економист – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Jan 2023 09:52:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png економист – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Одмерени и внимателно дозирани државни интервенции во економијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odmereni-i-vnimatelno-dozirani-drzhavni-interventsii-vo-ekonomijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odmereni-i-vnimatelno-dozirani-drzhavni-interventsii-vo-ekonomijata/#respond Mon, 23 Jan 2023 09:52:25 +0000 https://kurir.mk/?p=790575

Слободната трговија се соочува со проблеми какви што веќе се видени во историјата, а тврдите интервенции на државата можат повеќе да засметаат отколку да помогнат, пишува „Економист“, не отфрлајќи го државниот интервенционизам, но повикувајќи на умереност и меѓународна координација на јавните интервенции во економијата. „Слободната трговија е на умирање“, изјави основачот на тајванската компанија за производство на полупроводници (TSMC), Морис Чанг, на прославата по повод изградбата на фабрика во Аризона. Неговата забелешка е една во низата од таков тип последно време, а уште летото тој ги нарече „залудни“ американските напори за враќање на производството на чипови во САД. Се до неодамна владите на побогатите земји генерално го споделуваа неговото мислење, но загриженоста за безбедноста на синџирите на снабдување поттикнува експериментирање со државниот интервенционизам. Индустриската политика е стара приближно колку и самата индустрија. Првиот министер за финансии на Америка, Александар Хамилтон, се залагаше за заштита на индустриите во неговата земја, изјавувајќи дека аргументите на Адам Смит во корист на слободната трговија се „теоретски вистинити“, но „практично лажни“. Америка, Франција и Германија се индустријализираа заштитени со царински бариери. По Втората светска војна, десетици влади се обидоа да помогнат во индустријализацијата во земји како Јапонија и Јужна Кореја. Денешната индустриска политика е од сосема нов вид и ја следат технолошки развиените земји во опкружувањето на сложени глобални синџири на снабдување. Неодамнешните интервенции главно се засноваат на аргументи за „доенчињата-индустрија“. Станува збор за нови индустрии кои доживуваат потешкотии во раните фази или се целосно неспособни да се натпреваруваат со воспоставените конкуренти во странство. Идејата е дека ако државата го коригира почетниот неуспех на пазарот, новата индустрија на крајот би можела сама да напредува. Во секој случај, државната поддршка или привремената заштита од странски конкуренти, или и двете, може да создаде доволно простор и време за развој на индустријата. Сепак, не е лесно да се утврди дали овие теории се практично или само теоретски вистинити. Индустриската политика никогаш не се спроведува изолирано, што значи дека често е тешко да се изолираат нејзините ефекти. Меѓутоа, преку внимателна работа и набљудување, се сугерира дека „политиката на доенчињата“ може да функционира во реалниот свет. Како пример „Економист“ ги наведува 1970-тите кога Америка беше доминантен извозник на компјутерски чипови. Јапонската влада инвестираше многу во истражување на полупроводници, помагајќи им на јапонските производители на чипови и туркајќи ги Американците од пазарот. Професорот по меѓународна економија, Ричард Болдвин од Институтот за постдипломски студии во Женева, и професорот по економија на Центарот за постдипломски студии на Градскиот универзитет во Њујорк, Пол Кругман, објавија труд во кој се наведува дека тие политики поддржуваат акумулација на експертиза, без која јапонските компании никогаш не би можеле да успеат на извозниот пазар. Неодамнешната студија на професорката по економија на Универзитетот Харвард, Мирт Калупциди, покажува дека кинеските субвенции за бродоградилиштата меѓу 2006 и 2012 година се една од главните причини за промената во глобалната бродоградба, со Јапонија како најголем губитник. Други истражувања откриваат повеќе случаи кога интервенциите им помогнале на индустриите да обезбедат пазарна основа. Сепак, потребна е голема претпазливост бидејќи интервенциите често ги зголемуваат трошоците и со тоа на крајот им штетат на потрошувачите. Бидејќи аутпутот на една индустрија често