економски раст – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 13:41:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png економски раст – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лидер во економска катастрофа: Македонија ќе има најнизок економски раст и највисок буџетски дефицит во регионот! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lider-vo-ekonomska-katastrofa-makedonija-ke-ima-najnizok-ekonomski-rast-i-najvisok-budhetski-defitsit-vo-regionot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lider-vo-ekonomska-katastrofa-makedonija-ke-ima-najnizok-ekonomski-rast-i-najvisok-budhetski-defitsit-vo-regionot/#respond Thu, 19 Oct 2023 13:41:30 +0000 https://kurir.mk/?p=890845

Македонија ќе има најнизок економски раст и највисок буџетски дефицит во регионот на Западен Балкан, оценува Светска банка во полугодишниот економски извештај за земјите од Западен Балкан што денеска беше презентиран во Скопје. Најголем раст од 4,8 проценти се очекува да има Црна Гора по што следи Албанија со 3,6, Косово со 3,2, Босна и Херцеговина со 2,2, Србија со 2. Прогнозите за Македонија за економскиот раст се 1,8 проценти, во 2024 година се очекува раст од 2,5, а во 2025 година раст од 2,9 проценти. Јоана Маџоска, економист во Канцеларијата на Светска банка во Скопје, на денешната прес-конференција рече дека растот во земјава почна да забавува во вториот квартал од годинава и од стапка на раст од 2,1 процент во првиот квартал  дојде до 1,1 раст во вториот квартал. -Растот беше предводен од личната потрошувачка, бидејќи извозот и бруто инвестициите се намалија со намалувањето  на глобалната потрошувачка. И личната потрошувачка забави во споредба со минатата година заради континуираната висока инфлација и забавеното кредитирање кои влијаеја врз куповната моќ на населението, рече Маџоска. Мерката за зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 отсто, според Маџоска, нема значајно да влијае на инфлацијата зашто станува збор за мал број на производи од кои голем дел не влегуваат во пресметката за инфлација што ја прави Државниот завод за статистика. -Не очекуваме тоа да има многу големо влијание на стапката на инфлација. Инфлацијата се намалува од месец на месец, но во првите девет месеци од годинава во споредба со истиот период лани инфлацијата е 11,3 проценти. Нашата проекција до крајот на годинава е дека инфлацијата ќе биде 9,1 проценти. Очекуваме дека стапката ќе се намалува, но сепак вкупната инфлација ќе остане голема за цела 2023 година. Можеби вкупната стапка на инфлација се намалува, но базичната инфлација останува подолго висока, рече Маџоска. Сања Маџаревиќ Шујстер, виш економист за земјите од Западен Балкан, посочи дека за разлика од порано кога улогата на надворешните фактори беше главна за инфлацијата во земјава, сега тоа се домашните фактори, особено растот на платите во јавниот сектор, заостанатите ефекти од владините мерки, вишокот на побарувачка и големата профитна маржа на компаниите. -Домашните притисоци врз инфлацијата ги немаше до април. Од април почнаа да се зголемуваат платите и како такви придонесуваат на зголемување на инфлацијата. Тоа се уште не е значително. Сепак зголемувањето на платите во јавниот сектор за 10 проценти ќе влијае на зголемувањето на минималната плата, а со тоа и на просечната плата. Очекуваме овие притисоци врз инфлацијата да се зголемат следната година, рече Маџаревиќ Шујстер и додаде дека се уште не гледаат кога ќе се врати малата стапка на инфлација што Народната банка ја одржуваше со децении. И зголемувањето на платите во јавниот сектор и кај функционерите, според Маџаревиќ-Шујстер, ќе придонесат за раст на инфлацијата. -Северна Македонија во последните две години е земја со најголем дефицит во регионот. Треба да бидете свесни дека фискалните ресурси не се неограничени и треба