ек – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Oct 2023 13:02:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ек – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕК: Новите правила за влез во ЕУ нема да важат најмалку уште една ипол година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-novite-pravila-za-vlez-vo-eu-nema-da-vazhat-najmalku-ushte-edna-ipol-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-novite-pravila-za-vlez-vo-eu-nema-da-vazhat-najmalku-ushte-edna-ipol-godina/#respond Tue, 24 Oct 2023 13:02:21 +0000 https://kurir.mk/?p=892538

Новите правила за влез во Европската унија нема да важат најмалку уште една и пол година, потврдиле од Европската комисија за Н1. Како што е наведено од ЕК, Агенцијата на ЕУ за оперативно управување со големи ИТ системи во областа на слободата, безбедноста и правдата (ЕУ-ЛИСА), која е одговорна за планираниот систем за информации и овластување за патување (ЕТИАС), усвои нова временска рамка која предвидува нејзино пуштање во употреба најрано пролетта 2025 година. -Согласно новата временска рамка усвоена од ЕУ-ЛИСА и политички поддржана од Советот на ЕУ, новиот патоказ за испорака на новата ИТ архитектура предвидува дека системот за влез/излез ќе биде оперативен есента 2024 година и дека ЕТИАС ќе биде подготвен за пуштање во функција во пролетта 2025 година, изјави за Н1 портпаролката на Комисијата на ЕУ, Анита Хипер. ЕТИАС е систем преку кој жителите на земјите кои имаат безвизен режим со ЕУ (вклучувајќи ја и Црна Гора) и сакаат да патуваат на територијата на Унијата, ќе треба да аплицираат и да побараат одобрение за влез во Шенген зоната, по цена од седум евра. Според првичниот план, ЕТИАС требаше да биде пуштен во употреба во ноември годинава, но имплементацијата на тој систем прво беше одложена за почетокот на следната година, а потоа за мај 2025 година, со можност за дополнителни одложувања. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-novite-pravila-za-vlez-vo-eu-nema-da-vazhat-najmalku-ushte-edna-ipol-godina/feed/ 0
Зубер: ЕК побара детали за договорот за снабдување со гас на Бугарија преку Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zuber-ek-pobara-detali-za-dogovorot-za-snabduvane-so-gas-na-bugarija-preku-turtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zuber-ek-pobara-detali-za-dogovorot-za-snabduvane-so-gas-na-bugarija-preku-turtsija/#respond Fri, 20 Oct 2023 11:19:35 +0000 https://kurir.mk/?p=891206

Европската комисија достави барање за информации во врска со договорот меѓу „Булгаргаз“ и турската компанија „Боташ“ за снабдување со гас на Бугарија преку Турција и со внимание го следи ова прашање, изјави денеска портпаролката на Еврокомисијата за конкурентност, Леа Зубер. - Ние сме во контакт со релевантните власти и засегнатите страни. Наша улога е да обезбедиме усогласеност со европските регулаторни стандарди и со внатрешниот енергетски пазар, врз основа на поплаките за неусогласеност и можноста за прекршување на европските правила за конкурентност, истакна Зубер. Изјавата на Зубер, како што јави дописникот на МИА од Брисел, претставува одговор на новинарско прашање во врска со информацијата дека Европската комисија започнала истрага за договорот меѓу „Булгаргаз“ и „Боташ“, поради сомнеж за можни прекршувања на правилата за конкурентност на ЕУ. Според ЕК, постои загриженост дека „Булгаргаз“ може да биде единствената компанија со седиште во ЕУ, што ќе има пристап до природен гас преку турската инфраструктура и потенцијално да дејствува како посредник за испорака на гасот обезбеден од Турција во земјите од регионот. Со договорот, кој е со важност од 13 години, „Булгаргаз“ може да увезува ЛНГ од Турција преку интерконекторот „Странџа-Малколчар“, кој претходно се користеше за транспорт на руски гас за Турција преку „Трансбалканскиот гасовод“ што минува низ Бугарија. Дополнително, „Боташ“, покрај за Бугарија, преку бугарскиот преносен систем може да испорачува гас и за соседните земји. Турската компанија веќе најави дека подготвува договори за снабдување со гас на земји во регионот, меѓу кои и Унгарија, Романија и Молдавија, кој би транзитирал низ Бугарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zuber-ek-pobara-detali-za-dogovorot-za-snabduvane-so-gas-na-bugarija-preku-turtsija/feed/ 0
