еквадор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 06 Oct 2023 10:26:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png еквадор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Речиси 14 тони дрога се конфискувани во Еквадор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-14-toni-droga-se-konfiskuvani-vo-ekvador/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-14-toni-droga-se-konfiskuvani-vo-ekvador/#respond Fri, 06 Oct 2023 10:26:04 +0000 https://kurir.mk/?p=886019

Речиси 14 тони дрога се конфискувани вчера во Еквадор, соопштија властите. Дрогата била наменета за САД, Европа и Централна Америка. Во акцијата „Гранд Ерихон 35“ беа извршени 42 рации во повеќе провинции во државата, при што беа уапсени 28 лица и запленети 13,6 тони дрога, објави на „Х“, министерот за внатрешни работи, Хуан Запата. Тој додаде дека операцијата била по едногодишна истрага и „размена на информации со Мексико, Колумбија и САД“. Запленети се и пушки, автомати и пиштоли. Во претходните рации беа уапсени 33 лица. Рациите беа извршени во осум од 24-те провинции во земјата, кои бележат рекорден пораст на насилство и трговија со дрога. Од 2021 година во земјата се конфискувани над 500 тони дрога.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-14-toni-droga-se-konfiskuvani-vo-ekvador/feed/ 0
Во Еквадор запленети 1,2 тони кокаин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ekvador-zapleneti-1-2-toni-kokain/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ekvador-zapleneti-1-2-toni-kokain/#respond Tue, 05 Sep 2023 09:16:49 +0000 https://kurir.mk/?p=874710

Еквадорската полиција откри и заплени 1,2 тони кокаин во пристаништето Гвајакил. Дрогата била наменета за Германија. Кокаинот бил скриен во 31 куфер зад товар со банани. Во Еквадор изминатите години се интензивираа судирите меѓу ривалските нарко банди. Земјата е транзитна рута за кокаинот произведен во Колумбија, Боливија и Перу, кој потоа се шверцува во САД или Европа. Бројот на убиства минатата година достигна највисоко ниво во историјата на Еквадор.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ekvador-zapleneti-1-2-toni-kokain/feed/ 0
Уште еден политичар убиен во Еквадор за помалку од една недела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-eden-politichar-ubien-vo-ekvador-za-pomalku-od-edna-nedela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-eden-politichar-ubien-vo-ekvador-za-pomalku-od-edna-nedela/#respond Tue, 15 Aug 2023 11:56:26 +0000 https://kurir.mk/?p=866949

Лидерот на Партијата на граѓанската револуција во провинцијата Есмералдас, Педро Брионес, беше убиен само пет дена откако претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио беше убиен на предизборен митинг. Брионес бил убиен од вооружени лица на мотор, јавува Би-Би-Си. Засега не е познат мотивот, а полицијата се уште не се огласила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-eden-politichar-ubien-vo-ekvador-za-pomalku-od-edna-nedela/feed/ 0
ВОНРЕДНА СОСТОЈБА која ќе трае 60 дена по убиството на претседателски кандидат во Еквадор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonredna-sostojba-koja-ke-trae-60-dena-po-ubistvoto-na-pretsedatelski-kandidat-vo-ekvador/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonredna-sostojba-koja-ke-trae-60-dena-po-ubistvoto-na-pretsedatelski-kandidat-vo-ekvador/#respond Thu, 10 Aug 2023 06:58:12 +0000 https://kurir.mk/?p=865285

Претседателот на Еквадор, Гиљермо Ласо прогласи вонредна состојба во траење од 60 дена во целата земја  по убиството на претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио. „Вооружените сили од овој момент се мобилизирани низ целата национална територија за да ја гарантираат безбедноста на граѓаните, спокојството на земјата и слободните и демократски избори на 20 август“, рече Ласо во обраќањето објавено на Јутјуб. Осомничениот за атентатот на еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио починал од раните добиени во престрелка, соопшти еквадорското обвинителство на Твитер. „Осомничениот кој беше застрелан во престрелка со безбедносните сили е фатен и во тешка состојба е префрлен во Обвинителството во Кито. Екипа на Брза помош констатирала смрт“, соопшти државното обвинителство. Според анкетите, Вилависенсио имаше 7,5 отсто поддршка меѓу гласачите, ставајќи го на петтото место меѓу осумте кандидати кои ќе се натпреваруваат на претседателските избори на 20 август.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonredna-sostojba-koja-ke-trae-60-dena-po-ubistvoto-na-pretsedatelski-kandidat-vo-ekvador/feed/ 0
ВИДЕО: Еквадорски претседателски кандидат убиен за време на кампања https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-ekvadorski-pretsedatelski-kandidat-ubien-za-vreme-na-kampana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-ekvadorski-pretsedatelski-kandidat-ubien-za-vreme-na-kampana/#respond Thu, 10 Aug 2023 05:37:15 +0000 https://kurir.mk/?p=865220

Еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио беше застрелан на крајот од предизборниот митинг синоќа во Кито, а извршителот на убиството набрзо беше идентификуван, но им подлегна на повредите при апсењето. На видеата од предизборниот митинг, објавени на социјалните мрежи, се гледа како луѓе трчаат и врескаат додека се слушаат пукотници во кои е убиен 59-годишниот претседателски кандидат. Осомничениот сторител починал од повредите здобиени при апсењето, соопштија од Канцеларијата на главниот државен обвинител на платформата Икс. Партијата Movimiento Construye Villavicencio објави на Икс дека вооружени лица ги нападнале нејзините канцеларии во Кито. „Во спомен на неговата борба, ве уверувам дека ова злосторство нема да остане неказнето“, напиша претседателот Гиљермо Ласо на социјалната мрежа. Тој додаде дека организираниот криминал во земјата „отишол предалеку“ и им порача на сторителите дека „целата тежина на законот ќе падне врз нив“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-ekvadorski-pretsedatelski-kandidat-ubien-za-vreme-na-kampana/feed/ 0
Најмалку 12 загинати во земјотресот во Еквадор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-12-zaginati-vo-zemjotresot-vo-ekvador/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-12-zaginati-vo-zemjotresot-vo-ekvador/#respond Sun, 19 Mar 2023 09:53:00 +0000 https://kurir.mk/?p=813700

Најмалку 12 лица загинаа во земјотресот во Еквадор, соопштија официјални лица. Американскиот сеизмолошки институт УСГС соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,8 степени. „Во овој момент имаме 12 мртви“ и едно лице повредено, објави на Твитер претседателството на Еквадор, наведувајќи дека земјотресот предизвикал и материјална штета. Земјотресот се случи во саботата во 12.12 часот по локално време, со епицентар во општина Балао и на длабочина од 44 километри. Најпогоден е градот Куенка. Земјотресот ја погоди и соседната држава Перу, но нема информации за жртви или материјална штета. Не е издадено предупредување за цунами. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-12-zaginati-vo-zemjotresot-vo-ekvador/feed/ 0
Убиен кандидат за градоначалник победил на избори во Еквадор! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-kandidat-za-gradonachalnik-pobedil-na-izbori-vo-ekvador/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-kandidat-za-gradonachalnik-pobedil-na-izbori-vo-ekvador/#respond Tue, 07 Feb 2023 17:40:10 +0000 https://kurir.mk/?p=797441

На изборите за градоначалник на градот Пуерто Лопез во Еквадор победи кандидатот Омар Менендез, кој беше убиен само неколку часа пред отворањето на гласачките места. Вооружени напаѓачи упаднале и во просториите на неговата партија во саботата и го убиле Менендез и уште еден малолетник, јавува Би-би-си. Полицијата во Порто Лопез соопшти дека се уште го истражува можниот мотив за нападот. Се очекува член на партијата на која и припаѓа Менендез да го замени убиениот политичар на местото градоначалник. Менендез не беше единствениот политичар што беше убиен во пресрет на изборите. Две недели претходно беше убиен и кандидатот за градоначалник на крајбрежниот град Салинас, Хулио Цезар Фарасио. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-kandidat-za-gradonachalnik-pobedil-na-izbori-vo-ekvador/feed/ 0
Дерби на денот: Еквадор и Сенегал сакаат во нокат фазата, но има само еден билет https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/derbi-na-denot-ekvador-i-senegal-sakaat-vo-nokat-fazata-no-ima-samo-eden-bilet/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/derbi-na-denot-ekvador-i-senegal-sakaat-vo-nokat-fazata-no-ima-samo-eden-bilet/#respond Tue, 29 Nov 2022 14:13:25 +0000 https://kurir.mk/?p=768301

