експерти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Dec 2022 13:17:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png експерти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сто илјади ИТ експерти ја напуштиле Русија од почетокот на инвазијата врз Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sto-iljadi-it-eksperti-ja-napushtile-rusija-od-pochetokot-na-invazijata-vrz-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sto-iljadi-it-eksperti-ja-napushtile-rusija-od-pochetokot-na-invazijata-vrz-ukraina/#respond Tue, 20 Dec 2022 13:17:04 +0000 https://kurir.mk/?p=778169

Околу 100.000 руски експерти за информатичка технологија ја напуштиле својата татковина од почетокот на инвазијата на Москва врз Украина, соопштија локалните власти. – Всушност, ако ги погледнеме двата брана на заминувања, до 10 отсто од вработените во ИТ компаниите ја напуштиле земјата и не се вратиле, изјави рускиот министер за дигитализација Максут Шадаев на собраниска расправа. Сепак, тој рече дека 80 отсто од тие луѓе сè уште се вработени во руски компании и дека е против тоа да им се забрани на овие Руси да работат од нивните сегашни локации. Првиот бран на емиграција се случи непосредно по објавувањето војна на рускиот претседател Владимир Путин во февруари, веднаш откако нареди делумна мобилизација на резервните трупи во Русија. ЕУ не им дозволи на повеќето Руси кои бегаат да влезат на нејзина територија, па затоа многумина побараа засолниште во соседните поранешни советски републики. Во Русија некои од нив се нарекуваат „предавници на татковината“, пренесе ДПА. Руската Влада и Парламентот дискутираат за закон со кој на иселениците ќе им се забрани да продолжат да работат за руски компании. Владата во Москва верува дека тоа ќе ги спречи да се издржуваат во странство. Дискусиите во моментов се водат околу тоа кои сектори треба да бидат изземени од забраната. Недостигот од руски ИТ експерти неодамна доведе до тоа тие и официјално да бидат ослободени од регрутирање за воена служба. Сепак, многу Руси не им веруваат на уверувањата на Кремљ и претпочитаат да се држат настрана од својата татковина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sto-iljadi-it-eksperti-ja-napushtile-rusija-od-pochetokot-na-invazijata-vrz-ukraina/feed/ 0
Домашни и странски експерти почнуваат да ја скенираат состојбата во манастирот Трескавец и црквата „Успение на пресвета Богородица“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/domashni-i-stranski-eksperti-pochnuvaat-da-ja-skeniraat-sostojbata-vo-manastirot-treskavec-i-crkvata-uspenie-na-presveta-bogorodica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/domashni-i-stranski-eksperti-pochnuvaat-da-ja-skeniraat-sostojbata-vo-manastirot-treskavec-i-crkvata-uspenie-na-presveta-bogorodica/#respond Sat, 24 Sep 2022 15:04:08 +0000 https://kurir.mk/?p=736952

Стручнни лица денеска ќе направат увид на состојбите во манастирот Трескавец и на црквата „Успение на пресвета Богородица“, а во почетокот на ноември експерт од Грција ќе го проучува големиот проблем што е опасност за црквата – влагата која веќе има направено одредена штета во Црквата. Директорот на прилепскиот Завод и музеј, Горан Цветкоски очекува да се најде решение за проблемот кој може да нанесе големи штети на непроценливото богатство – архитектурата и фрескоживописот. – Наидовме на проблеми и мислам дека во наредниот период ќе имаме големо разбирање од Министерството за култура. Пред сѐ, влагата во црквата и во трпезаријата е голем проблем. Затоа ја најавувам посетата на стручни лица од земјава и од странство. Еминентниот грчки стручњак, професорот Препис се очекува да дојде во почетокот на ноември. Се надевам дека со негова помош ќе најдеме некакво решение со кое ќе можеме да почнеме да работиме на заштитата и решавањето на главниот проблем – влагата. За реставрација и конзервација на црквата и на трпезаријата за догодина од Министерството за култура бараме 1,5 милиона денари. Во тек е изработката на основниот проект за конзервација и реставрација на архитектурата, на фрескоживописот на црквата. Веќе е почната превентивната заштита. Од Министерството имаме