економски права – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Mar 2022 16:46:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png економски права – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПОНИЖУВАЧКИ БРОЈКИ: Во светот 2,4 милијарди вработени жени немаат еднакви економски можности https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ponizuvachki-brojki-vo-svetot-2-4-milijardi-vraboteni-zeni-nemaat-ednakvi-ekonomski-moznosti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ponizuvachki-brojki-vo-svetot-2-4-milijardi-vraboteni-zeni-nemaat-ednakvi-ekonomski-moznosti/#respond Tue, 01 Mar 2022 16:46:48 +0000 https://kurir.mk/?p=638823

Во светот 2,4 милијарди вработени жени немаат еднакви економски можности, а 178 земји се уште имаат правни пречки кои го спречуваат нивното целосно економско учество, се вели во извештајот на Светска банка. Во 86 земји жените се соочуваат со некаква форма на ограничување на работата, додека 95 земји не гарантираат еднаква плата за иста работа. - Глобално, жените се уште имаат само три четвртини од законските права што им се дадени на мажите. Сепак, и покрај глобалната пандемија која несразмерно влијае на животот и егзистенцијата на жените, 23 земји ги реформираа своите закони во 2021 година за да ги преземат многу потребните чекори кон унапредување на економското вклучување на жените, се вели во извештајот. Директорката за развој и партнерство на Светската банка, Мари Пангесту рече дека јазот меѓу очекуваните заработувачки на мажите и жените за време на нивниот работен век на глобално ниво е 172 милијарди долари, што е речиси двојно повеќе од годишниот светски бруто домашен производ (БДП). Како што е наведено, регионите на Блискиот Исток и Северна и Субсахарска Африка покажаа најголеми подобрувања во 2021 година, иако тие се уште „заостануваат зад другите делови на светот во целина“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ponizuvachki-brojki-vo-svetot-2-4-milijardi-vraboteni-zeni-nemaat-ednakvi-ekonomski-moznosti/feed/ 0
Светски економски форум: Жените ќе се изедначат во економските права со мажите за 257 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetski-ekonomski-forum-zenite-kje-se-izednachat-vo-ekonomskite-prava-so-mazite-za-257-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetski-ekonomski-forum-zenite-kje-se-izednachat-vo-ekonomskite-prava-so-mazite-za-257-godini/#respond Tue, 17 Dec 2019 07:29:03 +0000 https://kurir.mk/?p=278475

Жените ќе бидат еднакви во економските права со мажите за нешто повеќе од два и пол века, се нагласува во извештајот на Светскиот економски форум. Родовата еднаквост ќе се постигне само за стотина години, нагласува СЕФ во својот последен годишен извештај, мерејќи го родовиот јаз во економијата, образованието, здравството и политичката моќ. Напорите за постигнување еднаквост се стабилно засилени во однос на минатата година, пред се благодарение на поголема политичка застапеност на жените, соопшти СЕФ. Сепак, тие предупредуваат дека политичката арена е областа каде што разликите остануваат најголеми – до рамноправност жените ги делат уште 95 години. Јазот е најмногу намален во образованието и жените ќе треба да чекаат уште 12 години за еднаквост. Од вкупно 153 земји, целосна еднаквост на жените и мажите во образованието е постигната во 40 од нив. Учеството на жените на пазарот на трудот стагнира, а финансиската нееднаквост се продлабочува. Причината е влошување на економиите во развој, што го надмина напредокот кај членовите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Учеството на жените во економијата и нивните можности во таа област се најголемиот извор на загриженост, соопшти СЕФ. „Ова е единствената област каде што напредокот бележи пад“, посочуваат тие, објаснувајќи дека на жените ќе им бидат потребни 257 години да се изедначат со мажите. Исланд е на првото место меѓу 153 земји единаесетта година по ред, со вредност на Индексот за еднаквост на жените од 0,877 поени. Вредност од еден бод е целосна родова еднаквост. На второ место е Норвешка и на трето место Финска, која во извештајот годинава го замени местото со Шведска. Никарагва се наоѓа на петтото место, шести е Нов Зеланд, а Ирска на седмото место. Меѓу 10-те земји со најмала разлика помеѓу жените и мажите се Шпанија на осмото, Руанда на деветото и Германија на 10-то место. Албанија, Етиопија, Мали, Мексико и Шпанија бележат најголемо подобрување во однос на минатата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetski-ekonomski-forum-zenite-kje-se-izednachat-vo-ekonomskite-prava-so-mazite-za-257-godini/feed/ 0