да бидат одржливи за да се одржи стабилноста. Гледам светла насекаде. Тоа не се неограничени ресурси и постои трошок за нивно користење. Обезбедувањето на евтина енергија има свој трошок и гледам влијание од тоа што се одразува на високото ниво на дефицит, многу поголем од просекот на регионот, рече Маџаревиќ Шујстер. Ако и понатаму продолжи субвенционирањето на цената на електричната енергија базирана на фосилни горива наместо финансирањето во соларна енергија и инвестиции во енергетска ефикасност, според Маџаревиќ-Шујстер, постојано државата ќе се мачи да ги надмине краткорочните предизвици наместо да се движи во насока на зголемување на долгорочната одржливост. Од Светска банка велат дека се уште е рано за да се оценат ефектите од конфликтот во Израел, но додаваат дека конфликтот во почетната фаза се одрази на зголемувањето на цените на енергијата, особено на нафтата која порасна на 90 долари за барел. -Понатамошниот тренд ќе зависи од развојот на конфликтот и каков ефект ќе има врз другите земји од регионот, рече Маџоска. Според прогнозата на Светска банка, се намалува и стапката на сиромаштија во земјава, но со побавно темпо поради високата инфлација. Во извештајот на Светска банка се наведува дека како резултат на војната во Украина, растот во Западен Балкан продолжи да забавува во текот на 2022 година и во првата половина од 2023 година, а забавувањето на глобалната побарувачка доведе до помало индустриско производство во развиените земји од Европската Унија што најмногу ги погоди Србија и Северна Македонија зашто нивниот извоз е насочен кон развиените земји од Европа и Централна Азија. Растот на туризмот, пак, имал големо позитивно влијание врз Албанија и Црна Гора кои се потпираат на туризмот како основа на нивниот раст,. Просечниот раст на земјите во Западен Балкан годинава се очекува да изнесува околу 2,5 проценти. -Растот во земјите од Западен Балкан во 2023 година се очекува да забави на 2,5 отсто, нешто помалку од она што беше прогнозирано во пролетта 2023 година, со можност за постепено закрепнување на среден рок. Меѓутоа, ризиците и понатаму се наклонети кон негативната страна, бидејќи понатамошното забавување во ЕУ и внатрешните структурни прашања би можеле да доведат до понатамошно ревидирање на прогнозите надолу. Исто така, неуспехот инфлацијата да се доведе во рамки на долгорочниот просек како што беше планирано, може уште повеќе да ја погоди домашната побарувачка, истакна Масимилиано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка за Северна Македонија и Косово. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lider-vo-ekonomska-katastrofa-makedonija-ke-ima-najnizok-ekonomski-rast-i-najvisok-budhetski-defitsit-vo-regionot/feed/ 0
Светска банка: Западен Балкан очекува зголемување на економскиот раст https://arhiva.kurir.mk/makedonija/svetska-banka-zapaden-balkan-ochekuva-zgolemuvane-na-ekonomskiot-rast/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/svetska-banka-zapaden-balkan-ochekuva-zgolemuvane-na-ekonomskiot-rast/#respond Thu, 19 Oct 2023 11:10:17 +0000 https://kurir.mk/?p=890758

Во 2024 година земјите од Западен Балкан може да очекуваат економски раст од приближно три отсто во просек, со намалување на стапката на инфлација, се вели во оценката на аналитичарите на Светска банка (СБ) објавена денеска. Во редовниот шестмесечен извештај се наведува дека може да се очекува умерено забрзување на економскиот раст на Западен Балкан под услови во кои би следело натамошно закрепнување во Европската Унија, која е главен трговски партнер на регионот, додека пониската инфлација треба да придонесе за раст на расположливиот доход и да ја стимулира потрошувачката. Највисок раст, со стапка од 3,9 отсто се очекува следната година во Косово, во Албанија е проектиран на 3,2 отсто, како и во Црна Гора, во Србија од три