поддршка, вели Цветкоски. Отец Калист од манастирот Трескавец се надева дека ќе се забрзаат активностите за заштита на црквата зашто залудни се сите досегашни проекти ако не се забрза динамиката од која не се задоволни. – Веќе 18 години континуирано имаме проекти за заштита и за истражувачки работи на комплексот Трескавец. Имаме континуирана поддршка од Министерството за култура, но не сме задоволни од динамиката со која се одвиваат проектите. Се надевам дека конечно ќе ги забрзаме работите. Сето досега направено би било бесмислено доколку набрзо не почне со реконструкција, консолидација на црквата, со заштита на фрескоживописот, ни изјави отец Калист. Што се однесува до изградбата на водоводот и канализацијата до манастирот што е услов за новоизградените конаци да бидат ставени во употреба, само бирократска процедура ги кочи работите. -Во врска со изградбата на водоводот, обезбедени се средствата проектот е направен повеќе од една деценија, избрана е и фирмата и очекувам за брзо да почне реализацијата. Досегашниот одговор за ова е дека станува збор за бирократска процедура, одговара отец Калист. Од прилепскиот Завод и музеј потсетуваат дека во последните пет-шест години во манастирскиот комплекс Трескавец се инвестирани преку 2,5 милиона евра од кои најмногу во обновата на конаците. Водоводот е обврска на Општина Прилеп, а одвоените средства се околу 100.000 евра. Во февруари 2023 ќе се навршат 10 години од катастрофалниот пожар што ги изгоре манастирските конаци. Обновата се одвиваше забрзано, но не може да се стават во употреба зашто не се изградени водоводот и канализацијата. Научнаа фела пролетоска на конференција предупреди дека забрзано треба да се заштити црквата, односно фрескоживописот и архитектурата, а влагата, што признаваат и од Заводот и музеј, веќе има направено одредена штета. За ова се потребни домашни и ангажирање странски експерти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/domashni-i-stranski-eksperti-pochnuvaat-da-ja-skeniraat-sostojbata-vo-manastirot-treskavec-i-crkvata-uspenie-na-presveta-bogorodica/feed/ 0
Експерти од Шумарски факултет ќе работат со Град Скопје за зачувување и зголемување на зеленилото https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/eksperti-od-shumarski-fakultet-kje-rabotat-so-grad-skopje-za-zachuvuvanje-i-zgolemuvanje-na-zeleniloto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/eksperti-od-shumarski-fakultet-kje-rabotat-so-grad-skopje-za-zachuvuvanje-i-zgolemuvanje-na-zeleniloto/#respond Mon, 18 Apr 2022 10:36:38 +0000 https://kurir.mk/?p=664707

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и деканот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, проф. др. Кирил Сотировски Скопје, потпишаа Меморандум за соработка за овозможување унапредување и развој во областа на шумарството, заштитата и унапредувањето на животната средина, вклучувајќи ги аспектите кои се однесуваат на урбано зеленило, теренската и научноистражувачката работа, како и обуки за трансфер на знаења во наведените области, информираат од Град Скопје. - Системски пристапуваме кон заштитата на постојното зеленило во градот, кон планирањето и подигањето нови зелени површини, засадувањето нови дрвја и заштита на животната средина. Како резултат на оваа нашата соработка се формираат работни групи во кои учествуваат стручни лица од секторите за комунални работи и заштита на животната средина од Град Скопје, од ЈП Паркови и зеленило и Шумарскиот факултет кои ќе работат на проценка на дрвјата во градот. Со овој пристап нема да дозволиме да се отстрани ниту едно здраво дрво, а дополнително со соодветна поддршка во форма на трансфер на знаења од факултетот, ќе се обозможи новите дрвја да бидат квалитетно и успешно засадени. истакна градоначалничката Арсовска, на потпишувањето на овој значаен документ. Според меморандумот, Градот Скопје и Факултетот ќе соработуваат при спроведување на проекти во областа на зеленилото и заштита и унапредување на животната средина, вклучувајќи ги следните аспекти: -урбано зеленило (урбана дендрофлора, проектирање и подигање на зелени површини, -заштита и одгледување на урбано зеленило