто така, бараат од промоторот да осигури дека проектот се спроведува во согласност со Водичот за набавки (ВН). Ова ја вклучува одговорноста на промоторот за постапките за набавка на Проектот (вклучувајќи го составот на Комитетот за евалуација што ги оценува понудите) и резултатите од нивната примена во согласност со Водичот за набавки на ЕИБ. Вклучувањето на ЕИБ во прегледот на постапката за набавка за горенаведениот проект е ограничено на проверка дали се исполнети условите поврзани со неговото финансирање, при што се бара, за секој чекор на набавка, ЕИБ да даде одобрување. ЕИБ ја одобри стратегијата за набавки и постапката за евалуација во 2019 година. Две меѓународни набавки – за работи и услуги – се во тек со двата договори во нивната финална фаза на евалуација на понудите. ЕИБ може да потврди дека од почетокот на проектот се почитуваат условите и преземените обврски за исплата на средствата. Набавките се спроведени во согласност со водичот за набавки на ЕИБ и во согласност со одобрената стратегија за набавки. До денес, Комитетот за евалуација, потпомогнат од искусен тим од меѓународни консултанти, ги извршуваше своите задачи на посветен начин. Ја следеше тендерската документација и бараше совети од ЕИБ кога тоа беше потребно. Обидите да се ревидира стратегијата за набавки без соодветно оправдување во оваа фаза од процесот на евалуација, или неусогласеноста со важечките принципи за доверливост, може да предизвика значително одложување во процесот на набавка и на тој начин може да ја загрози достапноста на средствата. ЕИБ со нетрпение го очекува успешното завршување на тековната евалуација на понудите и доделување на соодветните договори без никакво одлагање“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eib-na-strana-na-perinski-revidiranjeto-na-strategijata-za-nabavki-bez-opravduvanje-go-zagrozuva-procesot/feed/ 0
ЕИБ: Позитивни движења во банкарското кредитирање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eib-pozitivni-dvizenja-vo-bankarskoto-kreditiranje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eib-pozitivni-dvizenja-vo-bankarskoto-kreditiranje/#respond Tue, 30 Nov 2021 09:25:14 +0000 https://kurir.mk/?p=601802

Во Централна, Источна и Југоисточна Европа побарувачката за кредити е зголемена и пристапот до кредити е олеснет, но подобрувањата првенствено се однесуваат на физички лица, а не на стопанството, покажува новата студија на Европската инвестициска банка. Истражувањето укажува на позитивни трендови во банкарското кредитирање во Централна, Источна и Југоисточна Европа Во последните шест месеци состојбата кај проблематичните кредити е подобрена, но не се очекува ваквото подобрување да продолжи и во наредните шест месеци, што укажува на одредена неизвесност. ЕИБ го објави своето истражување за банкарството на Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ), кое укажува на оптимистички очекувања за банкарскиот систем во регионот на ЦИЈИЕ, иако со одредена неизвесност што полека исчезнува и одредени ризици од негативни движења. И покрај силното влијание на пандемијата, побарувачката за кредити закрепна, а на страната на понудата на финансирањето полека се забележуваат поблаги услови. Побарувачката на населението за кредити е голема, а заживува во сегментот на фиксни инвестиции на компаниите. Условите за кредитирање стануваат поблаги, но најмногу за физички лица, а не за бизнисите, каде што условите се уште се тешки, особено за помалите бизниси. „Истражувањето покажува дека меѓународната и националната поддршка биле клучна за континуитетот на банкарските групи во регионот на ЦИЈИЕ, по првичниот остар прекин поради шокот од Ковид-19 во 2020 година“, рече главниот економист на ЕИБ Дебора Револтела. Од банкарските групи кои работат во регионот на ЦИЈИЕ, 40 отсто имаат намера да го прошират својот бизнис. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eib-pozitivni-dvizenja-vo-bankarskoto-kreditiranje/feed/ 0
Србија ќе добие 200 милиони евра од ЕИБ за ублажување на последиците од пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-kje-dobie-200-milioni-evra-od-eib-za-ublazuvanje-na-posledicite-od-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-kje-dobie-200-milioni-evra-od-eib-za-ublazuvanje-na-posledicite-od-pandemijata/#respond Wed, 30 Jun 2021 14:44:01 +0000 https://kurir.mk/?p=530043