отсто и во Босна и Херцеговина од 2,8 отсто. Најдолу на листата е Северна Македонија со очекуван раст на бруто домашниот производ од 2,8 отсто. Доколку се остварат овие прогнози, БДП на целиот Западен Балкан во 2025 година би требало да расте со просечна стапка од 3,5 отсто, при што Косово повторно ќе води, а Северна Македонија ќе остане на дното на листата, се наведува во анализата. Годинава просечниот економски раст во регионот се предвидува на ниво од околу 2,5 отсто, а од СБ посочуваат дека и покрај тешкотиите има и умерено намалување на стапката на сиромаштија и отворање нови работни места. Просечната стапка на вработеност во овој регион достигна ново историски високо ниво од речиси 48 отсто, а од средината на 2022 година до средината на 2023 година се отворени 103 илјади нови работни места. Според анализата, напредокот беше најсилен во Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Сепак, Светска банка предупредува дека регионот се соочува со недостиг на работна сила и дека тоа е еден од најзначајните проблеми наведени од бизнисмените. Заедно со решавањето на ова прашање, државите од регионот мора да ја забрзаат економската конвергенција со понапредните економии на Европа, како и зелената транзиција и да го зголемат обемот на инвестиции во зајакнувањето на отпорноста на природни катастрофи, вклучително и во земјоделството, според проценките на аналитичарите во Светската банка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/svetska-banka-zapaden-balkan-ochekuva-zgolemuvane-na-ekonomskiot-rast/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: СДС се фали со тоа од кое други би се срамеле- имаме најмал економски раст и највисока инфлација во споредба со останатите земји https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sds-se-fali-so-toa-od-koe-drugi-bi-se-sramele-imame-najmal-ekonomski-rast-i-najvisoka-inflatsija-vo-sporedba-so-ostanatite-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sds-se-fali-so-toa-od-koe-drugi-bi-se-sramele-imame-najmal-ekonomski-rast-i-najvisoka-inflatsija-vo-sporedba-so-ostanatite-zemji/#respond Fri, 13 Oct 2023 12:54:14 +0000 https://kurir.mk/?p=888551

СДС во очај се радува на резултати од кои други би се срамеле. Економскиот раст кој се прогнозира за Македонија е најмал во регионот. Не само што нема да се остварат прогнозите на Ковачевски за раст на БДП од 5 до 6% годишно, туку неколку години наназад, а и годинава, имаме најслаб раст од сите околни земји. Тоа само говори колку лоши економски политики води оваа власт на ДУИ и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Дополнително оваа власт е директно одговорна за тоа што инфлацијата во Македонија е една од највисоките во Европа. Самиот Битиќи призна дека поскапувањето на храната во Европа е само 11%, а кај нас истите производи се поскапени за 46%. Тоа значи дека кај нас граѓаните 4 пати побрзо осиромашуваат и економскиот стандард на секое семејство 4 пати побрзо опаѓа. Наместо тоа власта да го спречи, таа ги покачува даночните стапки со цел на грбот на народот да го полни буџетот и да ги покрива дупките кои настанаа поради катастрофалната економска активност. Оваа власт на ДУИ и СДС е се само не е одговорна влада. Затоа колку побрзо заминат, толку подобро за Македонија, македонската економија и македонските граѓани“ - порачуваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sds-se-fali-so-toa-od-koe-drugi-bi-se-sramele-imame-najmal-ekonomski-rast-i-najvisoka-inflatsija-vo-sporedba-so-ostanatite-zemji/feed/ 0
Митева: Според проекциите на ММФ, Македонија е последна, зад Косово, Албанија и Црна Гора со економски раст од 2,5% https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-spored-proektsiite-na-mmf-makedonija-e-posledna-zad-kosovo-albanija-i-tsrna-gora-so-ekonomski-rast-od-2-5/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-spored-proektsiite-na-mmf-makedonija-e-posledna-zad-kosovo-albanija-i-tsrna-gora-so-ekonomski-rast-od-2-5/#respond Fri, 13 Oct 2023 10:54:20 +0000 https://kurir.mk/?p=888470

