економски тим – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 29 Jul 2018 08:00:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png економски тим – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Владата на Заев со најслаб економски тим во последниве десет години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-na-zaev-so-najslab-ekonomski-tim-vo-poslednive-deset-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-na-zaev-so-najslab-ekonomski-tim-vo-poslednive-deset-godini/#respond Sun, 29 Jul 2018 08:00:44 +0000 https://kurir.mk/?p=82322

Рекордно ниска реализација на капиталните инвестиции годинава, иако владата предводена од СДСМ сама си го проектираше Буџетот.  Наместо вест да е реализација и нови инвестиции, вест се скандали кои само за еден месец изнесуваат околу 45 милиони евра и тоа ни помалку ни повеќе пари за во џебовите на функционерите. Дополнително Македонија во време на оваа власт се задолжи над 1,5 милијарди евра, јавниот и државниот долг ги урнаа психолошките бариери. Сето ова укажува дека тимот кој го избра премиерот Зоран Заев, како вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за финансии Драган Тевдовски или не знаат да го проектираат буџетот или не знаат кога и како би можеле да се реализираат проектите. Бројките што ги објави Министерството за финансии покажуваат дека во првата половина годинава реализирани се само 16,65 проценти, односно од јануари до јуни од предвидените 400 милиони евра за годинава за капитални проекти потрошени се само 65 милиони евра. Во јуни месец, кога Владата очекуваше да се зголеми реализацијата, потрошени се само 11 милиони евра, што е помалку од претходните четири месеци. Што велат бројките за последните десет години? Имено во период на светска економска криза или во 2008 година имало околу 98 милиони евра капитални инвестиции,  следната уште повеќе или околу 102 милиони евра.  Во 2011 година истите достигнуваат околу 150 милиони евра. Во периодот 2012 заклучно со 2015 година  се  движат од 120 милиони евра до 140 милиони евра. Во 2016 година која е година на криза во државава имало околу 100 милиони евра, а во 2017 околу 140 милиони евра капитални инвестиции. Самата власт пак се жали на слаби проекти, кои самата ги правеше, па се поставува прашањето дали се лоши проектите, или е погрешна проекцијата на Буџетот... За проблемите и економската катострофа префрлаат сите без исклучок. Поранешниот министер за финансии од редовите на СДСМ, Никола Попоски гостувајќи на АлсатМ телевизија рече дека растот на БДП во првиот квартал кој изнесува 0,1 процент е поразителна ситуација и оти македонската економија е на граница на рецесија. –  Уште поопасно  е тоа дека ние сега не знаеме што ќе се случи во кварталот кој сега за 20 дена(н.з. мислејќи на крај на јули) завршува, рече Поповски. Оттука, според него и проектираниот  раст од 3,2  проценти за 2018 година во реалноста тешко дека ќе се постине со овие резултати од првото тромесечје или за да има раст од 3,2 отсто на крај на 2018 тогаш останатите 3 квартали ќе треба да растат по 4, 2 проценти што никогаш досега не се случило. Од проекциите на владата и капиталните инвестиции нездоволна и стручната јавност. Или економистите со порака до Владата, итно да се изврши ребаланс на буџетот. Според нив ова е начин да се забрза реализацијата на капиталните инвестиции, бидејќи тие се од суштинско значење за економскиот раст. Економистите објаснуваат дека вообичаено се случува да се искористат од 50 до 60 проценти од планираните средства и потоа со ребаланс на буџетот да се достигне реализација помеѓу 80 отсто и 90 проценти од предвиденото. Тие одат и понатаму и препорачуваат да се дефинираат приоритетите во капиталните инвестиции бидејќи Македонија нема капацитет да ги финансира сите проекти одеднаш. -Предвидуваме дека до крајот на годинава, ако не се изврши ребаланс на буџет, реализацијата на овие капитални инвестиции би изнесувала 40 проценти од планираните средства, изјави деновиве за телевизија Сител, Иван Вчков, економски аналитичар од Фајненс Тинк. На слабата реализација реагираше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. -Ваквите податоци дефинитивно укажуваат дека градежниот сектор негативно ќе влијае врз бруто домашниот производ за вториот квартал од 2018 година, а имајќи предвид дека инвестициите во градежниот сектор имаат високо учество во бруто инвестициите, повеќе од јасно е дека повторно ќе имаме негативен раст кај бруто-инвестициите. Дополнително, ниското исполнување на капиталните инвестиции во буџетот укажува дека јавната потрошувачка што ја контролира владата на СДСМ сериозно ќе наштети на македонската економија, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил. Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ констатираше „економијата е во слободен пад. За катастрофата која што ни се случува не е виновна ниту ЕУ, ниту НАТО, ниту опозицијата, ниту временската состојба, ниту соседите. Виновно е неспособното економско трио, предводено од премиерот Зоран Заев. Неспособноста на Власта на СДСМ на полето на економијата секојдневно се потврдува. Ова е одраз на неработењето и економското цунами кое што криминалниот картел на чело со Заев и го направија на Македонија. Ако продолжи со вакво неработење, Владата на Заев, Тевдовски и Анѓушев, за 2018 година нема да успее да го реализира најавениот раст на БДП од 5-7% што го ветуваше пред избори. Капиталните инвестиции се основа за растот на економијата во една држава. Тие индиректно влијаат на речиси сите сектори на индустријата и врз стандардот на граѓаните. Граѓаните со ваква економска политика може да заборават на ветувањата кои Заев им го даваше за 600 километри нови автопати, 500 евра просечна плата за сите граѓани, 100 илјади денари плата за лекарите, рече Кузмановска. Премиерот Заев како да не е премиер. Причината за слабата реализација на капиталните инвестиции ја правда со неправилностите во документациите. -Очекувам веќе во вториот, а особено во третиот и четвртиот квартал да имаме сериозен раст и на капиталните инвестиции во државата и на нискоградбата затоа што сите проекти се ослободени, изјави Заев. И министерот за транспорт и врски Горан Сугарески се надева на следниот период, а годината им отиде. -Во второто полугодие од годинава сериозно ќе се зголеми искористеноста на предвидените 393 милиони евра буџетски средства за капитални инвестиции и на оние кои се на располагање надвор од буџетот за патната и железничката инфраструктура, најави Сугарески. Министерот и по повеќе од една година на власт се правда со „наследените лоши проекти“. – Нискиот процент од само 16 отсто на капиталните инвестицици во првото полугодие од годинава, главно се должи на исклучително лошите проекти наследени од претходната власт, како и поради невлегувањето на Синохидро во пресметката на капиталните инвестиции во првиот квартал,рече Сугарески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-na-zaev-so-najslab-ekonomski-tim-vo-poslednive-deset-godini/feed/ 0