екологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Sep 2022 15:15:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png екологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Овие дрвjа може да генерираат струја во вашиот двор https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/video-ovie-drvja-moze-da-generiraat-struja-vo-vashiot-dvor/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/video-ovie-drvja-moze-da-generiraat-struja-vo-vashiot-dvor/#respond Fri, 09 Sep 2022 15:15:38 +0000 https://kurir.mk/?p=730826

Wind Tree се дрва кои можат да генерираат струја и до најслабиот ветар. Што значи мож да се постават на која било локација – од некое поле или висина каде што има силни ветришта до некоја урбана средина и во нечиј двор. Реалноста на климатските промени не тера што побрзо да се префрлиме на користење енергија од чисти и обновливи извори, па така земји од целиот свет исталираат турбини на ветар и соларни панели. Но, Wind Tree е вештачко дрво дизајнирано не само за индустриска примена, туку за лична употреба. За инсталацијата на традиционални турбини на ветар треба многу време, енергија и сер разбира, пари, и таа технологија не е практична за поставување помеѓу масивните градски структури, а уште помалку во нечија градина. За тоа е совршено Wind Tree. Вештачките дрвја имаат три челични стебла и други помали гранки на кои се поставени 36 микро турбини во форма на лисја. И најслабиот ветар може да ги придвижи микро турбините и да создаде чиста енергија. За да се постави едно Wind Tree потребни се само 11 квадратни метри радису на земјиште. Како што велат од компанијата која го создаде, New World Wind, едно Wind Tree може да генерира до 83% од енергијата што ја користи едно француско семејство. За да може да се поставува во урбани средини New World Wind ја креираше првата микро турбина во светот позната како Aeroleaf. Конусната форма на Aeroleaf овозможува да ја лови енергијата на ветрот во опсег од 360° и потребен е ветар од само 2,5 метри во секунда за да се генерира енергија. New World Wind ја дизајнирале турбината да ротира без да прави бучава. Компанијата нуди и дурги два слични производи кои ја ловат енергијата на ветрот: Modular Tree и Bush. И двата ја имаат истата Aeroleaf технологија, но имаат помал дизајн кој е посоодветен и за помала градина или двор. . Wind Tree може да се нарача по цени кои почнуваат од 49,990 евра. Modular Tree се продава по цени кои почнуваат од 28,800 евра, а Bush од 21,500 евра. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/video-ovie-drvja-moze-da-generiraat-struja-vo-vashiot-dvor/feed/ 0
СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Трибина на тема екологија во организација на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledete-vo-zivo-tribina-na-tema-ekologija-vo-organizacija-na-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledete-vo-zivo-tribina-na-tema-ekologija-vo-organizacija-na-vmro-dpmne/#respond Wed, 30 Jun 2021 17:32:33 +0000 https://kurir.mk/?p=530123

Со почеток од 20 часот, во организација на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе се одржи трибина на отворено.  Темата е екологија. На трибината свое обраќање ќе имаат Соња Лепиткова, Марјан Додовски и Игор Лазаровски. Настанот можете да го следите во живо на линкот во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledete-vo-zivo-tribina-na-tema-ekologija-vo-organizacija-na-vmro-dpmne/feed/ 0
Власта на СДСМ воопшто не се грижи за чистата животна средина, Македонија се дави во смет и депонии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-na-sdsm-voopshto-ne-se-grizi-za-chistata-zivotna-sredina-makedonija-se-davi-vo-smet-i-deponii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-na-sdsm-voopshto-ne-se-grizi-za-chistata-zivotna-sredina-makedonija-se-davi-vo-smet-i-deponii/#respond Mon, 22 Mar 2021 13:43:41 +0000 https://kurir.mk/?p=486147

