еко-свест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 05 Nov 2022 13:45:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png еко-свест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еко свест реагира за дизелот во топланите: Здравјето не смее да се загрозува поради енергетската криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eko-svest-reagira-za-dizelot-vo-toplanite-zdravjeto-ne-smee-da-se-zagrozuva-poradi-energetskata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eko-svest-reagira-za-dizelot-vo-toplanite-zdravjeto-ne-smee-da-se-zagrozuva-poradi-energetskata-kriza/#respond Sat, 05 Nov 2022 13:45:04 +0000 https://kurir.mk/?p=756198

Последните објавени информации кои се однесуваат на одлуката на АД ЕСМ за тестирање на нови мотори со дизел гориво во топланите Исток и Запад во Скопје по 15 ноември се несериозни и непотребни во услови кога природниот гас е опција како енергенс за овие топлани, апелираат од Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест Скопје Сметаат дека објавата дека во топланите се инсталирани 10 нови пумпи за дизел кои ќе се тестираат по 10 дена во секоја топлана е краткорочно решение кое е спроведено нетранспарентно, а ќе донесе долгорочни штетни последици по здравјето на граѓаните на Скопје. – Иако веќе втора зима по ред се соочуваме со енергетска криза, одлуките што се носат за нејзино надминување мора да бидат транспаренти и да носат придобивки на долг рок за да не се повтори кризата и наредната година. Заштитата на јавното здравје и животната средина исто така секогаш треба да бидат приоритет во носењето на ваквите одлуки. Топланите Исток и Запад во моментов имаат дозвола да работат само со природен гас. Воведената промена е целосно различна од нивниот нормален режим на работа и претставуваат создавање нова постројка со сосема нови параметри. Додаваат дека топланите немаат опрема за контрола на емисиите од користење на дизел гориво, немаат ни еколошка дозвола која што овозможува такво нешто. – Од почетокот на ноември веќе секојдневно се надминуваат дозволените вредности на загадувањето на воздухот во Скопје, кое во некои денови е и двојно повисоко од дозволеното. Со користењето на дизел во топланите, дури и само во овој тест период, загадувањето уште повеќе ќе се зголеми, истакнува Давор Пехчевски, координатор за енергија во Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест. Од Еко свест велат дека веќе постојат технолошко и финансиски лесно достапни алтернативи за загревање на домаќинствата што користат обновливи извори на енергија. – Инвестициите мора да се пренасочат во овие технологии за да се добие истиот ефект, но без загадувањето на воздухот. Дополнително, на овој начин ќе се избегнат последиците од енергетската криза на долг рок наместо да остануваме зависни од увоз на скапи и високо загадувачки горива.Апелираме дека здравјето на граѓаните нема цена, а кризната состојба не е причина да се носат ад хок решенија, посебно кога во моментот цената на гасот паѓа, а го има како енергенс. Во вакви услови нема потреба ниту за тестирање, ниту пренасочување на производството на дизел со што значително ќе се загади воздухот во Скопје. Истовремено, бараме од Владата и институциите транспарентно да ги носат одлуките за надминување на кризата и пошироко да се консултираат за да се изнајдат најдобрите решенија. Финансиските инвестиции треба да служат за енергетска трансформација, а не за навраќање кон застарени, одамна надминати и загадувачки технологии, алармираат од Центарот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eko-svest-reagira-za-dizelot-vo-toplanite-zdravjeto-ne-smee-da-se-zagrozuva-poradi-energetskata-kriza/feed/ 0
Еко-свест: При изградба на малите хидроцентрали затрупана Маркова Река, да се одземе концесијата и да се поправи состојбата на реката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eko-svest-pri-izgradba-na-malite-hidrocentrali-zatrupana-markova-reka-da-se-odzeme-koncesijata-i-da-se-popravi-sostojbata-na-rekata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eko-svest-pri-izgradba-na-malite-hidrocentrali-zatrupana-markova-reka-da-se-odzeme-koncesijata-i-da-se-popravi-sostojbata-na-rekata/#respond Wed, 11 Aug 2021 07:38:38 +0000 https://kurir.mk/?p=549036

