економски факултет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Jan 2023 10:41:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png економски факултет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Осигурителни компании доделија стипендии на 12 студенти од Економски факултет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osiguritelni-kompanii-dodelija-stipendii-na-12-studenti-od-ekonomski-fakultet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osiguritelni-kompanii-dodelija-stipendii-na-12-studenti-od-ekonomski-fakultet/#respond Thu, 26 Jan 2023 10:41:10 +0000 https://kurir.mk/?p=792220

Студентите Илија Васиљески, Александар Николовски, Бојана Величковиќ, Габриела Козарова, Сара Крстиновска, Ивона Серафимовска, Моника Алексиќ, Андреја Палигорова, Благица Пупуноска, Кристина Стоилковска, Пале Ѓорѓиева и Анета Манева добија стипендии во вредност од по 1 000 евра од 10 осигурителни компании. Деканот на економскиот факултет Предраг Трпески, денеска на доделувањето на стипендиите, истакна дека осигурителните компании на овој начин ќе се приближат до студентите на економскиот факултет, за кој рече дека претставува изворот од каде осигурителните компании треба да го црпат човечкиот капитал. Изрази надеж дека стипендираните студенти ќе придонесат за развој на десетте компании. Крсте Шајноски им порача на студентите овие стипендии да им бидат мотив и поттик да размислуваат за градење иднина односно кариера во осигурителниот сектор. Директорот на Триглав осигурување Ѓорѓе Војновиќ изрази надеж дека стипендираните студенти ќе бидат и идни колеги. -Говорот ќе го започнам со самокритичност кон нас како осигурителен сектор, требаше порано да ни текне. Позитивниот резултат ќе биде мотив за продолжување на оваа иницијатива и во иднина, изјави Војновиќ. Во оваа иницијатива која се случува за првпат учествуваа компаниите Триглав живот Сава осигурување, Кроација неживот, Халк осигурување, Граве неживот, Кроација живот, Еуролинк, Триглав неживот, Кроација живот и Граве.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osiguritelni-kompanii-dodelija-stipendii-na-12-studenti-od-ekonomski-fakultet/feed/ 0
Писмо од читател: Економски на УКИМ – еден од непочитувачите на препораки за заштита од Ковид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pismo-od-chitatel-ekonomski-na-ukim-eden-od-nepochituvachite-na-preporaki-za-zashtita-od-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pismo-od-chitatel-ekonomski-na-ukim-eden-od-nepochituvachite-na-preporaki-za-zashtita-od-kovid/#respond Sat, 28 Nov 2020 09:56:19 +0000 https://kurir.mk/?p=435585

Писмо од читател кое пристигна до редакцијата на КУРИР: Би почнал со цитат од Претседателот Пендаровски кој пред неколку дена изјави: „Неспорно е дека граѓаните во еден дел, јас би рекол дека многу мал дел не се дисциплинирани, но мислам дека еден дел и од државните институции се недисциплинирани и таа недисциплина се должи на селективноста при постапување и спроведување на законите и мерките.„ Економски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ е еден од неколкуте државни институции кои не ги почитуваат препораките за заштита од Ковид 19 и со тоа се добива впечаток дека не се грижат за здравјето на своите вработени, па од таму и за своето. За разлика од останатите факултети во кампусот, Филолошки, Филозофски и Правен каде вработените ротираат со цел намалување на контактите, Економскиот факултет “неуморно работи“ како да не постои пандемија. Ниту во време на уписи кога имаше по 3000 студенти, вработените не ротираа ниту пак сега (постои опција за ротации, работа од дома итн). Во време кога има над 1000 заболени дневно и пандемијата е во полн ек и речиси најголем дел од институциите изнајдоа начин да ги  заштитат вработените без да го загрозат работниот процес, Економски факултет кој воедно важи за елитна научна образовна институција како да не е воопшто загрижена ниту посветена во насока на заштита на здравјето. Наставниот кадар работи од дома и контактите ги сведува на минимум, а тоа не важи и за техничкиот и административен персонал кои се присутни целиот работен ден од 8 часа и го минуваат заедно со други колеги во работни простории каде не е можно да се спроведат мерките за заштита. Се поставува прашањето, која е целта, кога и меѓу вработените има хронични болни, а се појавија и првите позитивни случаи на Ковид 19, да не се превзема ништо и да се продолжи со арогантниот игнорантски однос кон пандемијата. Повеќе од јасно е дека со ваквото постапување веројатноста сите вработени да се заразат е голема,  со тоа да се доведе во ризик секој вработен поединечно, а на крајот од се и на подолг рок да се загрози работниот процес. Дали раководството е спремно да превземе одговорност доколку некој од вработените се зарази внатре?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pismo-od-chitatel-ekonomski-na-ukim-eden-od-nepochituvachite-na-preporaki-za-zashtita-od-kovid/feed/ 0
Детали за перверзиите на професорите од Економски: Барале сексуални услуги од момчиња за да положат испит https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-za-perverziite-na-profesorite-od-ekonomski-barale-seksualni-uslugi-od-momchinja-za-da-polozat-ispit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-za-perverziite-na-profesorite-od-ekonomski-barale-seksualni-uslugi-od-momchinja-za-da-polozat-ispit/#respond Mon, 09 Mar 2020 12:56:44 +0000 https://kurir.mk/?p=314017

