економски мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Mar 2022 12:27:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png економски мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Војната во Украина причина за предвремени парламентарни избори во Македонија?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vojnata-vo-ukraina-prichina-za-predvremeni-parlamentarni-izbori-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vojnata-vo-ukraina-prichina-za-predvremeni-parlamentarni-izbori-vo-makedonija/#respond Wed, 16 Mar 2022 10:05:07 +0000 https://kurir.mk/?p=648016

Дваесет и еден ден откако сирените во Украина го вознемирија светот. Руската агресија врз Украина беше почеток на едно ново нормално по коронакризата која две години ги затвори луѓето во своите домови. Војна која комплетно ќе ја измени демократијата, слободата и човековите права, војна која економиите на сиромашните земји ќе ја донесе пред капитулација, поради ценовните шокови кои за само дваесет дена вртоглаво се менуваат. Цените на нафтата, струјата, прехранбените суровини се вивнаа „до плафон“. Имено цените на нафтата достигнаа и 130 долари за барел, струјата драстично се покачи, зејтинот, брашното, шеќерот, солта... никогаш немале волку високи цени. Некои луѓе ќе речат, па ова е нормално кога има војна... Да нормално е! Но исто така нормално е кога ќе почне да се случуваат вакви шокови, владите во државите да преземат соодветни мерки и да го ублажат растот на цените. Уште понормално е кога државата за ваквите глобални случувања има информација неколку месеци пред таа да се случи, да дејствува соодветно, а не да истата да молчи и да биде нем набљудувач на ситуацијата. Претседателот Стево Пендаровски во интервју за ТВ Телма, во еден од одговорите рече дека тој имал информации за војната во Украина уште лани во ноември, а штом имал тој, имала и владата на СДСМ и ДУИ. -Американските разузнавачи ни ја дадоа информацијата дека Русија ќе ја нападне Украина. Ја споделивме веднаш со институциите кои се под нас. Тоа беше на ниво на информација. Следниот месец, големите медиумски сервиси не веруваа во тоа, но кон крајот на декември, НАТО и ЕУ потврдија дека информацијата е точна, рече Пендаровски. Но македонските власти цели пет месеци молчеа и ништо не преземаа. Дојдовме до ситуација повторно да го молиме Александар Вучиќ да ни даде пченица, претходно го молевме за вакцини, а во секоја прилика не забораваме да се пофалиме дека сме земја членка на НАТО. Како земја членка на НАТО мора да почнеме да размислуваме позрело, бидејќи ако ги земеме другите земји членки на Алијансата, со кои честопати сакаме да се споредуваме ќе видиме дека не сме ни приближно блиску до нив. Цели пет месеци властите не преземаа ниту еден чекор со кој ќе им се олесни животот на македонските граѓани, но затоа сега во „пет до дванаесет“, експресно се донесоа економски мерки, но од вчера и се променија униформите на полицијата, нешто што ДУИ одамна го ветуваше. Мириса на предвремени парламентарни избори?! На почетокот на годината, новиот премиер на Бугарија, Кирил Петков ја посети Република Македонија, беше пречекан од наследникот на Зоран Заев, Димитар Ковачевски. Оваа посета беше на 18 јануари, дента кога Бугарија ја признала независноста на Македонија. И посетата беше на највисоко ниво, по завршување на истата, од двете страни веднаш побрзаа да кажат дека преговорите започнале одлично и дека предлогот за 5+1 веќе станал 4+1. Потоа по барање на Петков беше воведен директен лет Скопје – Софија, па министрите на двете земји и нивни делегации се возеа со авион, ПР-от беше пуштен на најјако. Но, војната во Украина им ги помати сметките. Речиси еден месец никој ништо не збори за преговорите, за барањата на Бугарија, за предлозите... Во близина на бугарската граница, кај Црно Море, се случува војна, целата бугарска политика во моментиве се фокусира на тој момент, а Македонија повеќе не е приоритет за Бугарите. Апропо ваквата ситуација, Ковачевски и Груби, знаејќи дека шансите за добивање датум за преговори со ЕУ се речиси невозможни, решија со популистички мерки да ни наговестуваат предвремени парламентарни избори, кои големи се шансите да се случат на есен оваа година. За помислата дека шансите се речиси невозможни да ги започнеме преговорите со ЕУ во Јуни на некој начин ни потврди и Жозеф Борел, високиот претставник за надворешна политика на ЕУ. -Не можам да ви ветам датум но можам да ви ветам волја, рече Борел. [embed]https://kurir.mk/makedonija/vesti/zosep-borel-ne-mozam-da-vi-vetam-datum/[/embed] Доколку на оваа влада и беа приоритет граѓаните, економските мерки кои ги донесоа сега ќе ги донесеа дента кога ја добиле информацијата за руската инвазија, немаше да чекаат бензинот да се вивне „во плафон“, немаше да чека ценовните шокови да направат хаос во државата, немаше да дозволи граѓаните да се „тепаат“ за зејтин, брашно, сол... За помислата за предвремени парламентарни избори да биде уште по реална овозможи и објавата на министерот Артан Груби, кој пак важи за иден лидер на ДУИ, доколку Ахмети се повлече од таа функција. Артан Груби вчера се пофали дека полициските униформи стануваат двојазични. -Уште една успешно извршена задача! Албанскиот јазик официјално и во полициските униформи! На денешната седница на Владата ја усвоивме измената на Уредбата за униформите и нивните симболи со која се предвидува употреба на албанскиот јазик како службен јазик во униформите на полициските служби согласно законот, напиша на Фејсбук, министерот Груби. [embed]https://kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-edna-uspeshno-izvrshena-zadacha-albanskiot-jazik-i-oficijalno-na-policiskite-uniformi-se-pofali-grubi/[/embed] Ако денот по утрото се познава, војната во Украина и носи предвремени парламентарни избори на Македонија.   Ристе Здравков]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vojnata-vo-ukraina-prichina-za-predvremeni-parlamentarni-izbori-vo-makedonija/feed/ 0
Намалени акцизи, ДДВ и субвенции за справување со енергетската и ценовната криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/namaleni-akcizi-ddv-i-subvencii-za-spravuvanje-so-energetskata-i-cenovnata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/namaleni-akcizi-ddv-i-subvencii-za-spravuvanje-so-energetskata-i-cenovnata-kriza/#respond Thu, 10 Mar 2022 06:52:53 +0000 https://kurir.mk/?p=644478