Со цел ублажување на последиците од пандемијата, Владата на Србија и Европската инвестициска банка (ЕИБ) потпишаа финансиски договор за заем вреден 200 милиони евра, со кој ќе се обезбеди поддршка на малите и средните компании и компании со средна пазарна капитализација. Договорот во Луксембург го потпишаа министерот за финансии Синиша Мали и потпретседателката на ЕИБ, Лилијана Павлова. – Овие 200 милиони евра заеми од ЕИБ ќе бидат искористени да бидат пласирани преку Фондот за развој на оние компании што се уште не добиле пари од државата, со цел да се ублажат негативните последици од пандемијата, рече Мали. Кредитите ќе бидат со поволни услови, но Мали не даде детали. Од вкупно 200 милиони евра, 110 милиони ќе бидат наменети за обртни средства, односно за помош за ликвидност, а останатите 90 милиони евра за инвестициски активности, односно за набавка на опрема со цел дополнително намалување на негативните последици на пандемијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-kje-dobie-200-milioni-evra-od-eib-za-ublazuvanje-na-posledicite-od-pandemijata/feed/ 0
Поддршка од 1,7 милијарда евра за социјално и економско закрепнување на ЗБ од ЕИБ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poddrshka-od-1-7-milijarda-evra-za-socijalno-i-ekonomsko-zakrepnuvanje-na-zb-od-eib/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poddrshka-od-1-7-milijarda-evra-za-socijalno-i-ekonomsko-zakrepnuvanje-na-zb-od-eib/#respond Thu, 07 May 2020 15:44:51 +0000 https://kurir.mk/?p=343134

Групата на Европската инвестициска банка ќе го поддржи социјалното и економското закрепнување на Западен Балкан од пандемијата на Ковид-19 со 1,7 милијарди евра. Тоа, како што наведуваат во соопштение, е дел од пакетот со финансиска поддршка за регионот вреден 3,3 милијарди евра што беше објавен на 29 април од Европската комисија, а ги следи напорите на „Тимот Европа“ за поддршка на Западен Балкан. Директни корисници на пакетот со поддршка од ЕУ ќе бидат националните здравствени сектори и малите и средните претпријатија што, исто така, има цел зајакнување на националните банкарски сектори и обезбедување техничка поддршка за реализирање развојни проекти и стимулирање на многу потребните инвестиции. -Заради ублажување на здравствените, социјалните и на економските последици од пандемијата, ЕИБ ќе обезбеди нови финансиски средства и ќе ги забрза потпишувањето и распределбата на одобрените кредити за клиентите од приватниот и од јавниот сектор од Западен Балкан, при што околу 600 милиони евра се наменети за приватниот сектор, наведуваат во соопштението. -Наспроти огромните предизвици што се создадени од кризата со Ковид-19 во рамките на самата ЕУ, Унијата ја покажа својата непоколеблива поддршка за нејзините партнерски земји и својата посветеност на меѓународната соработка и координација. На огромните потреби во регионот може да се одговори само со тимска активност и ЕИБ се радува да даде свој придонес во Инвестициската рамка за Западен Балкан и во претстојниот Економски и инвестициски план за закрепнување, изјави Вернер Хојер, претседател на ЕИБ. Оливер Вархеј, комесар на ЕУ за соседство и проширување оценува дека државите од Западен Балкан во одговорот на пандемијата на Ковид -19 се третираат како привилигирени партнери и идни земји членки. – Заедно со ЕИБ сме ангажирани во испораката на важен финансиски пакет за поддршка на директните потреби и на економското закрепнување и сега сме сериозно фокусирани на забрзаното користење на овие средства во целиот регион. Брзата испорака е клучна и сите сме посветени на тоа. Нашата работа ќе продолжи додека се подготвуваме за сеопфатен економски и инвестициски план што ќе му помогне на Западен Балкан со долгорочно закрепнување, ќе обезбеди поттик за економиите и ќе ги поддржи реформите кога и ако тоа е потребно, истакна Вархеј. Сетот мерки на ЕИБ за итни ситуации за Западен Балкан опфаќа: одобрување нови наменски финансиски средства со пофлексибилни услови и проширена квалификуваност, за поддршка на здравствениот сектор и на малите и на средните претпријатија и претпријатијата со средна пазарна капитализација што се погодени од пандемијата, забрзување на распределбата и на потпишувањето на постојните трансакции, пренасочување на постојните инструменти за поддршка на здравствениот и на приватниот сектор, зголемување на достапните финансиски средства од ЕИБ во рамки на „Ковид Топ-ап“ и проширена квалификуваност за проекти од здравствената и од цивилната заштита што ги промовира јавниот сектор во согласност со неговата утврдена национална стратегија за подготвеност за пандемија и за итни ситуации. -Нивото на поддршка што е потребно за регионот е огромно и наложува соработка на сите фактори, на земјите од регионот, институциите на ЕУ, меѓународните и европските финансиски институции и на земјите членки на ЕУ. Групата на ЕИБ е посветена на продолжувањето на нашата добра соработка со сите наши партнери од Западен Балкан, вклучително и преку платформи, како што е Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ), стои