Професорите на Економскиот факултет во Скопје Славе Ристевски и Драге Јанев се осудени на 2,5, а нивниот колега Бобек Шуклев на две години затвор за случајот „Еразмус”, односно за земање пари од студенти за полагање на испити. Демонстраторот Драган Денковски доби условна казна од две години, а професорот Стојан Дебарлиев е ослободен од обвинението. Судечкиот совет денеска покрај затворските казни, на осудените професори им изрече и мерка забрана за вршење дејност од 10 години. -Обвинетиот Шуклев се осудува на казна затвор во траење од две години, Драги Јанев за секое кривично дело му утврдува казна затвор во траење од две години и му изрече единствена казна затвор во траење од две години шест месеци. Обвинетиот Славе Ристевски му е утврдена казна затвор од две години за секое кривично дело и му се изрекува единствена казна затвор од две години и шест месеци. На обвинетиот Драган Денковски му се утврдува казна затвор во траење од по 10 месеци за секое кривично дело и му се изрекува единствена казна алтернативна мерка условна казна во траење од две години која нема да се изврши доколку обвинетиот не стори некое кривично дело. Обвинетиот Стојан Дебарлиев се ослободува од обвинение за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ поради тоа што не е докажано дали има сомнение дека го сторил делото за кое се гони, соопшти судијата Владимир Туфекџиќ. Судијата Туфекџиќ образложи дека професорот Шуклев преземал дејствија кои по својата природа повлекуваат не само морална и етичка осуда, туку и осуда во кривично-правна смисла. За обвинетиот, судот утврдил дека тој ги преземал дејствијата кои му се ставија на товар и директно побарал илјада евра од студентот означен со псевдоним УЦМП01 да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши, односно да напише две оценки како студентот би ги положил испитите по предметите Менаџмент на мали бизниси и Основи на менаџмент. Обвинетиот ги прекршил и правилата на совесен и одговорен професор на начин што побарал од студентот да има сексуален однос за да му помогне да добие испити како што самиот кажал во видеоматеријалот од ПИ мерките каде што е снимен и му нудел на студентот заедно да престојуваат во ресторани, хотели и шопинг центри надвор од државата. Професорот Драги Јанев интервенирал за своите колеги да извршат дејствија што не смееле, па за возврат и тој, како и професорот Шуклев сакал и барал да има сексуални односи со студентот под псевдоним УЦМП01. Славе Ристевски индиректно примил подарок од илјада евра за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши и на студентите УЦПМ01 и УЦПМ02, мотивиран од примениот подарок од илјада евра им напишал оценка шест по предметот Статистика, бизнис и економија. Драган Денковски според судот бил посредник преку кој обвинетите професори земале парични средства за да извршат дејствие што не смееле да го извршат, односно да напишат оценки на студентите кои не покажале доволно знаење. Обвинителката ИванаТрајчева, по ресудата изјави дека очекувала да биде донесена осудителна пресуда и тоа за сите обвинети имајќи предвид дека Обвинителството остана до крајот во завршниот збор на обвинението. -Доколку Обвинителството сметаше дека нема докази за кој било од обвинетите, еве во случајот на обвинетиот Стојан Дебарлиев тогаш ќе се откажеше од кривичниот прогон против истиот во завршен збор, но бидејќи јас останав сметав дека во текот на постапката се изведоа доволно докази од коишто се докажа дека истиот го сторил делото кое што му го става на товар, истакна Трајчева. По однос на казните, обвинителката рече дека ќе почека да види кои олеснителни или отежнителни околности Судот ги ценел при изрекување на казните, па потоа ќе коментира. Но, Трајчева рече дека не се согласува со судот дека ја ценел и имал во предвид возраста на осудените. -Она што судот го напомена е дека како особено олеснителна околност која што ја ценел и ја имал во предвид при примена на одредбите за одложување на казната, тоа е возраста, тука морам да кажам дека не се согласувам дека возраста може да се смета како олеснителна околност бидејќи истата таа возраст не ги спречила обвинетите да ги бараат сексуалните услуги и да бараат парични средства за да се положат испити, истакна Трајчева. Обвинителката нагласи дека е оправдана забраната за вршење дејност од 10 години поради фактот што тие иако се во пензија, можат како вонредни професори да држат предавања. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-za-perverziite-na-profesorite-od-ekonomski-barale-seksualni-uslugi-od-momchinja-za-da-polozat-ispit/feed/ 0
Барале сексуални услуги и стотици евра од студенти за да положат: Осудени професорите од Економскиот факултет во Скопје! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/barale-seksualni-uslugi-i-stotici-evra-od-studenti-za-da-polozat-osudeni-profesorite-od-ekonomskiot-fakultet-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/barale-seksualni-uslugi-i-stotici-evra-od-studenti-za-da-polozat-osudeni-profesorite-od-ekonomskiot-fakultet-vo-skopje/#respond Mon, 09 Mar 2020 11:36:40 +0000 https://kurir.mk/?p=313946