Власта и државните институции предводени од СДСМ не правата ништо за да ја заштитат и одржат чиста животната средина. Реки полни со отпад и пластични шишиња, смет и диви депонии на сите страни е реалната слика во Македонија. Кога земјата е зафатена од обилните врнежи од дожд тие ја вадат на виделина сета негрижа кон природата. Диви депонии долж реките, корита полни со различен отпад, и сето ова поради отсуството на контрола, санкционирање на лицата кои фрлаат отпад, но и на чистењето и нивно санкционирање од страна на институциите. Голема количина од пластиката која завршува во водите, предизвикува контаминација на подземните води, а потоа истата вода се употребува за наводнување на земјоделските производи. Во недостиг на грижа на институциите, за чистење на околина, најчесто се случува да се организираат еколошки акции од страна на граѓански здруженија или пак на индивидуални поединци. Од граѓанската организација „Не биди ѓубре“, која пред пандемија често организираше акции за чистење на јавни површини, посебно во градот Скопје, велат дека институции посериозно треба да вклучат во одржувањето на чиста животна средина, а не за нејзе да се ангажираат само за време на избори, за собирање на гласови. -Стварно сме во една многу лоша состојба и дека сите треба да бидеме вклучени како граѓани и институции, иако не е наше ѓубре. Алармантна е состојбата, и да не бидеме вклучени, посебно институциите само за време на избори, затоа што две и пол години од кога постои Не биди ѓубре, апелираме дека четири години секоја локална власт треба да биде свесна дека чистотата зависи и од нив, не само од нас, вели Елена Митревска од „Не биди ѓубре“. Од друга страна, ридови отпад расфрлани на дивите депонии низ земјата. Општините тврдат дека ги чистат но на терен отпадот e насекаде. Таков е и примерот со дивите депонии во општина Арачиново и Липково. И по повеќе од дваесет години на иста локација стојат двете диви депонии. Првата депонија се наоѓа на самиот излез од Арачиново на магистралниот пат Скопје-Куманово, втората на еден километар од првата. Дивите депонии во овие општини се вистинска еколошка бомба.Тука може да се најде речиси се од градежен шут,пластични и стаклени шишиња,непотребни играчки па дури и остатоци од храна. Страшно е што овие депонии често знаат да се запалат, а чадот штети по здравјето на жителите од околните населени места, додека фрлениот шут ја загадува почвата, во чија близина често има ниви на кои се засадени земјоделски култури. Иако локалните градоначалници во предизборието ветуваа решение за овие депонии, скоро четири години после тоа немаат ништо направено. Диви депонии низ државата и речни корита полни со отпад од година во година е сѐ позагрижувачка. Вина за ова може да се бара и кај несовесните граѓани кои ѓубрето го срлаат насекаде, но сепак државните институции се тие кои не функционират и не превземаат ништо за решавање на овој суштински, егзитенцијален проблем. Во 2010 година, ОН го признаа “правото на безбедна и чиста вода за пиење и санитација“ како човеково право што е од суштинско значење за целосно уживање во животот и сите човекови права. Човековото право на вода им дава право на сите, без дискриминација, да имаат доволна, безбедна, прифатлива, физички пристапна и достапна вода за лична и за домашна употреба. Од друга страна и Европската комисија и даде сериозна забелешка на Македонија за финансиските средства кои ги издвојува за животна средина. Таа во последниот извештај за напредокот на државата кој излезе минатата 2020 година, критикуваа дека Македонија издвојува незначителни мали финансиски средства за животната средина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-na-sdsm-voopshto-ne-se-grizi-za-chistata-zivotna-sredina-makedonija-se-davi-vo-smet-i-deponii/feed/ 0
Мицкоски со мега проекти во енергетиката и екологијата: Целосна гасификација, бесплатен приклучок за граѓаните, за 50% почист воздух https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-mega-proekti-vo-energetikata-i-ekologijata-celosna-gasifikacija-besplaten-prikluchok-za-gragjanite-za-50-pochist-vozduh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-mega-proekti-vo-energetikata-i-ekologijata-celosna-gasifikacija-besplaten-prikluchok-za-gragjanite-za-50-pochist-vozduh/#respond Sat, 22 Feb 2020 12:53:43 +0000 https://kurir.mk/?p=307363