Со 26 мерки за помош на граѓаните и компаниите, во вредност од 400 милиони евра, ќе се ублажуваат последиците од економската криза и руско-украинскиот конфликт. Со нив, како што објави вчера Владата, треба да се сочува животниот стандард на граѓаните и да се одржи ликвидноста на компаниите. За справување со енергетската и ценовната криза ќе се намалува цената на горивата преку намалени акцизи и ДДВ, а најранливите категории граѓани ќе добијат субвенции. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, ја обвинија Владата дека е одговорна за кризата, упатија критики за предложените мерки и побараа итен ребаланс на Буџетот. Итни мерки за помош побараа и асоцијаците на транспортните компании, а во меѓувреме Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за поскапување на нафтените деривати во просек за 6,88 проценти. – Предизвиците пред нас се огромни, во услови на постпандемија се соочуваме со најголемата економска криза која Европа и светот ја паметат во поново време. На глобално ниво растот на трошоците на храната и на енергенсите како резултат на воената агресија на Русија на Украина го чувствуваме и ние денес и сега. Дисбалансот на цените на основните продукти и енергенси не засега и нас. Ова ќе биде тешка година, но со добри мерки и политики ќе ја премостиме, рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција на која ги презентираше двате групи мерки. На граѓаните им порача дека има доволно количини на храна и енергенси во стоковите резерви и оти Буџетот е стабилен, ликвиден и во полна кондиција да ги финансира сите обврски. Нема опасност ниту по стабилноста на денарот, тврди Ковачевски. Со најавените мерки се укинува ДДВ за лебот, шеќерот, брашното тип 400, зејтинот, трајното млеко, свежото месо, оризот и јајцата . Ќе се замрзнат и маржите за основните прехранбени производи и ќе укинат царинските давачки за увозот на основните прехранбени производи. На 35 илјади граѓани од ранливите категории, пак, ќе им бидат дадени ваучери од по илјада денари во период од три месеци за набавка на основни прехранбени производи. Се продолжува и субвенционирањето на цената на електричната енергија на регулираниот пазар за домаќинствата и за малите потрошувачи до јуни годинава, се субвенционира цената на топлинска енергија, а се препорачува цените на горивата да се менуваат на дневна основа додека трае енергетската криза. Дел од мерките е и пролонгирањето на еколошката такса за енергенсите. Се намалува и стапката на ДДВ на 10 проценти за дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и акцизата врз основа на берзанските цени. Ќе има и ослободување од плаќање на ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување. Владата препорачува и штедење и рационално користење на електричната енергија и енергенсите, а дополнително задолжени се државните и јавните институции да предложат сет мерки за рационализација на трошоците по овие основи. За да се применат дел од мерките ќе се менуваат законите за акцизата и за ДДВ, а како што порача Ковачевски, сите пратеници имаат одговорност и обврска пред граѓаните за да бидат изгласани. Измените на законите, според најавите од премиерот, уште денеска ќе се најдат пред пратениците. Од предвидените 400 милиони евра за мерките, 90 милиони евра се откажување од приходи, а околу 310 се директни фискални расходи. Покрај краткорочни, според министерот за финансии Фатмир Бесими, има и среднорочни мерки за подобрување на структурата на економијата и стопанството. -Со мобилизирање на капитал од приватниот сектор очекуваните ефекти од мерките се некаде 500 милиони евра во економијата, рече Бесими. Тој информираше дека се прават анализи кога би било најдобро да се издаде нова еврообврзница, потенцирајќи дека во Буџетот има доволна ликвидност и резерви пренесени од минатата година. -Приходите се реализираат согласно планот. Имаме подобра реализација на даноците во однос на 2020, 2021, во однос на 2019 година. Според планот, досега имаме реализација на сите приходи – даночни придонеси, увозни, така во тој дел од аспект на ликвидноста сите овие мерки што ги преземаме се изводливи во рамките на тоа што се потребите и рокот на имплементација на мерките, рече Бесими, повторувајќи дека е вообичаена пракса да има ребаланс во текот на годината, особено во услови на криза како сега. Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Владата предложила комплициран модел кој не гарантира намалување на цените на горивата. -Наместо да го прифати предлогот за намалување на акцизата кај нафтените деривати, како што предлага ВМРО-ДПМНЕ, со што цената на бензинот од утре би се намалила за 13 денари, а на дизелот за девет денари, премиерот Ковачевски денеска предложи комплициран модел за намалување на акцизата кој не само што не го разбра јавноста, туку и не гарантира дека ќе придонесе за намалување на малопродажната цена на горивата, рече на прес-конференција Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Ако мерката за намалување на акцизата е премалку, дополни, намалувањето на ДДВ сигурно доаѓа предоцна. Некои мерки кои одамна се во сила, беа промовирани како нови, како што е на пример додатокот за енергетска сиромаштија кај примателите на социјална помош и слично, посочи Славевски, коментирајќи ги владините мерки. Славевски рече и дека е само делумно објаснувањето на Владата дека инфлацијата е поради надворешни фактори и влијанија и посочи дека 40 проценти од стапката на инфлација се објаснува и се должи исклучиво на домашни фактори. Побара итен ребаланс на државниот буџет и укажа дека со кратење на непродуктивни трошења може да се обезбедат средства за зголемување на платите и пензиите во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните. Паралелно со ова, предложи да се зголемат средствата за блок дотации и други трансфери кон единиците на локалната самоуправа за и тие да можат да ги зголемат платите на своите вработени и да ги покријат енормно зголемените трошоци за електрична енергија. Централната банка, порача Славевски, треба да се врати на нејзината основна цел, а тоа е ценовната стабилност и да преземе соодветни мерки за спречување на растечката инфлација. Во реакција на тврдењата на Славевски од СДСМ побараа ВМРО-ДПМНЕ да ги признае економските мерки