економија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 15:47:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png економија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Економијата на САД во третото тримесечје пораснала со најбрзо темпо во изминатите две години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekonomijata-na-sad-vo-tretoto-trimesechje-porasnala-so-najbrzo-tempo-vo-izminatite-dve-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekonomijata-na-sad-vo-tretoto-trimesechje-porasnala-so-najbrzo-tempo-vo-izminatite-dve-godini/#respond Thu, 26 Oct 2023 15:47:02 +0000 https://kurir.mk/?p=893479

И покрај прогнозите за претстоечка рецесија американската економија во третото тримесечје годинава растела со најбрзо темпо во изминатите речиси две години покажувајќи ја својата отпорност. Бруто домашниот производ на САД во третото тримесечја пораснал за 4.9 отсто, соопшти денеска Министерството за трговија на САД. Во второто тримесечја пак економијата пораснала за 2.1 отсто. Аналитичарите очекуваат економската силина на САД да се соочи со предизвици. Зголемените каматните стапки, војните во Украина и на Блискиот исток и можностите од делумна блокада на владата (shutdown) идниот месец, како и продолжителните работнички штрајкови се фактори што можат да предизвикаат економски процепи. Од министерството укажаа дека во текот на летото Американците активно трошеле на такви работи како посета на популарни концерти и филмови во кино. Одржливата потрошувачка се должи на силниот пазар на трудот и заштедите акумулирани по владината помош за време на Ковид-19 пандемијата и одржувањето на минимум на каматни стапки за станбнени кредити. Можеби ќе биде тешко да се одржи растежот. Орочувањето на десетгодишна американска хартија од вредност достигна 5 отсто, за прв пат во 16 години. Тоа влијае на трошоците за заем на станбени кредити, кредитни картички, кредити за коли и бизнис, што може да ја намали изнанедувачки отпорната економија. За да се справи со инфлацијата, Федералните резреви (американската Централна банка) ги подигна каматните стапки до 5.5 отсто во јули, највисоко во 22 години. Инфлацијата се заузда - растот на цените на храната и енергијата пораснала за 2.4 отсто, речиси постигнувајќи ја целта на Фед од 2 отсто. Банката најави дека има планови два пати да ги намали каматните стапки во 2024 година, за стабилизација на берзите и можно засилување на куповната моќ на оние кои сакаат да купат свој дом.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekonomijata-na-sad-vo-tretoto-trimesechje-porasnala-so-najbrzo-tempo-vo-izminatite-dve-godini/feed/ 0
Светска банка: Економскиот раст на Македонија во 2023 година ќе изнесува 2,5 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/svetska-banka-ekonomskiot-rast-na-makedonija-vo-2023-godina-ke-iznesuva-2-5-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/svetska-banka-ekonomskiot-rast-na-makedonija-vo-2023-godina-ke-iznesuva-2-5-otsto/#respond Thu, 05 Oct 2023 12:38:56 +0000 https://kurir.mk/?p=885598

Светска банка предвидува раст од 2,5 отсто во Македонија оваа година, 2,7 отсто во Бугарија, 2,8 отсто во Босна и Херцеговина, 2,5 отсто во Хрватска и 3,2 отсто во Црна Гора, покажува најновиот есенски извештај за економските перспективи во регионот на Европа и Централна Азија. Најголем раст меѓу соседните земји се предвидува за Романија – 3,7 отсто. Светска банка предвидува дека растот во Европа и Централна Азија ќе остане послаб од долгорочниот просек пред пандемијата. Проценката за економскиот раст на овој макрорегион е зголемена во октомври на 2,4 отсто, од 1,4 отсто во јуни. Во него за Западен Балкан се проценува раст од 2,5 проценти во оваа година, а подоцна забрзување до 3,3 проценти во 2024 и 2025 година. Ова е благо надолна ревизија од 0,1 процентен поен во однос на јунската проекција. Објави порталот Данас. -Поклопувачките шокови кои произлегуваат