експеримент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 16 Jan 2022 13:50:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png експеримент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сајкоски: Предложената влада е лош експеримент на Заев, сите министри му ги договори на Ковачевски, а тој треба да ја води владата диригиран од Струмица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sajkoski-predlozenata-vlada-e-losh-eksperiment-na-zaev-site-ministri-mu-gi-dogovori-na-kovachevski-a-toj-treba-da-ja-vodi-vladata-dirigiran-od-strumica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sajkoski-predlozenata-vlada-e-losh-eksperiment-na-zaev-site-ministri-mu-gi-dogovori-na-kovachevski-a-toj-treba-da-ja-vodi-vladata-dirigiran-od-strumica/#respond Sun, 16 Jan 2022 13:50:06 +0000 https://kurir.mk/?p=620000

Наместо нова влада гледаме предлог за влада во која ништо не е ново, влада со стари кадри која ќе ги споделува истите вредности со претходната влада која ни донесе порази за државата, не направи најкорумпирана држава во Европа, изјави пратеникот и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски на денешната собраниска седница на која се дискутира за нова влада, при што потенцираше дека станува збор за континуитет на истата влада која донесе сиромаштија, зголемени цени, пустош во енергетиката и застој во економијата. - Предложената влада е само лош експеримент на претходниот премиер кој со оваа влада сака да го продолжи континуитетот на неработа, криминал. Треба да ставиме крај на политичките експерименти, и мора да бидеме свесни дека Македонија нема време за ваков и на експеримент, народот не заслужува да живее во правна несигурност, корумпирана држава и во сиромаштија. Програмата која е доставена се истите материјали кои веќе 5 години им стојат на хартија и не се реализирани, рече Сајкоски. Сајкоски истакна дека оваа влада нема легитимитет од граѓаните, кои не даваат поддршка на влада која донесе најмногу разочарување во изминативе 30 години, граѓаните ја казнија оваа влада кој живот донесе само за мал луѓе блиски до врвот. - Владата на Заев сега добива ново продолжение во Димитар Ковачевски со старите министри. Ковачевски е лик кој го донесе и промовираше поранешниот премиер, и тој ќе одговара пред него, а не пред пратениците. Ковачевски беше дел од минатата влада како заменик министер за финансии кој кажуваше не на сите добри амандмани и кажуваше не за најзначајните работи за енергетиката и најзначајниот проект за отворање на нов рудник за јаглен. Како да веруваме дека ќе работи и ќе отвора нов енергетски капацитети и ќе има подобри денови? – прашува Сајкоски. Тој нагласи дека во оваа влада Ковачевски нема еден негов предлог, сите предлози се претходно договорени, а тој е повикан само да ја води и ќе биде диригиран директно од Струмица. - Ковачевски се нафатил да биде пиун и послушник на претходниот премиер. Во предлогот за влада го имаме Оливер Спасовски во чие време Македонија е најкорумпирана држава во Европа. Судството ни е корумпирано, а поранешниот министер за правда, ќе биде министер и во оваа влада. Во инфраструктурата нема изградено ниту еден километар, а останува истиот министер за транспорт и врски. Ниту еден проект не ви е ниту отпочнат ниту завршен. Ниту патишта, ниту пругата Кичево – Лин нема ништо. Оваа влада е осудена на неуспех уште од сам почеток, и Ковачевски нека се охрабри да излезе на избори, изјави Сајкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sajkoski-predlozenata-vlada-e-losh-eksperiment-na-zaev-site-ministri-mu-gi-dogovori-na-kovachevski-a-toj-treba-da-ja-vodi-vladata-dirigiran-od-strumica/feed/ 0
Дали веганите се хранат поздраво од оние кои јадат месо? https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/dali-veganite-se-hranat-pozdravo-od-onie-koi-jadat-meso/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/dali-veganite-se-hranat-pozdravo-od-onie-koi-jadat-meso/#respond Mon, 03 Jan 2022 09:31:41 +0000 https://kurir.mk/?p=615713