и да ги гласа во Собранието. -Додека државата и светот се соочуваа со последиците од пандемијата на коронавирусот, Владата предводена од СДСМ донесе шест пакети економски мерки вредни над 1,1 милијарда евра со кои се спасија над 60.000 работни места а успешноста на мерките беше поздравена и од Меѓународниот монетарен фонд. И тогаш ВМРО-ДПМНЕ плашеше со црни сценарија и ги блокираше законите за да ја одолговлекува реализацијата на мерките. Овој пат ВМРО-ДПМНЕ треба да се откаже од блокадите, да ја признае успешноста на пакетот мерки и во Собранието да ги изгласа потребните закони за нивна реализација, порачаа од СДСМ. Во Србија денеска стапува во сила забраната за извоз на пченица, но како што информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, нема да важи за земјава. Нашите мелничари, тврди тој, ќе може да ги обезбедат веќе договорените количини. Според Николовски, интензивно се прават напори и за изнаоѓање пласман на овошјето и зеленчукот, пред се, на праските, јаболката, тутунот и грозјето, а Владата во наредниот период ќе размислува и за други интервентни мерки во земјоделството. Нивните пресметки покажале дека на извозот во Русија и Украина отпаѓа многу мал процент од вкупниот извоз на земјава. Во меѓувреме, итна средба со Владата поради растот на цената на нафтата на која ќе бидат договорени конкретни мерки за ублажување на ударот од кризата кај транспортерите побара Стопанската интересна заедница за патен транспорт Македонија сообраќај АМЕРИТ, каде членуваат транспортни фирми за превозот на стока и на патници во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај. Лефтер Андонов, управител на СИЗ „Македонија сообраќај” АМЕРИТ – Скопје, во отворено писмо до Владата предупреди дека поради големото учество на горивото во цената на транспортот и неизвесноста за транспортерите по најавата дека секојдневно ќе има нова цена, ќе бидат принудени да го прекинат превозот на стока и на патници, како и да ги повикаат своите членки на масовни протести до наоѓање решение. Комитет за финансиска стабилност на Народната банка, претходно оцени дека финансиската и стабилноста на курсот на денарот успешно се одржуваат. -Денарот е стабилен, а финансискиот систем исто така е стабилен и подготвен да одговори на предизвиците што би произлегле од руско-украинскиот конфликт. Сите финансиски услуги непречено се вршат и ќе продолжат да се вршат и понатаму во согласност со потребите на граѓаните и на корпоративниот сектор, соопшти Комитетот, посочувајќи дека надлежните регулатори координирано ги следат состојбите и се подготвени брзо да делуваат, да ги прилагодуваат политиките во согласност со случувањата и да ја одржат финансиската стабилност која е приоритет. Досега, информираа од Народната банка, поизразени директни влијанија врз домашниот финансиски сектор нема и не се очекува да има поради слабите финансиски врски со Русија и Украина и отсуството на капитал од овие две држави во банкарскиот сектор. Со одлука на РКЕ од полноќ цената на дизел горивото се зголеми за 8,5 денари за литар, а бензините поскапеа за 3,5 денари. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 сега изнесува 93 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 продава за 95, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 94 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 6,50 денари за литар се зголеми малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и изнесува 90 денари. Мазутот М-1 НС, пак, поскапе за 4,846 денари за килограм и ќе се продава за 59,165 денари. Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочија зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензинот во просек за 8,971 отсто и кај дизелот за 16,811 отсто, како и за околу 1,078 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот. -Донесовме одлука со која ја намаливме трговската маржа за 33 отсто на сите трговците со нафтени деривати. Ова е единствен механизам кој на РКЕ му стои на располагање. И сега го активираме затоа што ова се вонредни услови, и мора сите да покажат солидарност. На овој начин, во крајната цена влијаеме делумно да се амортизира огромниот пораст. Дополнително олеснување врз притисокот на крајната цена ќе бидат и најавените измени во делот на ДДВ и акциза, кои апелираме побрзо да се донесат, изјави синоќа претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. Поради рекордниот раст на сите нафтени деривати на светските берзи од РКЕ завчера најавија дека ќе носат одлуки на дневно ниво доколку има потреба. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/namaleni-akcizi-ddv-i-subvencii-za-spravuvanje-so-energetskata-i-cenovnata-kriza/feed/ 0
Парламентот климав, економските мерки висат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parlamentot-klimav-ekonomskite-merki-visat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parlamentot-klimav-ekonomskite-merki-visat/#respond Fri, 12 Mar 2021 16:38:32 +0000 https://kurir.mk/?p=481502

Граѓаните секојдневно се сведоци дека парламентарното мнозинство е се понестабилно. Тоа се покажа и со вчерашната изјава на вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи кој побара од пратениците во Собранието да си ја работат својата работа и да се донесе петтиот пакет на мерки. -Економските мерки предвидени со петтиот пакет за КОВИД-19, е донесен во име на граѓаните, и во таа насока пратениците за носење на овој пакет е да си ја работат работата како и сите дурги во државата. За жал, Законот за финансиска поддршка на плати е предаден во Собрание на 16 февруари и се уште не е закажана пленарната седница за да може да ги помине комиските расправи,истакна вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Меѓудругото, Битиќи посочи дека намерно рокот за аплицирање за февруари го ставиле до крајот на март за да можат мерките од петтиот пакет да го опфатат и февруари. Најави дека постои можност преку пратениците од владејачкото мнозинство да се поднесат и соодветни амандмани за да се овозможи тоа доколку доцни донесувањето на законското решение. По оваа изјава, се поставува прашањето дали со ова Битиќи посочува дека парламентарното мнозинство е нестабилно. Исто така, ако се земе во предвид дека Заев пред недела дена побара доверба на Влада повеќе од јасно е дека сите функционери во влада се свесни оти нивното мнозинство е на стаклени нозе. За ова, посочи и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. -СДСМ и коалиционите партнери да имаа мнозинство какво што очекуваа, ќе ја продолжеа и 34-та седница во која има над 70 точки, но бидејќи немаат мнозинство во парламентот, избегнуваат да ги отвораат темите. Тоа доволно кажува за неревносното работење на парламентарното мнозинство и за несигурностите кои ги имаат во редовите одреден период. Ваквиот начин на работа покажува дека ситуацијата не е добра и наскоро ќе треба да се размислува за посериозно парламентарно мнозинство, истакна Мицевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parlamentot-klimav-ekonomskite-merki-visat/feed/ 0