И покрај сите апели, барања и предупредувања од граѓанските организации да се почитуваат мерките за заштита на животната средина, Маркова Река деновиве ја затекнавме комплетно затрупана со камења, карпи и земја како последица од градежните активности за трите мали хидроелектрани што се градат во погорниот тек на оваа река, информира НВО Еко-свест. Оттаму истакнуваат дека по алармирање од локалното население, деновиве излегле на терен и дека бараат Министерството за животна средина да започне постапка за раскинување на издадената концесија за хидроелектраните Маркова Река 143, 144 и 145, а концесионерот да ја поправи состојбата на реката. -Реката и речното корито се целосно уништени. Цели сегменти од реката се затрупани со материјал од градежните активности, при што е оневозможено нормално течење на реката и е уништен целиот екосистем. Според членот 44 од Законот за води „носителот на дозволата не ја врши дејноста согласно со условите утврдени со дозволата, односно врши битна и континуирана повреда на условите за вршење на дејноста од јавен интерес утврдени во дозволата“, и надлежниот орган треба да постапи. Според член 49 од истиот закон треба да се одземе водното право на концесионерот во случај кога е загрозено здравјето на луѓето и природната рамнотежа на водните екосистеми и екосистемите зависни од вода, велат од Еко-свест. Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест нагласува дека штетата која е направена не може да се надомести. -Живиот свет во и околу реката е загрозен, видливи беа мртви речни ракови кои едноставно останале заглавени во странични вирчиња оставени да пресушат. Штетата која е направена не може да се надомести, станува збор за страшно уништување на природата и комплетно игнорирање на секој постоечки закон и правило. Повеќе години водиме борба со институциите да запре ваквата уништувачка изградба на мали хидроелектрани особено во подрачја богати со ретки, загрозени и ендемски видови. И покрај ветувањата од институциите сепак се дозволува вистинска еколошка катастрофа, посочи Чоловиќ Лешоска. Што е уште пострашно, додаде, ова се случува во моменти кога земјата е соочена со продолжена суша и пожари кои ја опустошуваат територија на државата и се води борба да се стигне до капка вода повеќе. -За нас ова е трагедија со долготрајни последици. Ништо што е живо не може да преживее без вода, вклучително и човекот. Бараме од Министерството за животна средина веднаш да започне постапка за раскинување на издадената концесија за хидроелектраните Маркова Река 143, 144 и 145 на концесионерот Индиго Хидро Македонија – Скопје по основ на грубо прекршување на сите законски одредби за заштита на животната средина и за добра градежна пракса. Исто така, бараме да се задолжи концесионерот да ја поправи состојбата на Маркова Река до степен до кој тоа е возможно. На долг рок, бараме од Владата да ги заштити своите граѓани и нивните извори на вода и ова да биде висок приоритет, порачуваат од Еко-свест и нагласуваат дека е потребна итна реакција поради моменталната состојба со продолжениот топлотен бран и ризикот по човековото здравје и животната средина.вј/са/]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eko-svest-pri-izgradba-na-malite-hidrocentrali-zatrupana-markova-reka-da-se-odzeme-koncesijata-i-da-se-popravi-sostojbata-na-rekata/feed/ 0
Еко-Свест: Аерозагадувањето е причина зошто секое второ дете минатата година се лекувало од респираторни болести https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eko-svest-aerozagaduvanjeto-e-prichina-zoshto-sekoe-vtoro-dete-minatata-godina-se-lekuvalo-od-respiratorni-bolesti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eko-svest-aerozagaduvanjeto-e-prichina-zoshto-sekoe-vtoro-dete-minatata-godina-se-lekuvalo-od-respiratorni-bolesti/#respond Tue, 09 Feb 2021 16:54:40 +0000 https://kurir.mk/?p=466436

Според Светска банка, аерозагадувањето во Македонија „убива“ 1.350 луѓе годишно, a децата се најчувствителната група, затоа што имаат организам во развој и побрзо дишење, а со тоа и побрзо внесување на загадените материи во телото. - Секое второ болно дете минатата година се лекувало од респираторни болести кои најчесто се директна последица на загадениот воздух. Децата се најпогодени, особено во грејната сезона, кога концентрацијата на цврстите честички е зголемена. Градовите во земјава, како Скопје, Тетово и останатите, котираат високо на листата на најзагадени градови во регионот, па и Европа. Високите концентрации на ПМ 10 честичките достигнуваат и до повеќе од десет пати од дозволеното, потенцираат од Еко-Свест. Честичките ПМ 10 и ПМ 2,5 се меѓу најопасните загадувачи, кои во голема мера влијаат врз здравјето на луѓето поради нивната способност да навлезат длабоко во белите дробови и крвта, предизвикувајќи трајни ДНК-мутации, срцеви напади, болести на дишните патишта и прерана смрт. Овие загадувачи се формираат кога согоруваат одредени материи како горењето на дрвото во камините или горењето на јаглен во термоцентралите. Околу 