еколошка такса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Jul 2021 10:21:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png еколошка такса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Арсовски: СДСМ сака да воведе највисока еколошка такса за горива во Европа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-sdsm-saka-da-vovede-najvisoka-ekoloshka-taksa-za-goriva-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-sdsm-saka-da-vovede-najvisoka-ekoloshka-taksa-za-goriva-vo-evropa/#respond Thu, 01 Jul 2021 10:21:32 +0000 https://kurir.mk/?p=530487

Ја имаме најлицемерната Влада која што воопшто ја имала некоја држава. Наместо да земе еколошка такса од загадувачите кои што реално го загадуваат воздухот, таа зема директно од џебот на обичните граѓани. Зоран Заев и СДСМ сакаат по секоја цена дупките во буџет кои ги направија со криминал, тендери и партиски вработувања да ги покријат и пополнат единствено со пари кои треба да ги дадат граѓаните преку давачките, односно последното преку еколошката такса, изјави на денешната прес конференција, Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека еколошката такса од 4.13 денари за литар е покачување кое значи највисока еколошка такса која би ја плаќале граѓаните, споредено со сите европски земји. - Сите се свесни дека Македонија го има најголемиот буџет во историјата на Република Македонија, а најлоши економски резултати кои што ни ги презентира и носи оваа влада. Дупките во буџет од криминални тендери, СДСМ и Заев ги надополнуваат преку покачувања на еколошка такса за горива на самите горива, цени на струја, даноци и се останато. За сметка на граѓаните, еколошка такса не плаќаат фирмите кои користат петрол кокс, а се 20 пати поголеми загадувачи од граѓаните, односно петрол коксот според експертските анализи е 20 пати поголем загадувач од обичното гориво. Така што граѓаните кои возат со своите автомобили не се толкави загадувачи и ова е само затоа што фирми блиски до Заеви, односно и нивни фирми кои се во нивна сопственост користат петрол кокс за функционирање. Не само еколошка такса, туку им беше укината и акцизата која што чинеше околу 45 до 50 евра по тон уште во 2019 година, појасни Арсовски. Тој вели дека ова е лицемерието на дело кое што го гледаме секојдневно. - За фамилијата на власт да се богати, граѓаните мора секојдневно да даваат такса и да плаќаат повисока такса и да осиромашуваат Затоа, ВМРО-ДПМНЕ на секој можен начин ќе го блокира ова штетно покачување на цените на горивата, додаде Арсовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-sdsm-saka-da-vovede-najvisoka-ekoloshka-taksa-za-goriva-vo-evropa/feed/ 0
Finance T: Еколошката такса претставува еднократно зголемување на цените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/finance-t-ekoloshkata-taksa-pretstavuva-ednokratno-zgolemuvanje-na-cenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/finance-t-ekoloshkata-taksa-pretstavuva-ednokratno-zgolemuvanje-na-cenite/#respond Tue, 29 Jun 2021 15:02:53 +0000 https://kurir.mk/?p=529474

Пораст на цените уште првиот месец од воведување – ќе предизвика еколошката такса за горивата од 3,5 денари или 4,13 денари со вклучен ДДВ, објави Канал 5 телевизија. Ова го покажува анализата на Фајненс тинк. Оттаму велат дека еколошката такса и на краток, но и на долг рок ќе предизвика пораст на цените.. „Воведувањето на еколошка такса со просечни 6,2% од цената на литар гориво, ќе предизвика краткорочен пораст на општото ценовно ниво од 0,15 до 0,3%. Ваков краткорочен пораст ќе се почуствува уште прв месец од воведување на такса и е постојан. Тоа упатува дека долгорочни ефкети може да бидат посилни, каде што порастот на општо ценовно ниво ќе биде од 0,8 до 0,9%.“ изјави Благица Петрески, Фајненс тинк Со цел да се ублажи ударот кој ќе го почуствуваат граѓаните, од Фајненс тинк препорачуваат воведувањето да биде во фази... „Воведувањето на еколошката такса да биде направено во фази, етапно. Прв дел од 1,5 денар во јули сега, второ од 1ден во јануари следна година и трето од 1ден во јули наредна година. На овој начин ценовниот ефект ќе биде разводнет и би се почуствувал многу помалку во однос на еднократното зголемување на еколошката такса.“ истакна Благица Петрески, Фајненс тинк Измените на законот се веќе со Собрание, но се уште не се ставени на дневен ред за гласање, иако најавите се дека ќе почне да се применува од 1ви јули. Она што е познато е дека законот ќе се носи по брза постапка со европско знаменце. За опозициската ВМРО-ДПМНЕ повикувањето на европското законодавство е неосновано и бараат законот да биде повлечен. „Прашувам, што има европско во законот за зголемување на цената на горивата, или т.н. еколошка такса? Според предложениот закон никаде не може да се најде дека истиот е усогласен со европските регулативи, за да имаат право да се повикуваат на европското знаме. Овој кризен данок кој Заев сака да го прикаже како еколошка такса е најскап во Европа. Така македонските граѓани ќе плаќаат 5,7 евроценти за литар гориво поскапо, исто колку што плаќаат во Велика Британија..“ изјави Љупчо Пренџов, пратеник ВМРО-ДПМНЕ Власта пак давачката ја правда со тоа дека ќе придонесе за намалување на загадувањето, но и заштита на животната средина. Со поскапувањето на горивата се очекува на годишно ниво да се собираат по 50 милиони евра и тие пари да се користат за еколошки проекти. Извор: Канал 5]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/finance-t-ekoloshkata-taksa-pretstavuva-ednokratno-zgolemuvanje-na-cenite/feed/ 0
ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Горивата ќе поскапат до 3,5 денари за литар со новата еколошка такса https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-odluchi-gorivata-kje-poskapat-do-3-5-denari-za-litar-so-novata-ekoloshka-taksa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-odluchi-gorivata-kje-poskapat-do-3-5-denari-za-litar-so-novata-ekoloshka-taksa/#respond Wed, 23 Jun 2021 18:06:05 +0000 https://kurir.mk/?p=527202

