економска криза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Feb 2023 10:22:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png економска криза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Џо Бајден и Џенет Јелен предупредија на економска криза во САД доколку не се зголеми лимитот на јавниот долг https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dho-bajden-i-dhenet-jelen-predupredija-na-ekonomska-kriza-vo-sad-dokolku-ne-se-zgolemi-limitot-na-javniot-dolg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dho-bajden-i-dhenet-jelen-predupredija-na-ekonomska-kriza-vo-sad-dokolku-ne-se-zgolemi-limitot-na-javniot-dolg/#respond Wed, 15 Feb 2023 10:22:35 +0000 https://kurir.mk/?p=800748

Американскиот претседател Џо Бајден и министерката за финансии Џенет Јелен предупредија на потенцијална економска криза доколку не се постигне договор за зголемување на горната граница на федералниот долг. Бајден, говорејќи во Националната асоцијација на окрузи во Вашингтон, рече дека многу локални влади се опоравиле од пандемијата, но дека „некои во Конгресот го ставаат на ризик тој напредок заканувајќи се дека ќе ја доведат Америка во ситуација кога не може да го отплаќа својот долг“ што, како што оцени, би било погубно за окрузите и за сојузната држава. - Дури и приближувањето кон неизвршување на обврски ќе ги зголеми трошоците за задолжување, што ќе го отежне финансирањето на клучните проекти во локалните заедници, рече американскиот претседател. Загриженоста за плафонот на долгот е резултат на политичката пресметка меѓу републиканците во Претставничкиот дом, кои сакаат да ги намалат трошоците, и демократскиот претседател кој инсистира на зголемување на лимитот без услови. И министерката за финансии предупреди на „катастрофа“. - Долгорочно, неисполнувањето на обврските би ги зголемило трошоците за задолжување. Идните инвестиции, вклучително и јавните инвестиции, би станале значително поскапи. Би се зголемиле плаќањата на домаќинствата за хипотеки, автомобилски кредити и кредитни картички, рече Јелен. Таа истакна дека е малку веројатно федералната влада да може исплаќа милиони Американци, вклучително и воени семејства и постари лица кои се потпираат на социјалното осигурување. Минатиот месец Јелен го информираше Конгресот дека САД ќе го достигнат лимитот за задолжување и дека потоа ќе се прибегне кон „вонредни мерки“ за да избегне банкрот. Во писмото до лидерите на Сенатот и Претставничкиот дом, Џенет Јелен рече дека нејзините мерки ќе му купат време на Конгресот да усвои закон со кој или ќе се зголеми лимитот на долгот, кој сега изнесува 31,4 трилиони долари, или пак ќе го суспендира на одредено време. Тие мерки вклучуваат откажување од некои плаќања, како што се оние за федералните пензиски планови на вработените, за да се направи простор за други плаќања кои се сметаат за неопходни, вклучително и придонеси за социјално осигурување. Затоа, од клучно значење е Конгресот навремено да реагира и да го зголеми или суспендира лимитот за задолжување, рече Јелен.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dho-bajden-i-dhenet-jelen-predupredija-na-ekonomska-kriza-vo-sad-dokolku-ne-se-zgolemi-limitot-na-javniot-dolg/feed/ 0
Над 60 отсто од граѓаните сметаат дека државата не е подготвена да се справи со економската криза и инфлацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nad-60-otsto-od-graganite-smetaat-deka-drzhavata-ne-e-podgotvena-da-se-spravi-so-ekonomskata-kriza-i-inflatsijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nad-60-otsto-od-graganite-smetaat-deka-drzhavata-ne-e-podgotvena-da-se-spravi-so-ekonomskata-kriza-i-inflatsijata/#respond Sun, 29 Jan 2023 15:07:00 +0000 https://kurir.mk/?p=793391