Мицевски до СДСМ: Вашата влада нема капацитет да планира економски мерки и истите да ги реализира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-do-sdsm-vashata-vlada-nema-kapacitet-da-planira-ekonomski-merki-i-istite-da-gi-realizira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-do-sdsm-vashata-vlada-nema-kapacitet-da-planira-ekonomski-merki-i-istite-da-gi-realizira/#respond Fri, 30 Oct 2020 13:55:35 +0000 https://kurir.mk/?p=422689

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“, Никола Мицевски во своето обраќање на денешната собраниска седница посочи дека оваа влада преводена од СДСМ нема капацитет да планира економски мерки и истите да ги реализира, а за тоа доказ е и економската состојба на државата и реализираните капитални инвестиции. -Од проектираните средства за трите пакет мерки на имаме реализација над 33% од вкупните средства. Или од прилика 550 милиони евра колку што се планирани да бидат вратени на граѓаните и на стопанството, реализирани се 180-190 милиони евра, истакна Мицевски. Мицевски додаде дека така ќе биде и со четвртиот пакет на мерки, затоа што во поголем дел од мерките има доста скриени работи кои што подоцна излегуваат на виделина, и не можат да се реализираат во стопанството планираните средства. -Секаде има некое дополнително ставено во запирка, или со мали букви треба да се реализира ова за да се добие тоа, треба да го има ова за да се добие другото. Така да не очекувам дека овие пакет мерки ќе го дадат саканиот резултат. Зошто го зборувам ова? Ние за да излеземе од целата оваа работа, вие во самата ваша дискусија рековте да не се држиме до капиталните инвестиции, и дека сега сме во таква ситуација во која што се наоѓаме и не може да се реализираат капиталните инвестиции. На крајот на денот капиталните инвестиции се тие што создаваат додадена вредност во економијата, го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните, појасни Мицевски. Мицевски посочи дека капиталните инвестиции се инвестиции кои што практично работата за подобрување на климата во економијата. Поради неспособната власт во Македонија капитални инвестиции немаше и кога не постоеше КОВИД-19. -2018-тата година немаше КОВИД-19, капитални инвестиции процентот од БДП најслаб имаше 1.8%. А, во 2019-тата година капитални инвестиции имавме 2.6% од БДП. Оваа влада нема капацитет за да планира економски мерки и истите да ги реализира, нагласи Мицевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-do-sdsm-vashata-vlada-nema-kapacitet-da-planira-ekonomski-merki-i-istite-da-gi-realizira/feed/ 0
Еве кој е опфатен во 4-от пакет на економски мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-koj-e-opfaten-vo-4-ot-paket-na-ekonomski-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-koj-e-opfaten-vo-4-ot-paket-na-ekonomski-merki/#respond Sun, 27 Sep 2020 13:41:58 +0000 https://kurir.mk/?p=409217

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во придружба на заменик-претседателите и министрите од економските ресори, одржа прес-конференција на која беше презентиран четвртиот пакет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19, усвоен на денешната седница на Владата. Во прилог на ова соопштение, ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Заев во целост: Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, почитувани министри во Владата, На денешната седница на Владата, која штотуку заврши, го затворивме четвртиот пакет економски мерки и на оваа прес-конференција ги презентираме пред јавноста и граѓаните. Уште со појавата на КОВИД-19 во Северна Македонија, освен здравствената стратегијата за справување со вирусот, владата многу брзо ги донесе и спроведе првите три пакет мерки кои беа соодветен одговор на првите бранови од економските штети предизвикани од коронавирусот. Тоа беа навремени и сериозни мерки за спас на работните места. Беа сеопфатни и водени од принципот никој да не биде изоставен. Така, точно димензионирани, ги запреа првите удари кои се закануваа да бидат катастрофални. Да потсетам само накусо на некои од ефектите од претходните три мерки: Стотици илјади работни места се спасени и обезбедена е помош за десетици илјади компании. Само преку мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, со 79,5 милиони евра поддржани се околу 120.000 вработени граѓани и околу 20.000 компании. Финансиска поддршка добија и близу 6.000 самостојни вршители на дејности. Со бескаматната кредитна линија КОВИД-1, преку Развојната банка, во стопанството се вложени финансиски средства од 5 милиони евра кои се доделени на 737 компании, со над 6.509 лица и тоа од најпогодените сектори: туризмот, угостителството и транспортот на патници, кои беа први на ударот на кризата. Со кредитната линија КОВИД-2 во износ од 8 милиони евра, беа помогнати 639 домашни компании во кои работат 11.325 лица. 26,8 милиони евра завршија кај 309.000 граѓани кои добија платежни картички преку мерката „купувам домашно“ чија цел е истовремено да го поддржи домашното производство и да ја зајакне куповната моќ на граѓаните. Од нив 16,5 милиони евра беа наменети за 113.000 невработени граѓани и за приматели на социјална помош, 5,4 милиони евра за 111.000 вработени граѓани со ниски примања, над 4 милиони евра за 81.000 млади граѓани, како и преку 900.000 евра за 4.000 здравствени работници. За поддршка на најпогодениот сектор туризам и угостителство и за поддршка на граѓаните да искористат летен годишен одмор, преку мерката „Дома си е дома“, доделени се ваучери за туризам на 117.000 граѓани во висина од 12 милиони евра, како директна помош. Вредноста на првите три пакети