и цветни култури, -проценка на здравствена состојба на растенија, фитопатолошка и ентомолошка заштита, педолошки анализи, -производство на декоративни садници, парковски инфрастуктурни објекти и елементи), -вонградско зеленило (планирање, пошумување и одгледување, здравствени аспекти на зеленилото, заштита на шумите и зеленилото, екологија и одржлив развој, заштита на земјиштето од ерозија, уредување на поројни водотеци и рекултивација на копови, депонии и јаловишта со акцент на биолошките аспекти, управување со опасности и ризици од некои природни непогоди, периурбана дендрофлора), -машини и механизација, -датабази за зеленилото, -социоекономски аспекти на зеленилото, -стратегиска оцена и оцена на влијание врз животната средина, -теренска и научноистражувачка работа, како и обуки за трансфер на знаења во наведените области, информираат од градот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/eksperti-od-shumarski-fakultet-kje-rabotat-so-grad-skopje-za-zachuvuvanje-i-zgolemuvanje-na-zeleniloto/feed/ 0
КАТАСТРОФАЛЕН БРОЈ НА СООБРАЌАЈКИ НА ОВА МЕСТО ЗА САМО 3 ГОДИНИ – бугарскиот Институт за безбедност обвини, државата не ја интересира! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katastrofalen-broj-na-soobrakjajki-na-ova-mesto-za-samo-3-godini-bugarskiot-institut-za-bezbednost-obvini-drzavata-ne-ja-interesira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katastrofalen-broj-na-soobrakjajki-na-ova-mesto-za-samo-3-godini-bugarskiot-institut-za-bezbednost-obvini-drzavata-ne-ja-interesira/#respond Fri, 26 Nov 2021 10:30:54 +0000 https://kurir.mk/?p=600118

Бугарските медиуми и експертската јавност овие денови по автобуската несреќа отворија многу прашања со кои се соочува земјата, особено во делот со управувањето со ризиците. Имено бугарската „OnAir“ пренесувајќи ја анализата на Институтот за безбедност на патиштата, пишува дека во последните три години на автопатот „Струма“ се случиле десет сообраќајни несреќи. Тие пишуваат дека доколку функционирале институциите некој ќе го истражел случајот зошто таму се случуваат често сообраќајни несреќи. „Доколку имаше некој да излезе на терен, местото ќе се истражеше, а потоа ќе се откриеше дека кривината за одмор и начинот на која е обележана и направена е изложена на висок ризик за случување на кобни несреќи. Сега по тешката несреќа, сето ова е факт“, пишува Институтот. Во писмото кое го објави бугарскиот медиум тие пишуваат дека овие неколку дена се вложија сите напори за да се покаже колку опасно е означен автопатот, заштитната ограда како и светлосната сигнализација, но ние тоа го знаеме уште пред несреќата, обвинуваат од таму. „За овој процес не се потребни телевизиски експерти, туку докажани експерти за управување со ризик, експерти кои не би дозволиле политичарите да им кажуваат што да прават и обратно, експерти кои ќе им кажуваат на политичарите што да прават“, велат тие.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katastrofalen-broj-na-soobrakjajki-na-ova-mesto-za-samo-3-godini-bugarskiot-institut-za-bezbednost-obvini-drzavata-ne-ja-interesira/feed/ 0
Експерти за БНТ: Веруваме дека прво дошло до експлозија во автобусот, има пат на кочење – возачот не спиел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eksperti-za-bnt-veruvame-deka-prvo-doshlo-do-eksplozija-vo-avtobusot-ima-pat-na-kochenje-vozachot-ne-spiel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eksperti-za-bnt-veruvame-deka-prvo-doshlo-do-eksplozija-vo-avtobusot-ima-pat-na-kochenje-vozachot-ne-spiel/#respond Wed, 24 Nov 2021 13:11:52 +0000 https://kurir.mk/?p=599338