6-те години власт на СДС и ДУИ ја направија Македонија рекордер по сиромаштија, затворени фирми и пропадната економија. Поразителни се бројките на експертите кои говорат дека до пред само неколку години бројот на наши сограѓани кои биле во сиромаштија бил 360.000, а сега до крајот на 2023 година таа бројка се очекува да се искачи на 510.000. Тоа се скоро 30% од луѓето кои живеат во државата, обвинува Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. -Со Ковачевски и Груби, 510.000 наши сограѓани живеат на работ на сиромаштијата, додека тие делат бизниси и распишуваат милионски тендери. Последиците се очекувани особено ако се погледнат економските политики и резултати мерени од страна на домашни и странски институции. Имено, во 2022 година затворени се 6.857 компании, од кои 5 се големи компании со над 250 лица вработени во нив, 3 се средни компании и остатокот се микро претпријатија, кои прехранувале најмалку уште толкав број на семејства. Додека Македонија со оваа власт тоне може да се заклучи и од најновата проекција на економскиот раст за земјите од регионот објавена од ММФ. Според најновите проекции на ММФ Македонија е последна, зад Косово, Албанија и Црна Гора и овие држави годинава ќе ја завршат со над 50% поголем економски раст, вели таа. Митева посочи: „ММФ прогнозираше раст на македонската економија од 2.5% за оваа година, а во исто време проекцијата за Албанија е 3.6%, што е за 50% повеќе од Македонија. Растот пак на економијата на Црна Гора за оваа година од страна на ММФ се прогнозира дека ќе биде 4.5%, тоа е за 80% подобар резултат“. -Поради неспособната влада Македонија останува и зад Косово, за чија економија проценката е дека ќе расте 3.8%. И сето ова почитувани завршува со високата инфлација за што директно виновна е власта на СДС и ДУИ и внимавајте, инфлацијата во Македонија е за 50% повисока од таа во еврозоната. Нема економски параметар по кој Македонија не е на дното. Со СДС и ДУИ дното секој ден добива ново значење, истакнува таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-spored-proektsiite-na-mmf-makedonija-e-posledna-zad-kosovo-albanija-i-tsrna-gora-so-ekonomski-rast-od-2-5/feed/ 0
„ММФ потврди дека со СДС и Ковачевски, Македонија е зад Косово, Албанија и Црна Гора, кои имаат и над 50% поголем економски раст“ – обвинува ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mmf-potvrdi-deka-so-sds-i-kovachevski-makedonija-e-zad-kosovo-albanija-i-tsrna-gora-koi-imaat-i-nad-50-pogolem-ekonomski-rast-obvinuva-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mmf-potvrdi-deka-so-sds-i-kovachevski-makedonija-e-zad-kosovo-albanija-i-tsrna-gora-koi-imaat-i-nad-50-pogolem-ekonomski-rast-obvinuva-vmro-dpmne/#respond Fri, 13 Oct 2023 06:32:04 +0000 https://kurir.mk/?p=888301

ММФ потврди со СДС и Ковачевски Македонија е зад Косово, Албанија и Црна Гора, кои имаат и над 50% поголем економски раст. Со СДС Македонија има 50% помал економски раст од Албанија. ММФ во вторникот прогнозираше раст на Македонската економија од 2.5% за оваа година, а во исто време проекцијата за Албанија е 3.6%, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Македонија со СДС е 80% зад Црна Гора. Растот на Црногорската економија за оваа година од страна на ММФ се прогнозира дека ќе биде 4.5%, во споредба со растот во Македонија од 2.5%, тоа е за 80% подобар резултат. Со СДС Македонија е послаба и од Косово, чија економија оваа година се проценува дека ќе расте 3.8%, за разлика од Македонската со 2.5%. СДС и ДУИ не знаат да се справат со инфлацијата. Во ситуација кога истата во еврозоната е само 4.3%, во Македонија е 6.6%. Со СДС Македонија е на дното не само во Европа, туку и во регионот. Македонија уназадува со СДС. Потребни се промени“ - порачуваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mmf-potvrdi-deka-so-sds-i-kovachevski-makedonija-e-zad-kosovo-albanija-i-tsrna-gora-koi-imaat-i-nad-50-pogolem-ekonomski-rast-obvinuva-vmro-dpmne/feed/ 0