Инвестирањето во екологијата и во енергетиката подразбира инвестирање во здравјето на сите и во иднината на сите. За жал имаме комплетен застој цели три години. Имаме порази наместо победи, имаме кочења на проекти, наместо реализација, имаме виткање на кичма наместо исправање. Ветуваа алпски чист воздух, а добивме држава со најзагаден воздух во светот. Ветуваа гасификација добивме нула реализација. Празни хидроакомулации, загуби и скапи ремонти за повеќе пари во фирмите блиски на власта. Загадениот воздух го одзема здравјето, нашата иднина. Власта тргува со она што е најскапо за секој еден човек. А, тоа продолжува да носи порази на земјата, ова денеска преку прес-конференција го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. -Мора работите да се променат, мора да се инвестира во здравјето, но и во енергетиката, тоа е нашата иднина. Затоа денес ќе презентирам што подразбира обновата кон која се обврзуваме во енергетиката и екологијата. Се разбира тоа се дел од проектите и политиките кои што идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги води. Подетално и поопширно во програмата која што ќе биде дел од предвремените парламентарни избори. Се обврзуваме на обнова која подразбира енергетска обнова на домовите на граѓаните. Односно овозможување секое семејство да дојде до нова фасада и оков на својот дом при што за инвестицијата половина ќе покрие државата, односно 50-тина проценти е на трошок на државата. Фактичката состојба покажува дека многу од домовите на граѓаните се енергетски неефикасни, или воопшто немаат фасада, а нивната обнова пак или изградба на фасада чини пари. Затоа се обврзувам дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе финансира половина од трошоците за изградба на нова енергетска фасада и замена на ефикасен оков во домовите. Со оваа мерка ќе се намали непродуктивното користење на енергијата, а тоа пак ќе придонесе за заштита на животната средина. Тоа за граѓаните ќе значи топол дом на зима, и ладен на лето и секако она кое што е најважно пониски сметки за топлинска енергија и заштеда на нивните семејни буџети и повеќе пари за семејствата. Ова е проект кој што подразбира заживување на градежната индустрија, намалување на специфичната потрошувачка на енергенси за затоплување на домовите за индивидуално и колективно домување, но истовремено подразбира и заштита на животната средина. На прашањето зошто, затоа што ние како држава сме пет пати понеенергетски неефикасни од тоа што е просекот во ЕУ. Односно трошиме 5 пати повеќе енергија за затоплување на домовите од тоа што се троши во ЕУ. Тоа значи дека повеќе имаме емисија на штетни честички во воздухот и поголемо загадување на животната средина, потенцира Мицкоски.   Тој додава дека се обврзуваме на обнова која ќе овозможи за граѓаните набавка на сончеви колектори за домаќинствата, при што 50-тина проценти од сумата ќе биде на трошок на државата. Ова подразбира дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи до 50-тина проценти субвенции на граѓаните за набавка на енергетски ефикасна опрема: сончеви колектори (фотонапонски централи, термални, топлински пумпи и приклучок кон топлификационите системи) со што граѓаните ќе добијат бесплатна енергија, ќе заштедат повеќе пари, а ќе се овозможи заштита на животната средина.           -Се обврзуваме на обнова која ќе донесе целосна гасификација на Македонија. Гасификацијата која сега е заглавена, целосно ќе ја одглавиме и ќе ја дозавршиме. Еден од стратешките приоритети на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде да се воведе природен гас за  употреба во домаќинствата, индустријата, малите и средните претпријатија, образованието, социјалните установи, здравствените установи итн.  