Погрешни и избледени хоризонтални ознаки, немање патна сигнализација, лоша состојба на рефлектирачката сообраќајна сигнализација, можен шверц на гориво или човечка грешка, се дел од можните причини за тешката сообраќајка со 45 загинати на автопатот Струма, во Бугарија. Ова го посочија експерти за безбедност на патиштата во „Денот почнува“ на БНТ. Полицијата на местото на несреќата дозволуваше пристап само на вештаци и истражители, кои работата на утврдување на движењето на автобусот, местата каде што одмарал, како и брзината со која се движел. Автомобилистот Румен Дунев, вели дека автобусот имал двапати пат на кочење и дека возачот на автобусот не спиел. -Еден пат е непосредно пред островот, пред автобусот да удри во островчето. И вториот пат непосредно пред да удри во втората заштитна ограда. Возачот на автобусот не спиел. Непосредно пред несреќата има поправка на коловозот, каде што поминува од една во друга коловозна лента, каде што патот е стеснет, т.е. ако почнал да заспива тој таму ќе направел несреќа, вели Дунев. Дунев тврди дека автобусот се запалил уште пред да ја однесе заштитната ограда од свртувањето. – Бидејќи од фотографиите што ги има, гори и заштитната ограда, првата што ја удира. Направивме многу детален преглед да видиме дали проблемот е од пукната гума. Имаше траги, изјави Дунев. Тој, исто така, посочува дека доколку на автобусот му пукнала гума, тогаш би требало да има траги од неа и на асфалтот. – Во моментот кога се качува на островот, нема траги од бандажот и гумата, што нè наведува да веруваме дека најпрвин дошло до експлозија во автобусот. Тогаш возачот почнал да оди прво десно и да ја намалува брзината, бидејќи по сударот автобусот буквално со многу мала брзина тргнал на левата лента и бидејќи бил тежок, ја скршил заштитната ограда и паднал во просторот меѓу двете заштитни огради, вели Дунев. Автомобилистот Димитар Илиев, на интернет објави видео во кое ја анализира целата рута по која возел автобусот пред кобниот судар, и констатира недостиг на соодветни знаци за фаталното исклучување, избледени ознаки кои не укажуваат дека има место за одмор на кривина на автопатот, како и немање доволно ефлектирачката сообраќајна сигнализација на заштитната ограда. Здружението на жртви од несреќи, пак, ја поставува хипотезата дека шверц на гориво е причина за пожарот. – Во интерес на вистината, пракса е од таму (Турција) да се купуваат запаливи работи, вклучително и плински боци и гориво, бидејќи горивото во моментов е исклучително поевтино отколку кај нас, вели Илија Тодоров од Здружението на жртви од сообраќајни несреќи. Шефот на автомобилскиот инспекторат Бојко Рановски, смета дека преку патните камери и техничките средства на автобусот може да се утврди дали возачот одмара и со која брзина се движел. – Има камери кои можат да го детектираат движењето на автобусот, брзината со која се движел и да се утврдат детали за настанувањето на оваа тешка несреќа, вели Рановски. Тој нагласува дека само годинава се констатирани повеќе од 1.500 прекршоци во автобускиот превоз, а во моментов се проверуваат сите автобуски компании, како и дека во моментот се поставува електронски систем кој автоматски ќе ги проверува сите регистри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eksperti-za-bnt-veruvame-deka-prvo-doshlo-do-eksplozija-vo-avtobusot-ima-pat-na-kochenje-vozachot-ne-spiel/feed/ 0
АНКЕТА НА НАРОДНА БАНКА: Поголема инфлација годинава и во наредните две години, очекуваат експертите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/anketa-na-narodna-banka-pogolema-inflacija-godinava-i-vo-narednite-dve-godini-ochekuvaat-ekspertite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/anketa-na-narodna-banka-pogolema-inflacija-godinava-i-vo-narednite-dve-godini-ochekuvaat-ekspertite/#respond Sun, 24 Oct 2021 12:34:47 +0000 https://kurir.mk/?p=584606

Експертите очекуваат зголемување на инфлацијата во земјава. Народната банка прави анкета на инфлациските очекувања и прашува експерти од областа, а според најновата, очекувањата за 2021 година упатуваат на просечна стапка од 2,8 отсто, наспроти 2,3 проценти во претходната анкета. Повисоки се и очекувањата за 2022 и 2023 година, односно испитаниците очекуваат дека стапката на инфлација ќе изнесува 2,5 отсто во 2022 година иако рекле дека ќе биде 2,1 процент во претходната анкета и 2,3 отсто во 2023 година за која во претходната анкета сметале дека ќе има инфлација од 2 проценти. - Слично како и во претходната анкета, испитаниците ги објаснуваат своите инфлациски очекувања пред сѐ со постепеното стабилизирање на состојбата предизвикана од пандемијата на ковид-19 којашто би довела до зголемена домашна побарувачка, како и повисоките цени