Народна банка предвидува зголемување на инфлацијата и помал економски раст https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/narodna-banka-predviduva-zgolemuvanje-na-inflacijata-i-pomal-ekonomski-rast/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/narodna-banka-predviduva-zgolemuvanje-na-inflacijata-i-pomal-ekonomski-rast/#respond Wed, 23 Nov 2022 12:02:43 +0000 https://kurir.mk/?p=765369

Помал економски раст и зголемување на инфлацијата предвидува Народната банка, која направи надолна ревизија на априлските проекции. Есенските проекции на централната банка покажуваат дека годинава би ја завршиле со инфлација од 14,3 проценти, а следната година се очекува постепено забавување на ниво од 8 до 9 проценти. На среден рок, инфлацијата ќе се намалува сведувајќи се на 2,4 проценти во 2024 година и на 2 проценти во 2025 година. Не се предвидува квартален пад на економијата. Според основното сценарио, стапката на раст за годинава би била 2,3 проценти, а за следната година 2,6 проценти, додека според второто сценарио, растот оваа година би изнесувал околу два процента и би забавил на 1,8 проенти следната година. На среден рок, се предвидува опоравување на растот на БДП на 3,6 проценти во 2024 година и на 4 проценти во 2025 година. Ризиците околу растот остануваат надолни и во голема мера ќе зависат од движењата во европската економија. – Ризиците за проекциите се оценуваат како изразено надолни и се поврзани со надворешното опкружување особено со текот на војната во Украина и импликациите на глобалните пазари врз примарните производи и врз растот на европската економија. Овој неизвесен глобален контекст уште повеќе ја потенцира потребата за водење на прудентни домашни политики, истакна гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на денешната прес-конференција. За разликата во инфлацијата што ја има во Европската унија и кај нас, гувернерката вели постојат неколку фактори. – Нашата увозна зависност и степенот на трговска отвореност на нашата економија е значајно поголем во споредба со Европската унија. Кај нас трговската отвореност е 140 проценти од БДП, а во ЕУ 70 проценти. Вториот важен фактор е голема увозна зависност во енергетскиот сектор, а нашата економија во споредба со европската е поенергетски интензивна. Третиот значаен фактор е потрошувачката кошничка, односно кај нас на храна и енергија отпаѓа околу 50 проценти, а во ЕУ околу 30 проценти. Оттука јасно е дека ист глобален шок ги погодува сите економии, но интензитетот со кој ги погодува, зависи од голем број домашни фактори, посочи Ангеловска-Бежоска. За годинава, дефицитот во тековната сметка на билансот на плаќања се очекува да изнесува 7,4 проценти од БДП, а во 2023 година предвидено е да се намали на 5,6 проценти за на среден рок во 2024-2025 година да имаме низок дефицит на тековната сметка од 1,6 проценти од БДП, сличен на претпадемискиот просек. Од Народната банка уште еднаш потврдија дека граѓаните не треба да се грижат за стабилноста на денарот затоа што девизните резерви се на ниво од 3,7 милијарди што е на слично ниво како и на почетокот на годината, а очекувањата се дека тие ќе продолжат да растат што е гаранција за одржувањето на домашната валута. Приватните трасфери од странство бележат зголемување и се очекува годинава да надминат две милијарди евра. Минатата година растеле близу 40 проценти, а досега оваа година околу 30 проценти. Најновите проекции за кредитниот пазар упатуваат на умерено забавување на растот на кредитната активност до крајот