Словенија од ЕК бара 400 милиони евра за справување со штетите од поплавите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenija-od-ek-bara-400-milioni-evra-za-spravuvane-so-shtetite-od-poplavite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenija-od-ek-bara-400-milioni-evra-za-spravuvane-so-shtetite-od-poplavite/#respond Fri, 20 Oct 2023 09:34:20 +0000 https://kurir.mk/?p=891125

Словенечкото Министерство за кохезија и регионален развој денеска ќе испрати барање до Европска комисија за добивање на 400 милиони евра од Фондот за солидарност на Европска Унија за справување со штетите предизвикани од поплавите што зафатија две третини од земјата во август. Словенечкиот министер за кохезија и регионален развој Александар Јеусак вчера најави дека ЕК има шест недели да одлучи каква ќе биде нејзината улога во справувањето со штетите од поплавите во Словенија. Тој изрази надеж дека ЕК ќе донесе одлука за ова прашање што е можно поскоро и ќе ги испрати на Словенија средствата за обнова по природната катастрофа. Љубљана очекува околу 400 милиони евра од Фондот за солидарност, алатката на ЕУ за помош при природни катастрофи, а за годинава бара аванс од 100 милиони евра, а останатите средства очекува да ги добие следната година. Словенечката Влада пред неколку дена ја процени директната штета и мерките за санација на 9,99 милијарди евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenija-od-ek-bara-400-milioni-evra-za-spravuvane-so-shtetite-od-poplavite/feed/ 0
ЕК започнува анализа на деловните практики на инфлуенсерите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-zapochnuva-analiza-na-delovnite-praktiki-na-influenserite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-zapochnuva-analiza-na-delovnite-praktiki-na-influenserite/#respond Thu, 19 Oct 2023 06:41:55 +0000 https://kurir.mk/?p=890596

Европската комисија соопшти дека заедно со властите на земјите членки на ЕУ во рамки на Мрежата за заштита на потрошувачите, во следните недели ќе ги следи објавите на т.н. инфлуенсери на социјалните мрежи со цел да утврди дали тие со своите објави ги доведуваат потрошувачите во заблуда, јави дописникот на МИА од Брисел. Како што посочи ЕК, инфлуенсерите кои се вклучени во редовни комерцијални активности, како рекламирање производи или услуги на одредени марки на производители, согласно законодавството за потрошувачи на ЕУ, се сметаат за трговци и имаат обврска да ги објавуваат рекламите на транспарентен начин. Според проценките на ЕУ, маркетингот што го вршат инфлуенсерите во глобални рамки во 2023 година ќе оствари приход од 19,98 милијарди евра, со што се претвора во еден од столбовите на дигиталната економија. Целта на анализата е да се утврди дали има потреба за измени во законодавство за дигиталните пазари, со цел тие да станат побезбедни за потрошувачите. Според еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, инфлуенсерите мора да ги почитуваат правилата за фер комерцијални практики, а нивните следбеници на социјалните мрежи имаат право на транспарентни и веродостојни информации. - Бизнисот на инфлуенсерите се развива и многу потрошувачи, пред се млади луѓе, па дури и деца, им веруваат на нивните препораки, истакна Рејндерс. Сепак, како што нагласи еврокомесарот, и за овој бизнис мора да важат законските обврски, па затоа ЕК ја лансираше платформа „Правен центар за инфлуенсери“ (ИЛХ), која ќе им овозможи на актерите во овој сектор да се запознаат со правилата на ЕУ. - Ги повикувам инфлуенсерите да играат по тие правила, додаде Рејндерс. На ИЛХ платформата инфлуенсерите и авторите на онлајн содржини можат да најдат информации за законодавството на ЕУ поврзано со фер комерцијалните практики, што би им помогнало да се прилагодат и да ги почитуваат правилата. Платформата нуди анимирани видео обуки и архива на регулативи, преку кои инфлуенсерите можат да ги дознаат нивните законски обврски, особено кога, каде и како треба да ги објават своите рекламни активности на социјалните медиуми, како и кои права ги имаат потрошувачите кога купуваат производи или услуги директно од нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-zapochnuva-analiza-na-delovnite-praktiki-na-influenserite/feed/ 0
