екстерен испит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Jul 2021 11:06:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png екстерен испит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Просечна оценка 3.61 од двата екстерни испита на државната матура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prosechna-ocenka-3-61-od-dvata-eksterni-ispita-na-drzavnata-matura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prosechna-ocenka-3-61-od-dvata-eksterni-ispita-na-drzavnata-matura/#respond Mon, 05 Jul 2021 11:06:10 +0000 https://kurir.mk/?p=532185

Средната оценка од двата екстерни испита на државната матура во јуни 2021 (5 и 11 јуни) е 3.61 и е подобра од претходната државна матура, во 2019 година, кога просечниот успех беше  3.48. Резултатите од тестовите на речиси 15 300 матуранти кои полагаа минатиот месец денеска на прес-конференција ги соопшти директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) Елизабета Наумовска, а од 12 часот тие се објавуваат на огласните табли во училиштата и во системот matura.gov.mk. Наумовска рече дека преведено во оценка, резултатот од оваа матура е многу добар (4) за разлика од предминатата година кога оценката беше добар (3). Тоа покажува, рече таа, дека матурантите и покрај отежнатите услови, успеале да постигнат повисоки резултати и покажале дека тоа е возможно и со онлајн-наставта. Притоа посочи дека на оваа генерација матуранти им е излезено во пресрет и полагаа по скратени испитни програми. Од испитот по македонски јазик и литература просечната оценка е 3.93,а полагале 10 647 матуарнти (во 2019: оценката била 3.69). Албански  јазик и литераатура средна оценка е 3.59, полагале 3873 (во 2019:  3.85); турски јазик и литература постигната е средна оценка 3.57 од 253 матуранти кои полагале (во 2019: 3.73), средниот успех по англиски јазик  е 2.82 од 13 033 што полагале (во 2019 успехот бил 3.07); француски јазик полагале 31 ученик и постигнале просечна оценка 4.58, а пред две години успехот бил 4.61; германски јазик полагале 135 со средна оценка 4.56 (во 2019 е постигната 4.41), руски јазик полагале 18 матуранти и е постигната перосечна оценка  4.78 за разлика од 4.07 во 2019 година. Математика полагале 1510 матуарнти  и постигнале среден успех од 4.07, што е подобро од 2019-та кога е постигнат 3.66. Во уметничките училишта вториот екстерен беше филозофија односно естетика. Филозофија полагале 13 матуранти и е постигната средна оценка  4.23 (во 2019 успехот бил 3.89) и естетика полагале 63 и постигнале просечна оценка 4.03 за разлика од 4.38 пред две години. Само двајца ученици пријавиле дека се спречени поради изолација да полагаат и еден се јавил за дополнителниот рок што ДИЦ го овозмои на крајот на јуни. Матурантите имаат право на приговор во рок од три дена односно до среда, со уплата од 1.500 денари. Новина е што на matura.gov.mk има достапни формулари и информации како да ги достават приоговорите, односно тие се доставуваат до училиштето, кое скенирано ќе ги внесе во е-систем и ќе ги достави до ДИЦ. Од среда комисии на ДИЦ ќе ги разгледуваат приговорите  и на 12 јули ќе бидат соопштени конечните резултати од јунската испитна сесија.  За тие што нема да достават пригвоори, овие ќе бидат конечни резултати. Тие што ја положија матурата ќе може да се запишуваат на факултет, а за оние што не ја положиле или не во целост, следната сесија за полагање на екстерните испити е на 11 и 13 август. Наумовска на прес-конференцијата соопшти и дека ДИЦ подоготвва нова концепција за државна матура што би се применувала од идната учебна година. Државната матура во земјава се спроведува од 2007 година. Поради пандемијата минатата година не беше организирана, а оваа година по компромисот помеѓу Средношколскиот  сојуз и Владата, на матурантите им беше овозможено да полагаат два наместо три екстерни испити и по скратени наставни програми. Покрај екстерни, тие имаа и два интерни предмета и проектна задача.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prosechna-ocenka-3-61-od-dvata-eksterni-ispita-na-drzavnata-matura/feed/ 0
Матурантите ќе го полагаат вториот екстерен испит https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maturantite-kje-go-polagaat-vtoriot-eksteren-ispit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maturantite-kje-go-polagaat-vtoriot-eksteren-ispit/#respond Fri, 11 Jun 2021 05:37:52 +0000 https://kurir.mk/?p=521816