на увезените добра, како што се цените на храната и енергијата. Исто така, испитаниците сметаат дека монетарните и фискалните мерки, и растот на платите би придонесле кон повисок раст на инфлацијата. Од друга страна, пролонгирањето на кризата и повторното воведување рестриктивни мерки за справување со вирусот, а со тоа и зголемување на неизвесноста и забавување на закрепнувањето на домашната економија, како и евентуално пониските увозни цени би можеле да доведат до пониска стапка на инфлација, велат од Народната банка. Анкетата се спроведувала во периодот од 15 до 22 септември 2021 година]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/anketa-na-narodna-banka-pogolema-inflacija-godinava-i-vo-narednite-dve-godini-ochekuvaat-ekspertite/feed/ 0
Експертите велат: Само на овој начин можете да го задржите мажот до себе засекогаш https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/ekspertite-velat-samo-na-ovoj-nachin-mozete-da-go-zadrzite-mazot-do-sebe-zasekogash/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/ekspertite-velat-samo-na-ovoj-nachin-mozete-da-go-zadrzite-mazot-do-sebe-zasekogash/#respond Fri, 22 Oct 2021 06:15:01 +0000 https://kurir.mk/?p=583482

Како да освоите квалитетен маж и истовремено да го врзете за себе? Експертите тврдат дека тајната лежи само во една работа! Иако мажите често не зборуваат за своите чувства и потреби, има едно нешто што им е многу важно, а често и неопходно, за да постигнат квалитетна емотивна врска, односно посветеност и „привразност“ во врската. – На мажите, особено оние кои имаат проблеми со емоционална интимност, им треба слобода – тврдат експерти за брачни и љубовни врски. Слободата има многу различни дефиниции, но тука не станува збор за слободно однесување во сексот, ниту за деновите кои партнерот повеќе би сакал да ги поминува сам, да излегува со пријателите и да си го организира времето како што му одговара. Експертите за емотивни врски тврдат дека скоро секој маж бара жена која ќе му даде доволно слобода за да може да се посвети на своите цели во животот, без разлика дали станува збор за специфичен начин на живот или планови за во иднина. Исто така, желбите можат да бидат поврзани со здравјето, духовноста, кариерата или образованието. За да може да се чувствува исполнет во врската, тој мора јасно да види како партнерката му помага и го поддржува во неговата животна мисија. Тој мора да чувствува дека нема мотиви од страна на неговата избраничка што може да го саботира неговиот „раст“. Ако забележи дека партнерката го одвлекува од целта или претставува закана за него, одбивноста била или емотивна или физичка. Во случај да види сојузник во девојката која ќе му помогне да постигне успех во неговата мисија и напредок во животот, тој ќе сака да ја привлекува и да остане со неа до крајот на животот. Со други зборови, мажот сака да биде со некоја што го прави слободен за да може да биде потполно свој, но и да стане најдобрата верзија за себе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/ekspertite-velat-samo-na-ovoj-nachin-mozete-da-go-zadrzite-mazot-do-sebe-zasekogash/feed/ 0
Владата прифати: Странски експерти за истраги при експлозии и пожари ќе се вклучат во истрагата за пожарот во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-prifati-stranski-eksperti-za-istragi-pri-eksplozii-i-pozari-kje-se-vkluchat-vo-istragata-za-pozarot-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-prifati-stranski-eksperti-za-istragi-pri-eksplozii-i-pozari-kje-se-vkluchat-vo-istragata-za-pozarot-vo-tetovo/#respond Thu, 09 Sep 2021 10:41:05 +0000 https://kurir.mk/?p=561457

Владата на денешната седница донесе одлука да ја прифати понудата на дел од сојузничките сили во НАТО да испратат во земјата стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги за пожари за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово, стои во владиното соопштение. Донесен е и заклучок со препорака стручните тимови на Министерството за внатрешни работи и на Министерството за здравство да се стават на максимално располагање на обвинителството во истражните постапки. -Владата ги задолжи надлежните институции да утврдат каков тип на дополнителна помош и поддршка е потребна за семејствата на загинатите и повредените, со цел истата да биде обезбедена во најкраток временски рок, се наведува во соопштението. На седницата Владата донесе одлука за прогласување тридневна жалост на територија на цела држава, почнувајќи од денеска. Претходно тридневна жалост прогласи и Општина Тетово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-prifati-stranski-eksperti-za-istragi-pri-eksplozii-i-pozari-kje-se-vkluchat-vo-istragata-za-pozarot-vo-tetovo/feed/ 0