е влез на друга, помагањето на производителите може да предизвика проблеми низ синџирот на снабдување. Прегледувајќи ги напорите за зајакнување на челичната индустрија во 21 земја, професорот по општествени науки на Одделот за економија на Универзитетот во Орегон, Брус Блониген, откри дека таквите интервенции нагло ја намалуваат извозната конкурентност на рафинериите, трговијата и дистрибуцијата во бизнисот со нафта и гас. Студијата за инвестициските фондови на Европската унија за посиромашните региони покажа дека тие ги зголемуваат инвестициите и приходите, но само таму каде што има силни институции и образовани работници. Оттаму, недоволно приспособена и софистицирана протекционистичка политика може да ја влоши ситуацијата за сите учесници, што може да се покаже како особено нагласен проблем кај произведството софистицирани стоки преку прекугранични синџири на снабдување. Ако нема координираност меѓу пријателските земји, тие би можеле да завршат со финансирање на дупликат-фабрики или индустрии без пристап до увезените компоненти што се неопходни за конкурентност на пазарот, пишува „Економист“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odmereni-i-vnimatelno-dozirani-drzhavni-interventsii-vo-ekonomijata/feed/ 0
Економист: ЕУ не треба да се откаже од проширување кон Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekonomist-eu-ne-treba-da-se-otkaze-od-proshiruvanje-kon-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekonomist-eu-ne-treba-da-se-otkaze-od-proshiruvanje-kon-zapaden-balkan/#respond Fri, 08 Oct 2021 13:38:38 +0000 https://kurir.mk/?p=575497

Британскиот неделен весник Економист денеска објави дека Европска Унија не треба да се откаже од проширување кон Западен Балкан, бидејќи не може да си дозволи да го изгуби регионот. – Отворено зборувајќи, проширувањето на ЕУ е мртво. Владите ширум Западен Балкан се повредени. ЕУ сака да биде глобална сила, но е во опасност да ја загуби контролата врз сопствениот двор, наведува Економист. Британскиот неделник наведува дека Западен Балкан е тест за надворешнополитичката способност на ЕУ и оти Унијата треба да почне со заживување на политиката за проширување. – Кохерентна заедничка политика за Северна Македонија, Албанија и нивните соседи би требало да биде едноставна, во споредба со потешките избори, со кои се соочува ЕУ. Во моментов, политиката на ЕУ кон Кина ја дефинира таа земја како партнер, конкурент и ривал. На крајот, ќе треба да избере. Затоа ЕУ треба да започне со полесни избори. Ако ЕУ сака да биде глобална сила, прво мора да стане локална, истакнува Економист. Според весникот реалистична перспектива за влез во ЕУ е главната алатка на Брисел во односите со соседите, но „во овој момент, сите страни знаат дека тоа е фантазија“. – Тоа е проблемот. Ако исчезнат стимулациите за добро однесување (на кандидатот за членство), тогаш нема дестимулација за лошо однесување. Изливите на гнев на Западен Балкан сега се вообичаени, знаејќи дека малку може да се загуби. Тие кои немаат што да изгубат имаат најмалку страв. Во земјите од Западен Балкан се почесто се случуваат проклети глупости, се наведува во текстот на Економист. Весникот истакнува дека американските дипломати „ги потсетуваат своите европски колеги оти животот би им бил полесен ако Западен Балкан биде цврсто во европскиот шатор, а не надвор од него, каде други држави нудат засолниште“. – Црна Гора веќе има проблеми со кинески заем од една милијарда долари. Србија стана вешт дипломат, прифаќа вакцини од сите страни и ги дистрибуира до соседите. Францускиот претседател Емануел Макрон ја гледа Босна како извор на исламистичка нестабилност. Накратко, тоа е регион чија загуба ЕУ не може да си ја дозволи, се посочува во текстот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekonomist-eu-ne-treba-da-se-otkaze-od-proshiruvanje-kon-zapaden-balkan/feed/ 0
ПОРАЗИТЕЛНА СТАТИСТИКА: „Економист“ ја смести Македонија во врвот на светот по починати од коронавирус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/porazitelna-statistika-ekonomist-ja-smesti-makedonija-vo-vrvot-na-svetot-po-pochinati-od-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/porazitelna-statistika-ekonomist-ja-smesti-makedonija-vo-vrvot-na-svetot-po-pochinati-od-koronavirus/#respond Mon, 13 Sep 2021 20:01:39 +0000 https://kurir.mk/?p=563262

