еколошка катастрофа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Sep 2022 16:39:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png еколошка катастрофа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Акција за спречување еколошка катастрофа по судар на два брода кај Гибралтар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/akcija-za-sprechuvanje-ekoloshka-katastrofa-po-sudar-na-dva-broda-kaj-gibraltar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/akcija-za-sprechuvanje-ekoloshka-katastrofa-po-sudar-na-dva-broda-kaj-gibraltar/#respond Thu, 01 Sep 2022 16:39:25 +0000 https://kurir.mk/?p=727389

Морнарицата на Гибралтар покрена голема операција за спречување на излевање гориво во морето откако товарен брод се судри со друг брод што превезувал течен гас, соопштија денеска властите на британската прекуморска територија. Од бродот „OS-35″ што се наоѓа во близина на брегот на Гибралтар во најјужниот дел на Пиринејскиот полуостров почнало да истекува гориво, откако во понеделникот вечерта се судри со друг брод што превезувал течен природен гас. Екипажот составен од 24 члена е евакуиран. Според гибралтарските власти, трупот на товарниот брод напукнал, но се уште пловилото е во еден дел. Капетанијата на пристаништа на Гибралтар соопшти дека нафтата што се излеала од бродот се собира во пловечката ограда поставена да спречи еколошка катастрофа. Инаку, самиот брод не служи за транспорт на горива, туку горивото на пловилото е исклучиво за придвижување на бродските мотори. Судирот со бродот што превезувал течен гас се случил кога „ОС-35“ се обидел со манвеар да го напушти Гибралтарскиот залив. Непосредно по инцидентот привремено бил прекинат целиот морски сообраќај во пристаништето. Владата во Гибралтар соопшти дека подготвува операција за да се источи горивото од загрозениот брод што е можно поскоро, но на најсоодветен и најмалку ризичен начин. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/akcija-za-sprechuvanje-ekoloshka-katastrofa-po-sudar-na-dva-broda-kaj-gibraltar/feed/ 0
Еколошка катастрофа во Перу: По ерупцијата во Тонга силно излевање на нафта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekoloshka-katastrofa-vo-peru-po-erupcijata-vo-tonga-silno-izlevanje-na-nafta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekoloshka-katastrofa-vo-peru-po-erupcijata-vo-tonga-silno-izlevanje-na-nafta/#respond Thu, 20 Jan 2022 10:07:33 +0000 https://kurir.mk/?p=621231

Властите во Перу соопштија дека излевањето нафта кај брегот на земјата предизвикало „еколошка катастрофа“. Од рафинеријата Ла Пампила протекоа повеќе од 6.000 барели нафта поради брановите кои ја погодија по ерупцијата на вулканот во Тонга. Властите ги затворија трите најпогодени плажи каде има многу мртви животни покриени со нафта. Претставници на Министерството за надворешни работи го повикаа операторот Репсол да плати отштета. „Ова е најлошата еколошка катастрофа што се случи околу Лима во последно време и која сериозно оштети стотици семејства на рибари. Репсол мора веднаш да ја надомести штетата“, објави Министерството на Твитер. Портпаролката на компанијата Тина Ван Ден Вол Бејк ја негираше одговорноста, велејќи дека излевањето се случило во ограничена област. „Ние не ја предизвикавме оваа еколошка катастрофа и не можеме да кажеме кој е одговорен“, рече Ван Ден Вол Бејк. Но, премиерката Мирта Васкез подоцна изјави дека компанијата „очигледно“ немала план како да се справи со истекувањето на нафтата во случај на непредвидена ситуација. Обвинителите започнаа истрага за улогата на Репсол во инцидентот, а Министерството за животна средина предупреди дека компанијата може да плати казна од повеќе од 34,5 милиони долари. Официјални лица велат дека истекувањето оштетило околу 18.000 квадратни километри заштитени подрачја населени со ретки растителни и животински видови. Се чистат околу три километри плажи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekoloshka-katastrofa-vo-peru-po-erupcijata-vo-tonga-silno-izlevanje-na-nafta/feed/ 0
На повидок еколошка катастрофа во Калиманско Езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-povidok-ekoloshka-katastrofa-vo-kalimansko-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-povidok-ekoloshka-katastrofa-vo-kalimansko-ezero/#respond Wed, 05 Jan 2022 12:20:45 +0000 https://kurir.mk/?p=616179

