економски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Oct 2022 09:12:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png економски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Разочарувачки пример на економски и социјален „мазохизам“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/razocharuvachki-primer-na-ekonomski-i-socijalen-mazohizam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/razocharuvachki-primer-na-ekonomski-i-socijalen-mazohizam/#respond Fri, 28 Oct 2022 09:12:29 +0000 https://kurir.mk/?p=751678

Д-р. Живко Груевски Откако пред неполни три години човештвото се соочи со глобалната пандемиска – здравствена криза што мултиплицирано се зголеми на почетокот од оваа 2022 година со руската воена инвазија во Украина, согласно сите извештаи за реалните состојби, научни анализи и аргументирани предвидувања извесно е дека оваа есен – зима ќе кулминираат економската, енергетската, инфлаторната, ценовната и социјалната криза со епски пропорции. Jeff  Bezos,  основачот и извршен претседател на „e-commerce” гигантот Amazon, кој е најрелевантен барометар за „здравјето” на јавната потрошувачка односно, клучниот генератор на економскиот развој, предупредува на неизбежност од голема рецесија на светската економија. Истите ставови ги споделуваат и David Solomon (CEO Investment Bank Goldman Sachs) или пак Jamie Dimon (CEO JP Morgan Chase) кој по последното интервју од 10 октомври ќе изјави дека „економијата ќе влезе во рецесија следните шест до девет месеци”. Elon Musk (CEO Tesla & SpaceX), е уште попрецизен велејќи дека „ние сме веќе во рецесија која веројатно ќе трае до пролетта 2024 година и само најјаките ќе преживеат”. Ваквата драматична криза кај сите национални економии наметна алармантна, вонредна состојба која пак ургентно бара вонредни и радикални економски стратегии и оперативни мерки за одржување во живот и избегнување на целосен економски колапс. Скоро без исклучок сите одговорни политички, економски и финансиски лидери од европските земји се согласуваат со дијагнозата дека се работи за најсериозна ,,ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛНА ЗАКАНА” која наметнува неопходност од нови приоритети преку забавување или целосно времено одложување на претходно донесените национални стратегии и развојни проекции. Метафорично, кризата ги претвори националните економии како „пациент во клинички шок со акутни животно загрозувачки проблеми каде се неопходни интервентни реанимациони процедури а не некакви блазирани совети за долгорочните погодности од поинтензивно пешачење и физички вежби во природа на чист воздух или пак совети за органска исхрана и здрав диетален програм(!?)”. Така на пример германскиот канцелар и неговиот владин кабинет интервентно одлучија да го стопираат планираното затворање на преостанатите три нуклеарни централи, но и да рестартираат неколку од веќе „пензионираните” нуклеарни капацитети. Од егзистенцијална важност е да се обезбеди електрична енергија за домаќинствата, индустријата и инфраструктурата во Германија. Ваквата тешка одлука е донесена и под голем притисок на неколку други партнерски земји од ЕУ, како Словачка и Унгарија. Белгија исто така планираше да ги затвори своите два нуклеарни реактори (со капацитет од 2.1 GW) до 2025 година, но во март одлучија да ги задржат во функција барем за уште 10 години. „Bloomberg” објави дека новата влада на Шведска ќе побара од државната компанија „Vattenfall AB” да планира и изгради нови нуклеарни централи за да ја задоволи растечката побарувачка на електрична енергија во земјата. Притисната од драматичната реалност, германската влада прави „очајнички” обиди за да го задржи функционирањето на националната економија но и запалените светла и снабдување со електрична енергија во сите домаќинства за да се помине зимата. И покрај претходно прифатената обврска на Германија за постепено исклучување на ископување и користење на јаглен до крајот на оваа декада, во оваа нова реалност се вратија назад на најсигурниот и најбрз начин на производство на електрична енергија од фосилните горива. Така, во овие неколку месеци ефикасно возобновија и вратија во функција на неопределено време, најмалку 20 термо електрани на јаглен. Ветерните турбини близу до отворениот коп на рудникот „Garzweiler” во Северна Рајна-Вестфалија а со кој управува германскиот енергетски гигант „RWE”, се демонтираат и отстрануваат за да се отвори простор за проширување на копот и интензивна експлоатација на јаглен. Дури и најавторитетните граѓански групации за заштита на животната средина се согласуваат дека јагленот е најбрзиот но и најефикасниот одговор на енергетската криза. Karsten Smid од „Greenpeace Germany” вели „Ние мораме да разбереме дека кризната состојба во која би немале енергија, би немале струја нити топлина во домовите и канцелариите оваа зима, е далеку посериозно прашање од било која друга тема и заложба”. Факт е дека во