Владата на Република Македонија на денешната 82 седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на законот за животна средина, со кој се предвидува зголемување на еколошката такса. Како што појаснуваат од прес-службата на Владата, со предложените измени се предвидува зголемување на еколошката такса, односно се предлага зголемување на давачката за увоз на нафтените деривати во земјата за 3,5 денари за моторен бензин со содржина на олово повисока од 0,013 г/л и за авионски бензин, гориво за дизел мотори, екстра лесно масло за горење и масло за горење М1, М2 (мазут), како и зголемување од 3,1 денар за моторниот безоловен бензин со содржина на олово до 0,013г/л како помалку загадувачки нафтен дериват во однос на останатите предвидени деривати. -Основната цел поради која се предлагаат овие измени и дополнувања се доуредување на делот за финансирање во животната средина, доследна примена на начелото „загадувачот плаќа“ и прибирање на потребните средства за преземање на мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина, стои во соопштението од владината прес-служба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-odluchi-gorivata-kje-poskapat-do-3-5-denari-za-litar-so-novata-ekoloshka-taksa/feed/ 0
Владата ќе одлучува за еколошката такса и помал ДДВ за струјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-kje-odluchuva-za-ekoloshkata-taksa-i-pomal-ddv-za-strujata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-kje-odluchuva-za-ekoloshkata-taksa-i-pomal-ddv-za-strujata/#respond Tue, 22 Jun 2021 05:05:53 +0000 https://kurir.mk/?p=526362

Владата денеска на седница треба да ги разгледа и да одлучи за двете законски решенија кои се однесуваат на најавеното намалување на ДДВ на електричната енергија и воведувањето еколошка такса на горивата. Министерот за финансии Фатмир Бесими вчера изјави дека Владата ќе оди со предлогот мерките да важат од 1 јули и со очекување дека дотогаш Собранието ќе успее да ги изгласа. -Владата треба да ги разгледа и да одлучи во однос на двете мерки. Имаме предлог за законот за ДДВ за намалување во транзиторен период, односно да се помогне на домаќинствата кога се прави либерализација на пазарот на електрична енергија. Домаќинствата ќе добијат олеснување во однос на цената на електричаната енергија преку намалување на делот на ДДВ, што е конректна мерка која директно влијае врз буџетот на домаќинствата, рече вчера министерот Бесими одговорајќи на новинарско прашање по потпишување на договорот со ЕИБ за креидтна линија од 100 милиони евра. Прецизира дека Владата не размислува да се повлече, но посочи дека не може да зборува во име на целиот владин кабинет, во смисла кога се носат одлуките на седница на Влада, зашто надлежноста на Министерството за финансии е само ДДВ, додека еколошката такса е во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање. Според предлогот, ДДВ кај електричната енергија за домаќинствата од 1 јули 2021 година треба да се намали од 18 на пет отсто, потоа наредната година да биде на ниво од 10 отсто и третата година да се врати на 18 отсто. Целта е да се помогне на домаќинствата во транзитниот период на либерализација на пазарот на електрична енергија. Додека кај еколошката такса, Бесими посочи на тоа дека се однесува на друг закон што е во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање и дека тоа е за дополнителен износ на она што веќе постои во законското решение со цел да се поддржат зелени проекти, а не како претходно делот на акцизата на горивата. – Сега не се интервенира кај акцизата, каде со последната измена има варијабилен дел кој зависи од цената на горивата на светските берзи. Сега зборуваме за еколошка такса која се регулира со закон од Министерството за животна средина и просторно планирање и тие средства ќе се користат за проекти за обновливи извори на енергија, енегетска ефикасност, како и за зелената агенда. Има разни програми кои се дефинирани во овој дел, има посебен фонд и посебна потпрограми отворена со ребалансот, но и други проекти и програми во рамки на буџетот што се за оваа намена во однос на проекти за подобра животна средина, рече министерот. Мерките се предвидени со ребалансот на Буџетот кој е веќе усвоен од Владата и треба да помине во Собранието. Од еколошката такса се планираат 54 милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-kje-odluchuva-za-ekoloshkata-taksa-i-pomal-ddv-za-strujata/feed/ 0