Екатерина Захариева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Aug 2023 08:30:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Екатерина Захариева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Захариева: Бугарите се дел од реалноста во Северна Македонија! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-bugarite-se-del-od-realnosta-vo-severna-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-bugarite-se-del-od-realnosta-vo-severna-makedonija/#respond Wed, 16 Aug 2023 08:30:51 +0000 https://kurir.mk/?p=867292

„Република Северна Македонија мора да ги спроведе потребните реформи и да ги исполни условите доколку сака да започне преговори за влез во Европската унија“. Ова го изјави заменик-претседателката на ГЕРБ, Екатерина Захариева, која е потпретседател на Комисијата за надворешна политика во бугарското Собрание и поранешен министер за надворешни работи од 2017 до 2021 година. Како што пренесува БГНЕС, нејзиниот коментар е поради претстојното гласање во македонскиот парламент за вклучување на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија. Захариева ги повика „македонските соседи и пријатели, да не се плашат од промените“. -Измена на Уставот на Република Северна Македонија не е голема работа. Бугарите се дел од реалноста во Република Северна Македонија и тоа мора да се прифати – потенцираше Захариева. Таа смета дека е корисно за двете земји да отворат нова страница во односите. -И Софија и Скопје губат од лошите односи. Многу е подобро да немаме граници меѓу нас и да се развива бизнисот. Важно е луѓето да можат слободно да се среќаваат и да комуницираат без страв – рече Захариева. Потсети дека за сето ова да се случи Скопје мора да ги исполни условите од преговарачката рамка и да прифати дека Бугарите се дел од Република Северна Македонија. -Мора да се прекине дискриминацијата врз Бугарите, како и од неодамна зачестените случаи на физичко и вербално насилство. И сето тоа е добро за Република Северна Македонија и граѓаните на оваа држава, тие самите да се чувствуваат добро во својата татковина, а не да се иселуваат – вели Захариева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-bugarite-se-del-od-realnosta-vo-severna-makedonija/feed/ 0
Захариева бара да им молчиме на тие што нè понижуваат: „Бугарија мора остро да реагира на изјавата на Пендаровски“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-bara-da-im-molchime-na-tie-shto-ne-ponizhuvaat-bugarija-mora-ostro-da-reagira-na-izjavata-na-pendarovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-bara-da-im-molchime-na-tie-shto-ne-ponizhuvaat-bugarija-mora-ostro-da-reagira-na-izjavata-na-pendarovski/#respond Wed, 25 Jan 2023 10:29:42 +0000 https://kurir.mk/?p=791619

Претседателката на Комисија за надворешна политика во бугарското Собрание и поранешна министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, кажа дека Бугарија мора остро да реагира на изјавите на Пендаровски дека на европратеникот Џамбаски и на други бугарски државјани да им се забрани влез во Македонија. Захариева смета дека Пендаровски не ги штити интересира на својата земја, туку служи на политиката на Србија и Русија на Балканот. -Бугарија мора да има многу дефинитивна и остра реакција на изјавата на претседателот Пендаровски. За жал, ова не е првпат да дава остри изјави кои не помагаат во развојот на билатералните односи. Силно се надевам дека македонската влада нема да го почитува неговото барање, бидејќи тоа многу повеќе ќе ги ескалира билатералните односи. Ова ќе им служи на оние бугарски политичари кои не сакаат да ги пуштат на територијата на РМ. Некои од нив исто така не помагаат за нормализирање на односите, вели Захариева за БГНЕС.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-bara-da-im-molchime-na-tie-shto-ne-ponizhuvaat-bugarija-mora-ostro-da-reagira-na-izjavata-na-pendarovski/feed/ 0
ЗАХАРИЕВА КАЖА „СТОП“ Одложена е седницата во бугарското Собрание за францускиот предлог https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-kaza-stop-odlozena-e-sednicata-vo-bugarskoto-sobranie-za-francuskiot-predlog/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-kaza-stop-odlozena-e-sednicata-vo-bugarskoto-sobranie-za-francuskiot-predlog/#respond Wed, 22 Jun 2022 13:46:11 +0000 https://kurir.mk/?p=694187