Над 60 отсто од граѓаните сметаат дека државата не е подготвена да се справи со економската криза и инфлацијата, покажува истражувањето на јавното мислење кое за емисијата Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември. Според истражувањето, 60,7 отсто од анкетираните сметаат дека земјава не е подготвена да се справи со економската криза и инфлацијата, додека подготвеност гледаат 32,4 отсто. Дури 62,7 отсто од граѓаните се на ставот дека не даваат резултати досегашните мерки кои Владата ги воведе за справување со последиците од економската криза и инфлацијата, додека ефект од нив гледаат 28,5 отсто од анкетираните. Најнезадоволни од мерките се во Пелагонискиот регион каде 69 отсто од граѓаните се на ставот дека владините мерки не даваат резултати. Мнозинство од граѓаните – 56,8 отсто се песимисти во поглед на очекувањата за оваа година и сметаат дека инфлацијата и трошоците за живот ќе пораснат, додека четвртина се на ставот дека ќе бидат приближно исти како и сегашните. Само 9,5 отсто очекуваат намалување. Најголемиот дел од граѓаните очекуваат економската криза да трае повеќе години. Ваков став делат 31,8 отсто од анкетираните. Крај на кризата со крајот на оваа година очекуваат 23,8 отсто од анкетираните додека 17,7 отсто сметаат дека економската криза ќе заврши за две години. Најголем дел од граѓаните сметаат дека власта имала најголемо влијание и одговорност за актуелната економска криза. На скалата од 1 до 5, 44 отсто од граѓаните и дале „петка“ на Владата за степенот на одговорност за кризата, 33,2 отсто со највисок степен на одговорност за кризата ја оцениле војната во Украина, а 29 отсто други надворешни фактори. Најмало влијание врз кризата, според граѓаните, имале корона пандемијата и опозицијата. На скалата од 1 до 5 највисока средна оценка како највисок степен на одговорност за актуелната економска криза добила власта. Нејзината средна оценка е 3,95, а 44,3 отсто од испитаниците сметаат дека таа имала големо влијание врз кризата додека само, 8,2 отсто сметаат дека политиките на власта не влијаеле врз економската криза.Со средна оценка од 3,9 граѓаните сметаат дека други надворешни фактори имале големо влијание врз кризата. Најмала средна оценка за своето влијание врз кризата има опозицијата. На скала од 1 до 5 граѓаните ја оцениле со 3,13.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nad-60-otsto-od-graganite-smetaat-deka-drzhavata-ne-e-podgotvena-da-se-spravi-so-ekonomskata-kriza-i-inflatsijata/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ нуди 5 конкретни мерки за справување со енеретската и економска криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-nudi-5-konkretni-merki-za-spravuvanje-so-eneretskata-i-ekonomska-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-nudi-5-konkretni-merki-za-spravuvanje-so-eneretskata-i-ekonomska-kriza/#respond Tue, 11 Oct 2022 07:47:03 +0000 https://kurir.mk/?p=743767

ВМРО-ДПМНЕ во услови на тешка економска и енергетска криза нуди решенија кои треба да го спречат тонењето на стандардот на граѓаните и економскиот колапс. Од партијата велат дека бидејќи енергетската криза предизвикува тешка социјална и економска состојба во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ нуди пакет мерки кои директно ќе се однесуваат на суштината на проблемите, а не како мерките на владата кои се само гол маркетиншки трик без позначаен ефект. Пакетот од 5 конкретни мерки кој го нуди ВМРО-ДПМНЕ е следниот:
1. Вишоците на произведена струја кои што ги произведува поранешно ЕЛЕМ, во текот на ноќта и викендот да бидат отстапени на стопанството по цена која што е производна за поранешна АД ЕЛЕМ. 2. Дополнително, секоја компанија која ќе плати цена на струја која е над цената на регулираниот пазар на електрична енергија, половина од разликата да ја преземе државата. 3. За граѓаните да се предвиди Викенд без ДДВ за основните прехранбени производи, за да можат да се снабдат граѓаните по пониска цена за да се заштити стандардот на граѓаните. 4. Одложување на скалестото оданочување кое го планира власта бидејќи тоа ќе удри на стандардот на граѓаните, а ќе влијае и врз финансиската ликвидност на компаниите. 5. Исто така предлагаме да се дестерилизираат на благајничките записи во Народната банка, што би значело средства на располагање на стопанството со што ќе ја помогнат ликвидноста на компаниите, а работните места ќе бидат сочувани .