од рускиот напад врз Украина, кризата со трошоците за живот и климатските ризици создаваат огромни предизвици за Европа и Централна Азија. Ќе биде потребен нов пристап за овие земји да го оживеат растот на продуктивноста, да постигнат подобри економски и социјални исходи, да ја подобрат отпорноста и да ги забрзаат напорите за декарбонизација на економијата – рече Антонела Басани, потпретседател на Светска банка за Европа и Централна Азија. Инаку, глобалниот економски раст во петгодишниот период од 2020 до 2024 година е најнизок во последните три децении, оцени Светска банка во извештајот. Тие наведуваат дека инвазијата на Руската Федерација во Украина, порестриктивните глобални услови за финансирање, постојаната инфлација и глобалната економска фрагментација продолжуваат негативно да влијаат на овој регион. Исто така, забавниот глобален раст е под влијание на послабото закрепнување во Кина и наглото забавување во еврозоната. -Истовремените зголемувања на референтните каматни стапки во напредните економии и земјите во развој доведоа до повисоки приноси и распон на обврзниците, го отежнаа пристапот до пазарите и ја намалија достапноста на кредити“, се вели во извештајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/svetska-banka-ekonomskiot-rast-na-makedonija-vo-2023-godina-ke-iznesuva-2-5-otsto/feed/ 0
Закрепнувањето на германската економија е тешко, вели централната банка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zakrepnuvaneto-na-germanskata-ekonomija-e-teshko-veli-tsentralnata-banka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zakrepnuvaneto-na-germanskata-ekonomija-e-teshko-veli-tsentralnata-banka/#respond Fri, 16 Jun 2023 11:42:04 +0000 https://kurir.mk/?p=846529

Германската економија тешко закрепнува од кризите во изминатите три години, предупреди германската централна банка Bundesbank, прогнозирајќи благ пад на активностите годинава и намалувајќи ја процената за раст во следната 2024 гоина поради повисоките каметни стапки и послабата конкурентност. „Германското стопанство тешко ќе закрепне од кризата од претходните три години. Сѐ уште ги чувствува последиците од високата инфлација, иако барем тој притисок слабее“, објави централната банка во соопштението од четвртокот. Во банката не очекуваат дека економските активности во годинава незначително ќе се намали, и тоа за 0,3 отсто, поблаго отколку што проценија во декември благодарејќи на пониските цени на енергијата. Во 2024-та економијата би требало да порасне за 1,2 отсто и за 1,3 отсто во 2025 година. „Растот во 2024-та и во 2025-та ќе биде послаб отколку што се очекуваше пред половина година поради повисоките каматни стапки и намалената конкурентност“, се наведува во извештајот. Инфлацијата мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), кој се користи за споредба меѓу земјите членки на Европската унија би требало оваа година да изнесува 6,0 отсто и ќе биде значитело пониска отколку што во централната банка на Германија прогнозираа во декември. Чувствително е намалена и процената за 2024-та, на 3,1 отсто. „Решителните мерки на монетарната политика се важни за сузбивање на економските и општествените ризици од долготрајната инфлација“, вели претседателот на Bundesbank, Јоаким Нагел. Челниците на Bundesbank заговараат строга монетарна политика, и покрај длабоката криза во германската индустрија. Иако цените на енергијата во меѓувремето паднаа, базичната инфлација и натаму е висока, истакнува германскиот гувернер, алудирајќи на стапката на инфлација којашто не ги вклучува цените на храната и на енергијата. Високата инфлација би можела да биде вкоренета, доколку платите и профитите растат уште посилно, предупредува Нагел. Европската централна банка (ЕЦБ – ECB) предупреди во четвртокот дека добивките на компаниите и повисоките плати, делумно поради еднократите поддршки во кризниот период, се сѐ поважни извори на инфлацијата во еврозоната, со последици од поскапувањето на енергијата во претходниот период и засилената побарувачка по пандемијата на коронавирусот, особено во секторот услуги.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zakrepnuvaneto-na-germanskata-ekonomija-e-teshko-veli-tsentralnata-banka/feed/ 0