Членовите во Комисија за надворешни работи на бугарското Народно собрание денеска ја одложија седницата на која требаше да биде разгледан предлогот на француското претседателство со ЕУ за решавање на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Софија. Образложувајќи ја ваквата одлука, поранешната бугарска министерка за надворешни работи и пратеничка на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Екатерина Захариева, изјави дека бугарската Влада е органот што мора да се произнесе по предлогот, пред тој да се најде пред Народното собрание. Одлуката за одлагање на седницата на собраниската Комисија беше донесена со 9 гласа „за“ на пратениците од редовите на ГЕРБ, Движењето за права и слободи, Има таков народ и Преродба, додека 8 народни избраници од редовите на владејачките партии Продолжуваме со промената, Бугарската социјалистичка партија и Демократска Бугарија гласаа „против“. Претходно денеска, лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов побара одлуката за прифаќање на „францускиот предлог“ и со тоа за деблокирање на евроинтегративниот процес на земјава, да ја донесе Владата на Бугарија и потоа да ја достави до Собранието на одобрување, ветувајќи дека 59-те пратеници на неговата партија ќе го поддржат предлогот на пленарната седница. Меѓутоа, шефицата на Кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков, Лена Бориславова во изјава за софиски „Дневник“, го отфрли ваквото барање, истакнувајќи дека Владата нема да отстапи од повеќепати најавуваната формула – одлуката по „францускиот предлог“ прво да биде донесена на собраниската Комисија за надворешна политика, потоа на пленарна седница на Собранието и на крај да се најде пред владиниот Кабинет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-kaza-stop-odlozena-e-sednicata-vo-bugarskoto-sobranie-za-francuskiot-predlog/feed/ 0
Захариева: Ако се крене ветото, во С Македонија никогаш нема да ја научат вистинската историја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-ako-se-krene-vetoto-vo-s-makedonija-nikogash-nema-da-ja-nauchat-vistinskata-istorija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-ako-se-krene-vetoto-vo-s-makedonija-nikogash-nema-da-ja-nauchat-vistinskata-istorija/#respond Thu, 16 Jun 2022 13:46:23 +0000 https://kurir.mk/?p=691755

Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија и сегашен пратеник Екатерина Захариева (ГЕРБ) денеска изјави дека пребрзото кревање на ветото ќе им нанесе штета на Бугарија и на Северна Македонија. Таа во разговор за БГНЕС ја коментира намерата на бугарскиот премиер, Кирил Петков, предлогот на француското претседателство за кревање на ветото да го препушти на одлучување во собраниската Комисија за надворешна политика, што, според неа, е помошно тело на парламентот. „Кирил Петков влезе во играта на РС Македонија, давајќи ѝ ветување дека ќе направи компромиси кои нема да ги одразуваат интересите на Бугарија. И Бугарија и граѓаните на РС Македонија ќе загубат од избрзаното укинување на ветото. Во нивен интерес е да се реформира РС Македонија. Во нивен интерес е историјата да ја знаат таква каква што е, а не измислената историја што е создадена за да ги оддалечи од Бугарија и од бугарството“, вели Захариева. Таа оценува дека кревањето на ветото ќе бил своевиден подарок за Владимир Путин. „Со своите постапки и говор, Кирил Петков ги поткопува напорите на Бугарија за реформирање на С Македонија и Путин ќе добие сојузник во една европска држава“. Според Захариева, Франција не може да ги гарантира барањата на Бугарија доколку тие не влезат во преговарачката рамка и не бидат одобрени од сите земји членки на ЕУ. „Дел од пропагандата на Скопје е дека ако не почнат преговори, тоа ќе ги приближува до Русија. Всушност, тие никогаш не се оддалечиле. Тоа е наш проблем и тоа многупати сме им го кажале на нашите европски партнери“, вели Захариева во разговорот за БГНЕС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-ako-se-krene-vetoto-vo-s-makedonija-nikogash-nema-da-ja-nauchat-vistinskata-istorija/feed/ 0
Захариева: Кабинетот на Петков води двојна политика кон Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-kabinetot-na-petkov-vodi-dvojna-politika-kon-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-kabinetot-na-petkov-vodi-dvojna-politika-kon-makedonija/#respond Thu, 05 May 2022 11:09:43 +0000 https://kurir.mk/?p=672284