кризни времиња генерално сите луѓе покажуваат поголем интерес за информации, читање, проучување, слушање и осознавање. Така дури и најекстремните екологисти ја разбраа и прифатија реалноста дека без рударство и многукратно зголемување на неопходните количини од ретките, критични минерали и метали (бакар, литиум, никел, графит, кобалт...), општоприфатената програма за глобална транзиција во „зелена економија” - е само обична ДЕКЛАРАТИВНА ЖЕЛБА! Според извештаите на Светска Банка, притисокот за „зелена” технологија и производство на енергија од обновливи извори (ветер, сончева и геотермална), како и високософистицираните решенија за складирање на таквата енергија ќе резултира со побарувачка од околу 3 милијарди тони минерали и метали, односно ќе биде потребно 500% зголемување на производството на критични минерали и метали до 2050 година. Неизбежно се наметнува заклучокот дека современото одржливо рударство е клучна алка во процесот на транформација кон „зелената економија”. Видлив е трендот да големите автомобилски компании како Ford, Chrysler, Volkswagen, Mercedes, кои се обврзаа за забрзана транзиција и замена на нивните производни програми со електрични возила широко достапни до 2035 година (!?), интензивно стратешки се поврзуваат капитално со големите рударски компании кои работат и применуваат нови технологии и високи стандарди за одржливо рударство. Така и американската администрација на претседателот Joe Biden неодамна додели грант од вкупно 2.8 милијарди долари за значително поттикнување на домашното рударство на критичните минерали и метали потребни за производство на моќните батерии за електричните возила. Доколку во контекст на сé претходно наведено во овој текст повторно се навратам на разочарувачкиот пример со сосема неоправдано наметнатата неизвесност или повеќегодишниот „limbo” статус на Проектот за мега странската инвестиција – рударски комплекс за бакар „Иловица-Штука”, неизбежно ќе воочиме дека во односот на нашата држава кон овој проект има јасни елементи на економски, финансиски, енергетски и социјален „МАЗОХИЗАМ”. Искрено, како горд македонски државјанин чувствувам наплив на „срамотизам” при самото потсетување на крајно непристојното игнорирање и упорно избегнување на директна конструктивна комуникација со највисокиот менаџмент и бордот на директори на проектната компанија Euromax Resources, како и со клучните инвеститори со потврдено позитивен авторитет на глобалната деловна сцена. Со неодговорно наметнатата административна „рашомонијада” кон овој Проект (во последните 7 години!), како да постои некаков нерационален „мораториум” за објективно согледување на реалноста и за повлекување на практични и ефективни одлуки. Се прашувам зошто, дури и во вакви најкризни времиња, кај нас се повторува синдромалното пореметување на деструктивна „умствена миопија” додека и понатаму продолжуваме да пимпламе со односот кон нашата колективна иднина. Пасивноста, игнорантноста и самосожалувањето со својата „мртва тежина” не притискаат и во ваква драматична криза се всушност најголемата неправда кон сите нас. И покрај нашите политички, етнички, верски, социјални и културни различности, крајно време е СИТЕ да се обединиме во справувањето со овие егзистенцијални предизвици, да се обединиме за опстанок но и за прогрес, за отворање на нови работни места, за повисок животен стандард, конечно стопирање на иселувањето, посреќен и подостоинствен живот! Да бидам конкретен – Во актуелните турбулентни времиња единствена реално остварлива, повторувам единствена реална мега – странска инвестиција која е веќе присутна во нашата држава и е целосно подготвена ВЕДНАШ да започне со оперативна реализација е токму проектот на Euromax Resources за современ рударски комплекс за бакар „Иловица-Штука”! Само за првите две години на изградба обезбеден е буџет за инвестирање на 350 милиони евра; во текот на целиот период на оперативно функционирање редовно ќе се исплаќаат по околу 75 милиони евра секоја година на повеќе домашни кооперанти; секоја година ќе се уплаќаат приближно по 25 милиони евра во државниот буџет, а околу 4 милиони евра во буџетите на локалните управи; рударскиот комплекс ќе генерира редовен извоз од околу 200 милиони евра годишно; според актуелните статистички податоци се проценува дека ќе придонесе за просечно зголемување на Бруто Домашниот Производ – БДП, за околу 4% на национално ниво; за целокупното времетраење со оперативното работење потребни се 3200 нови директни и индиректни работни места од најразлични професии... Клучен инвеститор е глобалниот деловен гигант – Групацијата TRAFIGURA  или една од водечките светски дистрибутерски, трговски, логистички и производни компании. Тие се лидери во секторот на „commodities” или природни суровини кои ни се неопходни за „преживување” оваа зима, како нафта и нафтени деривати, природен гас, LPG&LNG, метали и минерали, енергија и обновливи извори на енергија. Мултинационална