економски мерки, важни за поддршка на стопанството и граѓаните изнесуваше 550 милиони евра. Почитувани, Првите три сета мерки ги запреа сериозните удари од пандемијата како здравствено - општествена криза и спречија социјално-економски последици кои во вакви ситуации можат да бидат драматични и долгорочни. Успешната стратегија за спречување на колапсот на здравствениот систем и на економијата и социјалната сигурност, создаде услови и за четвртиот пакет економски мерки. Новиот пакет има за цел да обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, да закрепне одредени дејности, да обезбеди стабилност на социјалните трансфери и да обезбеди политики кои ќе помогнат спроведување на брза излезна стратегија кога кризата ќе заврши за да продолжиме со позитивните трендови на новата развојна македонска економија. Затоа, поддршката за граѓаните и стопанството продолжува и никој нема да биде изоставен. Ги имаме предвид сите дејности и компании. Нашето внимание е целосно насочено кон поддршка за работните места, кон невработените лица, социјално ранливите категории како што се пензионерите и граѓаните од други категории, самохрани родители итн. Четвртиот пакет мерки е директна помош за економската и социјалната сигурност на нашите сограѓани, како и за поттик на приватната потрошувачка како стимулатор на општествениот раст. (1) Како прва од пакетот четири, ја издвојувам мерката Поддршка за исплата на плати, која продолжува да важи и за последниот квартал од годината, односно и за месеците октомври, ноември и декември. Новост во оваа мерка е што поддршката ќе биде одредена скалесто согласно падот на приходите кај компаниите. Колку е поголем падот на приходите во компаниите опфатени со оваа мерка, толку поголема ќе биде поддршката од државата за исплата на платите и таа ќе се движи од досегашните 14.500 до 21.776 денари. Обезбедуваме повеќе пари за поддршка на вработените, за стабилност на работните места. Со новата методологија за државна помош за исплата на платите ќе бидат поддржани 83.000 работни места на нашите сограѓани, на месечно ниво, односно вкупно 250.000 плати за последниот квартал Вредноста на оваа мерка изнесува 70 милиони евра за да се оствари правото на неа, компаниите што ќе аплицираат мора да го задржат бројот на вработени заклучно со 31 јули 2020 година. Оваа мерка важи и за самостојните вршители на дејности, односно трговците поединци, лицата што вршат земјоделска дејност, занаетчиска дејност и лица што вршат други услуги. (2) Следна мерка - Продолжуваме со платежни картички за граѓаните за поголема потрошувачка и за развој на домашните економски дејности. Овој пат платежни картички со износ од 6.000 денари ќе ги добијат 5.726 самохрани родители, пензионерите со пензии до 15.000 денари, односно 182.271 наши сограѓани пензионери, невработените кои се пасивни баратели на работа, односно 85.108 граѓани, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници чија бројка е 520 корисници. Платежни картички „Купувам домашно“ ќе добијат уште 540 студенти, кои во претходниот пакет не ги добија овие картички, а за што навремено и со право реагираа претставниците на студентите. Плус поддршка за ученички и студентски стандард од 44 милиони денари за 2020 година добиваат 884 студенти и 347 ученици. Секако, ќе ги помагаме и оние граѓани кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи. Со тоа, оваа мерка опфаќа на 283.000 наши граѓани, а нејзината вредност изнесува 27,6 милиони евра. (3) Како трета мерка е зголемувањето на грејс периодот кај бескаматните кредити од КОВИД-1. Со оваа мерка, преку Развојната банка на Република Северна Македонија, на постоечките корисници на кредитни линии од оваа банка, ќе им бидат обезбедени дополнителни 3 месеци грејс период пред да започнат со исплата на ануитетите од земените кредити. (4) Со четвртата мерка од новиот пакет се обезбедени нови 100 милиони евра поволни кредити од Развојната банка на Република Северна Македонија. Овие поволни кредити од Развојната банка на Република Северна Македонија се обезбедени преку Европската инвестициона банка и ќе бидат пласирани во јануари 2021, преку деловните банки за поддршка на домашните компании, со исклучително ниска камата. (5) Петтата мерка го потврдува нашиот принцип дека никој нема да биде изоставен и таа предвидува - Поддршка со плати за туристичките водичи. На 150 регистрирани туристички водичи за месеците октомври, ноември и декември, ќе им биде исплатена минимална бруто плата во висина 21.776 денари. (6) За поддршка на секторот туризам, како еден од најпогодените од кризата, определивме мерка – Поврат на туристичката такса за 2019 година. На 4.740 субјекти кои организирале ноќевања во 2019 година, ќе им бидат вратени 2 милиони евра, колку што изнесува вкупниот износ на туристичката такса инкасирана во таа година. (7) Кога сме кај секторот туризам, со овој пакет ја носиме и мерката - Грантови за туристички агенции. Корисници на оваа мерка ќе бидат 500 туристички агенции, а нејзината вкупна вредност изнесува 1,9 милиони евра за грантови од 3.000 до 7.000 евра за сите туристички агенции во зависност од бројот на вработени и од вкупниот промет во 2019 година, и во зависност од тоа дали се носители на А или Б лиценца. (8) Низ процесот на консултации со стопанските комори, стигнавме и до заклучок за мерката - Намалување и/или укинување на парафискалните давачки Многу бргу, повторно во соработка со стопанските комори, ќе следува утврдување на листа од приоритетни парафискални давачки, како што се надоместоци, такси, дозволи, лиценци, плаќања за издвојување средства по разни основи и нивно тековно намалување и/или укинување на некои од нив. (9) Мерката број 9 е Грантови за ресторани за свадби – поддршка ќе добијат сите регистрирани и лиценцирани субјекти за оваа дејност, во вкупна вредност од 1 милион евра. Грантовите одделно се во висина од 3.000 до 10.000 евра, во зависност од остварениот промет во 2019 година. Овде ја отвораме опцијата за регистрација на таквата дејност затоа што еден дел од овие дејности се регистрирани за организирање свадби, а еден само за достава на храна. (10) Со овој пакет е опфатена и мерката - Продолжување на лиценците за работа на дискотеките, ноќните клубови како и за компаниите од транспортната заедница. Согласно регистрацијата за работа, на