Бугарија има двојна надворешна политика. Министерството за надворешни работи е исклучено од разговорите меѓу премиерот и неговите колеги од Македонија. Очигледно Кирил Петков се заложил да го тргне ветото без да ги исполни обврските, обвини денеска пратеничката на ГЕРБ и поранешна министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, во изјава за бугарската национална телевизија БНТ. Бугарија треба да има јасен и недвосмислен став, рече Екатерина Захариева. Жал ми е што некои од бугарските политичари се фаќаат за пропагандата на Македонија. Не треба да личиме на ситен историски реваншист. Тие го сакаат тоа. Проблемот не е само во апсолутното крадење на историјата, проблемот е што создаваат омраза кон соседна земја, и тоа доаѓа од земја која претендира да биде членка на ЕУ во 21 век, земја која не ги почитува нормалните човекови права“, рече Захариева за Македонија. Захариева рече и дека Бугарија мора да зборува во ист глас со своите европски партнери, и ја повика владата прво да научи да зборува со еден глас во коалицијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-kabinetot-na-petkov-vodi-dvojna-politika-kon-makedonija/feed/ 0
Захариева од Битола: Основна задача на сите политичари да бидат правата на Бугарите во Северна Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-od-bitola-osnovna-zadacha-na-site-politichari-da-bidat-pravata-na-bugarite-vo-severna-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-od-bitola-osnovna-zadacha-na-site-politichari-da-bidat-pravata-na-bugarite-vo-severna-makedonija/#respond Sat, 16 Apr 2022 14:52:28 +0000 https://kurir.mk/?p=664094

Поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, денеска е дел до бугарската делегација на откривањето на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола. Захариева за медиуми кажа дека сите политичари треба да имаат една цел – правата на Бугарите во Северна Македонија, напоменувајќи дека граѓаните на Северна Македонија во Бугарија имаат подеднакви права со Бугарите. „Да покажеме на граѓаните кои се тука и кои ни веруваат, дека основната задача на сите политичари ќе биде правата на Бугарите, и дека Северна Макеоднија ќе станат дел од ЕУ. Се радувам што сум тука на откривање на овој центар. Фактот што сме тука е добар знак, пред нас има многу работа“, рече Захариева и додаде: „Немаат права Бугарите, има многу жалби за дискриминација. Властите создаваат тешкотии. Последен пример е автомобилите со бугарски таблици. Граѓаните на Северна Македонија кои живеат во Бугарија, ги имаат сите права како и Бугарите“, дополни Захариева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-od-bitola-osnovna-zadacha-na-site-politichari-da-bidat-pravata-na-bugarite-vo-severna-makedonija/feed/ 0
Захариева: Бугарските барања да влезат во Преговарачката рамка за Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-bugarskite-baranja-da-vlezat-vo-pregovarachkata-ramka-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-bugarskite-baranja-da-vlezat-vo-pregovarachkata-ramka-za-makedonija/#respond Thu, 03 Feb 2022 10:10:42 +0000 https://kurir.mk/?p=626361