На што се должат високите температури ова лето? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-shto-se-dolzat-visokite-temperaturi-ova-leto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-shto-se-dolzat-visokite-temperaturi-ova-leto/#respond Sun, 22 Aug 2021 07:25:30 +0000 https://kurir.mk/?p=553539

Поголем дел од Европа, особено Балканот, ова лето се соочи со појава на серија топлотни бранови и екстремно високи температури. Регистрирана е појава на тропски ноќи кога минималната температура на воздухот била поголема од 20 степени целзиусови. Загревањето на приземниот слој на воздухот во атмосферата и во почвата и дефицитот на врнежи во еден подолг временски период предизвикаа појава на суша и шумски пожари кои беа актуелни изминатиот период. Предвидувањата на експертите се дека ваквите појави ќе бидат се почести во следните години што значи дека се очекуваат продолжени суши, ненадејни обилни врнежи од дожд кои може да предизвикаат урагани и поплави, рекордни топлотни бранови во текот на летото, но и студени бранови во текот на зимата и раната пролет. Овие промени ќе влијаат врз здравјето на луѓето, но ќе се одразат и на социо-економскиот живот. Земјоделскиот сектор ќе биде најмногу погоден и доколку не се прилагоди навреме, можни се намалени приходи на земјоделските култури што, пак, ќе предизвика зголемување на цената на храната. – Иако беше очекувано, летото 2021 година предизвика многу температурни рекорди, т.е. во одделни делови од регионот регистрирани се екстремно високи температури-речиси незабележани до сега, што следствено може да се поврзе со климатските промени. Иако индивидуалните екстреми не можат директно да се поврзат со климатските промени, редоследот на екстремните временски услови низ целиот свет ја зголеми загриженоста дека сите настани се случуваат како резултат на климатските промени. Но она што навистина е евидентно е дека честината и силината на атмосферските системи и неповолни временски феномени се зголемува, што доведува до многу социо-економски проблеми, особено во најнеразвиените земји на кои им е потребен значително подолг период на адаптација за да се опорават од временските екстреми, велат авторите на анализата „Екстремно топло и суво лето, потопла есен и блага зима во Југоисточна Европа во сезоната 2021-2022“. Двајцата автори, д-р Владо Спиридонов, редовен професор по метеорологија на Институтот за физика при ПМФ и поранешен визитинг професор по метеорологија на Универзитетот во Виена и м-р Недим Сладиќ, уредник на временскиот блок во Нова ТВ Сараево, во изјава за МИА посочуваат дека не очекува потопла есен, особено во првиот дел кој ќе биде значително потопол од просекот. Во втората половина на есента не е исклучено да има и нестабилно време и појава на интензивни врнежи. Во текот на есента можно е формирање и на организирани атмосферски и фронтални системи со појава на нестабилност посебно во јужните приморски области. Можно е формирање на „Медикане” т.н. медитерански циклон во областа на Јонското и Егејското море како резултат на зголемувањето на температурата на морињата, влагата и акумулираната латента топлина на испарување. – Зимата, според сегашната слика, се очекува да биде поблага поради феноменот Ла Нина, најверојатно со повлажна шема, но предвидувањата за снежните врнежи се со помала доверба поради специфичните синоптички параметри. Но, сепак проценките се такви дека, и покрај ваквите услови, уживањата на ски центрите и планините нема да изостанат, велат двајцата автори. Осврнувајќи се на метеоролошките параметри во текот на летото, посочуваат дека во Босна и Херцеговина