Професорите на Економски факултет Бобек Шуклев, Драги Јанев и Славе Ристески денес од судот беа прогласени за виновни поради примање на поткуп, а Драган Денковски беше осуден за давање на поткуп. Шуклев е осуден на казна затвор од 2 години за примање на поткуп, Јанев  за секое кривично дело по 2 години (за примање поткуп и примање награда), па му беше изречена казна од 2 години и шест месеци. За обвинетиот Драги Јанев судот кажа дека исто како Шуклев барал сексуални услуги од студентки за да пише преодни оцени. Обвинетиот Ристески исто така доби казна од 2 години и шест месеци, односно по 2 години за секое кривично дело. Драган Денковски доби казна затвор од по 10 месеци за секое кривично дело, па му беше изречена алтернативна мерка која нема да се изврши доколку обвинетиот за 5 години не го повтори делото. Обвинетиот Стојан Дебарлиев беше ослободен од обвинение за злоупотреба на службена должност. Судот на обвинетите професори им изрече и мерка забрана за вршење на професијата во времетраење од 10 години, а на Денковски во траење од 5 години. Предметот е отворен во јуни 2016-та година. Професорите се сомничат дека барале и примале поткуп од 500 до 1.000 евра за да им пишат преодна оценка за положен испит на студенти без знаење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/barale-seksualni-uslugi-i-stotici-evra-od-studenti-za-da-polozat-osudeni-profesorite-od-ekonomskiot-fakultet-vo-skopje/feed/ 0
Кривична за референт за студентски прашања на Економски факултет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-za-referent-za-studentski-prashanja-na-ekonomski-fakultet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-za-referent-za-studentski-prashanja-na-ekonomski-fakultet/#respond Fri, 31 Jan 2020 10:22:23 +0000 https://kurir.mk/?p=297397