Еднојајчените близнаци Хуго и Рос Тарнер учествувале во експеримент којшто траел 12 недели. Целта била проверка околу тоа – дали веганската исхрана е поздрава од онаа со месо и производи од животинско потекло? Притоа, Хуго почнал да следи веганска исхрана, а Рос продолжил да јаде месо. Важно е да се напомни и дека тие двајца обично тренираат секој ден, пренесува Би-Би-Си. Хуго признава дека на неговото тело му требало повеќе време да се навикне на веганството. Почувствувал потреба да јаде месо и сирење, но наместо тоа јадел овошје и јаткасти плодови. Рос, пак, понекогаш чувствувал дека има вишок енергија, а некогаш се чувствува уморен. Истражувањата покажуваат дека различни видови на „добри“ микроби живеат во цревата и тие произведуваат хемикалии кои му помагаат на телото да функционира. Близнаците делат од 25 до 30 отсто од вообичаените микроби, па логично е различно да реагираат на различната исхрана. Сепак, во просек, веганите се поздрави од оние кои консумираат месо, но треба да се нагласи дека има вегански диети кои се особено штетни за организмот. Во основа, сѐ зависи од квалитетот на храната. Овој експеримент покажа дека нема значајна разлика меѓу двата режима.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/dali-veganite-se-hranat-pozdravo-od-onie-koi-jadat-meso/feed/ 0
Контроверзен експеримент на британските научници за побрз развој на вакцина против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kontroverzen-eksperiment-na-britanskite-nauchnici-za-pobrz-razvoj-na-vakcina-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kontroverzen-eksperiment-na-britanskite-nauchnici-za-pobrz-razvoj-na-vakcina-protiv-kovid-19/#respond Tue, 20 Oct 2020 10:23:57 +0000 https://kurir.mk/?p=418445

Британските истражувачи се подготвуваат да почнат контроверзен експеримент во кој ќе инфицираат здрави доброволци со новиот коронавирус со цел подобро да ја проучат болеста и да го забрзаат развојот на вакцина. Пристапот наречен студија на предизвик, е ризичен, но според научниците може побрзо да доведе до резултати во однос на стандардното истражување. Владата на Велика Британија најави дека ќе вложи 33,6 милиони фунти. Кралскиот колеџ Лондон денеска соопшти дека во истражувањето ќе бидат вклучени доброволци од 18 до 30 години. – Никогаш не е лесно мамерното заразување на доброволци со познат човечки патоген, изјави професор Питер Опеншоу, додавајќи оти таквите студии овозможуваат исклучително важни информации за болеста. Во првата фаза од студијата, истражувачите ќе се обидат да го утврдат најмалото ниво на изложеност потребно за предизвикување на болеста, а потоа ќе го користат истиот метод на предизвик за да проучат како потенцијалните вакцини дејствуваат во телото, имунолошкиот одговор на телото и потенцијалните третмани. Претседавачката со Работната група за вакцини Кејт Бингам изјави дека истражувањето ќе доведе до сознанија за имунитетот и колку долго вакцината може да штити од повторна инфекција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kontroverzen-eksperiment-na-britanskite-nauchnici-za-pobrz-razvoj-na-vakcina-protiv-kovid-19/feed/ 0
Почнува експеримент: Властите дале дозвола, се пуштаат милионски генетски модификувани комарци во природа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pochnuva-eksperiment-vlastite-dale-dozvola-se-pushtaat-milionski-genetski-modifikuvani-komarci-vo-priroda/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pochnuva-eksperiment-vlastite-dale-dozvola-se-pushtaat-milionski-genetski-modifikuvani-komarci-vo-priroda/#respond Sat, 22 Aug 2020 14:32:22 +0000 https://kurir.mk/?p=393917