Македонија е во самиот светски врв не само според официјалниот број на ковид-жртви, туку и според одвишната смртност, која ги опфаќа и починатите во домашни услови кои никогаш не биле тестирани на ковид, според рангирањето на угледниот економски неделник „Економист“. Професорот по теоретска механика, Дејан Трајковски, кој ги сподели податоците на Фејсбук, вели оти е важно да се истакне дека македонските бројки кои се земени предвид во анализата на „Економист“ се заклучно со 30.06.2021, пред почетокот на летниот бран, предизвикан од делта-сојот на вирусот. Македонија е на третото место на листата на „Економист“, веднаш по Перу и Бугарија. „Во меѓувреме, бројот на починати кај нас прилично се зголеми, додека во Бугарија стагнираше, па најверојатно по завршувањето на третиот квартал ќе се најдеме на второто место. Ни Перу не е далеку, бидејќи тие веќе излегоа од зимата, а кај нас таа допрва доаѓа. Пресметките се направени со официјалниот број на жители на државата од 2,08 милиони жители. Доколку сметаме со 1,7 милиони жители, одвишната смртност кај нас изнесува 615 починати на 100.000 жители, што е повеќе дури и од Перу, односно уште со јунските податоци сме биле први на светот“, вели Трајковски. „Одвишната смртност претставува збирен индикатор на сите наши неуспеси, што многу реално покажува колку лошо сме поминале во досегашниот тек на пандемијата“, заклучува професорот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/porazitelna-statistika-ekonomist-ja-smesti-makedonija-vo-vrvot-na-svetot-po-pochinati-od-koronavirus/feed/ 0
Заев и Филипче покажаа неспособност да ги заштитат граѓаните: Се фалат дека добро се справиле, а во Македонија има „прекумерна смртност” од коронавирус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-filipche-pokazaa-nesposobnost-da-gi-zashtitat-gragjanite-se-falat-deka-dobro-se-spravile-a-vo-makedonija-ima-prekumerna-smrtnost-od-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-filipche-pokazaa-nesposobnost-da-gi-zashtitat-gragjanite-se-falat-deka-dobro-se-spravile-a-vo-makedonija-ima-prekumerna-smrtnost-od-koronavirus/#respond Fri, 19 Mar 2021 11:46:46 +0000 https://kurir.mk/?p=484728

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во Македонија, заклучно со влера, од почетокот на епидемијата изнесува 116.438, бројката на оздравени пациенти е 99.126, на починати е 3.403, а бројот на активни случаи изнесува 13.909. Болниците се полни, бројот на жртви и новозаразени алармантно расте, а надлежните упорно тврдат дека добро се справиле со состојбата. Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, со месеци покажуваат дека не се способни да донесат вакцини и да го заштитат македонските граѓани. Народот, оправдано, живее во страв бидејќи здравствениот систем ни е во целосен колапс. Заев и Филипче од почетокот на пандемијата, цела година, не успеаја да превземат мерки кои ќе имаат ефект. Во период кога имаме над 1000 заразени на дневна основа и голем број починати, тие велат дека резултати ќе даде мерката полициски час која почнува од 22 часот. Премиерот и министерот се фалат меѓусебно дека добро се справуваат, а фактите ги побиваат нивните тврдења. Еден голем “шамар на реалноста“ пристигна и од „Економист“. Република Македонија е на третото место по „прекумерна смртност“ на 100 илјади жители затоа што во статистиката на починати од ковид-19 до крајот на 2020 година се регистрирани 2.490 луѓе, но бројот на починати е всушност 5.690 за периодот од 1 април до 31 декември 2020 година, објави британското списание „Економист“, пренесе Слободен печат. Според анализата на „Економист“, во овој временски период од ковид-19 починале 2.490 луѓе во земјава, но имало вкупно 5.690 смртни случаи, за кои не може да се каже од што настанале. Пред нас се Перу и Русија, а по нас Бугарија, Литванија, Мексико, Србија, Еквадор и Молдавија. Според „Економист“, бројот на починати како резултат на пандемијата со коронавирусот може да е уште поголем од официјалните статистики што здравствените власти секојдневно ги објавуваат и тоа благодарение на неколку причини. Прво, официјалните бројки не ги вклучуваат тие што починале, а пред смртта немале позитивен