- Владата треба овие предлози да ги разгледа сериозно. Нивната досегашна политика наместо да ги решава проблемите на македонските граѓани и македонската економија, само ги продлабочуваше. Заради лошите и ненавремени мерки Македонија тоне во сиромаштија. Македонија има една од највисоките стапки на инфлација која достигна 18,7%, а цените на основните прехранбени производи поскапеа од 50 до 100%. Во исто време домаќинствата и стопанството плаќаат најскапа струја споредено во земјите од регионот. Веќе почна масовно затворање на индустриски капацитети, а само за една и пол година затворени се над 12 илјади компании. Неколку илјади компании веќе имаат сериозен проблем да исплатат на време плата, што остава без сигурност илјадници други семејства, се појаснува во партиското соопштение. ВМРО-ДПМНЕ посочува дела е време власта предводена од Ковачевски да се вразуми и да прфати предлози што значат спасување на стандардот на граѓаните и македонската економија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-nudi-5-konkretni-merki-za-spravuvanje-so-eneretskata-i-ekonomska-kriza/feed/ 0
Викремесинг: Шри Ланка подготвува план за излез од најлошата економска криза https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vikremesing-shri-lanka-podgotvuva-plan-za-izlez-od-najloshata-ekonomska-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vikremesing-shri-lanka-podgotvuva-plan-za-izlez-od-najloshata-ekonomska-kriza/#respond Wed, 03 Aug 2022 10:27:31 +0000 https://kurir.mk/?p=713379

Новиот претседател на Шри Ланка, Ранил Викремесинг, денеска изјави дека неговата влада подготвува национален политички план за следните 25 години со цел да го намали јавниот долг и да ја претвори земјата во конкурентна извозна економија додека бара излез од најлошата економска криза. Викремесинг во својот говор во Парламентот рече дека на Шри Ланка и требаат долгорочни решенија и силна основа за да се спречи повторно да се случи економска криза. Тој рече дека неговата влада започнала преговори со Меѓународниот монетарен фонд за четиригодишен спасувачки план и почнала да го финализира планот за реструктуирање на долгот. -Во блиска иднина, овој план ќе го доставиме до Меѓународниот монетарен фонд и ќе ги започнеме преговорите со земјите што дадоа кредитна помош. Дополнително, ќе започнат преговорите со приватните кредитори за да се постигне консензус, рече Викремесинг. Тој рече дека тешкотиите донекаде се ублажени со намалување на прекините на струја, увоз на вештачки ѓубрива за одгледување и подобрување на дистрибуцијата на гас за подготовка на храна. „Преземени се безбедносни мерки за да се избегне недостиг на храна. Започна дистрибуција на основните лекови и медицинска опрема до болниците. Училиштата се повторно отворени. Се преземаат мерки за надминување на пречките со кои се соочуваат индустриите и извозните сектори“, рече тој. Претседателот Викремесинг изјави дека Шри Ланка би можела да стане целосно развиена земја до 2048 година, кога ќе слави 100 години од независноста. Викремесинг беше избран за претседател минатиот месец за да го заврши мандатот на поранешниот претседател Готабаја Раџапакса, кој трае до 2024 година. Раџапакса побегна од земјата откако демонстрантите гневни поради економската криза упаднаа во неговата резиденција и ги окупираа клучните владини згради.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vikremesing-shri-lanka-podgotvuva-plan-za-izlez-od-najloshata-ekonomska-kriza/feed/ 0
Криза владее и во кралското семејство: Кралицата Елизабета со строга одлука до целото семејство, по ова сеедно нема да им биде на Вилијам и Кејт https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kriza-vladee-i-vo-kralskoto-semejstvo-kralicata-elizabeta-so-stroga-odluka-do-celoto-semejstvo-po-ova-seedno-nema-da-im-bide-na-vilijam-i-kejt/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kriza-vladee-i-vo-kralskoto-semejstvo-kralicata-elizabeta-so-stroga-odluka-do-celoto-semejstvo-po-ova-seedno-nema-da-im-bide-na-vilijam-i-kejt/#respond Thu, 07 Jul 2022 13:07:56 +0000 https://kurir.mk/?p=701771