на годинава, кое ќе продолжи и во 2023 година. Растот на кредитите во 2022 година се очекува да изнесува 9,2 проценти на годишна основа, додека во 2023 година 7,1 проценти. Во следниот период се очекува стабилизирање на кредитната активност, со просечна стапка на раст од 7,5 проценти во периодот 2024‒2025 година, во услови на раст на домашната економија, стабилизација на очекувањата и зголемена побарувачка на кредити од домаќинствата и корпоративниот сектор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/narodna-banka-predviduva-zgolemuvanje-na-inflacijata-i-pomal-ekonomski-rast/feed/ 0
Само Русија и Украина имаат помал раст на економијата од Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/samo-rusija-i-ukraina-imaat-pomal-rast-na-ekonomijata-od-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/samo-rusija-i-ukraina-imaat-pomal-rast-na-ekonomijata-od-makedonija/#respond Tue, 04 Oct 2022 13:38:38 +0000 https://kurir.mk/?p=740934

Само Русија, Украина и Белорусија имаат помала стапка на раст на своите економии оваа година. Извештајот на Светска банка покажува дека македонската економија годинава ќе порасне за само 2,1% што е најниско ниво во Европа. - Во актуелната ситуација, засилената политичка несигурност и закочениот парламент , по резултатите од локалните избори и отстранување на пречките за отворање на пристапните преговори со ЕУ, во услови на криза со храна и енергија, може да доведе до одложување на спроведувањето на реформите потребни за поттикнување на потенцијалниот раст и консолидација на јавните финансии. Згора на тоа, намалената домашна и надворешна побарувачка, високи влезни трошоци и недостиг на ликвидност може да доведе до дополнителни отпуштања и зголемување сиромаштија, растегнување на веќе тесните јавни финансии. Конечно, заострувањето на финансиските услови може да влијае на опциите за финансирање и трошоците понатаму,  се вели во извештајот на Светска Банка ФАКТИ Македонија има меѓу најмалите проектирани растови на БДП во 2022(2,1%) . Помал раст на БДП за 2022 од Македонија имаат само Украина, Русија и Молдавија. Македонија има трета најголема надолна корекција на проектираниот раст на БДП за 2022. Светска Банка нашата проекција ја коригирала за 0,6 процентни поени надолу. Поголеми надолни корекции има за проекциите кај Косово 0,8 ПП и кај БиХ за 0,7 ПП Македонија има најмал раст на БДП во 2021 година (4%) меѓу сите земји од Европа. Само Украина има помал раст од Македонија во 2021 година (3,4%) но тоа се должи и на двојно помалиот пад на БДП во 2020 (Македонија -6,1% а Украина -3,8%) СБ прогнозира ниска стапка на раст на БДП во наредните 2 години. Прогнозата е 2,1% за 2022, 2,7% за 2023 и 2,9% за 2024 Проценетата годишна инфлација за 2022 е 12,1%. Прогнозите се дека во 2023 таа ќе се намали на 6,1% а во 2024 на 3%.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/samo-rusija-i-ukraina-imaat-pomal-rast-na-ekonomijata-od-makedonija/feed/ 0
Израел во време на пандемија со највисока стапка на економски раст во последните 21 година и во светски рамки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-vo-vreme-na-pandemija-so-najvisoka-stapka-na-ekonomski-rast-vo-poslednite-21-godina-i-vo-svetski-ramki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-vo-vreme-na-pandemija-so-najvisoka-stapka-na-ekonomski-rast-vo-poslednite-21-godina-i-vo-svetski-ramki/#respond Fri, 18 Feb 2022 14:45:59 +0000 https://kurir.mk/?p=633235