Македонската економија годинава со раст од два отсто, следната три проценти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonskata-ekonomija-godinava-so-rast-od-dva-otsto-slednata-tri-protsenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonskata-ekonomija-godinava-so-rast-od-dva-otsto-slednata-tri-protsenti/#respond Tue, 16 May 2023 07:47:16 +0000 https://kurir.mk/?p=834641

Северна Македонија годинава ќе има раст на БДП од два отсто, а во нардната од три проценти, се наведува во најновата прогноза на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за регионалните економски перспективи. Целиот регион на Западен Балкан во 2023 ќе забележи раст од 2,2, а догодина од 3,4 отсто. Албанската економија годинава ќе има раст од 2,5, а следната 3,3 проценти, Босна и Херцеговина (2,0% и 3,0%), Косово (3,5% и 4,0%), Црна Гора (3,3% и 3,7%), и Србија (2,2% и 3,4%) ЕБОР во извештајот наведува дека на економските перспективи на Западен Балкан годинава ќе влијаат инфлаторните притисоци и послабите изгледи на напредните економии во Европа, со попозитивни прогнози за 2024 година кога се очекува економскиот раст да се зголеми на 3,4 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonskata-ekonomija-godinava-so-rast-od-dva-otsto-slednata-tri-protsenti/feed/ 0
Македонски психолог: Живееме во тешки времиња обременети со економска криза и изместени вредности! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-psiholog-zhiveeme-vo-teshki-vremina-obremeneti-so-ekonomska-kriza-i-izmesteni-vrednosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-psiholog-zhiveeme-vo-teshki-vremina-obremeneti-so-ekonomska-kriza-i-izmesteni-vrednosti/#respond Sun, 19 Mar 2023 12:18:38 +0000 https://kurir.mk/?p=813733

Околу 50 отсто од проблемите и прашањата во психолошката ординација се за новите стресови, констатира клиничкиот психолог од прилепската болница Јован Велески. Живееме во тешки постковид времиња обременети со економска криза и изместени вредности. Се наметнува не само депресивност кај единката, граѓанинот, туку и на целото општество што се нарекува Eномија. Според Велески, новите генерации имаат помала можност за адаптација. Се појавуваат нови феномени на менталното здравје. Половина од прашањата на граѓаните кои бараат психолошка помош се за новите стресови. - Три децении имавме пролонгиран период на транзиција, но еден од поголемите стресови е пандемијата и на сите тие промени кои следеа со неа – вакцинации, нови системи на живеење, нови системи на комуникација, на учење. Сето тоа доведе до нови правила на живот, кои пак, диктираат нова адаптација. Општиот адаптациски синдром кај луѓето се појавува токму тогаш за да може човекот како единка да преживее, да се снајде во тие текови. Моментално, можам да кажам дека се појавуваат некои нови феномени на промена на менталното здравје, зашто отпорноста на стресови, кај новите генерации е изменета, вели психологот Велески. Велески посочува на неодамнешна објавена студија во која зет-генерацијата, а таа е генерација родени од 1995 до 2000 година, има поинакви сфаќања на животот, со помала способност за адаптација и со помала способност да ги решава практичните животни проблеми. Тоа значи дека повеќе се структурира егото на секоја единка. -Вредностите на нашето општество се обезличија. Дојдоа на некое друго ниво каде реалните квалитети – моралност, чесност, прифаќање на одговорност, веќе немаат значење, зашто луѓето кои се успешни во ова општество ги немаат тие квалитети и младите од таа „зет-генерација“, бараат начин како да се вклопат во овој систем за да успеат. Амбициозните интелектуалци си заминуваат од