Матурантите денеска од 10 часот ќе го полагаат вториот екстерен испит за кој можеа да избираат меѓу предметите математика, странски јазик, филозофија и естетика. Според податоците на Државниот испитен центар, тест по математика избрале 1529 кандидати. Како и во минатите години, повеќе се определиле за странски јазик, а најголем број пријавени има за англиски (13 452). Германски јазик ќе полагаат 140, француски јазик 32, руски јазик 18. Математика и странски јазик се избор за учениците од гимназиското и од стручното образование, додека за учениците во училиштата од уметностите – странски јазик е во алтернација со филозофија (во училиштата за ликовно образивание и има 14 пријавени) и со естетика (во училиштата за музичко образование и се пријавени 66 кандидати). Според наставниот јазик, на македонски за испитот денеска се пријавени да полагаат 10 886 матуранти, на албански 4134 и на турски наставен јазик 274. Првиот екстерен испит – мајчин јазик, го полагаа во саботата. Тој беше задолжителен за сите 15 294 кандидати колку што се пријавени за матурата во оваа учебна година (македонски јазик и литература 10 848, албански јазик и литература 4078 и турски јазик и литература 272). Од вкупно пријавените над 15 000 кандидати, 7050 се од гимназиско образование, 7983 од средно стручно образование и 261 од средно уметничко образование. Резултатите од двата екстерни испита ќе бидат објавени на почетокот на јули, односно најдоцна 30 дена од последниот (вториот) екстерен испит. За матурантите кои на испитите на 5 и 11 јуни имаат коронавирус или се во изолација, овозможени се дополнителни термини за полагање на 25 и 28 јуни, со приложување потврда до училишните комисии. По тестовите од екстерните, матурантите до крајот на месецов ќе ги полагаат и двата интерни испита во училиштата, а покрај нив имаа и обврска за изработка на проектна задача која, според календарот, се реализираше од 15 март до 30 април. Матурантите што нема да ја положат матурата во јуни или не во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија – термините се 11 август за првиот екстерен и 13 август за вториот екстерен испит.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maturantite-kje-go-polagaat-vtoriot-eksteren-ispit/feed/ 0
Полагањето на државната матура почнува утре со првиот екстерен испит https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/polaganjeto-na-drzavnata-matura-pochnuva-utre-so-prviot-eksteren-ispit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/polaganjeto-na-drzavnata-matura-pochnuva-utre-so-prviot-eksteren-ispit/#respond Fri, 04 Jun 2021 07:19:10 +0000 https://kurir.mk/?p=518830

Учениците кои го завршуваат средното образование и се пријавени за државната матура, утре од 10 часот ќе го полагаат првиот екстерен испит – мајчин јазик, кој е задолжителен за сите 15 294 кандидати колку што се пријавени за матурата во оваа учебна година. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), од вкупниот број пријавени, 7050 се од гимназиско образование, 7983 од средно стручно образование и 261 од средно уметничко образование. Сите тие ќе го полагаат предметот мајчин јазик – македонски јазик и литература ќе полагаат 10 848 кандидати, албански јазик и литература 4078, а 272 – турски јазик и литература. Вториот екстерен испит, кој е изборен, ќе го полагаат на 11 јуни. Математика избрале да полагаат 1529 матуранти. Како и во минатите години, повеќе се определиле за странски јазик, а најголем број пријавени има за англиски (13 452). Германски јазик ќе полагаат 140, француски јазик 32, руски јазик 18. Математика и странски јазик се избор за учениците од гимназиското и од стручното образование, додека за учениците во училиштата од уметностите – странски јазик е во алтернација со филозофија (во училиштата за ликовно образивание и има 14 пријавени) и со естетика (во училиштата за музичко образование и се пријавени 66 кандидати). Според наставниот јазик, на македонски на 11 јуни се пријавени да полагаат 10 886 матуранти, на албански 4134 и на турски наставен јазик 274. Резултатите од тестовите ќе бидат објавени во рок од 30 дена од последниот (вториот) екстерен испит. Минатата година матурата не беше организирана поради пандемијата, а за оваа година е утврден здравствен протокол за деновите на полагањето. Најмногу 15 ученици е дозволено да бидат во училница, самите училишта ќе предложат по колку можат да сместат на испитите и во некои бројот ќе биде помал од овој максимум. Ќе има околу 2000 тестатори и околу 300 набљудувачи, кои се вакцинирани, а за матурантите кои на испитите на 5 и 11 јуни ќе имаат коронавирус или ќе бидат во изолација, овозможени се дополнителни термини на 25 и 28 јуни, со приложување потврда до училишните комисии. По полагањето на екстерните, матурантите до крајот на месецов ќе ги полагаат и двата интерни испита во училиштата, а покрај нив имаа и обврска за изработка на проектна задача која, според календарот, се реализираше од 15 март до 30 април. Скратени се и испитните програми за предметите опфатени со матурата (екстерни и интерни) што, покрај намалувањето на бројот на екстерни испити од три на два, беше, исто така, меѓу барањата на Средношколскиот сојуз и прифатено од Владата во февруари. Матурантите што нема да ја положат матурата во јуни или не во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија – термините се 11 август за првиот екстерен и 13 август за вториот екстерен испит.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/polaganjeto-na-drzavnata-matura-pochnuva-utre-so-prviot-eksteren-ispit/feed/ 0