Интересот на Бугарија е Македонија да се реформира, а Договорот за добрососедство во кој што се вклучени и основните човекови права да стане дел од Преговарачката рамка, е ставот на поранешната бугарска министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, која сега е заменик претседател на Комисија за надворешна политика во Народното собрание на Бугарија. Во интервју за агенцијата БГНЕС, Захариева вели дека фокусот на Македонија не бил да започне преговори со ЕУ, туку бугарските барања да не влезат во Преговарачката рамка. „Со РСМ имаме нерешени билатерални прашања и според Скопје, тие прашања се билатерални и за нив нема место во Преговарачката рамка. Напротив. Правото на самоопределување е европска вредност, тоа е човеково право. Исполнувањето на Договорот во кој што има фундаментални човекови права исто така треба да биде дел од Преговарачката рамка. Мојот апел до министерката Теодора Генчовска е: Не ја заборавајте Преговарачката рамка“, изјави Захариева. Таа ја предупреди актуелната Влада да биде повнимателна во очекувањата во однос на Македонија. „Вие знаете колку пати низ годините Бугарија подавала рака, колку пати дури сме ги затворале очите, надевајќи се дека со подадена рака, благ тон и добри намери работите ќе се сменат и ќе одат на подобро. За жал, тие не само што не одат на подобро, туку имаме еден чекор напред и три назад, не два. Моето искуство и искуството на бугарската политика низ годините и на многу влади до сега е дека колку повеќе ги подигнуваме очекувањата толку потешко ќе биде да постигнеме напредок и толку потешко ќе им биде на преговарачките тимови да постигнат нешто“, објаснува Захариева. Во однос на испратената нота за краткото и долгото име на Македонија вели дека не е лош потег и не е за потценување. „Таа нота многу пати е најавувана, тоа го кажуваше и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи. Убаво е што тоа се случи, но подвлекувам, додека не е договорено сѐ, ништо не е договорено“, изјави таа. Според неа, голем успех би бил ако гаранциите кои ги бара Бугарија се вклучат во Преговарачката рамка. „Фокусот на Скопје беше, не да започнат преговорите со ЕУ, туку да не се вклучат бугарските барања во Преговарачката рамка. Да го направат прашањето билатерално. Но, тоа не е само билатерално, туку е европско. Нашата цел е да опстоиме дека прашањето е европско“, изјави Захариева и додаде дека бугарски интерес е Северна Македонија да се реформира, а единствениот морков со кој располага сега Бугарија за тие реформи е Европската Унија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-bugarskite-baranja-da-vlezat-vo-pregovarachkata-ramka-za-makedonija/feed/ 0
Захариева го критикува Радев за свикувањето на Советодавниот совет за национална безбедност за Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-go-kritikuva-radev-za-svikuvanjeto-na-sovetodavniot-sovet-za-nacionalna-bezbednost-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-go-kritikuva-radev-za-svikuvanjeto-na-sovetodavniot-sovet-za-nacionalna-bezbednost-za-makedonija/#respond Mon, 10 Jan 2022 07:07:48 +0000 https://kurir.mk/?p=617368

Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија и пратеничка од опозициската ГЕРБ во бугарскиот парламент Екатерина Захариева го критикуваше претседателот Румен Радев поради свикувањето на Советодавниот совет за национална безбедност за Северна Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Захариева за БНТ изјави дека Советодавниот совет за национална безбедност не бил свикан од претседателот две години, што, според неа, е во спротивност со законот. Захариева смета дека Радев требало да го свика Советот за најмалку четири теми – како што се кризата со Ковид, инфлацијата, кризата со цената на енергијата и конфликтите меѓу Русија, Украина и она што се случува во Казахстан. Според неа, тоа се многу поважни теми од Северна Македонија. Екатерина Захариева беше категорична дека не гледа закана за националната безбедност на Бугарија од Република Северна Македонија, освен, како што наведе, ако само претседателот Радев гледа закана. Таа рече дека за конфликтот во Казахстан се зборува во целиот свет, а само во Бугарија молчат претседателот и владата. Захариева додаде дека во Бугарија има бази на НАТО и дека нема ниту еден НАТО сојузник кој сака тензии во близина на нејзините граници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-go-kritikuva-radev-za-svikuvanjeto-na-sovetodavniot-sovet-za-nacionalna-bezbednost-za-makedonija/feed/ 0
Захариева: Бугарија не е виновна за европската блокада кон Македонија, виновни се македонските власти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-bugarija-ne-e-vinovna-za-evropskata-blokada-kon-makedonija-vinovni-se-makedonskite-vlasti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-bugarija-ne-e-vinovna-za-evropskata-blokada-kon-makedonija-vinovni-se-makedonskite-vlasti/#respond Mon, 17 May 2021 16:06:10 +0000 https://kurir.mk/?p=511475