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Д.С.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“, соопшти МВР. Пријавената, во текот на минатата година, во својство на службено лице – самостоен референт за студентски прашања на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје – Економски факултет Скопје, од шест студенти запишани на втор циклус на студии на Економскиот факултет неовластено побарала и примила парични средства на рака, на име уплата за промена од стара во нова студиска програма, како и на име продолжување на временскиот рок за изработка на магистерски труд, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 120.000 денари. Д.С. им ветила дека во нивно име ќе ги уплати паричните средства на трансакциската сметка на Економскиот факултет – Скопје, искористувајќи го фактот дека временскиот рок за уплата истекувал, изготвила шест уплатници со невистинита содржина, во кои лажно прикажала дека паричните средства примени поединечно од секој студент се уплатени на сметката на факултетот и така изготвените лажни уплатници им ги презентирала на оштетените студенти како доказ за наводно извршена уплата, по што ги приложила во нивните студентски досиеа. Полициски службеници извршиле проверки на Економскиот факултет Скопје, од каде што е обезбедена целокупната документација за случајот, по што биле извршени разговори со оштетените и пријавената, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-za-referent-za-studentski-prashanja-na-ekonomski-fakultet/feed/ 0
Pitch Please 2018 – Како идната работа и пракса во странство стануваат реалност? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pitch-please-2018-kako-idnata-rabota-i-praksa-vo-stranstvo-stanuvaat-realnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pitch-please-2018-kako-idnata-rabota-i-praksa-vo-stranstvo-stanuvaat-realnost/#respond Wed, 18 Apr 2018 08:47:45 +0000 https://kurir.mk/?p=42421 На 11-ти мај во 9:30 наутро на Економскиот Факултет во Скопје (УКИМ), ќе се одржи-„Pitch Please“, проект за млади амбициозни луѓе преку кој добиваат можност да се запознаат со предизвиците кои им следат во нивниот понатамошен професионален развој. Организатори на овој настан се АИЕСЕК Скопје во соработка со Економскиот Факултет. Целта на настанот е да се создаде место каде ќе настане синергија помеѓу очекувањата на студентите и барањата на работодавците.

ЗОШТО ГО ПРАВИМЕ ОВА?

– Големата стапка на невработеност помеѓу младите во Македонија, неможноста да се продадат себеси и своите таленти пред работодавците е клучната причина поради која се роди идејата за овој настан. Базиран на Агендата за Одржлив Развој на Обединети Нации, АИЕСЕК активно се вклучува превземајќи иницијатива за стимулирање економски раст и стабилни работни места преку подобар “pitch” пред компаниите.

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА?

– Сесиите опфаќаат претставување на самите компании и нивната дејност, интеракција помеѓу студентите и компаниите во неформален амбиент. Споделување искуства од студенти, членови на АИЕСЕК, универзитетски професори како и стории за патот до успехот од врвни бизнис менаџери.

ЛОКАЦИЈА, ИНТЕРАКЦИЈА И АПЛИКАЦИЈА?

– Настанот ќе се одржува на 11-ти Мај, во 9:30 часот на Економски Факултет – Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје. Размена на знаења, вмрежување на младите таленти со претставниците на бизнис секторот, како и добра дружба придружена со закуски и освежителни пијалоци.  Цена на котизацијата ќе изнесува 290 денари во кои освен незаборавното искуство, е вклучено и ваучер со 20% попуст за АИЕСЕК пракси низ цел свет. Се гледаме!