Минатата година израелската економија имаше најбрз раст во последните 21 година, објави Централното биро за статистика на оваа земја. Посочено е дека потрошувачката, извозот и инвестициите во 2021 година пораснале двоцифрено, што претставува закрепнување за време на пандемијата на коронавирус. Економскиот раст беше 8,1 отсто, што е значително над претходната проценка на Централната банка на Израел дека растот ќе биде 6,5 отсто. Заводот за статистика заклучи дека Израел е меѓу оние земји кои имале најголем економски раст во светот. Просечната стапка на раст во земјите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) изнесуваше 5,3 отсто. Централната банка на Израел проценува дека овогодинешниот економски раст ќе биде 5,5 отсто. Најверојатно каматната стапка ќе биде повисока и во оваа земја, како одговор на инфлацијата. За тоа се одлучија САД и европските земји. Израел, како и многу други земји, е тешко погоден од пандемијата на коронавирус. Сепак, тој успеа да ја оживее својата економија преку ефективен процес на вакцинација, пренесува Ројтерс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-vo-vreme-na-pandemija-so-najvisoka-stapka-na-ekonomski-rast-vo-poslednite-21-godina-i-vo-svetski-ramki/feed/ 0
Ангеловска-Бежоска: Повисок економски раст е можен преку структурни реформи и трговска и финансиска интеграција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-povisok-ekonomski-rast-e-mozen-preku-strukturni-reformi-i-trgovska-i-finansiska-integracija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-povisok-ekonomski-rast-e-mozen-preku-strukturni-reformi-i-trgovska-i-finansiska-integracija/#respond Sat, 25 Dec 2021 10:01:28 +0000 https://kurir.mk/?p=612929

Побрз и одржлив економски раст на земјава е можен, доколку се зголеми потенцијалот за раст, а тоа може да се постигне само преку структурни политики со кои позитивно ќе се делува на трите фактори од кои зависи долгорочниот раст – трудот, физичкиот обем на капитал и продуктивноста, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Капитал“. Според неа независно од предизвиците поврзани со пандемијата, не треба да се остават структурните реформи настрана, односно процесот на отстранување на структурните пречки мора да се одвива непрекинато. – Според последните расположливи податоци, нашата продуктивност е само околу 44 отсто од европската, обемот на физички капитал само околу една третина од европскиот, а има и тренд на опаѓање на прирастот на работната сила. Овие бројки јасно говорат каде треба да се насочат напорите на носителите на политиките, вели гувернерката. Бежоска посочува дека корона-кризата уште повеќе ги нагласила старите, а открила и нови структурни проблеми со што се довела во прашање одржливоста на одредени бизнис-модели во постпандемискиот период, како и потребата од преквалификација на работната сила, промени на професионалните профили на пазарот на трудот со нови „професии на иднината“, а сето тоа во контекст и на забрзаната дигитализација. Гувернерката смета дека малите економии, како нашата, не можат да растат брзо без поголема трговска и финансиска интеграција. Затоа порачува дека особено е важен понатамошен влез на мултинационални компании кои како што вели ќе придонесат за зголемување на извозниот потенцијал, ќе ја подобрат извозната структура, како и продуктивноста и компетитивноста. – Во овој контекст неопходно е и посилно поврзување на странските со домашните компании, заради зголемување на позитивните преносни ефекти врз вкупната економија. Битен предуслов за поголема интеграција секако се јавните инвестиции насочени кон подобрувања на економската, социјалната и дигиталната инфраструктура. На овој начин ќе може да се обезбеди не само повисок, туку и поквалитетен раст поттикнат од технолошки софистицирани и иновативни сектори, оценува Бежоска. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-povisok-ekonomski-rast-e-mozen-preku-strukturni-reformi-i-trgovska-i-finansiska-integracija/feed/ 0
Бизнис заедницата од Г-20 повика да се обезбеди одржување на сегашниот економски раст https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/biznis-zaednicata-od-g-20-povika-da-se-obezbedi-odrzuvanje-na-segashniot-ekonomski-rast/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/biznis-zaednicata-od-g-20-povika-da-se-obezbedi-odrzuvanje-na-segashniot-ekonomski-rast/#respond Sat, 30 Oct 2021 10:14:47 +0000 https://kurir.mk/?p=588118