ЕК ја тужи Шпанија поради несоодветна примена на правилата на единствената европска железничка област https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-ja-tuzhi-shpanija-poradi-nesoodvetna-primena-na-pravilata-na-edinstvenata-evropska-zheleznichka-oblast/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-ja-tuzhi-shpanija-poradi-nesoodvetna-primena-na-pravilata-na-edinstvenata-evropska-zheleznichka-oblast/#respond Thu, 19 Oct 2023 06:37:27 +0000 https://kurir.mk/?p=890584

Европската Комисијата одлучи да ја тужи Шпанија пред Судот на правдата на ЕУ поради неправилна имплементација и примена на Директивата за воспоставување единствена европска железничка област, јави дописникот на МИА од Брисел. Еврокомисијата смета дека со шпанската законска регулатива за железниците се прекршуваат неколку одредби од Директивата на ЕУ, кои се однесуваат на независноста во управувањето со железничката инфраструктурата, на непочитување на комерцијалните принципи и на неусогласеност на договорите меѓу Владата и операторот со железницата. Како што соопшти ЕК, таа во мај 2018 година испратила писмо за формално известување до Шпанија за своите забелешки за неусогласеноста со Директивата, на кое Мадрид одговорил во јануари 2019 година, информирајќи дека некои од забелешките се решени со новото законодавство на земјата, додека за другите е „потребна понатамошна работа“. Врз основа на одговорот, Комисијата утврдила дека Шпанија не успеала да обезбеди правилно усогласување со неколку членови од Директивата и во октомври 2019 година испратила мислење до Мадрид во кое го образложува својот став. Лани во декември Шпанија ја известила Еврокомисијата дека спровела дополнителни мерки. Сепак, анализата на ЕК покажала дека не биле усогласени сите посочени забелешки, поради што е донесена одлуката Шпанија да биде упатена пред Судот на правдата на Европската унија. Посочената Директива има за цел создавање отворен европски железнички пазар, понуда на повеќе услуги од страна на железничките оператори и привлекување нови клиенти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-ja-tuzhi-shpanija-poradi-nesoodvetna-primena-na-pravilata-na-edinstvenata-evropska-zheleznichka-oblast/feed/ 0
Мамер: ЕУ останува на поддршка на правото на Израел на самоодбрана согласно меѓународното право https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mamer-eu-ostanuva-na-poddrshka-na-pravoto-na-izrael-na-samoodbrana-soglasno-megunarodnoto-pravo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mamer-eu-ostanuva-na-poddrshka-na-pravoto-na-izrael-na-samoodbrana-soglasno-megunarodnoto-pravo/#respond Fri, 13 Oct 2023 15:17:18 +0000 https://kurir.mk/?p=888606

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во придружба на претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола денеска престојува во Израел, со цел да изразат солидарност со земјата за жртвите на терористичките напади на Хамас, информира главниот портпарол на ЕК, Ерик Мамер. Тој додаде дека за време на престојот предвидено е Фон дер Лајен и Мецола да се сретнат со претставници на израелските власти, нагласувајќи дека ЕУ стои на располагање да одговори на потребите на Израел. - ЕУ го осуди терористичкиот напад на Хамас и изрази длабоко жалење за загубените живот. Исто така кажа дека Израел има право да се брани во согласност со меѓународното хуманитарно право, при што најважна е заштитата на цивилите на двете страни и насекаде, потенцира Мамер. Според него, цивилите мора да бидат предупредени и алармирани за претстојна воена операција и да им се овозможи да заминат и тоа Израел го прави. - Таквите масовни движења имаат соодветни хуманитарни последици. Важно е Хамас да не ги спречува овие луѓе да заминат и да не ги