Ејуп Рустеми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Apr 2023 12:52:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ејуп Рустеми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рустеми: Пред 30 години, кога бев студент од Тетово, до Тирана патувавме 12-14 часа, во 2028 овој пат ќе се вози за два часа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rustemi-pred-30-godini-koga-bev-student-od-tetovo-do-tirana-patuvavme-12-14-chasa-vo-2028-ovoj-pat-ke-se-vozi-za-dva-chasa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rustemi-pred-30-godini-koga-bev-student-od-tetovo-do-tirana-patuvavme-12-14-chasa-vo-2028-ovoj-pat-ke-se-vozi-za-dva-chasa/#respond Tue, 04 Apr 2023 12:52:50 +0000 https://kurir.mk/?p=820075

Почетокот на изградбата на делницата Тетово – Гостивар од Коридорот 8 го потсети директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, на неговите студентски денови во Тирана. „Сакам со вас да го споделам чувството на кое се сетив што го имав пред 30 години, тогаш кога јас бев студент во Тирана. Заедно со другите студенти, мои пријатели, патувавме од Тетово до Тирана 12-14 часа. Денеска, овој пат ќе го изодиме за пет или шест часа. Потпишувањето на овој договор за мене претставува огромно задоволство бидејќи во 2028 година овој пат ќе се извози за само два часа“, рече директорот Рустеми. Тој очекува за четири години и шест месеци „Бехтел и Енка“ да изградат 110 километри патишта, со што Македонија ќе стане вистинска раскрсница во регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rustemi-pred-30-godini-koga-bev-student-od-tetovo-do-tirana-patuvavme-12-14-chasa-vo-2028-ovoj-pat-ke-se-vozi-za-dva-chasa/feed/ 0
Рустеми: Цената на патарините останува иста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rustemi-cenata-na-patarinite-ostanuva-ista/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rustemi-cenata-na-patarinite-ostanuva-ista/#respond Wed, 30 Nov 2022 10:17:22 +0000 https://kurir.mk/?p=768763

Засега останува иста цената на патарините во државава, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Ејуп Рустеми, одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на конференцијата „Безбедност на патиштата, предизвици и мерки за безбедни патишта“. Рустеми информираше дека продолжуваат со модернизација на патарините на Коридорот 8. -Како ЈПДП продолжуваме со модернизација на патарините по Коридорот 8, при што се очекува да почнеме со работа од март следната година и очекуваме до крајот на годината и Коридорот 8 да биде целосно модернизиран, односно да се спроведе електронско плаќање, рече Рустеми. Со процесот на модернизација сите наплатни станица треба да имаат ист електронски ситем на наплата на патарина, како што е воспоставен и на Коридорот 10. На  постоечки наплатни станици на Коридор 8 треба да се изврши реконструкција за поставување на системот на електронска наплата, на кабините, на островот каде што се кабините и на сообраќајните ленти за поминување. Рустеми исто така напомена дека согласно одлуката од „Отворен Балкан“, продолжуваат со соработка и со јавните претпријатија на Србија и на Албанија за заедничкиот проект за воспоставување еден уред за наплата на патарини во трите држави. Проектот е во фаза на прилагодување на системите, изработка на веб апликација и законски усогласувања. ЈПДП во вториот квартал годинава наплати патарини во износ од 745.037.340 денари (12 милиони евра). Во споредба со истиот период од минатата година, приходот од патарини е поголем за 13,6 проценти, односно за 89.166.912 денари. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rustemi-cenata-na-patarinite-ostanuva-ista/feed/ 0
Рустеми: Издвоивме 360 милиони евра за изградба, реконструкција и рехабилитација на 40-тина патни правци со должина од над 540 километри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rustemi-izdvoivme-360-milioni-evra-za-izgradba-rekonstrukcija-i-rehabilitacija-na-40-tina-patni-pravci-so-dolzina-od-nad-540-kilometri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rustemi-izdvoivme-360-milioni-evra-za-izgradba-rekonstrukcija-i-rehabilitacija-na-40-tina-patni-pravci-so-dolzina-od-nad-540-kilometri/#respond Tue, 07 Jun 2022 14:32:18 +0000 https://kurir.mk/?p=687923

