Економско-финансиска енигма – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 05 Apr 2020 12:36:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Економско-финансиска енигма – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Колумна на Весна Атанасовска: Економско-финансиска енигма https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vesna-atanasovska-ekonomsko-finansiska-enigma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vesna-atanasovska-ekonomsko-finansiska-enigma/#respond Sun, 05 Apr 2020 12:36:52 +0000 https://kurir.mk/?p=327640

„Manifestum non eget probatione“ Римјаните своето искуство го преточиле во мудрост и затоа запишале: „Очигледната работа не треба да се докажува“. Кај нас повеќе од очигледно е дека во услови на ширење на пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ комплетно ги става на располагање своите капацитети, подавајќи рака за помош во справувањето со глобалната опасност која и нам не демне, но за жал и во вакви услови егоизмот, политичкото блефирање и профитирање на СДСМ им се над сите приоритети. Verba volant, scripta manent – Зборовите летаат, а она што е напишано останува. Исто така, летаат и зборовите на челниците на СДСМ, почнувајќи од контрадикторниte изјави преку техничкиот премиер Спасовски и министерката за финансии Ангеловска, онаа која треба да излезе со финансиска стратегија, со план за тоа како ќе ја преброди македонската економија кризата. Пред почетокот на кризата буџетот беше солветен и ликвиден за по кратко време од политичките актери на власт да слушнеме контрадикторност со изјавата дека „... буџетот е листа хартија и реалните пари ги нема“. И нормално збунети се прашуваме имаме или немаме пари? Во моментов целиот свет се соочува со пандемијата предизвикана од корона вирусот, која сериозно го загрозува здравјето и благосостојбата на човекот. Со сигурност можеме да речеме дека, покрај сериозното нарушување на здравјето, човекот ќе треба да се соочи и со економска криза која ќе ја предизвика оваа пандемија, а чиишто последици ќе почнеме да ги чувствуваме во најскоро време. Со оглед на тоа што имаме веќе рецесија во многу држави, едно е сигурно – неминовна е светска економска криза. Приоритет на секоја држава во вакви услови е да се обиде производството, ликвидноста на средствата, движењето на капиталот и размената на добра и услуги да не забават, а најмногу од сѐ, да не сопрат. Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор. Во овој момент, од суштинска важност е државните власти колку што е можно побрзо да се организираат за преземање мерки за спречување на општествен колапс. Наместо тоа, тие спроведуваат популистички економски и социјални мерки, кои не само што нема да помогнат, туку и ќе ја одолговлечат кризата, која, како и секогаш, најмногу ќе ги погоди работниците и стопанствениците. Економската криза во Македонија допрва доаѓа. Наместо да бидеме држава која следи и применува реални мерки како други држави за да ја надминеме кризата предизвикана од Корона вирусот, челниците на власта повикуваат на солидарност. Повеќе од јасно е дека ова не треба да биде борба за политички поени, ова е борба против невидливиот непријател, подадената рака за помош. Големината на политичарите и власта е кога ќе ја прифатат подадена рака од опозицијата за сет мерки кои и се неопходни на државата, на граѓаните. Време е да се ослободите од суетата и за доброто на народот заедно да победиме во оваа војна. Пишува: Весна АТАНАСОВСКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vesna-atanasovska-ekonomsko-finansiska-enigma/feed/ 0