екскурзија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 May 2023 15:48:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png екскурзија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Ученици од Кавадарци го туркаат да запали автобусот кој ги носи на екскурзијата во Франција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-uchenitsi-od-kavadartsi-go-turkaat-da-zapali-avtobusot-koj-gi-nosi-na-ekskurzijata-vo-frantsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-uchenitsi-od-kavadartsi-go-turkaat-da-zapali-avtobusot-koj-gi-nosi-na-ekskurzijata-vo-frantsija/#respond Mon, 22 May 2023 15:48:35 +0000 https://kurir.mk/?p=837524

Незадоволни родители на ученици од СОУ „Гимназија Добри Даскалов“ од Кавадарци споделија видео на кое се гледа како нивните деца на екскурзијата во Франција го туркаат автобусот за да трне. Како што пренесува „Дума“, тие не се задоволни од превозот што скопската ТА „Дипломатик“ го ангажирала за реализација на екскурзијата. Сведочат дека проблеми се појавиле на почетокот на патувањето кога во Кавадарци дошле два автобуси, од кои еден, имал технички недостатоци иако поминал технички преглед во Скопје. Директорката Јасмина Чулева за порталот изјави дека по првата интервенција во која бил направен вонреден технички преглед и обезбеден исправен автобус, за сега екскурзијата да се реализира без проблеми, дел од родителите не го делат истото мислење. Споделувајќи го видеото тврдат дека превозот морал да биде подобар и побезбеден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-uchenitsi-od-kavadartsi-go-turkaat-da-zapali-avtobusot-koj-gi-nosi-na-ekskurzijata-vo-frantsija/feed/ 0
Две малолетнички од струмичко изгубени во Скопје: Апели за помош на социјалните мрежи, полицијата на терен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-maloletnichki-od-strumichko-izgubeni-vo-skopje-apeli-za-pomosh-na-sotsijalnite-mrezhi-politsijata-na-teren/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-maloletnichki-od-strumichko-izgubeni-vo-skopje-apeli-za-pomosh-na-sotsijalnite-mrezhi-politsijata-na-teren/#respond Mon, 08 May 2023 19:37:36 +0000 https://kurir.mk/?p=832009

Две малолетнички од струмичко денеска попладнево во полиција се пријавени за изгубени. Според информациите, девојчињата биле дојдени во Скопје на екскурзија, а последен пат се видени пред ТЦ Веро Џамбо. Станува збор за А.Ј (12). и Р.И (14). -Денеска (08.05.2023) околу 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Центар се изгубиле две малолетнички од струмичко кои биле дојдени на училишна екскурзија во Скопје. Според пријавата на нивната професорка Е.А., последен пат ги видела пред ТЦ Веро Џамбо. Се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетничките, велат од МВР за Курир. На социјалните мрежи се споделуваат апели за помош за нивно пронаоѓање и фотографии од девојчињата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-maloletnichki-od-strumichko-izgubeni-vo-skopje-apeli-za-pomosh-na-sotsijalnite-mrezhi-politsijata-na-teren/feed/ 0
Предложено укинување на маските за средношколците и враќање на ученичките екскурзии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlozeno-ukinuvanje-na-maskite-za-srednoshkolcite-i-vrakjanje-na-uchenichkite-ekskurzii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlozeno-ukinuvanje-na-maskite-za-srednoshkolcite-i-vrakjanje-na-uchenichkite-ekskurzii/#respond Thu, 31 Mar 2022 05:34:27 +0000 https://kurir.mk/?p=656016