тест на ковид. Во земјите каде што има мал број тестирања или недостиг на тестови, ова може значајно да влијае врз статистиката, односно да послужи како начин на кој ненамерно се „кријат“ починатите од ковид-19. И второ, пандемијата им ги врза рацете на лекарите да третираат други здравствени состојби и ги обесхрабри луѓето да одат во болница и да бараат помош за други болести, што индиректно може да предизвика раст на смртноста од други болести. Ако се земе бројот на починати во некое место од која било причина во одреден период, па се спореди со истиот период од други години,  ќе се добие нешто што се вика „прекумерна смртност“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-filipche-pokazaa-nesposobnost-da-gi-zashtitat-gragjanite-se-falat-deka-dobro-se-spravile-a-vo-makedonija-ima-prekumerna-smrtnost-od-koronavirus/feed/ 0
„Економист“: Во Македонија има „прекумерна смртност” од коронавирус, земјата е трета во светот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekonomist-vo-makedonija-ima-prekumerna-smrtnost-od-koronavirus-zemjata-e-treta-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekonomist-vo-makedonija-ima-prekumerna-smrtnost-od-koronavirus-zemjata-e-treta-vo-svetot/#respond Fri, 19 Mar 2021 09:44:16 +0000 https://kurir.mk/?p=484642

РепубликаМакедонија е на третото место по „прекумерна смртност“ на 100 илјади жители затоа што во статистиката на починати од ковид-19 до крајот на 2020 година се регистрирани 2.490 луѓе, но бројот на починати е всушност 5.690 за периодот од 1 април до 31 декември 2020 година, објави британското списание „Економист“, пренесе Слободен печат. Според анализата на „Економист“, во овој временски период од ковид-19 починале 2.490 луѓе во земјава, но имало вкупно 5.690 смртни случаи, за кои не може да се каже од што настанале. Пред нас се Перу и Русија, а по нас Бугарија, Литванија, Мексико, Србија, Еквадор и Молдавија. Според „Економист“, бројот на починати како резултат на пандемијата со коронавирусот може да е уште поголем од официјалните статистики што здравствените власти секојдневно ги објавуваат и тоа благодарение на неколку причини. Прво, официјалните бројки не ги вклучуваат тие што починале, а пред смртта немале позитивен тест на ковид. Во земјите каде што има мал број тестирања или недостиг на тестови, ова може значајно да влијае врз статистиката, односно да послужи како начин на кој ненамерно се „кријат“ починатите од ковид-19. И второ, пандемијата им ги врза рацете на лекарите да третираат други здравствени состојби и ги обесхрабри луѓето да одат во болница и да бараат помош за други болести, што индиректно може да предизвика раст на смртноста од други болести. Ако се земе бројот на починати во некое место од која било причина во одреден период, па се спореди со истиот период од други години,  ќе се добие нешто што се вика „прекумерна смртност“. Целата анализа можете да ја прочитате на Слободен печат]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekonomist-vo-makedonija-ima-prekumerna-smrtnost-od-koronavirus-zemjata-e-treta-vo-svetot/feed/ 0
Чашуле: 111-то место според Транспаренси Интернешнл, според „Економист“ во Македонија владее хибриден режим, и се турка на сила попис, дел од „добрите“ политики на Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chashule-111-to-mesto-spored-transparensi-interneshnl-spored-ekonomist-vo-makedonija-vladee-hibriden-rezim-i-se-turka-na-sila-popis-del-od-dobrite-politiki-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chashule-111-to-mesto-spored-transparensi-interneshnl-spored-ekonomist-vo-makedonija-vladee-hibriden-rezim-i-se-turka-na-sila-popis-del-od-dobrite-politiki-na-zaev/#respond Mon, 08 Feb 2021 09:52:50 +0000 https://kurir.mk/?p=465708