80% од енергијата во светот доаѓа од фосилните горива. Според Светската Здравствена Организација, проблем број еден претставува нивното согорување. Честичките што се испуштаат го загадува воздухот и се примарен причинител за климатските промени, затоа, тие потенцираат нивната употреба да се намали или да се отстрани. Еко-Свест работи на забрзување на енергетската транзиција заради ублажување на климатските промени преку проектот „Промовирање на енергетска транзиција во С. Македонија” финансиски поддржан од CEE Bankwatch Network, како и во рамките на проектот „Да зборуваме за климатските промени”, спроведуван од Еко-Свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ, финансиран од Европска Унија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eko-svest-aerozagaduvanjeto-e-prichina-zoshto-sekoe-vtoro-dete-minatata-godina-se-lekuvalo-od-respiratorni-bolesti/feed/ 0
Еко-свест: Владата да ги заштити водните ресурси во земјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eko-svest-vladata-da-gi-zashtiti-vodnite-resursi-vo-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eko-svest-vladata-da-gi-zashtiti-vodnite-resursi-vo-zemjata/#respond Tue, 25 Aug 2020 11:00:36 +0000 https://kurir.mk/?p=395130

Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ од Скопје денеска преку соопштение најстрого ги осудува последните случувања со катастрофалното уништување на реките во државава за изградба на мали хидроелектрани. Последен ваков случај, како што наведуваат, за кој реагираа и многу жители на Скопје е уништување на горниот тек на Маркова река заради изградба на мала хидроелектрана. – Во услови кога последиците од климатските промени зачестуваат и се зголемуваат во интензитет, ние како земја во развој која нема финансиски средства да се справи со овие последици едноставно не можеме да си дозволиме да останеме без водените ресурси од кои зависиме за вода за пиење, вода за земјоделството и вода за одржување на скапоцени екосистеми, вели Ана Чоловиќ Лешоска од „Еко-свест“. Последниот извештај на Обединетите нации за влијанието на климатските промени врз водените ресурси од март 2020 година укажува на проблем со се позачестени и продолжени сушни периоди кои веќе предизвикуваат сериозен недостиг на вода во многу делови од светот. Според овој извештај, дури 2.2 билиони луѓе во светот денес немаат пристап до вода за пиење, а се очекува овој број забрзано да расте до 2050 година. ООН предупредува и дека продолжените сушни периоди ќе предизвикаат зголемување на болести, недостиг на храна и раселување на населението. Токму затоа се препорачува државите да ги приоретизираат водените ресурси во планирањето на сите политики. -Според проценките за климатски екстреми во нашата земја направени за потребите на третиот извештај за климатски промени кој треба да го поднесеме до Рамковната конвенција за климатски промени, во периодот помеѓу 2016- 2035г. температурите во земјава ќе растат за 1°C, а летните денови ќе се зголемуваат за 20- 30 дена. Ова значи дека ќе имаме потопла и посува клима со зголемен ризик од продолжени сушни периоди, стои во соопштението. Од „Еко-свест“ посочуваат дека оваа летна сезона има драстично повлекување на Преспанското Езеро, пресушување на многу од реките во земјата, а земјоделците се соочени со потешкотии поради периоди на продолжена суша во услови на зреење на плодовите, кога водата е најпотребна за да се добие производ со добар пласман. Според нив, дополнително, изградбата на овие проекти во недопрени и природни предели со повеќе од познатата лоша градежна пракса, ја уништуваат геоморфологијата на реките, биодиверзитетот, природните вредности и екосистемските услуги кои овие предели ги овозможуваат за луѓето (чист воздух, чиста вода за пиење). Во нeдостиг од инспекциска контрола и надзор, овие зафати стануваат чести мини еколошки катастрофи низ земјата. – Сметаме дека во вакви услови очигледно е дека изградба на мали хидроелектрани е неразумно и неоправдано бидејќи во блиска иднина ние ќе се соочиме со хидроелектрани на суви речни корита. Владата мора да ја стави заштитата на водените ресурси и здравјето на граѓаните како висок приоритет во мерките за прилагодување на климатските промени и да ги запре сите градежни активности на издадените концесии за мали хидроелектрани во земјава кои би требало да се повлечат и да се направат нови проценки за нивниот потенцијал за електрична енергија согласно најновите податоци и најновите климатски услови, се вели во соопштението од „Еко-свест“. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eko-svest-vladata-da-gi-zashtiti-vodnite-resursi-vo-zemjata/feed/ 0