Бугарија не била виновна за европската блокада кон Македонија, туку за тоа се виновни македонските власти поради недостаток на реформи, вели доскорешната министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева. Потенцира и дека Европа и Бугарија ќе го надгледуваат пописот во Македонија, бидејќи властите во Скопје сакале да го намалат бројот на бугарите во земјата. -Пред четири години виновна им беше Грција, две години подоцна виновни им беа други две држави, Холандија и Франција, сега виновна е Бугарија. Скопје не треба да бара надворешни причини за недостатокот на реформи во државата. Ние немаме претензии за тоа како тие себеси ќе се наречат. Проблемот со правото на самоопределување не е наш туку е нивен. Тие имаат проблеми со луѓето кои живеат таму и се чувствуваат и Македонци и Бугари, изјави Захариева. Бујар за надворешни работи Бујар Османи пак денеска на видео-средбата со шефот на чешката дипломатија Јакуб Кулханек порача дека се надева на континуитет на дијалогот и со новата Влада во Софија. -Остануваме посветени на реформската агенда, со посебен фокус на европските приоритети. Продолжуваме и со активностите за унапредување на добрососедските односи, секако со фокус на Бугарија, преку имплементација на акцискиот план за интензивирање на секторската соработка, и отстранување на разликите кои создаваат политичка недовербаизјав, изјави Бујар Османи. Чешкиот министер Кулханек се согласил дека е потребно што поскоро усвојување на преговарачката рамка за земјава и формален почеток на преговорите со ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaharieva-bugarija-ne-e-vinovna-za-evropskata-blokada-kon-makedonija-vinovni-se-makedonskite-vlasti/feed/ 0
Заев прифатил дека македонскиот идентитет постои од 1944 година, Захариева го потсети од Германија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-prifatil-deka-makedonskiot-identitet-postoi-od-1944-godina-zaharieva-go-potseti-od-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-prifatil-deka-makedonskiot-identitet-postoi-od-1944-godina-zaharieva-go-potseti-od-germanija/#respond Mon, 22 Mar 2021 20:58:56 +0000 https://kurir.mk/?p=486394

Бугарија нема да и дозволи влез на Македонија во Европската Унија се додека не се испорача се што е ветено кога се потпишуваше договорот за добрососедство и пријателство, ни порача бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева за германскиот „The European“ магазин. Во текстот таа пред се се осврнува на историските и идентитетските прашања, а понатаму на инфраструктурните и економските. Во однос на историските и идентитетските прашања Захариева  укажува дека македонската власт мора да го исполни ветеното, односно дека посебниот македонски идентитет кој се одвоил од бугарскиот е формиран само во минатиот век, односно како што бара Бугарија, од АСНОМ во 1944 година, па до денес. Таа потенцира дека Бугарија не признава друг македонски идентитет. Захариева исто така бара македонската власт да го испорача ветеното и за националните херои како Гоце Делчев, односно дека тој и сите илинденци биле македонски Бугари кои се бореле за слобода од Отоманците и дека никако не се Македонци. Исполнување на ветеното за менување на историските учебници во Македонија е уште една работа на која укажува Захариева во својот напис и бара тоа што се договорило да се исполни, а меѓудругото да се избрише се што ја навредува Бугарија. Така на пример прифатено е во македонските учебници да не постои дека Бугарите биле фашисти во Втората светска војна, што е класичен фалсификат, на кој се обврзал премиерот Зоран Заев кога се договарал во 2017 година. Понатаму таа бара да не се малтретираат Бугарите во Македонија и да се исполнат економските и инфраструктурните прашања како коридорот 8. Што значи дека не се случајни бугарското вето и Меморандумот кој Бугарија го испрати до земјите членки на ЕУ. Всушност како што објаснува Захариева се што тие бараат било ветено од македонската власт кога се потпишувал Договорот во 2017 година. Всушност се покажуваат за точни тврдењата и на македонската опозиција која укажа дека премиерот Зоран Заев се ова им го ветил на бугарските политичари. На штета на македонскиот народ, но и државата како што може да видиме премиерот Заев прифатил дека Македонците не постоеле пред 1944 година, односно прифатил дека не само македонските херои, туку нашите дедовци дека биле Бугари, прифатил и дека македонскиот идентитет постои од 1944 година и прифатил да ја фалсификува и светски признаената историја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-prifatil-deka-makedonskiot-identitet-postoi-od-1944-godina-zaharieva-go-potseti-od-germanija/feed/ 0