И Бакингемската палата мора да ги „стегне ремените“ и да плати за економската криза што следеше по пандемијата, но и со војната во Украина. Сер Мајкл Стивенс, сметоководител на кралицата, рече дека и покрај очигледното враќање во нормала – со продолжување на сите активности, од забави до церемонии – останува „тежок момент“ за касата на монархијата. Според , Стивенс, трошоците пораснале за 17% (102,4 милиони фунти) – најмногу поради реновирањето на Бакингемската палата, чиј електричен систем датира од Втората светска војна, а се крати од покривањето на трошоците на кралското семејство (летови, престој, официјални обврски: патувањето на Карибите на Вилијам и Кејт Мидлтон, на пример, чинеше над 226.000 фунти), но сепак, кралските плати, вклучувајќи ги и платите на персоналот, останаа стабилни на 86,3 милиони. Поради пандемијата и карантините, приходите на кралските резиденции кои произлегуваат од туризмот исто така се намалени за 50% (пред сè Бакингемската палата). И сега мора да се надокнади тој дефицит во кралската каса, со намалување на трошоците. Војводите од Сасекс Хари и Меган Маркл, кои сега се „економски независни“, пишува Дејли Мејл, се отстранети од буџетот, дотолку што патувањето во Лондон и реновирањето на Колибата Фрогмор сами ги презеле на товар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kriza-vladee-i-vo-kralskoto-semejstvo-kralicata-elizabeta-so-stroga-odluka-do-celoto-semejstvo-po-ova-seedno-nema-da-im-bide-na-vilijam-i-kejt/feed/ 0
Шолц ги повика Германците да се држат заедно во соочувањето со економските проблеми https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholc-gi-povika-germancite-da-se-drzat-zaedno-vo-soochuvanjeto-so-ekonomskite-problemi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholc-gi-povika-germancite-da-se-drzat-zaedno-vo-soochuvanjeto-so-ekonomskite-problemi/#respond Sat, 02 Jul 2022 19:25:12 +0000 https://kurir.mk/?p=699011

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги повика граѓаните заеднички да се соочат со економските проблеми кои ја тресат земјата, особено инфлацијата, и затоа најави дека ќе се одржи експертски состанок на кој ќе се обиде да даде одговор на тоа прашање. -Мора да се фатиме за раце и да се држиме заедно, рече Шолц во видео подкаст. Германскиот канцелар кажа и дека растот на цените е голем проблем што вознемирува многу граѓани, и тоа со право. -Затоа мораме да дејствуваме заедно, рече Шолц. Тој ги покани синдикатите, работодавачите, Бундесбанка и академиците, евоцирајќи ги напорите од 1960-тите и 1970-тите, да се разговара за тоа што треба да се направи. Кампањата, наречена Усогласена акција, почнува во понеделник во канцеларијата на канцеларот. Другите можни инструменти го вклучуваат предлогот на министерот за труд, Хубертус Хејл, кој сака еднаш годишно финансиски да им се помогне на самците кои месечно заработуваат помалку од 4.000 евра бруто приход и брачните двојки кои заедно заработуваат помалку од 8.000 евра. -Само повисоките плати и социјалните бенефиции можат одржливо да ја компензираат штетата на луѓето со средни и ниски приходи, рече Марсел Фрацшер, претседател на Германскиот институт за економски истражувања (DIW), за ДПА. Еднократните плаќања, од друга страна, додаде тој, за многумина не се од корист. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholc-gi-povika-germancite-da-se-drzat-zaedno-vo-soochuvanjeto-so-ekonomskite-problemi/feed/ 0
Економската криза може да се влоши, предупредува Светската банка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekonomskata-kriza-moze-da-se-vloshi-predupreduva-svetskata-banka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekonomskata-kriza-moze-da-se-vloshi-predupreduva-svetskata-banka/#respond Wed, 08 Jun 2022 09:40:22 +0000 https://kurir.mk/?p=688259

Светската банка во својот извештај „Глобални економски перспективи“ отворено предупредува дека остриот економски пад ќе биде норма за многу земји, бидејќи проекциите за глобалниот економски раст се намалени. Надоместувајќи ја штетата од пандемијата, руската инвазија на Украина го зголеми забавувањето на глобалната економија, којашто влегува во долг период на слаб раст и растечка инфлација, се вели во најновиот извештај на Светска банка. Ваквите економски движења го зголемуваат ризикот од стагфлација, со потенцијално штетни последици за економиите со средни и ниски приходи. Стагфлација е состојба на држава или област на монетарната унија во која економијата е истовремено во состојба на стагнација и инфлација. Светската банка очекува глобалниот раст да падне на 2,9 отсто во 2022 година, што е далеку под 4,1 отсто проектирани во јануари. Се очекува дека економиите ќе се движат со ова темпо во периодот од 2023 до 2024 година, бидејќи војната во Украина на краток рок предизвикува нарушувања во активностите, инвестициите и трговијата, побарувачката