користи како човечки штит. Хамас тоа го прави, нешто што се смета за воено злосторство, додаде Мамер. Тој додаде дека постои загриженост за хуманитарната состојба во Газа, пред се поврзано со недостигот на струја, вода и храна, и затоа ЕУ ги поддржува напорите на ОН за создавање хуманитарна коридор и е подготвена да достави помош во соработка со регионалните партнери и меѓународните организации. - Европската комисија никогаш не го поддржувала насилството, но целосно го поддржува правото на Израел да се брани, по нападот кога во еден ден беа убиени над 1300 луѓе и да презема соодветни мерки со почитување на меѓународното право, потенцира Мамер. Како што јави допсиникот на МИА од Брисел, на прашање зошто Фон дер Лајен и Мецола не се среќаават и со претставници на палестинската автономна управа, туку само со израелските власти, Мамер одговори дека претседателката на Еврокомисијата имала неколку контакти со лидери на земји од Блискиот Исток и тие ќе продолжат и во следните денови со сите во власти во регионот. Портпаролот на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано, пак, изјави дека ЕУ остро ја осудува изјавата на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија дадена во Катар дека неговата организација „го уништила проектот за соживот со Израел“. - Тој е водач на терористичка организација и не е наш партнер. Хамас е терористичка организација. Ние ги интензивираме контактите со земјите кои имаат влијание врз Хамас, посебно во Заливот. Тоа е нешто што интензивно го правиме изминативе денови, рече Стано. Според него, целта на контактите на ЕУ со овие земји е да се влијае врз Хамас и да им се објасни на претставниците на организацијата дека нивните постапки и изјави само им нанесуваат штети на палестинската кауза и на палестинскиот народ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mamer-eu-ostanuva-na-poddrshka-na-pravoto-na-izrael-na-samoodbrana-soglasno-megunarodnoto-pravo/feed/ 0
ЕК спроведе инспекција за крешење на правилата за конкурентност во компанија за медицинска опрема https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-sprovede-inspektsija-za-kreshene-na-pravilata-za-konkurentnost-vo-kompanija-za-meditsinska-oprema/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-sprovede-inspektsija-za-kreshene-na-pravilata-za-konkurentnost-vo-kompanija-za-meditsinska-oprema/#respond Tue, 19 Sep 2023 13:49:27 +0000 https://kurir.mk/?p=879576

Европската комисија денеска соопшти дека извршила ненајавена инспекција во просториите на компанија за производство на медицински помагала за лица со кардиоваскуларни заболувања. Инспекцијата е иницирана поради загриженоста на Еврокомиисјата дека компанијата можеби ги прекршила антимонополските правила на ЕУ кои забрануваат злоупотреба на доминантна позиција на пазарот. Службеници на Комисијата при инспекцијата биле придружувани од нивни колеги од органите за контрола на конкурентоста на земјата членка на ЕУ во која се наоѓа седиштето на комапнијата. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, ненајавените инспекции се прелиминарен истражен чекор што го презема Европската комисија за сомнителни антиконкурентни практики. Фактот што Комисијата врши инспекција не значи дека компанијата која е предмет на истрагата ги прекршила антимонополските правила, ниту пак го прејудицира исходот од самата истражна постапка. Со регулативата на ЕУ не е предвиден законски рок за комплетирање на истрагите за монополско однесување и нивното времетраење зависи од повеќе фактори, вклучувајќи ја сложеноста на случајот, степенот до кој засегнатите компании соработуваат со Комисијата и остварувањето на нивните права на одбрана. Во соопштението на ЕК не е посочено името на компанијата, ниту земјата од која таа потекнува. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-sprovede-inspektsija-za-kreshene-na-pravilata-za-konkurentnost-vo-kompanija-za-meditsinska-oprema/feed/ 0
