ЕКО АКТИВИСТИ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 07 Oct 2023 08:25:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЕКО АКТИВИСТИ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зошто аршините на еко-активистите за Иловица не важат и за Бучим? Македонија спие на жица од бакар, злато и сребро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-arshinite-na-eko-aktivistite-za-ilovitsa-ne-vazhat-i-za-buchim-makedonija-spie-na-zhitsa-od-bakar-zlato-i-srebro/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-arshinite-na-eko-aktivistite-za-ilovitsa-ne-vazhat-i-za-buchim-makedonija-spie-na-zhitsa-od-bakar-zlato-i-srebro/#respond Sat, 07 Oct 2023 08:25:55 +0000 https://kurir.mk/?p=886291

Македонците имаат среќа што се населени на целата жица на скапоцени метали како бакар, злато и сребро и тие се генерално во планините, а не во полињата, велат експерти, кои не го делат мислењето со дел од еко-активистите и со министерката за животна средина Каја Шукова во однос на отворањето на рудникот за бакар „Иловица-Штука“, пишува порталот Плусинфо.мк. Тие се зачудени како може министерката Шукова со завршен Технолошко–металуршки факултет, да изјавува дека земјоделието е главна економска гранка во Македонија, посебно во струмичкото поле и во Тиквешијата. – Нелогично е да се каже дека „нема да се даде земјоделието“ кое е во целосен колапс и земјава е речиси целосно увозно зависна, а да се лежи на милијарди евра. Проценка е дека 18 милијарди евра лежат во првично истражената руда на скапоцени обоени метали во земјава. Министерката Шукова ги помешала процесите што се употребуваат во рударството и би требало да знае дека сите предвидени процеси за рудникот за бакар во Иловица се металуршки, екстрактивни и со минимален ризик за животната средина – велат рударско-металуршки инженери. „Иднината поткрепена со наука предвидува извлекување на злато без употреба на цијанид и жива, односно со употреба на тиосулфат. Тоа е еколошки далеку помалку штетна хемикалија која има јасни предности посебно во делот на намалување на ризиците кон животната средина, во делот на касетно одлагање на суви јаловишта“, објасни инженерот Виктор Грозданов во една од своите колумни. Употребата на цијанид во Македонија е веќе забранета и со измените во Законот за минерални суровини од 2019 година, но таму се наведува дека ваквото правило не важи и за веќе отворените рудници. Додека во струмичкиот регион се организираа протести против отворањето на рудникот за бакар „Иловица-Штука“ под изговор дека ќе се употребува цијанид, иако тоа е забрането со закон, во јавноста владее молк за некои рудници кои наводно секојдневно во земјава ја употребуваат оваа опасна за ракување хемикалија. – Крајно симптоматично е што на најгласните противници на изградбата на рудникот Иловица, кој според сите најави на концесионерот, би се градел според најсовремени технологии, не им пречи рудникот Бучим, каде се експлоатира бакар. Никој од активистите кои бараат Владата трајно да ги одземе концесиите за Иловица никогаш не протестирал и не побарал рудникот Бучим да престане со работа – велат инженери. Од компанијата Бучим побаравме одговор дали во процесот на експлоатација на бакарот некогаш користеле цијанид, но оттаму до објавување на текстот на добивме одговор. Како што веќе објавивме деновиве, „Солвеј инвестмент груп“, преку компанијата „Бучим“ во Радовиш, во 2019 година испратилa понуда до компанијата „Еуромакс рисурсис“ да се вклучи во проектот. Тогаш „Солвеј“ јавно соопшти дека нивната понуда е „единствената остварлива краткорочна можност да се добие проектот Иловица-Штука одобрен од Владата на Македонија и да биде поддржан од локалната заедница и еколошките групи“. Тие ветиле „изводливо решавање на еколошките и социјалните прашања со кои се соочи проектот“ преку обработка на јаловината од Иловица во Бучим. Од иницијативата „И здравје и работа“ истакнаа дека поради агресивноста на неколкумина добро мотивирани гласни противници на изградбата на рудникот во Иловица, локалното население и генералната македонска јавност нема еднаков пристап до сите релевантни информации. Тие повикаа „сите еко-активисти за кои има достапни информации дека работат за интереси на други рудници од Македонија, политички романтичари од СДСМ и некои други партии и други држави-непријатели на НАТО да бидат соодветно неутрализирани“. Иницијативата „И здравје и работа“ инсистира на одговори на прашањата „кој има фирма која работи за потребите на еден рудник за експлоатација на бакар оддалечен на помалку од 50 км од општините Босилово, Ново Село и Струмица и дали е точно дека ако се отвори Иловица-Штука претходно опишаниот рудник за експлоатација на бакар ќе претрпи сериозни финансиски штети?“. „Еуромакс ресурсис“, носителот на концесијата во Иловица е канадска корпорација во која „Трафигура“ како светски рударски гигант во рударската индустрија, е еден од главните акционери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-arshinite-na-eko-aktivistite-za-ilovitsa-ne-vazhat-i-za-buchim-makedonija-spie-na-zhitsa-od-bakar-zlato-i-srebro/feed/ 0