На сила го донесоа Законот за попис, сега на сила ќе го спроведат пописот. Но изгледа и дека таму нешто не им штима. Еве, претседателто Пендаровски кој збор не кажа, додека се носеше Законот и веднаш го потпиша указот со кој стапи на сила, неделава изјави дека не било ништо страшно ако пописот се одложи за некој месец, рече Коле Чашуле во својата емисија „Седмица“. Чашуле додаде дека по изјава на Пендаровски и Заев срамежливо се согласи со него. -Па, чекајте малку, нели светските милијардери едвај чекаат да се преброиме за да ги инвестираат своите милиони тука. Ние сега ќе го одложуваме пописот, за месец - два? Немојте ви се молам. Шегата на страна, не знам дали нешто не им оди според план или едноставно видоа дека во сред епидемија пописот и не е возможен, еве како што видовме Хрватска го одложи својот, па сега и нашиве нешто се заплеткаа. Навистина, не знам. Ама затоа се согласувам со барањето на опозицијата, пописот да се одложи до 2022 година. Ако можевме да преживееме без него речиси две децении, нема да биде ништо страшно ако почекаме уште една година, истакна Чашуле. Чашуле посочи дека ако пописот се закаже за 2022 година како опозицијата што бара, тогаш нема да постои ризик за граѓаните каков што сега има поради пандемијата. -Ама, не тоа важи за нормални демократски држави, ние не сме таква. Еве, дека не сме таква ни стигна и светско признание од „Економист“ дека во Македонија владее хибриден режим, рече Чашуле. Чашуле додад дека поради СДСМ, Македонија е ставена во групата на хибридни режими и е на ниво со Боливија, Сенегал, Црна Гора, Уганда, Либан итн. Со резултатот 5.89, земјава бележи пад според индексот на демократија во последниве четири години во однос на претходните години кога резултатот бил над 6. И овој извештај стигна пред само една недела, откако претходно Македонија се најде и на разочарувачкото 111-то место на непопуларната листа на Транспаренси Интернешнл, според индексот на корупција. А, тоа е најнизок ранг што Македонија го има откако се мери коруцијата во земјава. -Значи кратко и јасно, падот во двата извештаи е регистриран, за време на владеењето на СДСМ и Заев, нагласи Чашуле.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chashule-111-to-mesto-spored-transparensi-interneshnl-spored-ekonomist-vo-makedonija-vladee-hibriden-rezim-i-se-turka-na-sila-popis-del-od-dobrite-politiki-na-zaev/feed/ 0
Мисајловски: Македонија со Заев е хибриден режим, невини во затвор, криминалци на слобода, странски инвеститори бегаат, излезот е оставка на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-makedonija-so-zaev-e-hibriden-rezim-nevini-vo-zatvor-kriminalci-na-sloboda-stranski-investitori-begaat-izlezot-e-ostavka-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-makedonija-so-zaev-e-hibriden-rezim-nevini-vo-zatvor-kriminalci-na-sloboda-stranski-investitori-begaat-izlezot-e-ostavka-na-vladata/#respond Thu, 04 Feb 2021 11:40:07 +0000 https://kurir.mk/?p=464123

Македонија официјално е хибриден режим, кој е еден од најкорумпираните во Европа! Ветуваа живот, велеа "можеме", секој збор им беше Европска Унија, а сега се натпреваруваме на рангирањата со Африка, лидери во корупција и лош живот, истакна на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски. Тој посочи дека земјава е хибриден режим со причина. -Македонија со Заев стана земја на политички затвореници, додека вистинските криминалци се на слобода. Токму затоа Економист цени дека Македонија не е демократија. Нема ниту правда, ниту мир. Денес нема задоволен граѓанин. 3000 предмети се заглавени во судските лавиринти. Најмалку овие предмети се борба против корупција, а најмногу граѓански прекршоци, кои потврдуваат дека нема правда за граѓаните. Во 2020 година сме добиле полоша оценка од 2019 година, со тоа се гледа дека нема подобрување, туку имаме уназадување. Ова е втор лош резултат за земјата, кој го дава угледен меѓународен фактор, кој пред неколку дена на индексот на корупција на Транспаренси Интернешнл се најдовме на 111 место во друштво со Монголија. Лошите оценки и реалноста, дека тука нема демократија, туку режим ги брка и постојните инвеститори во земјата. Пред само неколку дена претседателот на Асоцијацијата на странски компани со технолошко напредно производство, кажа дека во земјава, иако имале свои капацитети, не се одлучиле да реинвестираат многу компании туку заминале во Србија како: Адиент, Кромберт и Шуберт и Аптив. Ова се компании, кои доколку во Владата гледале стабилност, сигурност и правна извесност ќе останеле во Македонија и наместо да инвестираат на непознат пазар ќе го проширеле бизнисот тука, истакна Мисајловски. Потпретседателот на партијата истакна дека кога поднеле интерпелација за министрите за борба против корупција и министерот