околу 120 дискотеки и ноќни клубови, како и на околу 7000 транспортери, ќе им се продолжи лиценцата за работа и во 2021 со 0 денари надомест, со тоа што транспортерите ќе добијат ослободување плус уште за една година во зависност од тоа кога им истекува лиценцата што ја добиле. (11) Грантови се предвидени и за игротеки за деца. За околу 1.000 игротеки ќе се обезбедат грантови во висина од 1.000 до 5.000 евра во зависност од остварениот промет во 2019 година, а целата вредност на оваа мерка изнесува 2,5 милиони евра. (12) Обезбедивме поддршка и за занаетчиите. Со неа се предвидува намалување на ДДВ-то на нивните услуги и производи од 18% на 5% за да ја зајакнеме нивната конкурентност на пазарот. Напоменувам дека на самостојните вршители на дејности, односно на занаетчиите, им остануваат на располагање и другите мерки, како оние за поддршка за исплата на платите или пристапот до поволните кредити од Развојната банка на Северна Македонија. (13) Во периодот на имплементација на четвртиот пакет ќе се активира и мерката - Државна кредитна гаранција. Со оваа мерка државата става на располагање 10 милиони евра финансиски средства за поддршка на компаниите за полесен пристап до евтини финансиски средства, преку преземање на дел од кредитниот ризик. Со државната гаранција од 10 милиони евра на стопанството ќе му бидат на располагање кредити со вредност од 65 милиони евра. (14) Од голема поддршка за компаниите ќе биде и мерката - Државна царинска гаранција. Оваа мерка има за цел да им обезбеди поголем извоз на компаниите и полесен пристап до суровини. Со 3 милиони државна гаранција за обезбедување на царинскиот долг го поддржуваме извозот и увозот и го олеснуваме пристапот на суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра, преку Развојната банка на Северна Македонија. (15) Како уште една мерка за олеснување на работењето на компаниите е - Дополнително одложување на отплата на кредити за компании, до крајот на годината. (16) Во овој пакет ја продолжуваме мерката за Намалување на казнената камата за јавни давачки за половина од 0,03% на 0,015% до крајот на годината. (17) Една од мерките која наиде на одобрување и ја прифатија многу компании беше и мерката - Одложување на плаќање на аконтација на данокот на добивка. Заради тоа ја вклучивме и во овој сет мерки и таа предвидува одложување на плаќањето на аконтациите на данокот на добивка до март 2021 година за компании кои имаат пад на приходи поголем од 40%. (18) Ја продолжуваме и мерката Ослободување од ДДВ за донации од јавен карактер, за уште 12 месеци. (19) Една од новите мерки е - Намалување на стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалаци, со која овие услуги ќе се даночат со нова повластена стапка на ДДВ од 10% наместо сегашната редовна стапка од 18%.. Целта на оваа мерка е намалување на сивата економија, пониски цени за граѓаните, како и поголема ликвидност на услужниот сектор за храна и пијалаци. За оваа мерка се потребни законски измени и таа ќе започне со имплементација од 1 јануари наредната година. (20) За да ги олесниме финансиските обврски на компаниите ја носиме и мерката - Одложено плаќање на ДДВ-то. Со оваа мерка ќе биде дозволено одложено плаќање на ДДВ, седум дена по поднесување на ДДВ пријавата, без камата. (21) Една од мерките на овој пакет број 4 за справување со последиците од КОВИД-19 е - Бришењето на условот за собирање поени од Континуирано професионално усовршување (КПУ) за продолжување на лиценца за сметководители. Корисници на оваа мерка се 9.360 регистрирани сметководители, за кои во 2020 година нема да важи условот за собирање поени од Континуирано професионално усовршување за продолжување на лиценцата сметководителите. (22) Во овие мерки е вклучено и Зголемување на периодот за покривање на загуби на терет на идни добивки. Со оваа мерка ќе се укине обврската од Законот за данокот на добивка за покривање на загубите на терет на идни добивки. Воедно, со предложените измени, ќе се продолжи рокот за пренесување на загуби на терет до пет години, наместо сегашното законско решение кое утврдува пренесување на загубата до три години. Оваа мерка стартува оваа година и важи за 2020 и 2021 година. (23) Следната мерка која е од сферата на даночната политика е мерката - Зголемување на прагот со кој субјектите би биле дел од режимот на неоданочување со данок на добивка и зголемување на прагот со кој субјектите би влегле во режимот на вкупен приход. Со оваа мерка се предвидува прагот да биде поставен на 5 милиони денари на годишно ниво, согласно кој може да се стане даночен обврзник во режимот на неоданочување. Исто така, мерката предвидува да се зголеми прагот со кој компаниите би биле дел од режимот на вкупен приход, односно правните лица кои имаат вкупен приход помеѓу 5.000.001 денар и 10 милиони денари, да може да одберат дали да плаќаат данок на добивка или да преминат во режим на данок на вкупен приход од 1%. Со оваа мерка ќе се ослободат околу 1,15 милиони евра кои компаниите можат да ги пренаменат за инвестиции или за други развојни бизнис планови. (24) Во овој пакет е вклучена и мерката Признавање на трошокот за приватно здравствено осигурување како признаен расход, како и мерката (25) Признавање на расходите за тестирање од КОВИД – 19, исто така како признаен расход. (26) Со мерката - Намалување на увозни давачки за суровини и репроматеријали, се обезбедува поддршка за најпогодените преработувачки индустрии, како и поттик за развој на преработувачките капацитети. Со оваа мерка, покрај сите автономни мерки за суровини утврдени на 24 декември 2019, се вклучува и намалувањето на увозните давачки за природен гас со конечна цел не само економски, туку и еколошки ефект. (27) За мерката - Поддршка за развој на човечкиот капитал, во овој пакет е предвидено ослободување од данок на добивка и данок на личен доход за трошоци за вработени кои се однесуваат на доквалификација и тим билдинг. Ќе се укине данокот на личен доход за трошоци кон вработени кои се однесуваат за обука, квалификации, добивање лиценци, со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на работната сила со која располагаат компаниите, но истовремено ќе се пропише и законски лимит за овие трошоци, на пример една просечна плата на годишно ниво. Оваа мерка ќе започне да се имплементира од 1 јануари наредната