економски колапс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Aug 2020 18:35:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png економски колапс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трамп: Победата на демократите би значело економски колапс https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-pobedata-na-demokratite-bi-znachelo-ekonomski-kolaps/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-pobedata-na-demokratite-bi-znachelo-ekonomski-kolaps/#respond Tue, 18 Aug 2020 18:38:57 +0000 https://kurir.mk/?p=392352

На почетокот на виртуелната конвенција на Демократската партија со главен настан номинација на претседателски кандидат на партијата, претседателот на САД, Доналд Трамп денеска оддржува предизборни митинзи во Минесота и во Висконсин. Трамп зборуваше пред поканети поддржувачи, обвинувајќи го неговиот очекуван изборен противник дека е послушник на „левичарските фашисти“. Американскиот претседател предупреди дека евентуална победа на опозициската партија во ноември, би значело отворени граници и економски колапс. Тој, исто така, додаде дека никој нема да биде безбеден ако Бајден ги води САД, оти тој и неговата изборна партнерка Камала Харис, биле против полицијата и го поддржувале криминалот. Претседателот денеска патува во Аризона, а за два дена се очекува да биде во Пенсилванија, за кога е закажан говорот на Бајден за прифаќање на демократската номинација за претседател.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-pobedata-na-demokratite-bi-znachelo-ekonomski-kolaps/feed/ 0
Мицкоски го предвиде економскиот колапс https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mickoski-go-predvide-ekonomskiot-kolaps/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mickoski-go-predvide-ekonomskiot-kolaps/#respond Fri, 09 Mar 2018 12:30:14 +0000 http://kurir.mk/?p=28642

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во едно од своите видео обраќања го предвиде економскиот колапс. Тој дури и посочи дека ќе биде благодарен ако до крајот на годината растот на БДП заврши со нула. Според извештајот што го објави ДЗС за последниот квартал од 2017 година, Република Македонија бележи 0% економски раст. Тоа е уште еден доказ дека македонската економија стагнира и убедливо е на дното кога СДСМ е на власт. Пред само неколку недели, Мицкоски во едно од своите видео обраќања предвиди дека Република Македонија ќе има негативен раст во економијата. -Во продолжение ќе споменам неколку аргументи и факти на што се темели оваа моја анализа. Имено БДП во првите три квартала е некаде околу 0,4 проценти под нулата, што значи дека има негативен раст, а до крајот на година би биле среќни ако завршиме со нула. Што претставува едно од најлошите достигнувања од осамостојувањето на Република Македонија па до денес, истакна Мицкоски. Граѓаните во Република Македонија се за 11 проценти посиромашни на 31 декември 2017-тата година, споредно со она што било 31 декември 2016-тата година. Сето ова е само уште еден резултат на погрешните и лоши политики кои што владата предводена од СДСМ ги практикува во Република Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mickoski-go-predvide-ekonomskiot-kolaps/feed/ 0