Затоа ќе го изградиме гасоводниот систем во државата. Во наредниот период со интензивна динамика ќе се пристапи кон: завршување и пуштање во употреба на проектите кои беа започнати од поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ, а еве гледаме на крајот од мандатот на оваа влада не се сеуште завршени. Изградба на магистралниот  гасовод Неготино - Кавадарци – Битола т.е. доизградба како и доизградба на магистралниот гасовод Скопје - Тетово – Гостивар, кој што е започна и првиот и вториот проект и обезбедено финансирањето од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Понатаму изградба на магистралниот гасовод Штип - Радовиш- Струмица – Гевгелија. Изградба на магистралниот гасовод Гостивар – Кичево. Изградба на магистралниот гасовод Свети Николе – Велес. Изградба на магистралниот гасовод Битола - Ресен - Охрид – Струга. Поврзување на ТЕЦ Неготино на природен гас и напуштање на оној за прв пат во историјата познат термин енергетско земјоделски комбинат кој што ниту е енергетски, ниту е земјоделски и гледаме дека само претставува споменик на едно неуспешно време на владите на СДСМ. Изградба на делници за поврзување на Технолошко-индустриските развојни зони во Штип, Прилеп, Тетово, Радовиш, Струмица, Кичево, Струга, Гевгелија, како и Индустриската зона Жабени. Се обврзуваме на обнова која ќе значи обезбедување на природен гас за секое домаќинство. Ќе го направиме овој енергенс да биде достапен за секого. За таа цел во населените места кои се наоѓаат на поголемо растојание од магистралните гасоводи или примарната мрежа, ќе се пристапи кон изградба на платформи со менливи контејнерски батерии или резервоари за складирање на природниот гас т.е. ќе создадеме виртуелна секундарна мрежа поради сложеноста на проектот и поради сложеноста на процедурите за урбанизам и понатаму проектирање и ревизија на истиот. Системот подразбира компресија, транспорт и декомпресија на природниот гас директно од примарната во терцијалната мрежа. За да може истиот да стигне до гасните дистрибутивни мрежи низ населените места. Со ваквиот проект се опфаќаат голем број населени места  и се овозможува природниот гас да биде подостапен до граѓаните и  до компаниите. Се обврзуваме на обнова која ќе донесе на секое домаќинство бесплатен приклучок до гас. Односно ова ќе значи нула денари трошок на секој дом кој ќе реши да користи гас како енергија. Ова подразбира повеќе пари за граѓаните, но и почиста животна средина, вели Мицкоски. Тој додава дека нема да ветува чуда и затоа внимателно одбира што ќе биде реализирано од работите. -Притоа еден од клучните приоритети кој ќе го реализираме е чистиот воздух. Се обврзуваме на обнова која ќе донесе повеќе здравје, односно до 50-тина проценти почист воздух во првиот мандат од сега. Тоа подразбира намалување на загадувањето до минус 50-тина проценти. Ќе исполниме стратегија која ќе значи реализација на целосна гасификација на државата, создавање на услови гасот да биде достапен до секое домаќинство, и да стане широко распространет енергенс кој ќе се користи. Воедно тоа подразбира и користење од државните институции како и компаниите кои се загадувачи. Истовремено ќе инвестираме во зелени еко проекти и нови вложувања во екологијата. Сето ова сериозно ќе го намали загадувањето или најмалку до 50-тина проценти на крајот од мандатот од тоа што е состојба сега. Почист воздух за повеќе здравје. Се обврзуваме на обнова подразбира инвестиции во обновливи извори на енергија. Ветерен  парк Миравци за складирање на енергијата, за прв пат изградба на таков проект во нашата држава. Ветерен парк Миравци кој што ќе располага со ветерен потенцијал со вкупна инсталирана моќност и производство на електрична енергија од 300 GWh. Системот за складирање на оваа електрична енергија ќе овозможи енергијата која што се произведува во периодите кога има вишоци да биде складирана и истата во периоди на недостаток да биде испорачанадо потрошувачите. Со што ќе бидат опфатени околу 6.000 домаќинства. Се обврзуваме на обнова која ќе