Ваквата одлука ги разбеснила граѓаните, но и организацијата за заштита на животната средина. -Властите во Флорида одлучиле да ги користат парите на граѓаните и државните ресурси за да го изведат овој експеримент од времето на Јура, соопштила Џејди Хенсон од Меѓународниот центар за управување со технологија и Центарот за безбедност на храна. -Сега, без никакви проценки за ризик, продолжуваат со експериментот, наведуваат во соопштението. Пилот проектот е измислен за да се дознае дали ГМО комарците можат да бидат замена за инсектициди кои се користат во прилика кога се запрашуваат тиграстите комарци, кои во себе може да носат денге и жолта грозница, како и бројни други болести. Тигрестите комарци кои се препознатливи по шарите на нозете и на предниот дел, доаѓаат од Африка и може да се пронајдат во тропските краеви ширум светот. Комарецот наречен OX5034 е генетски модифициран така што женските комарци умираат уште кога се во фаза-ларви, односно пред да пораснат  доволно големи да можат да касаат и пренесуваат вируси. Во студијата се наведува дека само женските комарци касаат бидејќи им е потребна крв за да имаат легло на јајца, а од друга страна, машките комарци се хранат со нектар и со самото тоа не се преносители на опасни вируси. Како што е најавено, модифицираните комарци во 2021 година ќе бидат пуштени и во округот Харис во Тексас. Американска агенција за заштита на животната средина го одобрила почетокот на проектот откако компанијата Окситек направила повеќегодишно истражување за тоа како генетските модифицирани комарци би можеле да влијаат на човекот и природата. -Ова е многу интересно, бидејќи се во прашања децениска здружена работа на стотина луѓе ширум низ светот кои се посветени на тоа да го заштитат човештвото од многу заразни болести, изјавил директорот на компанијата Окситек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pochnuva-eksperiment-vlastite-dale-dozvola-se-pushtaat-milionski-genetski-modifikuvani-komarci-vo-priroda/feed/ 0
МАРИЈА МИХАЈЛОВИЌ, МОЛЕКУЛАРЕН БИОЛОГ ОД МИЛАНО: Ние сме жив експеримент, допирате производ во продавница и веќе сте носител (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marija-mihajlovikj-molekularen-biolog-od-milano-nie-sme-ziv-eksperiment-dopirate-proizvod-vo-prodavnica-i-vekje-ste-nositel-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marija-mihajlovikj-molekularen-biolog-od-milano-nie-sme-ziv-eksperiment-dopirate-proizvod-vo-prodavnica-i-vekje-ste-nositel-video/#respond Sat, 14 Mar 2020 22:25:32 +0000 https://kurir.mk/?p=316691

Молекуларниот биолог Марија Михајловиќ живее и работи во Милано, во Европскиот институт за онкологија. Српки „Новости“ ги пренесуваат нејзините совети, но и нејзините видувања за тоа каква е ситуацијата во Италија. -Цела Италија е во карантин. Се препорачува луѓето да не излегуваат ако немаат неопходна потреба. На пример, до продавница или аптека. Можат да одат на работа, но мора да имаат авторизација со себе, инаку ќе платат казна. Таа истакнува дека вирусот се шири со неверојатна брзина. -Морате да знаете дека овој вирус се шири неверојатно брзо. Жената на мој колега е позитивна, па шансата и нејзиниот сопруг да е заразен е голема. Самиот факт што работам со него, што седиме во иста канцеларија, е доволен сега и јас да сум во ризична група и да не смеам да излегувам две недели… Таа не ги прифаќа теориите на заговор. Според неа, ова е дело на природата. -Ние мутираме, нашата ДНК мутира. Исто се случува и со вирусите. Некои мутации ги убиваат, други ги унапредуваат. Овој вирус живеел во животни, сега пронашол домаќин во човекот. А ние многу повеќе се движиме. Имаме авиони, технологија и го шириме вирусот со неверојатна брзина. За вирусот тоа е бинго. -Ќе се повикам на искуствата од Милано. За вирусот не се знае ништо. Ние сме жив експеримент. Учиме на најстрашниот начин… Тоа што се знае е дека корона вирусот останува мошне долго на тврди површина. Го испитувале воздухот од соба на болен, но земале и брисеви од орманчињата, апаратите итн. и увиделе дека помала е концентрацијата во воздухот, отколку на тврдите површини каде е многу поголема и долго