ЕК одобри употреба на уште една адаптирана вакцина против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-odobri-upotreba-na-ushte-edna-adaptirana-vaktsina-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-odobri-upotreba-na-ushte-edna-adaptirana-vaktsina-protiv-kovid-19/#respond Fri, 15 Sep 2023 11:36:08 +0000 https://kurir.mk/?p=878361

Европската комисија денеска одобри употреба на адаптираната вакцина против корона вирусот „Спајквакс Икс-Бе-Бе.1.5“ („Spikevax XBB.1.5“) за есенските кампањи за вакцинација во земјите членки на ЕУ. Како што соопшти Еврокомисијата, станува збор за трета адаптација на оваа вакцина на производителот „Модерна“ со цел да одговори на новите варијанти на Ковид-19. Претходно, на 1 септември, Европската комисија ја одобри употребата во есенската кампања за вакцинација против Ковид-19 и на новата адаптирана вакцина на „Бионтек-Фајзер“, „Комирнати Икс-Бе-Бе.1.5“ („Comirnaty XBB.1.5“). Во врска со денешното одобрување на новата вакцина, еврокомесарката за здравство и безбедност на храната, Стела Киријакидес истакна дека вакцинацијата останува најефикасна алатка против вирусите на Ковид-19 и сезонскиот грип кои се очекува да циркулираат оваа есен и зима. - Ги охрабрувам засегнатите, особено оние на возраст од над 60 години, лицата со ослабен имунолошки систем и хронично болните, што е можно поскоро да примат засилена доза со најновите ажурирани вакцини кои ги таргетираат варијантите што моментално се шират. Сите ние треба да продолжиме да бидеме будни и да си помагаме меѓусебно за да се заштитиме, истакна Киријакидес. Одлуката за одобрување на вакцината „Спајквакс Икс-Бе-Бе.1.5“ следи по евалуацијата од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА), спроведена согласно механизмот за забрзана проценка. Одобрувањето е извршено по забрзана постапка со цел земјите членки да можат навреме да ја набават и да се подготват за претстојните кампањи за вакцинација, посочува ЕК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-odobri-upotreba-na-ushte-edna-adaptirana-vaktsina-protiv-kovid-19/feed/ 0
ЕК по „ветувањето“ на Мишел за Западен Балкан: ЕУ не е фокусирана на датумот, туку на заслугите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-po-vetuvaneto-na-mishel-za-zapaden-balkan-eu-ne-e-fokusirana-na-datumot-tuku-na-zaslugite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-po-vetuvaneto-na-mishel-za-zapaden-balkan-eu-ne-e-fokusirana-na-datumot-tuku-na-zaslugite/#respond Tue, 29 Aug 2023 19:08:42 +0000 https://kurir.mk/?p=872192

Проширувањето на Европската унија е политички приоритет за Европската комисија, но тоа е процес заснован на заслуги, изјави денеска портпаролката на ЕК, Дана Спинант. На прес-конференцијата, кога станува збор за проширувањето, таа истакна дека ЕК не е фокусирана на датумот, туку на блиска соработка со земјите кандидати за подготовка за влез во ЕУ. На прашањето дали претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој на Бледскиот стратешки форум рече дека ЕУ треба да биде подготвена да прифати нови членки до 2030 година, ја координирал таа изјава со претседателот на ЕК, Спинант рече дека не знаела на „било какви контакти во врска со овој говор“. - Проширувањето за нас е приоритет и политички приоритет - рече Спинант и укажа на посветеноста на ЕК следниот бран на проширување да биде успешен. Таа подвлече дека проширувањето е процес заснован на заслуги што, појасни, значи дека кандидатите треба да влезат во ЕУ кога ќе бидат подготвени. Спинант додаде дека Европската комисија не коментира што велат партнерите или другите заинтересирани страни. - Можам само да го истакнам нашиот став и нашата визија за проширување и како најдобро да се управува со процесот. Клучниот збор за нас и суштината за нас е дека проширувањето се заснова на заслуги и треба да остане засновано на заслуги, нагласи таа. На прашањето дали мисли дека ЕУ е подготвена за проширување и дали треба да спроведе внатрешни реформи или дури и уставни и договорни реформи и кога тоа треба да се случи, Спинант изјави дека за проширувањето е потребно да се подготват и од земјите кандидати и од ЕУ. - Би било несоодветно во оваа фаза да шпекулирам или повеќе да се занимавам со суштината на таквата подготовка од