експерименти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Jul 2022 11:57:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png експерименти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Астронаутите од кинеската мисија „Шенџу-14“ спроведуваат научни експерименти во орбитата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/astronautite-od-kineskata-misija-shendzu-14-sproveduvaat-nauchni-eksperimenti-vo-orbitata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/astronautite-od-kineskata-misija-shendzu-14-sproveduvaat-nauchni-eksperimenti-vo-orbitata/#respond Thu, 07 Jul 2022 11:57:35 +0000 https://kurir.mk/?p=701704

Вселенската агенција на Кина за истражувања со посада објави видео-снимки од вселената, на кои се гледа дека основниот модул на кинеската вселенска станица е полн со истражувачка опрема за експерименти во орбитата. Кинеската вселенска станица е дизајнирана да биде сестрана вселенска лабораторија, со можност да опслужува 25 експериментални кабинети за научни истражувања. Експериментите во орбитата опфаќаат серија научни области, вклучувајќи микробиологија, физика и медицина. Според кинеските медиуми, тричлената кинеска посада што месец дена се наоѓа во вселената во рамки на мисијата „Шенџу-14“ извршила микробиолошки тестови на примероци вода, воздух и на површини, со цел да се осигура нивна безбедност за време на предвидениот шестмесечен престој во вселената. На модулот е инсталирана и опрема за намалување и регенерација на јаглероден диоксид во орбиталната купола. Кабинетите за експерименти инсталирани на лабораторискиот модул „Вентијен“ ќе им овозможат на астронаутите да изведуваат експерименти на молекули, клетки, ткива и органи, со користење различни методи за онлајн-детекција како што се видлива светлина, флуоросценција или микроскопско снимање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/astronautite-od-kineskata-misija-shendzu-14-sproveduvaat-nauchni-eksperimenti-vo-orbitata/feed/ 0
Поради наводни сурови експерименти со кученца Фаучи е мета на критики https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-navodni-surovi-eksperimenti-so-kuchenca-fauchi-e-meta-na-kritiki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-navodni-surovi-eksperimenti-so-kuchenca-fauchi-e-meta-na-kritiki/#respond Mon, 25 Oct 2021 14:35:55 +0000 https://kurir.mk/?p=585221

Главниот медицински советник на американскиот претседател Ентони Фаучи се најде на удар на критики поради наводната лага изречена пред Конгресот за начинот на кој Националниот институт за здравство (НИХ) го финансираше контроверзното истражување за коронавирусот на лилјаците во Кина. Институтот призна дека учествувал во истражување на вируси со зголемена функционалност, спротивно на претходното негирање на Фаучи. Покрај наводите за лажење на американскиот Конгрес, д-р Ентони Фаучи сега се соочува со повици за негова оставка и апсење поради негова наводна вмешаност во брутални експерименти со кученца од расата Бигл, кои наводно биле заразени со паразити кои предизвикуваат болести. Повиците се интензивираа по објавувањето на видеото на кое се прикажани брутални сцени на имобилизација и тортура на кученца, а некои од видеата покажуваат како телата на кучињата се фрлаат во корпи за отпадоци, објави Њујорк пост. Грозоморните снимки се појавија набрзо откако хаштагот #ArrestFauci (уапсете го Фаучи) почна да кружи на Твитер, и стана вирален откако медицинскиот советник на претседателот беше обвинет од непрофитната организација White Coat Waste Project дека финансира сурови експерименти со парите на даночните обврзници. Според непрофитната организација, најмалку 44 кученца Бигл биле подложени на експериментални лекови во лабораторија во Тунис, Северна Африка. Беше објавено дека кучињата биле „живи хранети“ со паразити кои носат болести, а на животните им биле отстранети гласните жици за да не им пречат на истражувачите со нивното лаење. Во светло на неодамнешните обвинувања за лажење на Конгресот, кога Фаучи негираше дека неговиот Национален институт за здравство (НИХ) бил вклучен во студија за коронавирусот во Вухан, додека агенцијата вели поинаку, разбеснетите активисти за човекови права упатија обвинување за медицинскиот советник на претседателот . Некои луѓе дури споделија фотографии од своите домашни миленици, повикувајќи Фаучи да биде уапсен, пренесуваат американските медиуми. Фаучи, кој сè уште не ги коментирал наводите за експерименти со кученца, останува на ставот дека никогаш не го излажел Конгресот, инсистирајќи дека „ниту тој, ниту д-р Френсис Колинс, директорот на НИХ, не лажеле или довеле во заблуда за тоа што го правеле“. Тој исто така истакна дека „молекуларно е невозможно овие вируси на кои е работено да станат САРС-КоВ-2“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-navodni-surovi-eksperimenti-so-kuchenca-fauchi-e-meta-na-kritiki/feed/ 0