Аплицирајте на:
https://goo.gl/dcCfcA

]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pitch-please-2018-kako-idnata-rabota-i-praksa-vo-stranstvo-stanuvaat-realnost/feed/ 0
Уште 8 дена за да инвестирате во својата професионална кариера https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-8-dena-za-da-investirate-vo-svojata-profesionalna-kariera/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-8-dena-za-da-investirate-vo-svojata-profesionalna-kariera/#respond Thu, 08 Feb 2018 15:14:57 +0000 http://kurir.mk/?p=19652

Меѓународната бизнис академија на Економски факултет – Љубљана, во Скопје, ја изведува современата и високо квалитетна академска и бизнис  меѓународна магистерска програма. Државниот Економски факултет во Љубљана  е основан во 1946 год., има репутација на најдобра високообразовна институција од областа на економија и менаџмент во Словенија, со над 8.000 домашни и странски студенти во текот на секоја академска година. Акредитиран со највисоките академски и бизнис акредитации - EQUIS и AASCB, факултетот спаѓа во елитната групација на високо рангирани институции во Европа и во светот. Ова е привилегија на помалку од 5% од бизнис школите ширум светот. Покрај овие две значајни акредитации, факултетот ја има и AMBA акредитацијата, која ја поседуваат само 2% од школите за Мастер студии за Бизнис Менаџмент (MBA). Со овие програми Економски факултет – Љубљана (IBA – International Business Academy, Master programme) е рангиран на 45-то место на светската листа на бизнис школи.  Дипломата е академска и бизнис, ја издава Економски факултет – Љубљана на англиски јазик и на словенечки јазик и е валидна во сите земји во светот. Јавниот отворен повик за сите кои што сакаат да инвестираат во својата професионална кариера е отворен до 15 февруари 2018. Заинтересираните кандидати за детални информации може да се обратат до Регионалниот центар на Економски факултет–Љубљана (www.ef.uni-lj.si)  во Скопје ([email protected]; 070 338 570). Мастер програмата по БИЗНИС и ОРГАНИЗАЦИЈА овозможува стекнување специјалност во областа на: економија, финансии, стратегија, менаџирање, управување со човечките ресурси, преговарање, проактивно мислење и креативно дејствување... По завршување на програмата, секој поединец ќе биде подготвен стручно и високо професионално да се соочи со предизвиците на секоја компанија, фабрика, институција... Постдипломската рограма по БИЗНИС И ОРГАНИЗАЦИЈА ги содржи следните 15 предмети: Микро и макро економија, Бизнис околина, Организација и менаџмент, Стратешки менаџмент, Логистика и оперативен менаџмент, Финансиски менаџмент,  Маркетинг за менаџери, Менаџмент на човечки ресурси, Системи за поддршка на одлучување, Преговарање, Бизнис истражување, Сметководство за менаџирање, Економски менаџмент и Изборен курс I, II, III. Мастер студиите ги  профилира следниве кадри: - Менаџери и претприемачи кои што имаат генерални и специјализирани менаџерски одговорности -    Високо - функционални лидери што имаат повеќекратни одговорности -  Извршни директори кои што сакаат да развијат интегративна перспектива и да ги усовршат своите таленти и вештини -  Амбициозни технички експерти на кои што, исто така, им се потребни економско знаење и управувачки способности -    Мотивирани индивидуалци кои што себеси се гледаат како потенцијални лидери -    Дипломирани студенти кои што немаат работно искуство Предавањата ќе се реализираат во Скопје од страна на професори од Словенија и други европски универзитети. Студентите ќе ги добијат потребните дополнителни материјали и последните изданија на предвидените учебници од Англија и од САД на англиски јазик, кој што е и официјален јазик на студиите. Со цел да се постигне висок квалитет на наставата, бројот на студенти во една генерација е ограничен до 25 студенти. За упис на студиумот, секој кандидат е потребно да ги исполнува следниве услови: - Диплома од завршени додипломски студии (било кој профил на високо образование) - Познавање на англискиот јазик Меѓународната мастер програма нуди одлични можности за контакти од бизнис средината како дел од Алумни клубот со повеќе од 10.000 членови и интернационалната бизнис асоцијација – “Beta Gamma Sigma“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-8-dena-za-da-investirate-vo-svojata-profesionalna-kariera/feed/ 0