Укинување на носењето маски за учениците во средните училишта и да се овозможи организирање екскурзии за учениците во основните и средните училишта, препорача Комисијата за заразни болести на вчера одржаниот состанок. Останува да важи препораката наставниот и техничкиот кадар да носат маски. – За укинување на останатите мерки кои се се уште во сила ќе почекаме уште една недела. Епидемиолошката состојба има тренд на надолна линија, се намалува и бројот на новозаразени и хоспитализирани.Се празнат болничките капацитети, има мала стагнација на репродукцискиот број, меѓутоа тоа не значи дека капацитетот на здравствениот систем не е релаксиран во моментот. Трендот е позитивен. Одиме во насока на тоа да имаме позитивна добра епидемиолошка состојба. Се намалува трансмисијата на вирусот и како резултат на тоа наредната недела се уште ќе разгледуваме дел од актуелните мерки и ќе видиме кои од нив може да бидат укинати, изјави портпаролот на Комисијата, д-р Злате Мехмедовиќ. Учениците или родителите кои сметаат дека нивните деца се уште треба да носат маски, може да ги носат, без оглед на тоа што се укинува таа задолжителна мерка. Од епидемиолошката состојба ќе зависи дали следен чекор и препорака на Комисијата ќе биде укинување на носењето маски за студентите на факултетите. – Имаме позитивен тренд кој ни ветува многу дека можеме да размислуваме за тоа да се релаксираат мерките. Работиме согласно алатката за оценување на епидемиолошки кризи. Се покажа како квалитетна. Засега не гледаме влошување на состојбата, таа се уште е стабилна. Ако продолжи начинот на кој се одвиваат работите, може да очекуваме и таа мерка многу брзо ќе биде на дневен ред, можеби на следната седница, рече Мехмедовиќ. Комисијата за заразни болести ќе ја разгледа и можноста за олабавување на мерката за влез во државата, како и за укинување на други ковид-рестрикции. Ќе се оди постепено во тргањето на мерките, согласно епидемиолошката состојба. – Имавме примери кои ги видовме во земјите како Германија, Австрија, Велика Британија каде мерките беа подигнати практично одеднаш. Одеднаш престанаа сите мерки и дојде до нагло влошување на епидемиолошката состојба. Не би сакале да се доведеме во таква ситуација и ние да имаме влошување на епидемиолошката состојба. Сметаме дека ова укинување на мерките кое што е постепено ќе биде многу подобар начин да преминеме кон еден таков процес на прекинување на мерките отколку сите ги укинеме наеднаш, додаде д-р Мехмедовиќ. Во врска со процесот на вакцинација, тој посочи дека треба се уште да се работи на тоа, да се стимулираат граѓаните да се вакцинираат, да се подигне процентот на вакцинација за да може да се направи транзиција од општество со многу рестриктивни мерки кон малку послободно општество и да се вратиме на нормалата од 2019 година. – Не е само мерката со кампањата за караванот што треба да ги посетува градовите и да се зголеми процентот на вакцинација. Се уште се испраќаат СМС пораки до граѓаните кои се ризични групи и тие кои имаат поголема старосна граница над 65 години каде има многу коморбидитети да може да се стимулираат, да им се објасни кои се опасностите и кои се бенефитите кои ќе бидат добри по нив во однос на тоа ако се вакцинираат. Секако дека се работи на нови идеи за тоа како да се стимулираат граѓаните да можат што поактивно да размислуваат за да се имунизираат не само со бустер доза, туку и со прва и со втора доза односно да имаме целосна вакцинација на населението, рече Мехмедовиќ. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, при направени се 2.430 тестови регистрирани се 294 нови случаи со КОВИД-19, двајца починати и 235 оздравени пациенти. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени четири починати лица од кои по едно од Скопје, Кичево, Штип и Кочани. Пријавените починале во период од 22 до 25 март. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 305.717, бројот на оздравени пациенти е 294.662, на починати е 9.220, а на активни случаи изнесува 1.835 од кои најголем број 1007 се од Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlozeno-ukinuvanje-na-maskite-za-srednoshkolcite-i-vrakjanje-na-uchenichkite-ekskurzii/feed/ 0
Гимназијалци од Пула во куќен карантин во екскурзија во Италија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gimnazijalci-od-pula-vo-kukjen-karantin-vo-ekskurzija-vo-italija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gimnazijalci-od-pula-vo-kukjen-karantin-vo-ekskurzija-vo-italija/#respond Mon, 24 Feb 2020 09:58:23 +0000 https://kurir.mk/?p=307951