државава, оние вредните кој сакаат друг систем. Оние кои сакаат да останат, имаат друг проблем, а тоа е-како да се носат со луѓето кои имаат сè понеодговорни, помали квалитети, а сакаат да бидат на повисоки позиции и да уживаат поголем бенефит. Во глобала, карактеристиките на оваа генерација е што не сакаат многу комуникации, не сакаат многу брачни обврски и одговорност при релации и врски. Сакаат да работат, претежно од дома, ритамот на спиење им е нарушен и изменет. Кога би излегле во средината каде има поголема динамика на движење и активности, се наоѓаат под стрес или не знаат како да реагираат. Главно, такви проблеми се појавуваат во ординацијата. Околу 50 насто во прашање се новите стресови, додека пак, другото се последици од стресовите од транзицијата. Моменталната состојба со медицинската психологија и со менталното здравје во Прилеп е оваа која бара сосема поинаков пристап и поинаква ориентација за да се одговори на потребите на граѓаните, заклучува клиничкиот психолог Јован Велески. Еномијата или своевидната депресивна состојба на целото општество има свои причини. Напуштањето на реалните вредности, но и големата партизација на општеството. - Забележлива е една еномија. Кога општеството има исти механизми на реакции како и секоја единка, оти и општеството запаѓа во депресија, тоа е еномија. Би рекле колективна депресија. Постои едно старо еврејско правило кое вели: „Ако не сум подобар, ќе бидам полош“. Тоа значи дека ние секој ден треба да напредуваме до одреден степен, да ја зајакнуваме нашата структура на личноста, своите сигурност, одговорност, вредност, физичка кондиција. Ако не успееме тоа да го направиме, тогаш одиме во друга насока. Во тој склоп е и материјалниот дел, како економските, егзистенцијалните потреби. Но, како дојдовме, како општество до ова ниво, во колективна еномија и дали нарушениот систем на вредности е главниот причинител? Тие се законитости на социјалната патологија. Секое општество се задушува во своите сопствени приоритети. Не е само нашето општество. Па и овој модернистички концепт на живеење, поради недостатокот од адекватен баланс, не може да дојде до израз. Во прашање е секаде во светот. Луѓето веќе живеат во некои други димензии, поинакви од оние кои ние ги знаеме од порано. Подалеку е од природата, од нативната структура. Се живее во свет кој дава поголема илузија, смета клиничкиот психолог Велески. Велески уверува дека не е песимист, но многу треба општеството да излезе од еномија, да понуди сигурност на секој поединец. - Не верувам дека за брзо ќе се реши овој проблем. Барем нашево општество ги нема капацитетите. Проблемот може да се реши ако има некаква свест. Ниту, на пример, Шведска веднаш може да се носи со проблемите на новото време. А кај нас, проблемите се од банална природа. Не сум песимист, меѓутоа моменталната ситуација бара поголема општествена акција на структури кои нема да подразбираат лоби групи, особено не маргиналните лоби групи. Треба да подразбираат лоби групи кои се квалитетни кои ќе понудат реални вредности. А за тоа треба многу време, смета Јован Велески, клинички психолог при прилепската болница. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-psiholog-zhiveeme-vo-teshki-vremina-obremeneti-so-ekonomska-kriza-i-izmesteni-vrednosti/feed/ 0
Американската економија забави на крајот на 2022 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/amerikanskata-ekonomija-zabavi-na-krajot-na-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/amerikanskata-ekonomija-zabavi-na-krajot-na-2022-godina/#respond Fri, 27 Jan 2023 14:43:33 +0000 https://kurir.mk/?p=792916

