ел нињо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 14:19:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ел нињо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОН: Ел Нињо ќе трае до 2024 година, обилните врнежи ќе ја зафатат Јужна Америка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-el-nino-ke-trae-do-2024-godina-obilnite-vrnezhi-ke-ja-zafatat-juzhna-amerika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-el-nino-ke-trae-do-2024-godina-obilnite-vrnezhi-ke-ja-zafatat-juzhna-amerika/#respond Fri, 20 Oct 2023 14:19:36 +0000 https://kurir.mk/?p=891308

Временскиот феномен Ел Нињо ќе трае најмалку до средината на 2024 година, според најновите проценки на ОН, со невообичаено поројни врнежи во Јужна Америка и ризици за земјоделството. „Температурите на површината на Тихиот Океан нагло се зголемија во последните месеци, а затоплувањето е посилно долж брегот на Јужна Америка“, се вели во извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), во кој имале увид западни медиуми. Проценките за првиот квартал од 2024 година покажуваат невообичаено големо количество врнежи во Перу и Еквадор и во Мексико, и истовремена континуирана суша во Бразил, Гвајана и Суринам, прогнозира ФАО. Тековниот сушен период во Централна Америка, сепак, треба да трае само до крајот на годината, додаваат тие. „Прогнозираните временски услови се најголемата закана за земјоделството, вклучувајќи ги земјоделските култури, сточарството, шумарството и рибарството, бидејќи може да апсорбира само 26 отсто од економските загуби за време на периоди на екстремни временски услови и 82 отсто за време на суши“, посочува ФАО. Ел Нино и неговиот спротивен временски феномен Ла Нињо го намалија производството на клучните земјоделски култури во Јужна Америка, како што се пченицата, оризот и пченката. Агенцијата на ОН објави дека усвоила план кој треба да мобилизира финансиски ресурси за ранливите заедници во неколку земји погодени од екстремни временски услови. (МИА) Фото: ЕПА ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-el-nino-ke-trae-do-2024-godina-obilnite-vrnezhi-ke-ja-zafatat-juzhna-amerika/feed/ 0
Климатски промени: Зошто жештините ова лето се толку големи, еве што велат експертите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimatski-promeni-zoshto-zheshtinite-ova-leto-se-tolku-golemi-eve-shto-velat-ekspertite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimatski-promeni-zoshto-zheshtinite-ova-leto-se-tolku-golemi-eve-shto-velat-ekspertite/#respond Wed, 19 Jul 2023 06:23:12 +0000 https://kurir.mk/?p=857898

Топло е. Навистина е топло. А летото почна само пред неколку недели. Речиси една третина од Американците, или околу 113 милиони луѓе, побарале совети за топлотниот бран, според Националната служба за клима на САД, пишува Би-Би-Си. Низ целата земја температурите уриваат рекорди кои стојат со децении. Во градот Ел Пасо, Тексас, температурите надминаа 37 степени Целзиусови 27 дена по ред, што е нов рекорд кој го надмина претходниот од 1994 година. Јунските горештини во Велика Британија не само што беа рекордни за тој месец, туку далеку ги надминаа највисоките резултати за тој месец досега забележани. Овој јуни беше за 0,9 степени Целзиусови потопол од истиот месец во 1940 година, што е голема разлика. Податоците укажуваат на слични сценарија за топлотен бран во Северна Африка, Блискиот Исток и Азија. Затоа, не е чудно што Европскиот центар за среднорочни временски прогнози процени дека овој јуни бил најтопол на глобално ниво откако се бележат податоци. А горештините не се намалуваат. Трите најтопли денови во историјата на планетата се регистрирани во првата недела од јули, покажуваат податоците на Коперникус, агенцијата за клима и временски услови на Европската унија. Во понеделник, на 3 јули, просечната температура на Земјата беше 16,89 степени Целзиусови, а еден ден подоцна за прв пат надмина 17 Целзиусови степени – просекот беше 17,04. Прелиминарните податоци покажуваат дека рекордот повторно паднал на 5 јули бидејќи температурите достигнале просечни 17,05 степени Целзиусови. Овие бројки се во согласност со предвидувањата на