за правда, од Владата се правдале дека лошите оценки биле перцепција. -Денес е јасно дека Владата ја носи државата кон бездна. И оставката на овие двајца министри не е доволна. Владата после вакви катастрофални оценки најмалку што треба да направи е да поднесе колективна оставка. Нема ниту една причина да се губи и краде иднината на граѓаните. На државата и треба пад на оваа корумпираната влада и рестартирање на општеството. На народот му треба надеж, стабилност и порака дека може и мора поинаку. Деновите на Владата се изброени, да се избориме за иднината, нагласи Мисајловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-makedonija-so-zaev-e-hibriden-rezim-nevini-vo-zatvor-kriminalci-na-sloboda-stranski-investitori-begaat-izlezot-e-ostavka-na-vladata/feed/ 0
„Економист“ предвидува- Македонија ќе почне вакцинација против КОВИД-19 во доцните месеци во 2022 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekonomist-predviduva-makedonija-kje-pochne-vakcinacija-protiv-kovid-19-vo-docnite-meseci-vo-2022/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekonomist-predviduva-makedonija-kje-pochne-vakcinacija-protiv-kovid-19-vo-docnite-meseci-vo-2022/#respond Thu, 04 Feb 2021 10:30:02 +0000 https://kurir.mk/?p=464049

Дали неспособноста на министерот за здравство, Венко Филипче и премиерот, Зоран Заев ја потврди и лондонскиот „Економист“? Според објавената мапа на „Економист“ може да се види дека Македонија е во портокалова зона и дека вакцинацијата против КОВИД-19 ќе започне за жал доста доцна, дури се предвидува во доцните месеци во 2022 година или на самиот почеток на 2023-тата година. Далеку од вистина лондонскиот „Економист“ не е, бидејќи во Македонија се уште вакцини против КОВИД-19 нема, а секој ден граѓаните слушаат како во јануари, февруари, март. Граѓаните стануваат се пореволтирани и погневни, бидејќи не можат и тие како останите граѓани од другите земји да се  вакцинираат против КОВИД-19, за да се заштитат од овој смртоносен вирус. „Имате три илјади мртви од КОВИД, секој нов ден умираат по дваесетина, немате набавено ниту една вакцина и уште пребирате, нејќеме руски, нејќеме српски вакцини! Какви сакате бе? „Фајзер“? Е па нема „Фајзер“. ЕУ ви го начука ко што заслужуваат сервилни говеда ко вас. Февруари ќе набавеле 800 илјади. Уште ретардирани веруваат на вашите лаги. И место да се растрчате по светов за вакцини, да ја запрете епидемијата, зашто народ умира, вие шупаци, вода у очи што немате, седнавте и воведовте санкции на факинг Никарагва, која за нас е Шведска и ја заболе за вашите санкции. А, бе нема таков психијатар што може дијагноза да ви даде, а не да ве лечи“, вчера напиша на социјалните мрежи актерот Сашо Тасевски критикувајќи ја власта како не може да обезбеди вакцини. „Континуирано не убедуваат дека некакви разговори за набавка на вакцини се во завршна фаза, а поради неспособноста на Заев и Филипче, за жал, во завршна фаза се животите на луѓето во Македонија. Броиме 3.000 лица починати од КОВИД-19, бевме најлоши по начинот на кои се справуваме со кризата уште од самиот почеток, а сега сме последна држава во која нема вакцини“, вели вчера во прес конференција Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ. Додека се апелира до власта да побрзаат со набавување на вакцини, тие секојдневно излегуваат по медиуми и велат наскоро ќе започне вакцинацијата против КОВИД-19. „Ние сме во завршната фаза од преговорите и практично во месец февруари, првата количина на вакцини која ќе пристигне во нашата земја, ќе бидат кинеските вакцини и ние пактично целосниот процес на имунизација и веќе спремниот систем ќе започнеме со тие вакцини. Не би шпекулирал со точниот датум, меѓутоа за многу кратко време ќе го знаеме и тоа и потоа ќе го објавиме“, кажа вчера во изјава за медиуми министерот за здравство, Венко Филипче. Министерот за здравство, Венко Филипче додаде дека станува збор за 200.000 вакцини и се очекува да пристигнат до крајот на месецот. Потенцираше, дека не се започнати преговори за набавка на руската вакцина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekonomist-predviduva-makedonija-kje-pochne-vakcinacija-protiv-kovid-19-vo-docnite-meseci-vo-2022/feed/ 0