Растот на американската економија забави во четвртиот квартал од 2022 година, под притисок на зголемените каматни стапки што ја кочница на потрошувачката и забавување на извозот, се вели во првата проценка на Министерството за трговија. Во периодот од октомври до декември, реалниот бруто домашен производ (БДП) е зголемен за еден процент во однос на истиот период од претходната година, по растот од 1,9 отсто во периодот од јули до септември, пренесува Хина. Стапката на раст е најниска од пандемијата во 2020 година. На квартално ниво, активноста во последните три месеци од минатата година е зголемена за 0,7 отсто, речиси со исто темпо како и во периодот од јули до септември. Годишната стапка, која заедно со САД ја користат само Јапонија и Канада, и покажува колку економијата би пораснала или паднала пред 12 месеци доколку растеше или паднеше во секој квартал како и во последните три месеци, беше 2,9 отсто во четвртиот квартал. Во третиот квартал, годишната стапка забележа раст на активноста од 3,2 отсто. Последниот квартал од минатата година беше одбележан со поумерена инфлација, ниска невработеност, континуирана неизвесност во синџирите на снабдување и зголемување на каматните стапки. Го нагласуваат и послабиот раст на извозот и државната и личната потрошувачка и инвестициите во основни средства. Извозот во последните три месеци од минатата година пораснал за 5,3 отсто во однос на истиот период во 2021 година, што е за половина повеќе од претходниот квартал, покажува извештајот. Граѓанската потрошувачка, одговорна за повеќе од две третини од активноста, е главен двигател на растот, со зголемување од 1,9 отсто, по 2,2 отсто раст во третиот квартал, пресмета Министерството за трговија, истакнувајќи ја отпорноста на пазарот на труд и акумулираните заштеди во пандемијата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/amerikanskata-ekonomija-zabavi-na-krajot-na-2022-godina/feed/ 0
Американската економија е во техничка рецесија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-ekonomija-e-vo-tehnichka-recesija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-ekonomija-e-vo-tehnichka-recesija/#respond Thu, 28 Jul 2022 15:51:53 +0000 https://kurir.mk/?p=711474

Американската економија падна за 0,9 отсто во вториот квартал од годинава, забележувајќи пад во втор по ред квартал, што е силен сигнал за рецесија. Американскиот реален бруто домашен производ (БДП) во периодот од април до крајот на јуни се намали со годишна стапка од 0,9 отсто, се вели во извештајот на Министерството за трговија во Вашингтон. Во првиот квартал од 2022 година, најголемата светска економија се намали за 1,6 отсто по годишна стапка. Со неочекуваниот пад на БДП-то втор квартал по ред, најновите податоци сигнализираат дека американската економија е во техничка рецесија. Имено, економистите очекуваа раст на БДП од 0,5 отсто. Во извештајот на Министерството за трговија понатаму се забележува дека падот се јавува во контекст на континуирана инфлација, ниска невработеност, континуирани предизвици во синџирите на снабдување и зголемување на клучните каматни стапки. Годишната стапка, која покрај САД, ја користат само Јапонија и Канада, ја покажува стапката со која БДП би опаѓал за една година (4 квартали) доколку падне во секој квартал со истата стапка со која паѓал во претходниот квартал во однос на претходните три месеци. Во однос на првиот квартал, американскиот БДП падна во вториот квартал за 0,2 отсто, покажуваат првите проценки на Министерството. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-ekonomija-e-vo-tehnichka-recesija/feed/ 0
Пејковски: Ако власта не преземе соодветни мерки инфлациониот балон ќе пукне, македонската економија се движи кон бездна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pejkovski-ako-vlasta-ne-prezeme-soodvetni-merki-inflacioniot-balon-kje-pukne-makedonskata-ekonomija-se-dvizi-kon-bezdna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pejkovski-ako-vlasta-ne-prezeme-soodvetni-merki-inflacioniot-balon-kje-pukne-makedonskata-ekonomija-se-dvizi-kon-bezdna/#respond Mon, 06 Jun 2022 07:43:53 +0000 https://kurir.mk/?p=687109