Претставниците на деловната заедница на државите од Г-20 стравуваат дека тековниот економски раст што се случи откако пандемијата стивна може да биде бесмислен без координирана политика за обезбедување инвестиции и енергетска транзиција, изјави Ема Маркегалија – претседателка на Б-20 (Бизнис 20), која нагласи дека бизнисмените очекуваат политичарите да обезбедат одржлив раст. – Главната грижа е дека сегашното економско закрепнување што го гледаме по неверојатната рецесија во 2020 година ќе биде краткотрајно. Она што е важно не е сегашниот економски раст што се проектира за оваа година (до 6 отсто во Италија), туку потребата да се задржи овој раст на долг рок. Друга загриженост е дека нерамномерниот раст ќе создаде уште поголеми економски и социјални разлики. Истовремено, неопходно е да се избегне протекционизам, кој и штети на светската економија, рече Марчегалија. Според неа, оваа година се очекува раст на светскиот БДП на 5,7-6 отсто, а во 2022 година – 4,5 отсто. По минатогодишниот колапс, светската трговија порасна за речиси 10 проценти. Овие две години се многу важни во однос на растот, кој не смееме да го загубиме, рече претседателката на Б-20. Таа изрази мислење дека на глобално ниво е можно до крајот на 2021 година да се вратат предпандемиските показатели. Б-20 очекува политичарите да усвојат заедничка политика насочена кон одржување на конкурентноста на компаниите. Не е потребна само еколошка транзиција, туку и поддршка на социјалните и економските модели. За таа цел, има потреба од инвестиции во истражување и иновации, како од страна на државата, така и од приватниот сектор. – Не е доволно само да се каже дека ќе се спротивставиме на климатските промени – ни треба политика, инвестиции, рече таа. Маркегалија истакна дека Б-20 е за одредување „цена на јаглеродот“ и исто така сака јасни критериуми за стандардите на компаниите со „зелен статус“. – Сакаме координиран систем сличен на европскиот модел за тргување со емисии да се воведе насекаде во сите земји. И ова ќе даде јасен сигнал до инвеститорите да посветат поголемо внимание на проектите за обновливи извори на енергија. Но, ова не го гледаме како данок, туку како пазарен систем. Такви модели веќе постојат – во Европа, во Јапонија, но овие системи мора да се координираат, вели бизнисменката. Таа изрази мислење дека треба да се зачува природниот гас. Неговата употреба постепено ќе се намалува, но без него е тешко да се направи каква било енергетска транзиција. – Во тој поглед, ние не се придржуваме до никакви идеолошки линии, туку се водиме од многу практични и прагматични размислувања. Потребни се инвестиции во нови технологии и истражувања. А за да избегнеме ситуации како сегашната на енергетскиот пазар, мора да ја напуштиме идеологијата и да се придржуваме до прагматичната линија на однесување, рече Марчегалија. Таа истакна дека големиот бизнис има повеќе допирни точки и можности за постигнување договор за клучните прашања. „Важно е да бидеме чуени, бидејќи ги познаваме пазарите и тоа ни овозможува да дојдеме до заклучоци кои потоа им ги пренесуваме на политичарите. Но, се разбира, без политичка волја, глобалните проблеми не можат да се решат, заклучи шефицата на Б-20. Во Рим денеска почнува Самитот на Г-20. Таму ќе бидат презентирани заклучоците и препораките од состаноците на ресорните министри одржани во текот на годината, како и од Б-20. Главните теми на форумот се климата, здравјето и одржливиот развој, кои се меѓусебно поврзани. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/biznis-zaednicata-od-g-20-povika-da-se-obezbedi-odrzuvanje-na-segashniot-ekonomski-rast/feed/ 0