корпорација која има свои компании во 48 држави на сите континенти. Во финансиските резултати за 2021 година, Групацијата TRAFIGURA објави приход од 231.3 милијарди долари (што е за цели 16 пати поголем износ од македонскиот БДП!), а само за првата половина од 2022 година вкупниот приход изнесува 170.6 милијардри долари и нето профит од 4.7 милијарди долари... А ние, ние со празните реторики, бескрајните игри и одолговлекувања наместо да побараме соработка неразумно ги присилуваме да дигнат раце од инвестицијата во овој мега Проект, но и од повеќе други потенцијални проекти во нашата држава каде како партнери со Групацијата TRAFIGURA, сосема извесно и за многу краток период би можеле да постигнеме реален пресврт со забележителен економски, енергетски, финансиски и социјален прогрес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/razocharuvachki-primer-na-ekonomski-i-socijalen-mazohizam/feed/ 0
Енергетската и здравствената криза – правни, економски, психолошки и политички аспекти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/energetskata-i-zdravstvenata-kriza-pravni-ekonomski-psiholoshki-i-politichki-aspekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/energetskata-i-zdravstvenata-kriza-pravni-ekonomski-psiholoshki-i-politichki-aspekti/#respond Sat, 09 Apr 2022 16:31:29 +0000 https://kurir.mk/?p=660741

Во организација на Асоцијацијата за корпоративна безбедност – Скопје и МИТ универзитетот денес, во Стопанската комора се оддржа меѓународна научна и стручна конференција: Енергетската и здравствената криза – правни, економски, психолошки и политички аспекти. Партнери на конференцијата беа: Факултетот за правни и пословни студии Д-р Лазар Вркатиќ, Нови Сад; ЦЕПС – Кисељак, БиХ; Институт за судска медицина – Скопје; Интернационален универзитет „Травник“, Травник; Истражувачки центар за безбедност, одбрана и мир – Скопје и Адвокатско друштво Чукиќ-Марков, Скопје. Мисијата на конференцијата е да се даде конкретен научен, стручен и поширок општествен придонес во одговорот на предизвиците со кои се соочуваат денешните држави заради актуелните состојби наметнати со тешките последици од пандемијaта со ковид-19 и енергетската криза. Преку размена на експертски знаења, професионални практики и индивидуални искуства, како и взаемна соработка помеѓу образовните институции и деловната заедница, потребно е да се создаде основа за да се дојде до релевантни и применливи решенија со кои ќе се подобри институционалниот и нормативниот дизајн во борбата со совремните ризици и закани. Според проф. д-р Атанас Козарев, претседател на Асоцијацијата за корпоративна безбедност – Скопје, неспорно е дека биолошките, климатските, економските, а пред се корупцијата и други закани и во иднина ќе претставуваат сериозни и сложени безбедносни ризици и човештвото ќе биде принудено во иднина да вложува многу финансии и да прикаже фактичка, а не декларативна подготвеност и волја за нивно брзо сузбивање и спречување. -Ниедна земја не е во потполност подготвена да има успешна реакција на една пандемија или епидемија и секоја има недостатоци кои треба да се отстранат. Исто така, има малку докази дека многу земји имаат капацитети за да функционираат во оваа глобална криза што се потврдува и денес. Може да се додаде и дека на повеќето земји не им се доделни значајни средства од пресметките за да се пополнат сите тие недостатоци кои постојат во здравствениот систем, но и во системите кои се задолжени за спречување и санирање на ширње на паднемијата – нагласи тој. Оттука, според него, пред академската и стручната јавност се поставува прашањето: Како да се подобрат здравствените системи во планирањето на реакција на еден од најприсутните светски ризици – епидемија од заразни болести? Одговорот на ова прашање може да произлезе од бројните научни и стручни трудови кои беа презентирани во текот на конференцијата. Проф. д-р Серјожа Марков во своето излагање се осврна на светската здравствена, енергетска и воена криза, при што го потенцираше лошото менаџирање со енергетските ресурси пред и за време на енергетската криза во нашата држава. Истиот, ја истакна потребата од инвестиции во енергетскиот систем на земјава, а како добар сигнал го оцени носењето на подзаконски акти од Регулаторната комисија за регулирање на односите помеѓу универзалниот снабдувач и физичките лица кои сакаат да инвестираат во системи за производство на сончева енергија во своите домови. Доц. д-р Вероника Рашковска, изрази лично инсистирање за оптимално и бона фидес употреба на новите техологии во дигиталното доба. Затоа, пред аудиторимот успешно го доближи поимот на дигиталните медиуми, појавата на лажни вести и последиците од нивно ширење до увото на читателот, како општествен актер којшто не е имун на последиците од пандемијата. „Во тие услови, медиумите како седма сила на светот станаа моќен ресурс за менаџирање со енеергетските и здравствените закани. Наша