климатските модели, вели професорот Ричард Бетс, климатолог од Метеоролошкиот завод на Велика Британија, кој исто така работи на Универзитетот во Егзетер. „Високите глобални температури воопшто не треба да не изненадуваат“. „Сето ова е вистински потсетник на она што го знаеме долго време, а ќе можеме да видиме уште повеќе поекстреми ако не престанеме да испуштаме уште повеќе стакленички гасови во атмосферата“, предупредува професорот. Кога зборуваме за горештина, имаме тенденција да мислиме на температурата на воздухот, бидејќи тоа е она што најмногу го чувствуваме во секојдневниот живот. Но, најголемата количина на топлина не оди во атмосферата, туку во океаните. И во текот на пролетта и летото оваа година беа срушени рекорди кога станува збор за температурата на океаните. Површината на водата во Северниот Атлантик, на пример, моментално е најголема во историјата. Топлотниот бран во океаните е особено нагласен во Велика Британија, бидејќи во некои крајбрежни области температурата на водата била за пет степени Целзиусови повисока од вообичаеното за овој период од годината. Американската Национална администрација за океани и атмосферска (НОАА) го класифицира тековниот топлотен бран како четврта категорија. Овој степен ретко се користи надвор од тропските предели и значи дека горештините се „екстремни“. „Досега не сме виделе толку многу абнормални температури во овој дел на Северен Атлантик“, вели Даниела Шмит, професорка по студии за Земјата на Универзитетот во Бристол. Во исто време, Ел Нињо се развива во тропскиот појас на Пацификот. Тоа е временски модел кој се повторува, а го предизвикува кревањето на топла вода на површината во близина на брегот на Јужна Америка и нејзино ширење понатаму во океаните. Со оглед на тоа што и Атлантикот и Пацификот доживуваат топлотни бранови, веројатно не е изненадување што температурата на површинската вода на планетата во текот на април и мај беше потопла од која било претходно забележана од 1850 година. Ако температурата на морето се зголеми, можеме да очекуваме и повисоки температури на воздухот, вели Тим Лентор, професор по климатски промени на Универзитетот во Егзетер. Поголем дел од вишокот топлина создадена од емисиите на стакленички гасови оди за загревање на површината на океанот, вели тој. Тој вишок најчесто се меша со водата од подлабоките делови на океанот, но струите како Ел Нињо можат да го вратат на површината. „Кога тоа ќе се случи, многу од таа топлина се ослободува во атмосферата, предизвикувајќи зголемување на температурите на воздухот“, додава Лентон. Лесно е да се помисли дека ова екстремно топло време е невообичаено, но тажната вистина е дека климатските промени значат дека е нормално да се доживуваат рекордни температури. Емисиите на стакленички гасови продолжуваат да растат од година во година. Стапката на раст незначително забави, но емисиите на јаглерод диоксид сигурно се зголемија за речиси еден процент минатата година, покажуваат податоците на Меѓународната агенција за енергија. А колку е повисока глобалната температура, толку е поголем ризикот од топлотни бранови, вели Фридерике Ото, климатолог од Институтот за климатски промени Грантам, на Империал колеџ во Лондон. „Овие топлотни бранови не само што се почести, туку се и потопли и подолги отколку што би биле без глобалното затоплување“, вели таа. Експертите предвидуваат дека Ел Нињо најверојатно ќе ја направи 2023 година најтоплата година на светот. Тие, исто така, стравуваат дека тоа веројатно привремено ќе го турне светот преку клучниот праг на затоплување од 1,5 степени Целзиусови. И тоа е само почеток – доколку не дојде до драматично намалување на емисиите на стакленички гасови, температурите ќе продолжат да растат. Британската метеоролошка служба соопшти дека рекордните јунски температури оваа година се двојно повисоки поради климатските промени предизвикани од човекот. Овие зголемени температури веќе предизвикуваат фундаментални и речиси сигурно неповратни промени во екосистемите ширум светот. Рекордните јунски температури во Велика Британија, на пример, доведоа до невиден помор на риби во реките и каналите. Не можеме да знаеме