ДВОЈНИ АРШИНИ НА ЕКО АКТИВИСТИТЕ КОИ СЕ ПРОТИВ РУДНИКОТ „ИЛОВИЦА-ШТУКА“ Дали и тука копаат парите? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojni-arshini-na-eko-aktivistite-koi-se-protiv-rudnikot-ilovitsa-shtuka-dali-i-tuka-kopaat-parite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojni-arshini-na-eko-aktivistite-koi-se-protiv-rudnikot-ilovitsa-shtuka-dali-i-tuka-kopaat-parite/#respond Fri, 29 Sep 2023 09:12:56 +0000 https://kurir.mk/?p=883145

По одлуката на Владата да се пишмани од претходното административно спојување на двете концесии за рудникот Иловица-Штука, во јавноста сѐ повеќе се зборува дека дел од активистите кои настапуваат против отворањето на рудникот работат за нечии други интереси, кои немаат никаква врска со заштитата на здравјето, животната средина и земјоделството, објави Плусинфо. Иницијативата „И здравје и работа“ соопшти дека поради неколкумина добро мотивирани гласни противници на изградбата на рудникот „Иловица-Штука“, локалното население и целата македонска јавност нема пристап до сите релевантни информации во врска со технолошкиот процес за изградба на рудникот. Тие прашуваат кој има фирма што работи за потребите за рудник кој врши експлоатација на бакар оддалечен на помалку од 50 километри од „Иловица-Штука“ и дали е точно дека ако овој рудник се отвори, претходниот рудник за бакар ќе претрпи сериозни финансиски штети? Еден од најгласните активисти против рудникот „Иловица-Штука“ Костадин Ристоманов, неодамна во телевизиско гостување во локалната телевизија „Вис“ изјави дека претходно соработувал со рудникот Бучим. – Работев, да, во Бучим од 2004 година до 2008 година кога почна вистинското обновување на капацитетите на Бучим. Ние реновиравме канцеларии, водоводи, пукнати цевки, бањи, опрема и внатре мебел – рече Ристоманов, кој своевремено соработувал со единствениот рудник во земјава кој врши експлоатација на бакар. Ристоманов беше избран за советник во општината Ново Село, од иницијативата „Стига“, на локалните избори во 2021 година. Во истото интервју Ристоманов додаде дека имал информации дека рудникот Бучим имал намера да преземе дел од работата на планираниот рудник во Иловица-Штука. Односно, во Бучим да се врши т.н. флотација за одвојување на рудата од јаловината. Оваа понуда концесионерот во Иловица-Штука, „Еуромакс ресоурцес“ ја одбил. Токму процесот на флотација е еден од главните аргументи на еко-активистите во нападите кон планираниот рудник во југоистокот. Тие обвинуваат дека инвеститорот ќе користи цијанид, иако со законските измени од 2019 година во Законот за минерални суровини оваа материја е забранета за новоотворените рудници, но не и за постоечките кои веќе функционираат. – Имам точно потврдени информации дека се преговарало и разговарало за опцијата како да дојдат до некоја вин-вин ситуација. Тогашниот менаџмент на Бучим имал предлог до премиерот, а премиерот разговарал со Еуромакс околу можноста овде само да се копа, а таму да се врши флотацијата, бидејќи таму имале капацитети. Но, менаџментот на Еуромакс тоа категорично го одбил. Па така, единствената врска со Бучим е таа. Тие предлагаа таму да се врши флотацијата, овде само да се копа, но и таа опција е отфрлена – кажа Ристоманов. Претходно во текот на годината, во интервјуата на Ристоманов може да се забележи дека тој дури и го фали процесот на флотација кој се врши во Бучим. – Сум бил горе во Бучим на езерото и луѓето таму ловат риби. Каде што се користи таква технологија живеат риби внатре – рече Ристоманов во гостување во Алфа телевизија. Упатените во рударскиот бизнис забележуваат дека никој од активистите кои бараат Владата трајно да ги одземе концесиите за „Иловица-Штука“ никогаш не протестирал и не побарал такво нешто за некој друг рудник. Во меѓувреме, дел од инженерите кои не гледаат ништо спорно во изградбата на рудник за бакар во „Иловица-Штука“ повикаа „сите еко-активисти за кои има достапни информации дека работат за интереси на други рудници од Македонија, за партии и други држави-непријатели на НАТО да бидат соодветно неутрализирани“. „Еуромакс ресоурсиес“ е носител на концесијата во Иловица каде еден од главните акционери е канадската корпорација „Трафигура“ која е светски рударски гигант.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojni-arshini-na-eko-aktivistite-koi-se-protiv-rudnikot-ilovitsa-shtuka-dali-i-tuka-kopaat-parite/feed/ 0