подразбира целосна гасификација на медицинските центри во буквална смисла на зборот. Кои сега се големи загадувачи. Пред се ова подразбира гасификација на Клинички Центар во Скопје и болниците во Гостивар, Тетово, Прилеп, Битола и Куманово. Под целосна гасификација се подразбира реконструкција на котларите во болниците и јавните установи со поголема потрошувачка на енергија со цел поставување на когенеративни постројки. Когенеративни постројки за пошироката јавност подразбираат постројки за производство на топлинската и електрична енергија. А, како нус производ и технолошка пареа за целосно еко работење на болниците. Се обврзуваме на обнова која подразбира целосна модернизација на РЕК Битола. Завршување проектот за модернизација на РЕК Битола и продолжување на векот на траење. Овој сложен проект опфаќа набавка на нова опрема за потребите на РЕК Битола, зголемување на нејзините капацитети и модернизација на работата, како и примена на целосни без исклучок и без компромис еко стандарди за намалување загадувањето на животната средина и целосно еколошко работење на комбинатот, истакна Мицкоски. Тој додава дека се обврзуваме за обнова која што подразбира нова термоелектрична централа во Пијанец и Малешевијата според високи еколошки стандарди што ќе биде од стратешко значење за Источна Македонија. Ова подразбира 1000 силно платени нови вработувања за Делчево, Пехчево, Македонска Каменица и Берово, и останатите места се разбира. За целиот регион тоа ќе донесе нова додадена вредност средства од 20-тина милиони евра годишно. И враќање на животот во овој крај. -Се обврзуваме на обнова која подразбира основање на ново министерство за енергетика и минерални суровини кое ќе се фокусира кон проблематиката на енергетиката како клучна област за стратешки развој за државата. Тоа не значи дека ќе ја зголемиме бирократијата, напротив ќе ја намалиме бирократијата, и ќе го намалиме бројот на министерства кои што сега се покажаа како нефункционални и навистина одвишни во државната структура. Ова министерство за енергетика е клучно за развојот на овој стратешки сектор во нашата држава Република Македонија. Се обврзуваме да вршиме издавање зелени државни обврзници за повеќе зелени проекти. Овој проект предвидува министерството за финансии да издаде зелени обврзници кои ќе бидат долгорочни должнички хартии од вредност. Средствата обезбедени по основ на овие обврзници ќе имаат стриктно определена намена односно ќе се користат за проекти за решавање на проблемот со загадувањето и заштитата на животната средина. Тоа е проблем на кој се обврзуваме дека макотрпно ќе работиме, бидејќи здравјето на нашите сограѓани ни е пред и над се. Ова се дел од капиталните проекти и политики за екологијата и енергетиката, а ќе има и многу други кои ќе бидат дел од нашата програма. Овие проекти ќе значат повеќе здравје, повеќе напредок, и поквалитетен живот. Ова се проекти и мерки од кој корист ќе имаат 2 милиони граѓани, за обнова на енергетскиот сектор и заштитата на животната средина. Повеќе енергетска стабилност и повеќе развој преку примена на иновативни технологии кои земјава ќе ја направат регионален лидер и со висок степен на енергетска самостојност. Ова се сериозни проекти за обновата која ќе ја спроведе новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Нам ни требаат успеси наместо порази. Оваа обнова е надежта за која вреди да се бориме. Обновата победува, доаѓа време кога ќе има повеќе за секого, рече Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-mega-proekti-vo-energetikata-i-ekologijata-celosna-gasifikacija-besplaten-prikluchok-za-gragjanite-za-50-pochist-vozduh/feed/ 0
Мицковски: Невозможно е Македонија да ги реши поглавјата 23 и 27, односно, правосудството и екологијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickovski-nevozmozno-e-makedonija-da-gi-reshi-poglavjata-23-i-27-odnosno-pravosudstvoto-i-ekologijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickovski-nevozmozno-e-makedonija-da-gi-reshi-poglavjata-23-i-27-odnosno-pravosudstvoto-i-ekologijata/#respond Mon, 18 Nov 2019 20:35:16 +0000 https://kurir.mk/?p=265695

