Екатерини Сакеларопулу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Mar 2020 06:19:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Екатерини Сакеларопулу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Новоизбраната грчка претседателка денеска ќе положи свечена заклетва https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novoizbranata-grchka-pretsedatelka-deneska-kje-polozi-svechena-zakletva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novoizbranata-grchka-pretsedatelka-deneska-kje-polozi-svechena-zakletva/#respond Fri, 13 Mar 2020 06:19:23 +0000 https://kurir.mk/?p=315845

Новоизбраната претседателка на Грција, Екатерини Сакеларопулу, во 11 часот по локално време, во грчкиот Парламент ќе положи свечена заклетва, а веднаш потоа, во претседателската палата и официјално ќе ја преземе функцијата од Прокопис Павлопулос, јави дописничката на МИА од Атина. Мерките и превенцијата од коронавирусот во Грција, донесе промени во предвидените манифестации за примо – предавањето на функцијата. Па така, на свечената заклетва во Парламентот, наместо 1000, колку што беше првично планирано, ќе бидат поканети само 100 лица, а Сакеларопулу го одложи приемот за честитки, закажан за утре. За Прокопис Павлопулос вчерашната церемонија на палењето на олимпискиот оган во античка Олимпија беше негов последен јавен настап во функција претседател на Грција. Екатерини Сакеларопулу на 22 јануари 2020, на гласањето во Парламентот, со широко мнозинство, со поддршка од три партии, со 261 глас, 61 повеќе од потребните 200, беше избрана за прв жена претседател на Грција. Позитивно гласаа пратениците од Нова демократија, СИРИЗА и Движење на промена, а „присутни“ гласаа 33 пратеници од МЕРА25, Комунистичката партија на Грција и Грчко решение. Соопштувањето на резултатите од Претседателот на Парламентот беше проследено со аплауз од присутните пратеници. Сакеларопулу е осми претседател на Грција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novoizbranata-grchka-pretsedatelka-deneska-kje-polozi-svechena-zakletva/feed/ 0
Екатерини Сакеларопулу избрана за прва жена претседател на Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ekaterini-sakelaropulu-izbrana-za-prva-zena-pretsedatel-na-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ekaterini-sakelaropulu-izbrana-za-prva-zena-pretsedatel-na-grcija/#respond Wed, 22 Jan 2020 09:28:28 +0000 https://kurir.mk/?p=293078

Со широко мнозинство, со поддршка од три партии, со 261 глас, 61 повеќе од потребните 200, Екатерини Сакеларопулу денеска е избрана за прва жена претседател на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. На специјалната седница во грчкиот Парламент гласаа 294 од 300 пратеници. Од нив, 261 пратеник го поддржаа предлогот на владата, Сакеларопулу да биде нов претседател на државата. Новата претседателка на Грција, на 13 март 2020 ќе положи свечена заклетва и ќе ја преземе функцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ekaterini-sakelaropulu-izbrana-za-prva-zena-pretsedatel-na-grcija/feed/ 0
Грчкиот Парламент избира претседател на државата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-parlament-izbira-pretsedatel-na-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-parlament-izbira-pretsedatel-na-drzavata/#respond Wed, 22 Jan 2020 08:06:05 +0000 https://kurir.mk/?p=292994

Во грчкиот Парламент утрово ќе се одржи специјалната седница за избор на нов претседател на Грција, на која пратениците ќе гласаат за владиниот предлог, Екатерини Сакеларопулу да биде нов шеф на државата, јави дописничката на МИА од Атина. Седницата е закажана за 10.30 часот по локално време, не е предвидена расправа, туку само гласање на кое секој од пратениците, вкупно 300, ќе биде прозван и доколку има намера да го поддржи владиниот предлог, ќе треба да го изговори името на Сакеларопулу. Досегашната претседателка на Советот на државата, што е највисокото судско тело во Грција, е на пат да стане првата жена претседател на земјата. Според најавите од партиите, се очекува да добие поддршка од владејачката Нова демократија и од опозициските СИРИЗА и Движење на промена. Доколку сите пратеници од трите партии ја поддржат Сакеларопулу, таа ќе биде избрана при првото гласање, со широко мнозинство, над потребни 200 гласа. Единствен кој, за сега, јавно соопшти дека нема да присуствува на гласањето, поради закажано патување во САД е поранешниот грчки премиер Андонис Самарас. Па така, без неговиот гласа, доколку нема други отсутни пратеници, очекувањата се дека денеска со 265 гласа, Екатерини Сакеларопулу ќе биде избрана за прва жена претседател на Грција. По гласањето, според најавите, претседателот на Парламентот ќе замине во Советот на државата, на работното место на Сакеларопулу за да ѝ ги соопшти резултатите. Свечената заклетва на новата грчка претседателка веројатно ќе биде на 13 март 2020 кога истекува мандатот на актуелниот грчки претседател Прокопис Павлопулос. Заменикот министер под премиерот и портпарол на грчката влада, Стелиос Пецас на вчерашниот редовен брифинг со новинарите и странските дописници рече дека Сакеларопулу е „обединувачки и меритократски избор“ и ќе биде „олицетворение на единството на нацијата“. -Истовремено е опција од иднината што ја симболизира новата ера во која влезе земјата. И што има подобро од една жена да ја симболизира националната преродба на нашата татковина, истакна Пецас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-parlament-izbira-pretsedatel-na-drzavata/feed/ 0