Во државата настанаа одредени процеси кои влијаат на инфлацијата. А, инфлацијата може да биде различна, може да биде умерена, слаба, ниска, висока, хиперинфлација итн. Во Македонија имало различни видови на инфлации. Треба да се внимава многу во економијата, главен и одговорен фактор во државата за стабилноста на цените е централната банка во секоја држава. И од таму водењето на монетарната политика претставува дефинирање на растот на цените на почетокот на годината и усогласување на тој раст со растот на Буџетот. Значи постои еден микс на фискална и на монетарна политика кој што треба да биде усогласен“, појасни д-р. Јован Пејковски, професор по економски науки во гостување во утринска емисија на радио „Лидер“. Тој се осврна и на моменталната економска ситуација во Македонија при што укажа дека влијаат повеќе елемент и фактори. Големо влијание врз македонската економија имаше и пандемијата КОВИД-19, таа бараше зголемени финансии од страна на државата за да се стабилизираат сите тие текови и да се импактира средства кои што ќе значат запирање на неповолни трендови како што беше затворање на претпријатија, барање на лек итн. Она што се случи во Украина со Русија е пореметување на светскиот пазар и придонесе да се почувствува влијанието и до Македонија. -Македонија е увозно зависна држава во која што поголемиот дел од суровини и енергија во најголем дел се увезуваат. И од таму прашањето е како таа глобална инфлација, глобално влијание да се амортизира? Но, мора да се додаде дека домашната инфлација и домашното работење настанува на база на инфлациони очекувања. Секоја од компаниите кога ќе слушне дека утре ќе се зголеми цената на нафтата, на горивата, на струјата, на лековите си ги антиципира тие проценти на пораст и ги вградува во цените на своите производи. И така почнува да се зголемува тој инфлационен балон кој што расте, и во еден момент станува надвор од контрола и пука, а со самото тоа пореметувањата стануваат многу големи кои можат до доведат до нарушување на уште поголеми текови, рече Пејковски. Пејковски посочи дека ако власта не преземе соодветни мерки за ублажување на инфлацијата и стабилизирање на економската состојба може и Македонија да дојде до таа ситуација кога инфлациониот балон ќе пукне. -Ако не се преземат соодветни мерки, сериозни зафати вклучувајќи и некакви антиинфлациони мерки, стабилизациона програма, мерки кои што ќе значат ограничување на одредени непотребни трошења, одиме во насока на една бездна, нагласи Пејковски. Пејковски додаде дека оваа влада премногу се насочи кон непродуктивни трошоци наместо кон продуктивни трошоци. -Кај нас се случи тоа, секоја година кога имаше проценки за буџет, за раст на економија, на БДП, се кратеа инвестиции, односно капиталните вложувања, и сето тоа значи ограничување на растот на економијата, рече Пејковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pejkovski-ako-vlasta-ne-prezeme-soodvetni-merki-inflacioniot-balon-kje-pukne-makedonskata-ekonomija-se-dvizi-kon-bezdna/feed/ 0
Лазаров за ТВ 24: Владата нерационално прави преструктуирање во економијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lazarov-za-tv-24-vladata-neracionalno-pravi-prestruktuiranje-vo-ekonomijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lazarov-za-tv-24-vladata-neracionalno-pravi-prestruktuiranje-vo-ekonomijata/#respond Mon, 23 May 2022 19:17:50 +0000 https://kurir.mk/?p=680722

Универзитетскиот професор Дарко Лазаров во емисијата 24 анализа потенцираше дека ребалансот на буџетот се прави многу рано и најчесто се прават во септември. Владата мора да реагира на состојбите во кои се наоѓа. -Се оди на зголемување на буџетските расходи. Буџетскиот дефицит би бил 700 милиони евра и загрижувачки е што од една страна се зголемуваат вкупните расходи  во буџетот за 260 милиони евра, а од друга страна капиталните расходи се намалуваат за 100 милиони евра што знали дека владата нерационално прави преструктуирање во економијата зошто крати од капиталните расходи кои може да ја поттикнат економијата, рече Лазаров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lazarov-za-tv-24-vladata-neracionalno-pravi-prestruktuiranje-vo-ekonomijata/feed/ 0