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми се обрати на Самитот за патишта на Западен Балкан 2022 што се одржува во Тирана, на кој учествуваа претставници на ЕБОР, ЕИБ, на транспортната заедница, директори на јавни претпријатија и други релевантни претставници. Темата на самитот беше „Обликување на иднината: безбедни, паметни и одржливи патишта“. Рустеми, како што информира Јавното претпријатие за државни патишта, говореше за „Можностите и предизвиците на управувањето со патиштата во Северна Македонија“ на панелот посветен на темата „Поврзување на точките, улогата на управувањето со податоците во обезбедувањето на попаметни патишта“. Во своето обраќање Рустеми потенцираше дека патната инфраструктура е највредното средство што го поседува јавниот сектор, која истовремено ја поддржува економијата на државата затоа поврзувањето преку добра, модерна и функционална патна инфраструктура е од исклучителна важност. Наведе дека Република Северна Македонија има стратешка позиција на Балканот, а низ неа минуваат двата европски коридори 8 и 10, што и овозможуваат значајна улога во креирање на економскиот раст на регионот. Рустеми потенцира дека нашите политики имаат јасна цел, а тоа е, како што рече, создавање на квалитетна патна мрежа за подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани. – И токму затоа во тек е интензивна работа на изградба, реконструкција и рехабилитација на 40-тина патни правци со вкупна должина од над 540 километри за што Јавното претпријатие за државни патишта обезбеди 360 милиони евра од кои 46,5 милиони евра од буџетот на ЈПДП, а инвестиции од странски кредити обезбедивме 216,5 милиони евра. Овој факт говори дека ние како инвеститори во име на Владата реализираме крупни капитални инвестиции кои ќе бидат влог за идните генерации бидејќи инфраструктурното поврзување меѓу градовите, населените места, селата и регионите значи создавање на услови за поквалитетно поврзување со регионот и обезбедување на развој на економијата, изјави Рустеми во Тирана. Овој инвестициски циклус, како што најави, ќе го заокружиме со изградбата на 130 километри автопатишта кои им ги доверивме на американско-трускиот конзорциум „Бехтел и Енка“ кои наскоро треба да почнат со активности бидејќи процедурите се при крај. – Нивна главна задача ќе биде осовременување на клучните патни артерии, односно на двата коридора 8 и 10, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Рустеми во Тирана. Тој се осврна и на развојот на Системот за управување со патишта (Road Asset Management System – RAMS), кој е сет на алатки и методи кои помагаат при донесувањето одлуки за изнаоѓање на ефективни краткорочни и долгорочни стратегии за планирање, проектирање и одржување на патната мрежа на соодветно ниво на услуга во одреден временски периог (проектен период). Самиот систем има база на податоци, која континуирано се надградува и ажурира со податоци за моменталната состојба на патната мрежа, и тоа: рамност, носивост, отпор на триење на коловозната конструкција, систем за одводнување,пукнатини и др. Системот ќе почне со функционирање откако ќе се соберат потребните податоците за состојбата на патната мрежа, а исто така, ќе служи и за други анализи, како што е контролата на вредноста на средствата, анализа на ефектите од новите патни проекти врз целокупната патна мрежа. -Најголемата предност од користењето на RAMS ќе биде достапноста до добро структурирана, брза и секогаш достапна база на податоци за патиштата. Со имплементација на Системот се почна во 2017 година, а покрај него, во ЈПДП во тек е воспоставување и на Bridge Management System (BMS). Во склоп на проектот за воспоставување на BMS се спроведува проект за воспоставување на првичната датотека за состојбата на мостовите на државните патишта Bridge Condition Survey, се наведува во соопштението. Во рамки на Самитот беше потпишан и Меморандум за разбирање меѓу јавните претпријатија за патишта на Западен Балкан. Целта на документот е соработка за безбеден, паметен и одржлив развој на идникативно проширување на трансевропската транспортна мрежа (TEN-T) кон патиштата на Западен Балкан. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rustemi-izdvoivme-360-milioni-evra-za-izgradba-rekonstrukcija-i-rehabilitacija-na-40-tina-patni-pravci-so-dolzina-od-nad-540-kilometri/feed/ 0