и во Хрватска се соборени многу летни рекорди кон крајот на јуни и почетокот на јули, додека во Грција и Северна Македонија поради долготрајните топлотни бранови и дефицитот на врнежи забележителни беа сушите кои условија пожари од невидени размери. Фактори за појавата на исклучително жешко лето-2021 година Во услови на топлотни бранови, дефицит на врнежи, суши и појава на шумски пожари, многумина си го поставуваат прашањето кои се факторите за оваа екстремна топлина и суша ова лето, незапаметена досега на овие простори, и дали тие се резултат на климатските промени. Несомнено е дека климатските промени забрзано дејствуваат, зголемувајќи ја честината и интензитетот на топлотните бранови. Секоја година во одреден временски период, климата над одредена област е различна. – Во рамки на климатскиот систем можни се меѓугодишни климатски варијации-колебања. Климатската варијабилност не е униформна во просторот и затоа може да се опише како комбинација од некои просторни модели или модови на климатска варијабилност, кои влијаат на времето и климата во различни просторни и временски рамки. Најпознат периодичен мод (режим) на климатска варијабилност е сезонскиот циклус, појаснуваат двајцата автори во анализата која може да се најде на линкот . Според нив, причината зошто имавме екстремно топло лето годинава во поголемиот дел од Европа може да се објасни со анализа на распределбата, продолженото егзистирање и влијание на воздушните маси и баричките системи со висок воздушен притисок во југоисточните делови на континентот и адвекцијата на топлина. – Суптропските ширини претставуваат погодна област за формирање на воздушни маси. Познато е дека во тие географски ширини се наоѓаат пространи т.н. Субтропски антициклони-центри со висок воздушен притисок. Тие заземаат многу голема пространи области и имаат издолжен облик така да се стекнува впечаток како областа со висок воздушен притисок да се протега на целиот субтропски појас. Овие системи се толку постојани и заземаат воглавно област помеѓу 30° и 40° северна и јужна географска ширина. Во текот на летото, овој суптропски појас со висок притисок се поместува кон север и антициклонот е повеќе изразен над океанот. За разлика од останатите антицклони, субтропските антициклони се развиени до големи висини, така да често се простираат до врвот на тропосферата. Во овие слоеви суптропските антициклони се протегаат околу земјата како непрекинат појас со висок притисок, чија оска на висина има карактеристична ориентација во правец WSW-ENE. Дополнителен фактор е што областа на Северна Африка е екстремно сува. При подесна антициклонална циркулација удружена со соодветни физички особини на подлогата во оваа географска област условува формирање на континентално-тропска воздушна маса. Овие воздушни маси се исклучително суви, топли, со многу изразен вертикален градиент на температурата и стабилна стратификација и вршат блокирање на зоналната цирулација и атмосферските системи во западна Европа. Освен тоа овие маси содржат голема количина на ситна прашина, па во нив поради големата заматеност е намалена видливоста, појаснуваат Спиридонов и Сладиќ. Темелно осврнувајќи се на влијанието на Сонцето како основен извор на светлина и топлина на Земјата, двајцата автори во анализата заклучуваат дека малку веројатно е дека Сонцето е причина за трендот на глобално затоплување на планетата. Тоа, велат, го потврдуваат и сателитските мерења на Сончевата излезна енергија, која во 40 годишен период се зголемила или намалила за помалку од 0,1 процент за разлика од глобалното затоплување предизвикано од човечкото влијание и согорување на фосилни горива, кое од 1750 година е над 50 пати поголемо од загревањето што доаѓа од Сонцето. Клучниот фактор за климатските промени, велат тие, е човечкиот фактор и неконтролираните емисии на стакленички гасови. – Ова се потврдува и во Шестиот извештај за проценка на IPCC (AR6), каде во Резимето наменето за политичарите потенцирани се клучните наоди на Работната група I посветена на физичките основи на климатските промени. Во истиот даден е осврт за тековната состојба со климата, каде дефинитивно се потврдува