Дунстери https://arhiva.kurir.mk/kolumni/dunsteri/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/dunsteri/#respond Sat, 12 Mar 2022 09:01:23 +0000 https://kurir.mk/?p=645881

Оној кој работи нешто што не го знае. Незнајко. Ова е најкусиот опис на зборот ДУНСТЕР. Еден единствен збор, најкус можен опис кој толку добро и пластично го доловува ликот и неделото на владата на престолонаследникот Ковачевски. Само, што во нашиот уникатен случај зборуваме за множина. ДУНСТЕРИ. Цела чета незнајковци... И така дунстерската влада на СДССССС веќе петта година работи нешто што не го знае, нешто од што нема поим. Абер да се немало од владеење со држава, а толку да се сакало истото. Парадокс стар исто колку и СДССССС. А кога најдобро се гледа колкави ДУНСТЕРИ се дечките со огромната желба и нула капацитет? Во криза. На страна што толку добро им прилега. Ќе речете: Кој знае колку и кому толку сме згрешиле, па во една ваква безбедносна, економска и зравствена криза да не водат дунстери ко оној во Зоче возљубениот Таче, Славјанка, Буки, Љупче Путер, Артан Нежни и компанија? Кој од кој, нели?  И што ги оддржува да бидат таму каде што не треба? Единствениот квалитатив што го поседуваат, а не е и баш за фалење како таков. Се вика послушност. Слушаат како „навиени“ што вели народот. Нарачателот уште не ни помислил, а тие веќе исполниле. „Оком-скоком“, вели северниот сосед на насила северизираната Македонија... Послушни се, ама никако да го послушаат својот народ. И не чудете се што мува не ги лази околу драконското, забегано зголемување на цената на горивата и се’ живо. Северџаните ниту имаат иста состојба на умот, нити на џебот. Доколку не се функционери, за горивото да се точи од народни пари, тогаш лапкаат  тендерчиња и компензираат, па пак не го „осеќаат“. Башка оперирани од чувства, срам, достоинство, гордост и национална чест, се’ е супер во светот на понизните фотелјаши, парадоксално толку агресивни и арогантни дома, а така сервилни и послушни надвор... Верувам, кога би им рекле дека народот нема за дизел, бензин и плин, дека би одговориле во стилот на Марија Антоанета: -Па нека возат електрични автомобили! Иако, поверојатно ќе се возат во автобус, уште поверојатно на велосипед. Пешки... Сепак, таксиратот не е само поради нивната тотална и апсолутна неспособност. Дури и за едно обично танго треба минимум двајца, а за ова што нам ни се случува многу, многу повеќемина. И до нас ќе да е. Чеда стокмени со Стокхолмски синдром. Трпе, Трајче, Мирко... Замислете, една Албанија ја субвенвионираше цената на струјата. Таму сметките се исти. Арно ама, и покрај тоа Албанците се дигнаа на бунт поради горивата и продуктите. Кај нас Таче ниту субвенционира ниту има на ум некогаш да го направи тоа. Прави ступидни финти ко оние со горивото и продуктите – дигни ги до небо, па во меѓувреме „донеси“ демек мерки за да ги симнеш мининално. Демек економските дунстери нешто работат, Потемкиново село. А опозиција и експертска јавност со месеци те предупредува дека треба нешто да сториш. Исто ко со струјата. Прикаската со дизелот -од 70 на 94, па муљај дека си донел мерки и „симни“ го на 88 денари. И сега? Журка да правиме ли, блех оркестар да викнеме? Да престанеме да се лажеме. Не очекувајте овие Марии Антоанети да ги загрижува поскапувањето, ни цената на електрична енергија да го интересира човекот кој има фабрика за „струја“ од фотоволтаици (Таче), кој доаѓа од партија финансирана од „струја“ тајкунот кој има 90% од приватната енергија (Коче) и чиј вистински лидер на синчето 18-годишно му отвори „ваврика“ за струја (Зоче). Во целата ситуација, единствено добро е што не возиме на марихуана. Тек тогаш што ќе беше...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/dunsteri/feed/ 0