страна на ЕУ - изјави таа. Како што додаде, се очекува дебата за ова прашање на лидерската средба во Гренада на самитот што ќе го свика Шпанија како претседавач со ЕУ во наредните недели. На прашањето дали ЕК има датум кога ќе го објави извештајот за напредокот на земјите-кандидатки кој е закажан за октомври, таа рече дека не е одреден конкретен датум, но ќе биде во тој период. Како одговор на коментарот дека се зборува за проширување, но дека ништо конкретно не се случило на овој план во последните неколку години и на прашањето дали одредувањето датум ќе ги поттикне кандидатите да ги забрзаат реформите и да ги исполнат критериумите, а ЕУ да Подгответе се да ги прифатите, таа изјави дека ЕК не е фокусирана на датумот, туку на блиска соработка со земјите кандидати за подготовка за влез во ЕУ. - Фокусирани сме да ги поддржиме во реформите и инвестициите кои им помагаат да ги трансформираат своите економии и да се доближат до регулаторните барања што е важно да се исполнат пред влезот во ЕУ - подвлече таа. Според неа, покрај Украина, главен приоритет за ЕУ ​​се Молдавија и Западен Балкан. Таа додаде дека ЕК се надева дека секоја земја-кандидат ќе биде мотивирана да спроведе реформи и повтори дека проширувањето е процес заснован на заслуги, во кој кандидатите се движат кон ЕУ со свое темпо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-po-vetuvaneto-na-mishel-za-zapaden-balkan-eu-ne-e-fokusirana-na-datumot-tuku-na-zaslugite/feed/ 0
ЕК го одобри „Бугарското кисело млеко“ како заштитено име за производ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ek-go-odobri-bugarskoto-kiselo-mleko-kako-zashtiteno-ime-za-proizvod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ek-go-odobri-bugarskoto-kiselo-mleko-kako-zashtiteno-ime-za-proizvod/#respond Tue, 25 Jul 2023 14:13:51 +0000 https://kurir.mk/?p=859904

ЕК одобри вклучување на „Бугарското кисело млеко“ како заштитено име за производ (ПДО), соопшти прес-службата на извршното тело на ЕУ. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.  „Бугарскотото кисело млеко од денеска е веќе впишано во Европскиот регистар на заштитени имиња за производ и заштитени географски ознаки“, изјави министерот за земјоделство и храна Кирил Ватев. Тој денеска учествуваше на состанокот на Советот на ЕУ за земјоделство и рибарство во Брисел, соопшти Министерството за земјоделство и храна. „Овој традиционален бугарски производ не прави познати низ светот поради неговите корисни својства, а со неговото вклучување во регистарот како заштитено име за производ се создаваат дополнителни услови за негова популаризација“, додаде Кирил Ватев. Тој посочи дека со регистрацијата на преработувачите ќе им се даде конкурентна предност на пазарот, а за потрошувачите ќе има дополнителна гаранција за потеклото и квалитетот. „Ова дополнително создава предуслови за производство на производи со висок квалитет и додадена вредност“, рече министерот. „Бугарското кисело млеко“ е млечен производ направен од сурово млеко од овци, крави, биволи, кози или нивна мешавина, произведени во Бугарија и симбиотски квасец од бактериите Lactobacillicus delbrueckii ssp.bulgaricus (исто така позната како „Lactobacillus bulgaricus) и Streptococcus thermophilus, кои не се подложни на генетска модификација. Тоа се карактеризира со специфичен млечно кисел вкус и арома, што се должи на 34 видови ароматични материи (ацеталдехид, ацетон, етанол, диацетил, ацетоин и други) добиени при ферментација на млекото од комбинираното дејство на двете бактерии. Поволните природни и климатски услови во земјата придонесуваат за развој на млечно киселата бактерија Lactobacillus delbrueckii subsp. bulgaricus, која се користи во неговото производство. Ова ново име ќе биде додадено на списокот на веќе заштитени 1.641 земјоделски производи. Списокот на сите заштитени географски називи може да се најде во базата на податоци на правниот регистар на имиња на земјоделски производи eAmbrosia. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ek-go-odobri-bugarskoto-kiselo-mleko-kako-zashtiteno-ime-za-proizvod/feed/ 0