исчезнува, а приспособувањето на фискалната и монетарната политика напредува. полека. Како резултат на штетите од пандемијата на коронавирус и војната, нивото на приход по глава на жител во економиите во развој оваа година ќе биде речиси пет проценти под трендот пред пандемијата. – Војната во Украина, блокадите во Кина, прекините на синџирот на снабдување и ризикот од стагфлација го кочат растот. За многу земји, рецесијата ќе биде тешко да се избегне, изјави вчера претседателот на Светска банка Дејвид Малпас. Тој смета дека има итна потреба да се зајакне производството и да се избегнат трговските ограничувања. – Потребни се промени во фискалната, монетарната, климатската и должничката политика за државите да може да се спротивстават на погрешната распределба на капиталот и нееднаквоста, рече тој. Економиите во развој ќе треба да ја балансираат потребата да се обезбеди фискална одржливост со потребата да се ублажат ефектите од кризите што ги засегаат најсиромашните граѓани. – Користењето на кредибилни рамки на монетарната политика и заштитата на независноста на централната банка може ефективно да ги закотви инфлациските очекувања и да ја намали количината на затегнување на политиките потребни за да се постигнат посакуваните ефекти врз инфлацијата и активноста, рече Ајхан Косе, директор на Групата за економски проекции на Светска банка. Во моментов, економијата наликува на онаа од 1970-тите во три клучни аспекти: постојани нарушувања од страната на понудата што ја поттикнуваат инфлацијата, на кои му претходи подолг период на високо флексибилна монетарна политика во големите напредни економии; можности за слабеење на растот и ранливости со кои се соочуваат пазарите во развој, со оглед на заострувањето на монетарната политика што ќе биде потребно за да се ограничи инфлацијата. Аналитичарите на Светска банка очекуваат глобалната инфлација да се намали следната година, но веројатно ќе остане над целите за инфлација во многу економии. Во извештајот се забележува дека ако инфлацијата остане висока, повторувањето на претходната епизода на стагфлација може да доведе до остар глобален пад, заедно со финансиски кризи на некои пазари и економии во развој. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekonomskata-kriza-moze-da-se-vloshi-predupreduva-svetskata-banka/feed/ 0
ТЕШКА ЕКОНОМСКА КРИЗА: Во Шри Ланка има горива за само уште еден ден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teshka-ekonomska-kriza-vo-shri-lanka-ima-goriva-za-samo-ushte-eden-den/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teshka-ekonomska-kriza-vo-shri-lanka-ima-goriva-za-samo-ushte-eden-den/#respond Tue, 17 May 2022 07:45:00 +0000 https://kurir.mk/?p=677676

Ранил Викремесинге, кој неодамна беше избран за премиер на Шри Ланка, изјави дека земјата се соочува со една од најтешката економска криза во изминатите 70 години и оти има нафта за само уште еден ден. Премиерот во телевизиско обраќање до граѓаните посочи дека на Шри Ланка итно и се потребни 75 милиони долари во следните неколку дена за да може да купи основни продукти. Тој најави дека Централната банка ќе печати пари за да се исплаќаат плати и други побарувања во јавниот сектор. Викремесинге потврди дека државната авиокомпанија „Шри Ланка ерлајнс“, исто така, може да биде приватизирана. Земјата е тешко погодена од пандемијата со Ковид-19, зголемувањето на цените на енергијата и популистичките даночни намалувања. Хроничниот недостиг на девизи и зголемената инфлација предизвикаа недостиг од лекови, гориво и други продукти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teshka-ekonomska-kriza-vo-shri-lanka-ima-goriva-za-samo-ushte-eden-den/feed/ 0
Протести во Шри Ланка поради големата економска криза – министрите си дадоа оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesti-vo-shri-lanka-poradi-golemata-ekonomska-kriza-ministrite-si-dadoa-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesti-vo-shri-lanka-poradi-golemata-ekonomska-kriza-ministrite-si-dadoa-ostavka/#respond Mon, 04 Apr 2022 07:22:32 +0000 https://kurir.mk/?p=658001