задача како корисници, во таа палета од ризици е да ги користиме новите технологии и медиумите на начин на којшто ќе ги намалиме негативните последици и ќе го олесниме нашето секојдневие со придонес во борбата против пандемијата. Впрочем, тоа е наша одговорност во овој момент, повеќе од било кога “, нагласи таа. Д-р Мирзо Селимиќ од ЦЕПС Киселјак, преку компарација помеѓу состојбите во нашата држава и БиХ укажа на одредени сличности но и разлики, со желба институците да имаат системски пристап во справувањето на сегашните и идни ризици и закани. Доц. д-р Јордан Делев и доц. д-р Ебру Ибиш од Правен факултет при Универзитетот Визион, укажаа на инкриминациите во националната и меѓународната регулатива и статистиката околу семејно насилство во време на пандемија. Според добиените истражувачки резултати, тие заклучија дека постои зголемување на стапката на семејно насилство во време на ковид -19, при што жените се наоѓаат претежно во улога на жртва и дека физичкото насилство има примат. Модератори на пленарните сесии беа: проф. д-р Наташа Георгиева и доц. д-р Благица Котовчевска Михајловска од Факултетот за безбедносни науки при МИТ универзитетот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/energetskata-i-zdravstvenata-kriza-pravni-ekonomski-psiholoshki-i-politichki-aspekti/feed/ 0
За САД 2020 година е најтешка на економски план од 1946 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-sad-2020-godina-e-najteshka-na-ekonomski-plan-od-1946-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-sad-2020-godina-e-najteshka-na-ekonomski-plan-od-1946-godina/#respond Thu, 28 Jan 2021 14:41:25 +0000 https://kurir.mk/?p=461086

Американската економија минатата година се намали за 3,5 отсто како резултат на пандемијата со коронавирусот. Според Вашингтон пост, 2020 година е најлошата година за економскиот раст на САД од Големата рецесија. Економскиот раст забави во последниот квартал до раст од само еден отсто, според Бирото за економски анализи. Тоа значи дека на годишно ниво е четири отсто. Економијата се намалува за првпат од 2009 година, кога БДП се намали за 2,5 отсто за време на Големата рецесија. Тоа е исто така најлошата година за американската економија од 1946 година, кога економијата се намали за 11,6 отсто по излегувањето на земјата од Втората светска војна. Ова е последниот извештај за американскиот БДП за време на мандатот на Доналд Трамп На годишна основа во последниот квартал, американската економија објави раст од четири отсто по раст од 33,4 отсто во претходниот квартал. Во меѓувреме, 847.000 Американци поднесоа барања за невработеност минатата недела до 23 јануари, што е мал пад од претходната недела. Економистите предвидуваа 875.000 апликации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-sad-2020-godina-e-najteshka-na-ekonomski-plan-od-1946-godina/feed/ 0
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ предложи сет мерки и здравствени и економски кога не беше ни прогласена пандемија на корона вирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vmro-dpmne-predlozi-set-merki-i-zdravstveni-i-ekonomski-koga-ne-beshe-ni-proglasena-pandemija-na-korona-virusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vmro-dpmne-predlozi-set-merki-i-zdravstveni-i-ekonomski-koga-ne-beshe-ni-proglasena-pandemija-na-korona-virusot/#respond Fri, 27 Mar 2020 18:12:55 +0000 https://kurir.mk/?p=323247

ВМРО-ДПМНЕ уште пред да се прогласи пандемија како партија предлагала сет на мерки за заштита на здравјето на граѓаните, но и за помош на економијата, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата Трилинг на 24 Телевозија. Во контекст на улогата и активностите на партијата во врска со состојбата со корона вирусот, Мицксоки објасни и зошто прво барал кризна, а потоа вонредна состојба. -Ние имавме состанок во владата организиран од техничкиот премиер. На тој состанок јасно и гласно кажав кои се нашите ставови за состојбата во тој момент, а истата во тој момент не беше ескалирана, немаше пандемија. Јас тогаш спомнав и за економските последици што ќе следат. На 26 февруари претседателот на Комисијата за здравство, Синиша Стојаноски имаше прес на кој предложи сет на мерки што треба да ги преземе државата. Тогаш немаше пандемија само беше прашање на ден кога ќе ескалира ситуацијата со корона вирусот, рече Мицкоски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека партијата многу порано, пред да се прогласи пандемија предлагаше сет мерки како здравствено-санитарни, така и економски. -На средбата кај техничкиот премиер кога не беше прогласена пандемија, јас изразив загриженост за економските последици, а добив одговор дека јас не треба да се грижам и дека истиот ден ќе имаат состонок и ќе излезат со пакет мерки, посочи Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vmro-dpmne-predlozi-set-merki-i-zdravstveni-i-ekonomski-koga-ne-beshe-ni-proglasena-pandemija-na-korona-virusot/feed/ 0