фактот дека човечкот влијание претставува клучен двигател наклиматските промени. Според истиот извештај се проценува дека човечкото влијание и неконтролираните емисии на стакленички гасови ја загреваат климата и го менуваат климатскиот систем со енормна брзина, како преседан во последните 2000 години, велат авторите. Предвидувањата се дека глобалната температура ќе продолжи да расте, а доколку не се преземат значителни намалувања на јагледорниот диоксид и другите стакленички гасови, тоа ќе доведе до континуирано затоплување кое ќе услови повеќе суви екстремни периоди. Очекувањата за северозападна и централна Европа, како што наведуваат двајцата автори повикувајќи се на извештајот, се зголемување на поплавите и силните бури, додека за западна и централна Европа се предвидува зголемување на земјоделските, хидролошките и еколошките суши. За медитеранската област се предвидува значителен дефицит на врнежи, зачестени пожари, ризик од суши и долготрајни топлотни бвранови. Источна Европа, пак, ќе се соочи со зголемен ризик од поплави и ризик од пожари. Екстремните промени опасност за здравјето на луѓето Продолжените, интензивни топлотни бранови го зголемуваат ризикот по здравјето на луѓето. Топлотниот стрес влијае на руралните области, но е особено изразен во градовите, каде што се формираат т.н. езера на многу топол воздух, (топлотни острови) каде урбаната температура може да се зголеми за повеќе од 5 °C. Ваквите екстремни промени кои се предвидуваат, според двајцата автори, ќе влијат врз здравјето на луѓето, особено на ранливите групи на население. Доколку не се преземат соодветни мерки, веројатноста да се зголеми должината и интензитетот на топлотните бранови во иднина би влијаела врз зголемувањето на бројот на кардиоваскуларните и респираторните заболувања. – Топлотните бранови во последната деценија предизвикаа десетици илјади прерани смртни случаи во Европа. Исто така, постои поголема веројатност да се зголеми должината, фреквенцијата и интензитетот на топлотните бранови во иднина. Овој индикатор може да доведе до значително зголемување на смртноста во наредните децении, особено кај ранливите групи, доколку не се преземат соодветни мерки за адаптација. Високите температури, исто така, го зголемуваат нивото на штетен озон и други загадувачи на воздухот, што ги влошуваат кардиоваскуларните и респираторните заболувања. Нивото на полен и други аеро-алергени се исто така повисоки при екстремна топлина. Овие можат да предизвикаат астма, која влијае на околу 300 милиони луѓе. Се очекува порастот на температурата да го зголеми бројот на вакви случаи, наведуваат Спиридонов и Сладиќ во анализата. Во вакви услови, препорачуваат дека е потребна поголема подготвеност за итна инфраструктура за јавното здравје. – Раното предупредување, системите за евакуација и ефективните санитарни услови ќе го намалат влијанието на екстремните случаи врз здравјето на луѓето, велат авторите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-shto-se-dolzat-visokite-temperaturi-ova-leto/feed/ 0
Експерти на ОН бараат Навални да се префрли во странство заради лекување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksperti-na-on-baraat-navalni-da-se-prefrli-vo-stranstvo-zaradi-lekuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksperti-na-on-baraat-navalni-da-se-prefrli-vo-stranstvo-zaradi-lekuvanje/#respond Wed, 21 Apr 2021 17:36:38 +0000 https://kurir.mk/?p=500496

Експерти за човекови права на ОН денеска ја повикаа Русија да дозволи затворениот опозициски лидер Алексеј Навални да биде префрлен во странство заради лекување, нагласувајќи дека сметаат оти животот му е во опасност. Навални е во затвор во тешки услови и „му беше забранет пристап до соодветна медицинска нега“, а ваквите услови може да се сметаат за тортура, се вели во соопштението. – Ги повикуваме руските власти да обезбедат Навални да има пристап до своите лекари и да биде евакуиран за итно лекување во странство, како што беше случајот во август 2020 година, велат експертите на ОН.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksperti-na-on-baraat-navalni-da-se-prefrli-vo-stranstvo-zaradi-lekuvanje/feed/ 0