еирофарм пелистер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Jan 2023 21:55:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png еирофарм пелистер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еурофарм Пелистер започна со подготовките https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/eurofarm-pelister-zapochna-so-podgotovkite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/eurofarm-pelister-zapochna-so-podgotovkite/#respond Mon, 09 Jan 2023 21:55:23 +0000 https://kurir.mk/?p=785261

Ракометните суперлигаши ги почнуваат подготовките за вториот дел од сезоната. Вицешампионот Еурофарм Пелистер со денешните медицински тестови ги започна подготовките за пролетниот дел на сезоната 2022/23. Тренерот Ларс Валтер денес ги собра ракометарите во спортската сала „Боро Чурлевски“ и им ја соопшти агендата на подготовки до крајот на јануари. Ракометарите ќе тренираат во следните две недели во Битола, до крајот на неделата и двапати дневно. Од 26 јануари Врбас ќе биде база на пелистерци, а на 29 јануари и 2 февруари планирани се и два натпревари од СЕХА Гаспром лигата. Враќањето во Битола е предвидено за трети февруари. На прозивката отсутни беа репрезентативците Кузманоски, Кизиќ, Пешевски, Павле Атанасијевиќ, Костески (Македонија), Лесјак (Словенија) и Радовиќ (Црна Гора). Комплетно заздравен е Мартин Велковски, кој не настапи во првиот дел од сезоната. Заради повреда пролетниот дел ќе го пропушти Руди Сери. Во Битола веќе пристигнаа и интернационалците Дејвис, Васиљев, Хосни, Хенеберг и Суси. Мохамед Суси ја минува фазата на рекуперацијата по зафатот на коленото во ноември 2022 година и лекарските прегледи ја покажуваат неговата еволуција и одличен напредок. Се очекува негов настап на пролетните натпревари во Суперлигата, Купот на Македонија и ЕХФ Лига Европа. Првиот европски натпревар во 2023 година, Еурофарм Пелистер ќе го одигра на седми февруари во Данска против Архус. По првиот дел од сезоната, Еурофарм Пелистер пренресува максимални три бода во плеј-офот, кој почнува на средината од февруари. Во Европа, битолчани презимија со пет бода по шест одиграни натпревари и на добар пат се да обезбедат место во елиминационата фаза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/eurofarm-pelister-zapochna-so-podgotovkite/feed/ 0