Значи вака, невозможно е, ама буквално е невозможно, Македонија да ги реши поглавјата 23 и 27, односно, правосудството и екологијата, пишува на својот Фејсбук профил поранешниот директор на Центарот за комуникации на СДСМ, Ивор Мицковски. Дополнително што оваа власт, на овие две приоритетни прашања, покажа најголем партиски интерес да останат под нивна волја и тотална политичка незаинтересираност да се подобрат. Така да, останува само да се молиме на датум за власта да може да мачка очи со некаков напредок. Со оваа, а богами и било која друга партиска власт или коалиција, особено ДУИ, овие две прашања Македонија не би можела да ги реши ни за 50 години, заклучува мицковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickovski-nevozmozno-e-makedonija-da-gi-reshi-poglavjata-23-i-27-odnosno-pravosudstvoto-i-ekologijata/feed/ 0
ПРВИ СЕ ВО СВЕТОТ: Ако сакате да ја посетите оваа земја, мора да дадете еко заклетва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvi-se-vo-svetot-ako-sakate-da-ja-posetite-ovaa-zemja-mora-da-dadete-eko-zakletva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvi-se-vo-svetot-ako-sakate-da-ja-posetite-ovaa-zemja-mora-da-dadete-eko-zakletva/#respond Tue, 01 Jan 2019 20:39:16 +0000 https://kurir.mk/?p=147292

13-та најмала земја на светот, Палау, има само 20.000 жители, а годишно ја посетуваат повеќе од 160.000 туристи, поради што бројката се одрази и на животната средина. Затоа секој посетител што ќе дојде на Палау во својот пасош ќе добие печат со заклетва која мора да ја потпише пред да му се одобри влез во земјата. Заклетвата е поради долгогодишно настојување да се сопре претераното уништување и искористување на природните ресурси. Ова го наложи локалната власт. „Деца на Палау, се колнам со оваа заклетва дека како ваш гостин, ќе ја чувам и заштитувам вашата прекрасна островска земја. Се колнам дека ќе ја третирам како богатство и ќе ја истражувам со свест. Нема да земам ништо што не ми треба. Нема да му наштетам на она што не ми штети мене. Единствени отисоци што ќе ги оставам се оние кои ќе се измијат“, стои во заклетвата. Палау е прва држава во светот која воведе ваков тип заклетва во својот закон. Децата во училиште ќе учат за еколоја и како да ја сочуваат својата животна средина. Ако се прекрши заклетвата туристите ќе платат износ до милион долари. Палау е архипелаг од 200 природни вулкански и варовити острови сместени во Тихиот океан меѓу Јапонија и Австралија.  Богати се со чисти плажи и планини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvi-se-vo-svetot-ako-sakate-da-ja-posetite-ovaa-zemja-mora-da-dadete-eko-zakletva/feed/ 0
Македонија и Косово ќе соработуваат во екологијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-kosovo-kje-sorabotuvaat-vo-ekologijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-kosovo-kje-sorabotuvaat-vo-ekologijata/#respond Tue, 17 Apr 2018 10:37:36 +0000 https://kurir.mk/?p=41779

Проблемите со воздухот, водите и биодиверзитетот беа главните теми за кои денеска во Скопје разговараа министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и неговата колешка од Косово, Албена Решитај. - Разговаравме за природата и за прогласување на Шар Планина за национален парк. Косово тоа веќе го има, а наскоро ќе биде и кај нас. Се очекува соработка за оваа тема меѓу двете држави. Разговаравме и за проблемите кои се однесуваат на водите, за реката Лепенец и за проблемите со воздухот, изјави министерот Дураки по средбата. Косовската министерка за животна средина и просторно планирање Решитај нагласи дека ќе дадат се од себе за да ја подобрат животната средина на двете држави. - Нашата цел, на двете држави, е интеграција во ЕУ и ова ни е прилика за понатаму да ја развиваме нашата соработка и така заедно кон ЕУ. истакна Решитај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-kosovo-kje-sorabotuvaat-vo-ekologijata/feed/ 0