какво влијание ќе има сегашниот топлотен бран врз Британија, предупредува професорот Шмит од Универзитетот во Бристол, бидејќи никогаш порано не бил волку интензивен. „Во другите региони, околу Австралија, во Медитеранот, се сменија цели екосистеми, морските алгите исчезнаа, а морските птици и китовите гладуваа“, вели таа. Трката сè уште трае. Јасно е дека се движиме кон сè пожешка и хаотична климатска иднина, но имаме технологии и алатки да ги намалиме емисиите. Сега се поставува прашање дали тоа можеме да го направиме доволно брзо за да го забавиме климатскиот хаос и влијанијата од глобалното затоплување да ги задржиме во граници кои можат да се контролираат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimatski-promeni-zoshto-zheshtinite-ova-leto-se-tolku-golemi-eve-shto-velat-ekspertite/feed/ 0
Предупредување: Мора да бидеме подготвени за појава на нов „Ел Нињо“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predupreduvane-mora-da-bideme-podgotveni-za-pojava-na-nov-el-nino/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predupreduvane-mora-da-bideme-podgotveni-za-pojava-na-nov-el-nino/#respond Tue, 04 Jul 2023 19:04:28 +0000 https://kurir.mk/?p=852704

Во многу делови од светот озлогласениот метеоролошки феномен Ел Нињо повторно се појави и речиси е сигурно дека ќе влијае на глобалната клима во втората половина на оваа година, објави Светската метеоролошка организација (СМО) во Женева. Климата која ја создава Ел Нињо повторно се појави во тропскиот дел на Пацификот за прв пат по неколку години, а тоа би можело да ги зголеми глобалните температури и да ги промени регионалните временски и климатски шеми, пренесува ДПА. СМО со 90 проценти сигурност тврди дека овој феномен ќе доминира во втората половина од годината, но степенот на ова влијание сè уште не може да се предвиди. Последен пат силните ефекти на Ел Нињо беа почувствувани во 2015/2016 година, а научниците не се согласуваат за влијанието на тој феномен врз климата во сезоната 2018/2019. „Почетокот на Ел Нињо во голема мера ја зголемува веројатноста повторно да се срушат температурните рекорди“, рече директорот на WMO, Петери Талас. Тој ги повика владите да преземат превентивни мерки со цел да се спасат човечки животи во екстремни временски услови. Ел Нињо не е поврзан со климатските промени предизвикани од човекот, но може многу да го засили нивниот ефект бидејќи дополнително ја загрева атмосферата. Тоа е феномен кој се појавува на неколку години, паралелно со затоплувањето на Тихиот Океан и слабите ветрови кои дуваат од суптропските области кон Екваторот. Ел Нињо носи влажно и дождливо време и поплави во инаку суви области на Јужна Америка и сушен период во Индонезија. Во периодот на Ел Нињо се менуваат струите на ветерот кои дуваат од запад кон исток, а потоплите води се акумулираат кон источните делови на Тихиот Океан, со што се подига нивото на океанот и се намалува дебелината на слојот хранливи материи во него.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predupreduvane-mora-da-bideme-podgotveni-za-pojava-na-nov-el-nino/feed/ 0
Експертите предупредуваат за враќање на феноменот Ел Нињо: Можни се екстремни временски неприлики ширум светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekspertite-predupreduvaat-za-vrakane-na-fenomenot-el-nino-mozhni-se-ekstremni-vremenski-nepriliki-shirum-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekspertite-predupreduvaat-za-vrakane-na-fenomenot-el-nino-mozhni-se-ekstremni-vremenski-nepriliki-shirum-svetot/#respond Fri, 23 Jun 2023 07:10:31 +0000 https://kurir.mk/?p=848835