Денес започнуваат натпреварите од последното коло во групната фаза на Мундијалот и расплетот во Групата А. Двата меча се играат во исто време, а Еквадор и Сенегал во директен дуел ќе одлучуваат за место во нокаут фазата. Еквадор после првите две кола има четири бода, додека Сенегал има 3 бода, па ова е директен дуел за пласман во нокаут фазата. На репрезентацијата од Јужна Америка потребно и е реми, додека Сенегал мора да победи за да оди понатаму. На Еквадор му е доволен и бод Селекцијата на Еквадор пријатно ги изненади љубителите на фудбалот со начинот на кој игра на ова Светско првенство. Во првото коло беа супериорни над домаќинот Катар, додека против фаворитот Холандија одиграа реми, но лесно можеа да дојдат до победа. Бодот кој го освоија против „лалињата“ ги доведе во ситуација да му биде доволно и реми на овој меч, иако веруваме дека ќе одат на победа за потенцијално прво место во групата. За жал на тој дуел се повреди првата ѕвезда Енер Валенсија, па неговиот настап вечерва ќе биде под знак прашалник. Исто како и во квалификациите Еквадор покажа дека е многу тврда екипа со организирана одбрана која тешко прима голови. Меѓутоа, на овој меч не треба да калкулираат и да одат на реми бидејќи тоа може да им се одби од глава со оглед на фактот дека Сенегал покажа дека може да биде незгоден противник. Покрај Валенсија, овој дуел сигурно ќе го пропушти и фудбалерот на ЛА Галакси, Мендес, кој доби втор жолт картон против Холандија. Сенегал сака да покаже зошто е шампион на Африка Сенегал иако без првата ѕвезда, Садио Мане, сепак покажа дека има одличен тим и не е случајно шампион на Африка. Во првиот меч против Холандија играа одлично и паднаа дури во финишот, додека против Катар победија без поголеми проблеми. Сепак, Сенегал ќе мора да победи на овој меч доколку сака да оди во нокаут фазата, бидејќи не им е доволно реми. Тоа не значи дека Африканците безглаво ќе тргнат да го напаѓаат Еквадор, бидејќи покажаа дека имаат искусни поединци и се добро организирани. Сепак, доколку не дојдат до предност во првото полувреме во вториот дел ќе мора да ризикуваат повеќе, а тоа може да го казни Еквадор. Што се однесува до повредите, селекторот Сисе за овој дуел сигурно нема да може да смета на фудбалерот на Милан, Бало Туре, додека под знак прашалник е и Куате, кој одигра одлично против Холандија и токму со негово излегување следуваше падот на играта. Очекување Со оглед дека ова е натпревар со голем влог очекуваме тврд меч и внимателна игра на двете репрезентации. Сепак во последната третина од мечот ќе мора да има разврска и дуелот сигурно ќе се реши во тој период, бидејќи Сенегал ќе мора да ризикува, а Еквадор може да го казни тоа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/derbi-na-denot-ekvador-i-senegal-sakaat-vo-nokat-fazata-no-ima-samo-eden-bilet/feed/ 0
СП 2022: Холандија и Еквадор одиграа нерешено https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sp-2022-holandija-i-ekvador-odigraa-neresheno/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sp-2022-holandija-i-ekvador-odigraa-neresheno/#respond Fri, 25 Nov 2022 18:32:08 +0000 https://kurir.mk/?p=766687

Холандија и Еквадор одиграа нерешено во натпреварот од второто коло од групата А на Светското Првенство во 2022 година. Средбата на стадионот „Калифа“ заврши со резултат 1:1. Резултатот го отвори холандскиот напаѓач Коди Гакпо во 6. минута, Во 45+3 минута Еквадор можеше да израмни, но голот на Пурвис Еступинан беше поништен поради тоа што Аугусто Поросо беше во офсајд и му пречеше на погледот на голманот на Холандија. На почетокот на вториот дел, во 49. минута, еквадорскиот играч за врска Енер Валенсија сепак постигна гол и го постави конечниот резултат на натпреварот. Во 89. минута Валенсија се повреди и беше изнесен од теренот на носилки. Триесет и тригодишниот играч од средниот ред беше заменет со Кевин Родригез. Следниот меч Холанѓаните го играат на 29 ноември против Катар, а истиот ден Еквадорците ќе се сретнат со Сенегал. Двата натпревари ќе започнат во 16 часот. По комплетирање на второто коло во А-групата, првото место го делат Холандија и Еквадор со по четири бода, трет е Сенегал со три, Катар е последен без освоен бод. Земјата домаќин на Светското првенство во 2022 година ги загуби шансите за пласман во плејофот на турнирот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sp-2022-holandija-i-ekvador-odigraa-neresheno/feed/ 0
Малку фалеше да се случи инцидент на трибините на мечот меѓу Катар и Еквадор (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/malku-faleshe-da-se-sluchi-incident-na-tribinite-na-mechot-megju-katar-i-ekvador-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/malku-faleshe-da-se-sluchi-incident-na-tribinite-na-mechot-megju-katar-i-ekvador-video/#respond Sun, 20 Nov 2022 19:02:26 +0000 https://kurir.mk/?p=763895

По поништениот гол на Еквадор, еден од навивачите на оваа трибина стана од седиштето и гестикулираше дека судиите се потплатени, тогаш еден од катарските навивачи му рече да замолчи и да седне на столчето. По кратка вербална дискусија меѓу двајцата, ситуацијата се смири. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/malku-faleshe-da-se-sluchi-incident-na-tribinite-na-mechot-megju-katar-i-ekvador-video/feed/ 0