Гимназијалци од Пула кои во саботата биле на екскурзија во Италија, по враќањето во Хрватска, а по препорака на на Заводот за јавно здравје се ставени во куќен карантин, јави дописникот на МИА. Директорот на гимназијата Филип Зорќиќ, потврди дека се работи за вкупно 49 ученици кои организирано биле да го проследат карневалот во Венеција. Во текот на минатата ноќ во Хрватска од Италија се вратија и средношколци од Сплит и Омишаљ. Сите биле задржани на граничните премини, а во Хрватска биле пуштени откако медицинските екипи утврдиле дека меѓу нив нема заразени со Ковид-19 или коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gimnazijalci-od-pula-vo-kukjen-karantin-vo-ekskurzija-vo-italija/feed/ 0
Во Сарај се степале деца за топка, а не Македончиња и Албанчиња! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-saraj-se-stepale-deca-za-topka-a-ne-makedonchinja-i-albanchinja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-saraj-se-stepale-deca-za-topka-a-ne-makedonchinja-i-albanchinja/#respond Wed, 09 Oct 2019 16:20:40 +0000 https://kurir.mk/?p=249769

Од игла направија локомомотива, коментираат одговорните наставници и претставници од туристичката агенција кои денеска биле заедно со децата од ООУ „Коле Неделковски“ на екскурзија во Сарај. -Во Сарај се степаа деца за топка, не се тепаа Македонци и Албанци, ниту имаше инцидент, уште помалку етнички. Детето кое сакало да раздели две деца, добило шлаканица. Толку. Се крена врева за една шлаканица. Вакви ситуации во школските дворови има речиси секојдневно. Поразувачки е децата да се стааваат во средина и да се подгреваат меѓуетнички тензии обична детска игра, велат од ООУ „Коле Неделковски“, пренесува Република. Според протоколот во вакви ситуации, за да се заштитат училиштето, наставниците, а пред се децата од токму ова што се случува благодарение на социјалните мрежи и полуинформирани родители, со детето разговарал лекар, кој бил цело време на екскурзија со децата, а потоа инцидентот бил пријавен во полиција и кај родителот на детето. Пристигнала една патрола, а не два џипа, како што се појави информација на социјалните мрежи, со тројца полицајци, од кои еднот по извршениот раазговор со одделенскиот наставник, детето и родителот си заминал, а другите двајца останале до крајот на екскурзијата со децата. -Постапивме по протокол. И навистина се случи така како што претпоставивме. Да останеше на една шлаканица, на социјалните мрежи ќе се раширеше дека сакаме да заташкаме, дека којзнае што се случило во Сарај и дека децата се небезбедни. Срамота е колку полувистини и шпекулации толку брзо се шират, а децата без размислување се ставаат во средина, небаре изби војна во Сарај. Полицајците останаа, децата се разиграа, не можевме да ги собереме во автобуси за враќање. Екскурзијата не беше прекината, туку беше предвидено да трае до 13 часот, а децата да бидат во школскиот двор до 14 часот, велат одговорни од училиштето и го осудуваат пристаапот на неинформираните родители. Родителот на удреното дете не сакал да пријавува, а таква изјава дал и пред полицајците, што е внесено во записник. За инцидентот е информирана и директорката на училиштето, Светлана Масларевска, која не била со децата во Сарај. Во изјава за „Република“ потенцира дека нема место за паника, се работи за детска игра, ситуација која е вообичаена меѓу децата. На местото каде што биле сместени децата од Центар имало и други дечиња од друго училиште, па меѓу себе си кажале и погрдни зборови. Не се работи за меѓуетнички судир, немало агресивни тинејџери Албанци, кои ги нападнале учениците Македонци. Се спречкале врсници од две училишта и апелирам јавноста да биде прецизно информирана дека се работи за вообичаен инцидент меѓу деца, потенцира Масларевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-saraj-se-stepale-deca-za-topka-a-ne-makedonchinja-i-albanchinja/feed/ 0
Се враќале од екскурзија од Будимпешта: Скопски средношколци пет часа чекале да стигне исправен автобус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-vrakjale-od-ekskurzija-od-budimpeshta-skopski-srednoshkolci-pet-chasa-chekale-da-stigne-ispraven-avtobus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-vrakjale-od-ekskurzija-od-budimpeshta-skopski-srednoshkolci-pet-chasa-chekale-da-stigne-ispraven-avtobus/#respond Mon, 01 Apr 2019 10:10:35 +0000 https://kurir.mk/?p=181018