година. (28) Со мерката - Поддршка на откуп на грозје од реколта 2020 година, за која се предвидени 6.700.000 евра, ќе се поддржат производители на винско грозје кои го предале своето грозје кај регистрирани винарски визби, како и винарски визби за транспортните трошоци при извоз. Секој извозник ќе добие субвенција според количината извезено вино, која ќе се исплаќа скалесто во зависност од количината на извезено вино. (29) За секторот игри на среќа е предвидена мерката - Ослободување во висина на 2/3 од законски пропишаниот износ за приредувачи на игри на среќа. Со оваа мерка приредувачите на игри на среќа, казината, ќе плаќаат 1/3 од надоместоците за AR (ауто-рулет) маси и други маси. (30) За да го олесниме работењето на општините во време на КОВИД-19, ја определивме мерката - Промена на пресметка на основата за финансирање на Единиците на локалната самоуправа, со која при издвојување на средства за единиците на локална самоуправа, наместо само за претходната година како до сега, во предвид ќе биде земена пресметката на просечна наплата на ДДВ за претходните три години. (31) И на крајот, во овој пакет мерки ќе го спроведеме Викендот без ДДВ. Оваа мерка предвидува да опфати повеќе од 350.000 граѓани, корисници на апликацијата „МојДДВ“, кои за време на продолжениот викенд на 10-11-12 октомври ќе можат да купат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари, во рок од неколку дена ќе го добијат назад на своите сметки целиот ДДВ. Со ова мерка се проектира да се направи промет од 170 милиони евра, пари кои ќе бидат инекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра, од повратот на ДДВ. Почитувани граѓани на нашата земја, Кога зборуваме за поддршка и помош за стопанството, односно компаниите погодени од кризата, како и за поддршката на земјоделството и другите дејности, пред нас ги имаме вработените во тие дејности. Нашите сограѓани кои секојдневно го вложуваат својот труд и на тој начин го помагаат не само развојот на компанијата, туку и економскиот развој на земјата. Времето на криза е време на меѓусебна поддршка и грижа и насоченост на сите капацитети и на финансиските средства кон нашите граѓани. Парите на граѓаните се за граѓаните. Вредноста на 4-тиот пакет економски мерки изнесува 470 милиони евра и заедно со вкупната вредност на претходните три пакети од 550 милиони евра, тоа значи дека 1 милијарда и 20 милиони евра се насочени повторно кон граѓаните и стопанството за да обезбедиме стабилна одржливост на економијата со потенцијал за ревитализација. Како и досега, креирањето на мерките од овој пакет беше направено максимално транспарентно и во целосно инклузивен процес во кој учествуваа стопанските комори, синдикалните организации и организациите на работодавачи со цел да бидат опфатени максималниот број на граѓани засегнати од кризата. Несебична беше асистенцијата што дојде и од поединци, експерти во одделни области од социо-економската и финансиска сфера. Владата нема да запре тука со посветеноста во постојано дефинирање нови идеи и нови мерки за граѓаните. Најавувам дека веќе сме во процес на дефинирање нови интервенции за директна помош на различни целни групи во различни дејности. Постојано правиме пресметки и во периодот којшто следува ќе имаме нови вести за економски мерки – ова е кризна економија и постојано ќе бидеме на готовс да помагаме на граѓаните. Напоменувам дека остануваме будни и во однос на здравствениот аспект на кризата. Тој аспект, е всушност, најбитен и затоа треба да бидеме постојано внимателни и будни. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-koj-e-opfaten-vo-4-ot-paket-na-ekonomski-merki/feed/ 0
Граѓаните децидни: Пакетите кои ги дели СДСМ се обид за предизборен поткуп, 62 % незадоволни од владините економски мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-decidni-paketite-koi-gi-deli-sdsm-se-obid-za-predizboren-potkup-62-nezadovolni-od-vladinite-ekonomski-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-decidni-paketite-koi-gi-deli-sdsm-se-obid-za-predizboren-potkup-62-nezadovolni-od-vladinite-ekonomski-merki/#respond Tue, 16 Jun 2020 09:57:27 +0000 https://kurir.mk/?p=358497

Граѓаните сметаат дека пакетите социјална помош кои ги дели СДСМ, а за кои во јавноста излегоа голем број фотографии, претставуваат обид за предизборен поткуп. Високи 50,1 процент од анкетираните граѓани на истражувањето спроведено од Институтот “Habeas Corpus” кој разработува прашања од правниот и политички систем одговориле вака на прашање. Само 28,4 проценти сметаат дека тоа е искрена желба за помош. Високи 62 проценти од граѓаните кои учествувале на анкетата истакнале дека не се задоволни од економските мерки на Владата. Потврден одговор дале 29 отсто од анкетираните. Анкетата, информираат од Институтот, е направена врз стратификуван примерок од 1 159 испитаници во периодот од 08 јуни до 11 јуни 2020 година. При истражувањето се водела сметка на етнграфската карта, демографската застапеност, полот и возраста на испитаниците. Воедно се водеше сметка и при влезот на анкетниот прашалник и резултатите од последните парламентарни избори. Анкетата се спроведе телефонски, со употреба на фиксната и мобилна телефонија. АНКЕТА: Водство на ВМРО-ДПМНЕ пред коалицијата на СДСМ и БЕСА Владата не се справува добро со корона кризата, сметаат граѓаните]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-decidni-paketite-koi-gi-deli-sdsm-se-obid-za-predizboren-potkup-62-nezadovolni-od-vladinite-ekonomski-merki/feed/ 0
Економските мерки на Владата на СДСМ се класична изборна измама, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekonomskite-merki-na-vladata-na-sdsm-se-klasichna-izborna-izmama-obvinuvaat-od-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekonomskite-merki-na-vladata-na-sdsm-se-klasichna-izborna-izmama-obvinuvaat-od-vmro-dpmne/#respond Fri, 29 May 2020 09:57:35 +0000 https://kurir.mk/?p=351311