во соопштението. Покрај овој пакет на директна поддршка, ЕИБ продолжува со подготовка на портфолио на проекти, кое во моментов се проценува на 2,3 милијарди евра, за поддршка на долгорочен одржлив развој на регионот врз основа на неговиот капацитет да понуди достапни, долгорочни финансиски средства и техничка помош за Западен Балкан. Во периодот од 2008 до 2019 година Групата на ЕИБ има инвестирано повеќе од 8 милијарди евра во регионалните економии во сите сектори, а тоа, како што истакнуваат, ја прави најголем меѓународен кредитор на Западен Балкан. Во согласност со политиката на ЕУ и националните приоритети, ЕИБ ќе поддржува проекти што овозможуваат транзиција на регионот кон –еколошки прифатлива енергија, дигитализација, подобра можност за поврзување, отворање нови работни места и вработување на младите, заштита на животната средина и отпорност на природни катастрофи, со истовремено унапредување на регионалната соработка и на економската интеграција. Главниот фокус на Банката на ЕУ во здравствениот сектор е ставен на модернизацијата, реструктуирањето и унапредувањето на јавниот здравствен сектор на Западен Балкан, со проекти со кои се промовираат еднаков пристап и унапредувања на квалитетот на грижата за пациентите. ЕИБ е подготвена да обезбеди финансиски средства и техничка поддршка за здравствените системи на Западен Балкан заради решавање на недостатоците и на потребите, унапредување на болничката инфраструктура и нивно трансформирање во поинтегрирани и поиздржливи национални здравствени системи. Паралелно со тоа, Банката на ЕУ им обезбедува на партнерите во регионот техничка помош од сопствените ресурси и преку грантови на ЕУ (на пример, ВБИФ) за реформа на здравствените сектори во согласност со најдобрите стандарди и практики на ЕУ, како и за натамошно зајакнување и изградба на нивните капацитети. Од ЕИБ во соопштеието наведуваат дека малите и средните претпријатија се клучни за економски развој, иновации, социјална интеграција и за отворање нови работни места и вработување меоѓу 60 и 80 отст од активното население од Западен Балкан. -ЕИБ ќе одговори на предизвиците со кои се соочуваат регионалните МСП како последица од пандемијата на Ковид-19. Групата ќе го зголеми финансирањето низ целиот свој спектар на производи и услуги што ќе им бидат достапни на МСП (кредити, гаранции и советодавни услуги). Цел е да се одговори на директните предизвици со кои се соочуваат МСП, како и да се одржи нивната способност за преземање идни инвестиции и закрепнување од сегашната криза. Дел од оваа поддршка ќе биде обезбеден со инструментот Фонд за развој на претпријатија и иновации за Западен Балкан (ЕДИФ), поддржан од ЕУ, велат од ЕИБ. Појаснуваат дека кредитирањето на МСП и на претпријатијата со средна пазарна капитализација од ЕИБ претставува речиси половина од вкупното кредитирање во регионот до денес. Финансиските средства на ЕИБ се канализираат преку локалните финансиски институции, кои последователно ги користат овие средства за кредитирање на малите и на средните претпријатија. Само во изминативе десет години тие пристигнале до околу 28.400 МСП и поддржале повеќе од 200.000 работни места на регионално ниво.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poddrshka-od-1-7-milijarda-evra-za-socijalno-i-ekonomsko-zakrepnuvanje-na-zb-od-eib/feed/ 0
Потпишување договор за 100 милиони евра од ЕИБ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/potpishuvanje-dogovor-za-100-milioni-evra-od-eib/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/potpishuvanje-dogovor-za-100-milioni-evra-od-eib/#respond Tue, 11 Sep 2018 05:38:59 +0000 https://kurir.mk/?p=99104

Договор со Европската инвестициска банка (ЕИБ) за користење на 100 милиони евра за мали и средни претпријатија ќе биде потпишан денеска меѓу Владата претставувана од Министерството за финансии, Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) и ЕИБ. Фирмите од октомври ќе можат со проекти да аплицираат за 100 милиони евра евтини кредити од ЕИБ. Пласманот на 100-те милиони евра од страна на МБПР ќе се врши преку домашните комерцијални банки. Министерот за финансии Драган Тевдовски во интервју за МИА, истакна дека оваа кредитна линија ќе овоможи реалзација на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност во стопанството и зголемен извоз. Предвидено е и откако претпријатијата ги вратат заемите од оваа кредитна линија, истите повторно да се пласираат како кредити во стопанството. Ова ќе придонесе за повеќекратна полза на малите и средни претпријатија од овие 100 милиони евра. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/potpishuvanje-dogovor-za-100-milioni-evra-od-eib/feed/ 0