Автобус со средношколци од средното училиште „Васил Антевски Дрен“ кој патувал од Будимпешта кон Скопје запрел на мост поради дефект. Учениците чекале околу 5 часа на местото додека агенцијата испрати исправен автобус . Од агенцијата се правдаат дека возилото поминало технички преглед. Директорот на училиштето Александар Канурков вели дека треба да се изменат правилниците за вакви екскурзии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-vrakjale-od-ekskurzija-od-budimpeshta-skopski-srednoshkolci-pet-chasa-chekale-da-stigne-ispraven-avtobus/feed/ 0
Момче се опијанило на екскурзија, а потоа се јавиле на мајка му: Тоа што ја натерале да го направи ги зачуди сите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/momche-se-opijanilo-na-ekskurzija-a-potoa-se-javile-na-majka-mu-toa-shto-ja-naterale-da-go-napravi-gi-zachudi-site/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/momche-se-opijanilo-na-ekskurzija-a-potoa-se-javile-na-majka-mu-toa-shto-ja-naterale-da-go-napravi-gi-zachudi-site/#respond Thu, 20 Sep 2018 10:27:39 +0000 https://kurir.mk/?p=103545

Мајка од Макарска, Хрватска, била повика од професорите да патува до Прага за да си го земе синот кој се опијанил на матурската екскурзија. Како што пишува „Слободна далмација“, станува збор за преседан бидејќи вакви ситуации не се случуваат често. Досега се случувало ученици поради болест или некоја друга сериозна причина да бидат испратени дома за време на ексурзиите, но не и поради пијанство, коешто е честа појава за време на ваквите патувања на матурантите. Професорите тврдат дека постапиле согласно со правиликот за настава, кој е регулиран со протокол. -На водачот на екскурзијата му предложив да почека до изутрината за да се отрезни ученикот, но таа одби бидејќи сметаше дека оваа мерка ќе биде предупредување и за другите ученици. Повеќе не можам да ви кажам за случајот, вели професорката Нада Шимиќ. По пијанството со момчето, во хотелот останал неговиот класен раководител, а останатите ученици заминале во рагледување на градот. Околу 13 часот во Прага пристигнала и мајката на момчето, која пропатувала 1 100 километри за да го земе својот син дома.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/momche-se-opijanilo-na-ekskurzija-a-potoa-se-javile-na-majka-mu-toa-shto-ja-naterale-da-go-napravi-gi-zachudi-site/feed/ 0
Разрешена класната организатор на екскурзијата на учениците од неготинската гимназија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshena-klasnata-organizator-na-ekskurzijata-na-uchenicite-od-negotinskata-gimnazija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshena-klasnata-organizator-na-ekskurzijata-na-uchenicite-od-negotinskata-gimnazija/#respond Thu, 03 May 2018 19:43:24 +0000 https://kurir.mk/?p=49489