Tретиот пакет мерки кои денеска го промовира пуленот на Заев, Коста Петров е класична изборна измама. СДСМ и натаму ги лаже граѓаните како што лажеше дека просечната плата ќе изнесува 500 евра, дека ќе се изградат 500 километри автопатишта и дека „Фејсбук“ и „Гугл“ само што не инвестирале во Македонија, чекаат на нас само да се промени името на државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Граѓаните не ја почувствуваа придобивката ниту од првиот, ниту од вториот пакет мерки на Владата на СДСМ, за третиот пакет мерки нема доволно средства во буџетот, а во предизборен период голем дело од меките согласно законите не се смее да се спроведуваат бидејќи тоа е кривично дело и тежок предизборен поткуп. Освен евтин ПР Владата не стори ништо за спас на македонската економија, мерките ниту се навремени, ниту до крај реализирани, ниту пак доволно за помош на граѓаните во овие тешки мигови. Македонските граѓани се оставени сами на себе да преживуваат во време кога Македонија се соочува со еден од најголемите предизвици од осамостојувањето до денес. Казната за лагите и манипулациите, неостварените ветувања доаѓа набрзо, посочуваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekonomskite-merki-na-vladata-na-sdsm-se-klasichna-izborna-izmama-obvinuvaat-od-vmro-dpmne/feed/ 0
Мицкоски: Третиот пакет мерки не може да се испорача, зборуваат за пари кои не можат да ги исплатат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-tretiot-paket-merki-ne-moze-da-se-isporacha-zboruvaat-za-pari-koi-ne-mozat-da-gi-isplatat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-tretiot-paket-merki-ne-moze-da-se-isporacha-zboruvaat-za-pari-koi-ne-mozat-da-gi-isplatat/#respond Tue, 26 May 2020 09:22:13 +0000 https://kurir.mk/?p=350272

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето интервју за телевизијата Клан Македонија, истакна дека третиот пакет мерки на Владата за помош на економијата не може да се испорача поради низа на причини. Она што е клучно, според него, е што во буџетот на Република Македонија нема доволно средства за исплата и помош на македонското стопанство. Покрај фактот што нема доволно средства тој потенцираше дека доколку се распишат избори, вонредните исплати ќе бидат незаконски. -Еве да речеме дека на 30-ти мај завршува вонредната состојба и ние имаме избори во следните 60 дена, тоа значи околу 30 јули отприлика. Изборниот законик е јасен, ова се вонредни плаќања, членот 8А стапува на сила и тука никој нема дилема. Што значи дека секоја исплата вонредна која ќе се случи во рамките на тие 60 дена, пред денот на гласање, или во случајот распуштање на парламентот, што тогаш се бројат во нормални услови, сега ќе биде по завршување вонредната состојба. Самата уредба вели се суспендира членот 8А со завршување на вонредната состојба престануваат вонредените исплати. Не само што тие не можат ова да го испорачаат, туку е и незаконски, вели Мицкоски. Гарантирањето на долгот на приватните компании кон приватните банки, мерка која е дел од третиот пакет исто така е незаконска, додаде тој, посочувајќи дека и самата министерка е свесна дека оваа мерка не е во согласност со законите. -Ресорниот министер го добива ова прашање и го вели она јас што сега го велам „да свесна сум дека не може ова сега, но ќе направиме одредени закоснки измени“. Тие нудат нешто што не можат законски да го испорачаат, вели тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-tretiot-paket-merki-ne-moze-da-se-isporacha-zboruvaat-za-pari-koi-ne-mozat-da-gi-isplatat/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ задоцни со економските мерки, стопанството и фирмите се во минус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-zadocni-so-ekonomskite-merki-stopanstvoto-i-firmite-se-vo-minus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-zadocni-so-ekonomskite-merki-stopanstvoto-i-firmite-se-vo-minus/#respond Wed, 22 Apr 2020 07:25:10 +0000 https://kurir.mk/?p=335347

СДСМ задоцни со економските мерки. Стопанството и фирмите се во минус, обвнинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Мерките кои ги предложи оваа криминална влада  се неприменливи и не значат помош за стопанството. Поради неспособноста на власта на СДСМ да се справи со економската криза, никој не аплицира за таканаречените антикризни мерки на владата на СДСМ затоа што мерките се неповолни и не нудат реална помош. За доброто на граѓаните и Република Македонија, СДСМ треба веднаш да ги прифати економските мерки кои што ги предложи ВМРО-ДПМНЕ. Само така може да им се помогне и на фирмите и на работниците, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-zadocni-so-ekonomskite-merki-stopanstvoto-i-firmite-se-vo-minus/feed/ 0
Македонија 2025: Да се поддржат и платите за март, мерки и за средните и големите фирми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-2025-da-se-poddrzat-i-platite-za-mart-merki-i-za-srednite-i-golemite-firmi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-2025-da-se-poddrzat-i-platite-za-mart-merki-i-za-srednite-i-golemite-firmi/#respond Fri, 03 Apr 2020 14:33:25 +0000 https://kurir.mk/?p=326846

Македонија 2025, невладината организација  во која членуваат бизнисмени од дијаспората и менаџери од државава, во осврт на новит сет мерки од Владата денеска го повтори ставот дека поддршката на плати треба да се применува од март, а не од април, а предлага и да се креираат мерки за средните и големите фирми, особено на тие од преработувачката индустрија. -Да не изумиме дека одредени компании (пример, угостителски објекти) беа затворени со одлука на Владата, како и дека со одлука на Владата, вработените кои имаат деца на возраст под 10 години беа ослободени од работа уште во март, стои во соопштението од Македонија 2025. Во анализата за  здравствено-економската криза поради Ковид 19 на Македонија 2025 се наведува дека Владата треба да дизајнира нови мерки насочени кон средните и големите компании кои се двигатели на развојот (технолошко-технички напредни)  и кои имаат најголемо учество во извозот, особено компаниите од преработувачката индустрија. -Анализата на мерките на владата и споредба со оние во развиените земји покажуваат дека кај нас воопшто не се преземени мерки за т.н. трансфер на вредноста кон фирмите, односно поддршка преку намалување на трошоците или зголемување на приходите, оценуваат од Македонија 2025. Во претходните анализи невладината организација оцени дека првиот сет на антикризни мерки е недоволен да ги санира негативните ефекти на кризата. Ја повикаа Владата да донесе нов сет на мерки, како и да го зголеми износот на помош. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-2025-da-se-poddrzat-i-platite-za-mart-merki-i-za-srednite-i-golemite-firmi/feed/ 0