се задржува. Доколку отидете во вежбална, а пред вас на справата бил носител, и вие ќе го добиете вирусот. Ако се допрете по лицето, веќе сте заразени. Истото се случува и во продавниците. Многумина го креваат производот, ја гледаат цената и го враќаат. Доаѓате вие и тоа е тоа… Да не зборуваме за тоа дека ќе прегрнеш некого ако го видиш. Ова е вирусна епидемија и се спречува само со изолација. Таа објаснила и како е излечен нултиот пациент во Италија. Според неа, тој имал среќа бидејќи добил беспрекорна нега. -Нултиот пациент во Италија има 38 години, активно игра фудбал и трча маратон. Вечерта пред да дојде во болница бил на фудбал. Седмица пред тоа трчал маратон. Кога влегол во болницата имал респираторна криза и бил веднаш ставен на апарат за дишење. Бил симнат од апаратот пред три дена. Значи му требале три недели да се опорави. Преживеал зашто имал најдобра нега и апарати. Да не била таа нега, знаете што ќе се случело.Луѓето треба да сфата дека овој вирус не ечума, ама што е полошо здравството, ситуацијата е посериозна. Единствен совет е – нема дружење. Не одете на ручек со семејството, не одете на кафе кај соседот. Објаснува и што всушност и се случи на Италија. -Италија не беше подготвена за ова. Сега пред болниците се шатори, касарните се претворени во болници. За тестовите таа истакнала: -Тестирањата не се масовни. Болниците не беа подготвени. Првиот сериозен тест е направен во Израел, а додека тој се рашири, сите болници беа исполнети…. Смртноста од овој вирус не е голема – меѓу 2 и 4 отсто. Проблем е што вирусот е нов. Некој нема ни да го забележи, некој ќе помине со настинка, а 20 отсто ќе имаат запаление на белите дробови. Нема специфични лекови. Вашиот организам се бори. Интензивната нега трае три недели. Марија открива и како Германија се бори против корона. -Германците пресметале дека можат да си дозволат добар дел од нацијата да се разболи бидејќи имаат голем број кревети на интензивна нега. Италија не беше подготвена. Не ја сфати сериозно ситуацијата, а кога виде дека ѓаволот ја однел шегата почна со строги мерки. <iframe width="560" height="315" src="https://www.youtube.com/embed/CcWQDvpdI-A" frameborder="0" allow="accelerometer; autoplay; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture" allowfullscreen></iframe>]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marija-mihajlovikj-molekularen-biolog-od-milano-nie-sme-ziv-eksperiment-dopirate-proizvod-vo-prodavnica-i-vekje-ste-nositel-video/feed/ 0
ЖИВ ИСПЕЧЕН: Правел бизарен експеримент, а потоа почнало очајно врескање за помош (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ziv-ispechen-pravel-bizaren-eksperiment-a-potoa-pochnalo-ochajno-vreskanje-za-pomosh-voznemiruvachko-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ziv-ispechen-pravel-bizaren-eksperiment-a-potoa-pochnalo-ochajno-vreskanje-za-pomosh-voznemiruvachko-video/#respond Tue, 06 Feb 2018 19:32:38 +0000 http://kurir.mk/?p=18966

Лим Ба себеси се претставуваше како видовит човек, па се обидел да направи бизарен тест за физичка издржливост. Имено, тој е ставен во голем експресен лонец кој претходно бил загреан во врела вода, но тоа не заврши добро. Овој слчај од 2017-та година ги потресе сите. Тој тврдел дека ваков експеримент веќе има направено, а посочил и дека еднаш издржал 75 минути. Кога влегол во лонецот за да го изведе бизарниот инцидент, околу него седеле неговите следбеници. Наеднаш слушнале силни повици за помош и тропање од внатрешната страна на лонецот. Кога го извлекле од таму, бил без свест, со страшни изгореници по целото тело. Веднаш бил однесен во болница, а таму е само констатирана смрт. Докторите како причина за смртта наведуваат срцев удар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ziv-ispechen-pravel-bizaren-eksperiment-a-potoa-pochnalo-ochajno-vreskanje-za-pomosh-voznemiruvachko-video/feed/ 0