Мицкоски: „Економист“ потврди владата на Заев направи хибриден режим управуван од мафија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ekonomist-potvrdi-vladata-na-zaev-napravi-hibriden-rezim-upravuvan-od-mafija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ekonomist-potvrdi-vladata-na-zaev-napravi-hibriden-rezim-upravuvan-od-mafija/#respond Wed, 03 Feb 2021 12:13:38 +0000 https://kurir.mk/?p=463613

Економист вели дека Македонија е хибриден режим и убедливо закована на дното, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Според Мицкоски се потврдило сето она кое што ВМРО-ДПМНЕ го зборувала изминатиот период додавајќи дека според параметрите на Транспаренси Интернешнл, фондацијата Херетиџ и Економист нема да има инвестиции во Македонија бидејќи никој не сака да инвестира во држава која што е корумпирана и владее хибриден режим. -Во последниве недела дена ни се случија неколку работи со кои што, се потврдија сите оние изјави од страна на опозицијата дека имаме работа со мафија Иако често пати ми велеа можеби е тоа претврд збор, но најпрвин според Транспаренси Интернешнл бевме заковани убедливо на последното место по нивото на корупција, согласно методологија која што опфаќа анализа во последните две години или да кажам 111-то место на кое што никогаш порано не сме биле. Потоа фондацијата Херетиџ, реномираната фондација Херетиџ излезе и ја спушти Македонија за дополнителни осум места во која што во својот извештај за анализата на ситуацијата во Македонија за економската слобода, кажа дека имаме голем злоупотреба на јавните трошења во насока на социјални трансфери. Сето она кое што го зборуваше ВМРО-ДПМНЕ за институционалниот поткуп. За жал тоа малкумина успеа преку медиумите да го видат, од кои причини не знам. И последната ранг листа која што денеска е веќе јавно достапна, тоа е ранг листата на реномираниот Економист кој што вели дека Македонија е хибриден режим и убедливо закована на дното. Со овие три параметри, нема жив инвеститор во светот кој што ќе дојде и ќе инвестира во Македонија, која што е убедливо последна во регионот по однос на чест и честитост, а прва по нивото на корупција, држава која што е хибриден режим и држава каде што Херетиџ вели дека имаме јавно трошење на јавните пари во насока на поткуп на граѓаните, односно социјални трансфери. Не постои инвеститор во светот, верувајте ми, кој што ќе дојде, освен оние блиските до власта, кои што имаат единствен интерес да инвестираат во нови плантажи за марихуана и тоа единствениот инвеститор кој вие можете да го сретнете, кој што денеска со торба полна кеш шета низ Македонија. Нормално се знае каде таа торба полна кеш треба да заврши, за да се добие лиценца за ваков тип на производство, вели претседателот Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ekonomist-potvrdi-vladata-na-zaev-napravi-hibriden-rezim-upravuvan-od-mafija/feed/ 0
„Економист“: Македонија е хибриден режим според индексот на демократија, земјава рангирана на 78 место https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekonomist-makedonija-e-hibriden-rezim-spored-indeksot-na-demokratija-zemjava-rangirana-na-78-mesto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekonomist-makedonija-e-hibriden-rezim-spored-indeksot-na-demokratija-zemjava-rangirana-na-78-mesto/#respond Wed, 03 Feb 2021 07:42:31 +0000 https://kurir.mk/?p=463458

Македонија се најде на 78-мото место и во групата на хибриден режим во најновиот извештај на угледниот „Економист“ за индексот на демократија во светот за 2020 година. Земјава е во група со Боливија, Сенегал, Црна Гора, Танзанија, Молдавија, Уганда, Бутан, Либан, Нигерија... Според податоците од „Економист“ од 2016 година до 2020 Македонија бележи пад во оцената според индексот на демократија во однос на претходните години кога бодувањето било над 6. Ова е втора поразителна ранг листа која земјава за добива за кратко време. Пред само неколку дена „Транспаренси Интернешнл“ ја смести Македонија на 111 место според индексот на корупција. На оваа ранг листа земјава е во друштво на Монголија, Панама и БиХ. Ова е најлошиот резултат за Македонија откако се мери корупцијата во земјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekonomist-makedonija-e-hibriden-rezim-spored-indeksot-na-demokratija-zemjava-rangirana-na-78-mesto/feed/ 0