Сите 26 министри на Шри Ланка поднесоа оставка, по протестите поради големата економска криза, јави Би-Би-Си. Премиерот Махинда Рајапакса, како и неговиот брат, претседателот Готабаја Раџапакса, не се одлучија на овој чекор. Меѓу оние кои поднесоа оставка е и синот на премиерот, Намал Раџапакса. Во текот на вчерашниот ден, многумина му пркосеа на полицискиот час и излегоа на улиците за да протестираат. Земјата се бори со голема економска криза – жителите немаат струја по 12 часа, па и повеќе, има недостиг на храна, лекарства и на гориво. Демонстранти, кои тврдат дека претседателот и неговото семејство се виновни за ситуацијата во која е доведена земјата, не се задоволни со тоа што тој ќе остане на функцијата. Во четвртокот се протестираше и пред домот на претседателот Готабаја, полицијата употреби солзавец врз демонстрантите. Локални медиуми јавија дека демонстрантите се обидувале да ги отстранат барикадите, како и дека запалиле автобус. Извештаи околу тоа како претседателот и министри се изземени од прекините на струјата, заедно со раскошното прикажување на богатството од страна на членови на семејството, само го зголемија гневот, јави Би-Би-Си. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesti-vo-shri-lanka-poradi-golemata-ekonomska-kriza-ministrite-si-dadoa-ostavka/feed/ 0
Кризата трае долго, граѓаните и фирмите се исцрпени: ССК бара модифицирање на владините мерки, прогнозите се неизвесни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/krizata-trae-dolgo-gragjanite-i-firmite-se-iscrpeni-ssk-bara-modificiranje-na-vladinite-merki-prognozite-se-neizvesni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/krizata-trae-dolgo-gragjanite-i-firmite-se-iscrpeni-ssk-bara-modificiranje-na-vladinite-merki-prognozite-se-neizvesni/#respond Thu, 10 Mar 2022 19:21:44 +0000 https://kurir.mk/?p=645088

Македонија и македонските граѓани се наоѓаат во голема економска криза. Низата поскапувања беа силен удар по џебот на народот, а најавите за дополнителни поскапувања влеваат страв и неизвесност. Кризата трае долго и граѓаните и фирмите се веќе исцрпени. Мерките на Владата не покажаа големи резултати. КУРИР побара став на Сојузот на стопански комори на Македонија. Од таму велат дека владините мерки треба да се дополнат и модифицираат. -Ситуацијата во која се наоѓаме е исклучително тешка и неизвесна, економските оператори немаат резерви со кои би можеле да ја одржуваат нарушената ликвидност, бидејќи кризата со која се соочуваме трае многу долго, почна со пандемијата и прекин на светски ланци на снабдување, следуваше светска инфлација, сега и воениот конфликт во Украина. Прогнозите за наредниот период се неизвесни, без голема доза за оптимизам за надминување на состојбите. Пакетот на мерки кои го донесе Владата ќе има позитивен ефект во надминување на несаканите ефекти, но сметаме дека постои простор за нивно надополнување и модификација, велат тие. Од таму, во изјава за КУРИР потенцираат дека имаат барање за активирање на стоковите резерви кои се од круцијално значење во ваква кризна ситуација. -Стоковите резерви треба да се дадат на бизнисите по соодветно ниска цена за да се искористат во производството и излезната цена на производот да биде соодветно пониска и подостапна за потрошувачите. Важно е да се обезбеди и субвенционирање на цената на електричната енергија за деловните субјекти. Посебна поддршка треба да има за микрo, малите и средните претпријатија кои се најголеми носители на економските активности во нашата држава, тие се најголеми вработувачи и воедно имаат најголем удел во бруто домашен производ, а се најчувствителни на негативните ефекти, велат од Сојузот на стопански комори на Македонија. Мерките мора да се донесат брзо бидејќи граѓаните и бизнисот веќе не можат да трпат удари од ваков вид. -Важно е да се преземат мерки веднаш, да се искаже проактивност, да се носат брзи, квалитетни и ефикасни решенија за надминување на проблемите со кои се соочуваме. Сметаме дека може да се изнајде модус и начин соодветно да се помогне на бизнисот, а потоа тој ќе врти, како и до сега со повисока минимална плата, лојалноста на високо ниво. Важно е да се фокусираме и на тоа што може да го направиме во насока на  поттикнување на домашното производство на храна бидејќи имаме одличен потенцијал за развој на земјоделството, да се поттикне зелената транзиција за обезбедување на обновливи извори на енергија и да се искористи можност која постои за привлекување на странски инвестиции бидејќи дел од големите компании поради прекинот во ланците на снабдување бараат нови локации за производството, порачуваат од Сојузот на стопански комори на Македонија во изјава за КУРИР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/krizata-trae-dolgo-gragjanite-i-firmite-se-iscrpeni-ssk-bara-modificiranje-na-vladinite-merki-prognozite-se-neizvesni/feed/ 0