Шишиња, ќеси, најразлична пластична амбалажа и цврст отпад, ваква е сликата која деновиве може да се забележи на Калиманско Езеро по поплавите кои во декември минатата година го зафатија Пијанечко-малешевскиот регион, зголемувајки ја опасноста од еколошка катастрофа во Калиманско Езеро. Поради надојдените води на реката Брегалница и нејзините притоки, најголем дел од отпадот од дивите депонии кои се наоѓаа покрај речните корита заврши во Калиманско Езеро, што е директна закана за животинскиот свет во езерото. За ваквата состојба реагираа граѓани, кои велат дека итно треба да се преземе акција со цел езерото да биде исчистено. -Бараме надлежните органи да преземат соодветни мерки, како би ја спречиле оваа честа и несакана појава во водите на Калиманско Езеро. Отпадот го донесе река Брегалница, која заедно со своите притоки од општините Делчево, Пехчево и Берово се влева во езерото. Поради покачениот водостој, реката Брегалница во водите на Калиманци, со себе го носи и со години одложуваниот отпад покрај своето речно корито, што е најверојатна причина за оваа несакана појава, велат загрижени граѓани. Граѓаните предупредуваат дека оваа појава ја има на целата површина од езерото и апелираат навремено да се пристапи кон чистење на отпадот, како би се спречила оваа еколошка катастрофа. Според нив, чести се и пријавите за помор на риби во река Брегалница што ја прави најголем загадувач на водите во Калиманското Езеро. Реакција за оваа појава од други субјекти вклучително и еколошки и риболовни друштва засега нема. Во насока на подигање на свеста кај граѓаните за ваквата појава досега реагираше делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, кој за време на поплавите истакна дека фрлањето ѓубре во реката освен што ја загадува водата, го блокира природното движење на водотеците, со што дополнително придонесува и за загадување на блиската околина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-povidok-ekoloshka-katastrofa-vo-kalimansko-ezero/feed/ 0
Еколошка катастрофа на реката Треска во Кичево – водата буквално е непрепознатлива (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekoloshka-katastrofa-na-rekata-treska-vo-kichevo-vodata-bukvalno-e-neprepoznatliva-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekoloshka-katastrofa-na-rekata-treska-vo-kichevo-vodata-bukvalno-e-neprepoznatliva-foto/#respond Wed, 31 Mar 2021 12:11:13 +0000 https://kurir.mk/?p=490255

Вистинска еколошка катастрофа се случува на реката Треска во Кичево. Ова го потенцираат и рибари кои се сведоци на денешната глетка на реката. Преку социјалните мрежи тие побараа да се преземат мерки за да се спречи уништувањето на природата, особено на водите во кои има животински свет. Од фотографиите кои ни ги испратија наши читатели буквално се гледа дека водата е со нетипична боја и целата е матна. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekoloshka-katastrofa-na-rekata-treska-vo-kichevo-vodata-bukvalno-e-neprepoznatliva-foto/feed/ 0
Трипуновски: 7 сантиметри го делат Охридското езеро од еколошка катастрофа, загрозено е заради Заев и желбата за профит https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-7-santimetri-go-delat-ohridskoto-ezero-od-ekoloshka-katastrofa-zagrozeno-e-zaradi-zaev-i-zelbata-za-profit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-7-santimetri-go-delat-ohridskoto-ezero-od-ekoloshka-katastrofa-zagrozeno-e-zaradi-zaev-i-zelbata-za-profit/#respond Thu, 12 Nov 2020 09:28:11 +0000 https://kurir.mk/?p=428373

Се наоѓаме покрај Охридското езеро, бисерот на Македонија, кој заради расипничката влада и Зоран Заев е пред еколошка катастрофа. Езерото е на само 0.07 метри до нивото на минималната кота, односно до истата има уште 7 сантиметри, изјави денеска за медиумите, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ. - Само уште 7 центиметри го делат Охридското езеро од еколошка катастрофа. До сега езерото изгубило многу вода, а моментално водата е падната за 58 центиметри од максималната кота на езерото. Откако Охрид беше на прагот на да го изгуби статусот на УНЕСКО, сега е на прагот да доживее еколошка катастрофа. Охридското езеро е дом на 17 видови на риба, од кои 10 се ендемски, исто така езерото има голем број на ендемска флора, на која со евентуална еколошка катастрофа и се ризикува нејзиниот опстанок, посочи тој. - Охридското езеро е испразнето како резултат на зголеменото испуштање на вода во реката Црни Дрим се со цел производство на струја во двете хидроцентрали низводно на реката, и сето тоа за да се засити желбата за профит на Зоран Заев.Зоран Заев и СДСМ не сфаќаат дека Охридското езеро е своевидна природна реткост и светско природно наследство која нашата држава за среќа ја има и како такви сме должни да се грижиме за него, како заради нас самите нас, така и заради целиот свет.Се ризикува животната средина, се ризикува туризмот и се ризикува нормалното живеење на сите во регионот. Зоран Заев и владата мора да понесат одговорност за оваа состојба, дециден е Трипуновски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-7-santimetri-go-delat-ohridskoto-ezero-od-ekoloshka-katastrofa-zagrozeno-e-zaradi-zaev-i-zelbata-za-profit/feed/ 0
Нова еколошка катастрофа во северниот дел на Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-ekoloshka-katastrofa-vo-severniot-del-na-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-ekoloshka-katastrofa-vo-severniot-del-na-rusija/#respond Sun, 12 Jul 2020 18:05:17 +0000 https://kurir.mk/?p=374784

Рускиот производител на никел „Норилск никел“ денеска соопшти дека од неговиот цевковод на Арктикот истекле околу 45 тони гориво. Инцидентот се случил кога дошло до пад на притисокот во цевководот за впумпување на гориво во околината на населбата Тухард. „Норилск никел“ наведе дека е затворен цевководот и се собира излеаното гориво, но оти нема опасност по здравјето на луѓето. „Норилск никел“ беше одговорна за инцидентот кон крајот на мај, кога 21.000 тони нафта од електраната протекоа во океанот. Компанијата исто така призна дека исфрлила илјадници тони високо токсичен течен отпад во реките. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-ekoloshka-katastrofa-vo-severniot-del-na-rusija/feed/ 0