Тројца браќа одвоени по раѓањето поради страшен експеримент: Кога конечно се најдоа ги скрши трагедија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojca-brakja-odvoeni-po-ragjanjeto-poradi-strashen-eksperiment-koga-konechno-se-najdoa-gi-skrshi-tragedija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojca-brakja-odvoeni-po-ragjanjeto-poradi-strashen-eksperiment-koga-konechno-se-najdoa-gi-skrshi-tragedija/#respond Thu, 01 Feb 2018 13:26:09 +0000 http://kurir.mk/?p=17002

Кога 19-годишниот Роберт Шафран во 1980. година тргнал на факултет, се изненадил од срдечноста со која бил пречекан од непознатите колеги. Се воспоставило дека мислеле дека станува збор за некој друг - Еди Галанд, студент кој претходната година ја минал на истиот факултет. Двете момчиња изгледале речиси идентично, се однесувале исто. Дури и го тренирале истиот спорт, сакале исти работи и зборувале на ист начин, иако никогаш не се запознале. Кога сфатил дека се родени на ист датум и дека и двајцата се посвоени како бебиња, новиот цимер на Роберт, Мајкл Домитц се обидел да ги поврзе. Еднаш кога се сретнале, тоа што на прв поглед било очигледно, била принудена да го потврди и агенцијата за посвојување - Роберт и Еди биле браќа, еднојајчани близнаци. Нивната среќа поради повторната средба не можела да се измери, а потоа се случило нешто уште понеобично: откако нивната приказна се појавила во локалните весници, им се јавило уште едно момче кое тврдело дека изгледа исто како нив. Станувало збор за Дејвид Келман, студент на друг њујоршки факултет. По инсистирање на браќата и нивните семејства, агенцијата за посвојување тогаш била принудена да открие што се случило. Тројцата браќа биле редок случај на еднојајчана четворка, од кои најмладото бебе починало при раѓањето. Наместо да им пронајдат семејство кое заедно би ги посвоило, психоаналитичарот Петер Нојбауер, кој го водел центарот "Manhattan’s Child Development", одлучил да спроведе озлогласен експеримент, за да открие дали на обликувањето на личноста повеќе влијаат гените или околината. Тројцата браќа биле раздвоени и биле посвоени од сосема различни семејства, а потоа со години морале да доаѓаат во Центарот на различни тестови за да се следи нивниот развој. Се воспоставило дека сите тројца имаат многу висок коефициент на интелигенција, а бројот на допирни точки бил огромен - дури и невиноста ја изгубиле речиси во исто време. Но, објаснувањето на Нојбауер дека нивното раздвојување при раѓањето било научно оправдано, била слаба утеха за момчињата. Иако биле пресреќни што повторно се нашле, по некое време последиците од раното одвојување станале очигледни. Сите тројца во детството покажувале многу висок степен на сепарациска анксиозност, потоа и депресија, а кога почнале да зборуваат упорно тврделе дека имаат брат. Нивното повторно обединување по две децении било прекинато со една трагична вест - на возраст од 33 години, по борбата со депресијата, Еди си го одземал животот, оставајќи ги зад себе сопругата и ќерката. Понатамошните истражувања биле прекинати, а преживеаните браќа, Нојбауер денес го нарекуваат "наци-лекар", кој им го одземал детството и братот. Иако денес изгледа бизарно, во 80-тите години од минатиот век одвојувањето на близнаците при посвојување било вообичаена пракса, со објаснување дека треба да им се даде можност "самостојно да се развиваат". Нојбауер само ја искорисил шансата за истражување. До својата смрт ја оправдувал својата постапка. Потоа се воспоставило дека браќата не биле единствени близнаци над кои се вршел истиот експеримент, но имињата на останатите деца никогаш не биле откриени. За необичната приказна за трите момчиња сега е снимен и филм, "Three Identical Strangers", чија премиера била одржана на "Sundance" фестивалот. на премиерата дошле и Роберт и Дејвид. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojca-brakja-odvoeni-po-ragjanjeto-poradi-strashen-eksperiment-koga-konechno-se-najdoa-gi-skrshi-tragedija/feed/ 0