Разрешена е класната организатор на екскурзијата на учениците од неготинската гимназија. Ова го објавија на фејсбук нејзините ученици, револтирани поради нејзиното разрешување. - Денеска требаше да биде ден кога сите среќни и дотерани требаше да се фотографираме и на тој начин да ја одбележиме и третата година од нашето гимназиско образование. Но, во училницата нашата класна влезе со блага насмевка и само ни рече, “не знам со кој класен ќе се сликате, од денес сум тргната од позицијата”, напишаа тие. Причината била во тоа што таа била раководител на екскурзијата и требало да ги сноси сите последици за кои, според нив, е одговорна агенцијата. - Шокирани и непријатно изненадени од тоа за што ја обвинуваат, веднаш се качивме во службата, каде што бевме стопирани и насочени дека прво треба да испринтаме жалба. Ние испринтавме и уредно бевме примени кај директорката каде што истата "госпоѓа" која не испрати да принтаме жалба ни рече дека таа нема да е од полза и дека жалбата нема да ја стопира процедурата за смена на нашиот класен раководител. Покрај ова, нашата класна беше обвинета дека се однесувала лошо, односно ги навредувала одредени ученици во автобусот, што е апсолутно неточно, велат средношколците, чија екскурзија ја брануваше јавноста. Жалбата, велат средношколците, ќе биде поднесена и до Министерството  за образование и наука. Нагласуваат дека ќе водат битка и нема да ја остават класната сама. Кажуваат за она што им се случило за време на екскурзијата. -Гладни и премрзнати седевме со часови во автобусите. Мизерни услови во хотелите. Нашата класна беше навредувана од страна на газдата на Агенцијата, а таа не возвраќаше не сакајќи да се спушти на негово ниво. Зошто да сносат последици оние кои не се виновни? Каде се казните за Агенцијата? Зарем можеа да сторат нешто класните раководители откако вратите беа затворени, а автобусите тргнаа кон Франција? Ниту пак директорката има вина, таа беше запознаена со случајот дури по стигнувањето во Франција. Доста молчевме. Доста беше преправање дека е се во ред. Единствени ќе се бориме заедно за нашата класна, за правда, пишуваат меѓу другото учениците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshena-klasnata-organizator-na-ekskurzijata-na-uchenicite-od-negotinskata-gimnazija/feed/ 0
Средношколци од Македонија ограбени на екскурзија во Италија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkolci-od-makedonija-ograbeni-na-ekskurzija-vo-italija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkolci-od-makedonija-ograbeni-na-ekskurzija-vo-italija/#respond Mon, 30 Apr 2018 08:55:32 +0000 https://kurir.mk/?p=47836

Два пасоша и неколку ранци се украдени од кавадаречки средношколци за време на екскурзија во италијанскиот град Верона, потврди за МИА директорот на електро-машинското училиште „Киро Спанџов-Брко“ Драги Ташев. - Додека учениците ја разгледувале Верона, непознати сторители го скршиле стаклото од вратата на автобусот. Земале неколку ранци со храна, а во два од нив биле и пасошите на двајца ученици. Од страна на Агенцијата организатор на екскурзијата, во Љубљана биле извадени нови пасоши за двајцата ученици, појасни директорот. Тој нагласи дека програмата од екскурзијата во целост била реализирана без проблеми. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkolci-od-makedonija-ograbeni-na-ekskurzija-vo-italija/feed/ 0
МОН се огласи за случајот со екскурзијата на средношколците од Неготино- родителите може да покренат постапка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-se-oglasi-za-sluchajot-so-ekskurzijata-na-srednoshkolcite-od-negotino-roditelite-moze-da-pokrenat-postapka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-se-oglasi-za-sluchajot-so-ekskurzijata-na-srednoshkolcite-od-negotino-roditelite-moze-da-pokrenat-postapka/#respond Thu, 19 Apr 2018 15:39:06 +0000 https://kurir.mk/?p=43258

Одговорност во случајот со екскурзијата на неготинските средношколци во Италија мора да има, наставниците и директорот на училиштето во ниту еден случај не смееле да ги остават учениците сами и да заминат без нив. Ова е ставот кој во врска со овој случај, попладнево го дадоа за МИА од Министерството за образование и наука. -Потсетуваме дека станува збор за малолетни лица кои им биле доверени ним. Исто така, загрижувачко е однесувањето на учениците за време на изведувањето на екскурзијата, за што исто така може на учениците да им бидат изречени педагошки мерки, нагласуваат од Министерството. Државниот просветен инспекторат ќе изврши увид во гимназијата и ќе ги даде своите препораки. -Ваквото нивно однесување спрема учениците е основ за поднесување на одговорност. Секако и на родителите им останува можноста за покренување постапка за одговорност на наставниците за нивната негрижа спрема учениците, додаваат од МОН.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-se-oglasi-za-sluchajot-so-ekskurzijata-na-srednoshkolcite-od-negotino-roditelite-moze-da-pokrenat-postapka/feed/ 0