еколошка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Dec 2022 08:06:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png еколошка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пакистанската провинција Пенџаб воведе еколошка вонредна состојба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistanskata-provincija-pendzab-vovede-ekoloshka-vonredna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistanskata-provincija-pendzab-vovede-ekoloshka-vonredna-sostojba/#respond Wed, 07 Dec 2022 08:06:04 +0000 https://kurir.mk/?p=772090

Пакистанска провинција денеска воведе вонредна еколошка состојба, откако вториот по големина град во земјата беше рангиран како најзагаден град во светот поради опасното ниво на смог. Сите јавни и приватни училишта ќе останат затворени во петок, сабота и недела поради опасното ниво на загадување, се вели во известувањето издадено од владата на Пенџаб. Дополнително, владата размислува за постепено укинување на постарите возила и одредување зони без автомобили во градот. Во меѓувреме, агенцијата за заштита на животната средина запечати и казни стотици индустриски единици што испуштаат чад. Квалитетот на воздухот во источниот град Лахоре е регистриран како 265, што го прави најзагаден град во светот изутринава, според IQAir, глобален тинк-тенк за животна средина. Лахоре го замени Њу Делхи како најзагаден град овој месец. – Сезоната на смог ќе заврши за неколку недели, но нашите тимови работат дење и ноќе за спроведување на законите за животна средина, изјави за ДПА Амир Фарук, официјален претставник за борба против загадувањето во Пенџаб. Од друга страна, еколошкиот активист и адвокат Ахмад Рафај Алам за ДПА рече дека „Владата нема сериозен план за акција“. Пакистанските власти ги обвинуваат индустриските емисии, чадот од печките за тули и возилата, согорувањето на остатоците од земјоделските култури и општиот отпад дека стојат зад загадувањето на воздухот и смогот во Лахоре. Пакистан е одговорен за помалку од 1 процент од глобалните емисии на јаглерод, но е меѓу првите 10 најранливи нации од климатските промени.. Пакистан оваа година доживеа топлотни бранови и разорни поплави, при што загинаа повеќе од 1.700 луѓе, а беа погодени над 33 милиони. Загубите за економијата се проценуваат на 40 милијарди долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistanskata-provincija-pendzab-vovede-ekoloshka-vonredna-sostojba/feed/ 0