Климатскиот феномен Ел Нињо, повторно ги загрева површинските води во централниот дел на Пацификот, па затоа експертите предупредуваат дека по седум години може да дојде до различни екстремни временски настани, од суши до поплави, до рекордни температури, пренесува агенцијата Анадолија. Ел Нињо се случува кога слабите ветрови кои дуваат за запад кон Азија не ги туркаат топлите површински води во таа насока, предизвикувајќи зголемување на температурата на површината за околу четири до пет степени Целзиусови во источниот тропски Тихи Океан. Овој феномен спречува поладните, подлабоки води од овој регион да се издигнат на површината, предизвикувајќи промени во временските шеми во другите делови на светот. Ел Нињо предизвикува различни временски феномени, како обилни дождови, поплави, суши и шумски пожари. Особено погодени од потенцијално екстремни временски настани на Ел Нињо можат да бидат регионите на Тихиот Океан, Рогот на Африка, Југоисточна Азија и Јужна Америка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekspertite-predupreduvaat-za-vrakane-na-fenomenot-el-nino-mozhni-se-ekstremni-vremenski-nepriliki-shirum-svetot/feed/ 0
Под влијание на Ел Нињо можни се рекордни температури https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pod-vlijanie-na-el-nino-mozhni-se-rekordni-temperaturi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pod-vlijanie-na-el-nino-mozhni-se-rekordni-temperaturi/#respond Sun, 14 May 2023 11:05:18 +0000 https://kurir.mk/?p=833999

Се поизвесно е дека Ел Нињо, затоплувањето на тропскиот Пацифик, ќе се случи оваа година, објави Светската метеоролошка организација. Меѓутоа, бидејќи овој климатски феномен има многу поширока резонанца, можно е Ел Нињо да придонесе за рекордни температури во регионите ширум светот. Ла Ниња, студената фаза на покомплексниот феномен Ел Нињо - Јужна осцилација (ENSO), заврши по три години, а тропскиот Пацифик моментално е во неутрална фаза. Сепак, наскоро би можело да биде заменет со топла фаза, Ел Нињо. Како што се наведува, постои 60 отсто веројатност дека транзицијата ќе се случи во периодот од мај до јули. Според досегашните прогнози на метеоролозите, веројатноста се зголемува до 80 проценти во периодот од јули до септември. Засега нема индикации колку долго ќе трае Ел Нињо или колку ќе биде интензивен, но овој феномен може да ги продлабочи ризиците со кои се соочува планетата поради климатските промени. „Доживеавме осум најтопли години во историјата на мерењата, без оглед на ладењето предизвикано од Ла Ниња во изминатите три години, што делуваше како привремена кочница за зголемувањето на температурата“, рече генералниот секретар на Светската метеоролошка организација, Петери Талас. „Развојот на Ел Нињо веројатно ќе доведе до нов скок на глобалното затоплување и ќе ја зголеми шансата за соборување на температурни рекорди. Според извештајот на Светската метеоролошка организација, 2016 година била најжешката година во историјата поради „двојниот удар“ на силниот бран на Ел Нињо и затоплувањето предизвикано од човекот преку ослободување на стакленички гасови. Влијанието на топлата ENSO фаза најмногу се забележува во годината по нејзиното појавување, па се очекува последиците да бидат поочигледни во текот на 2024 година. „Треба да се подготвиме за развојот на Ел Нињо, кој често се поврзува со големи горештини, суша и врнежи во различни делови на светот“, предупреди Талас, додавајќи дека може да има и зголемување на временските екстреми. Ел Нињо е природен феномен кој се случува периодично, на секои две до седум години, и придонесува за затоплување на површината на Тихиот Океан во тропските предели. Епизодите траат помеѓу девет и дванаесет месеци. За време на Ел Нињо, има зголемување на врнежите во јужниот дел на Јужна Америка и во јужните региони на Соединетите Американски Држави, како и во Рогот на Африка и во Централна Азија. Спротивно на тоа, големи суши се можни во Австралија, Индонезија и Јужна Азија. Додека е во централниот и источниот дел на Тихиот Океан, Ел Нињо може да поттикне формирање на урагани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pod-vlijanie-na-el-nino-mozhni-se-rekordni-temperaturi/feed/ 0
Доаѓа опасниот метеоролошки феномен „Ел Нињо“: Неговите ефекти најмногу се чувствуваат околу Божик https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/doagja-opasniot-meteoroloshki-fenomen-el-ninjo-negovite-efekti-najmnogu-se-chuvstvuvaat-okolu-bozik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/doagja-opasniot-meteoroloshki-fenomen-el-ninjo-negovite-efekti-najmnogu-se-chuvstvuvaat-okolu-bozik/#respond Fri, 14 Dec 2018 08:53:20 +0000 https://kurir.mk/?p=140074

Метеоролошкиот феномен Ел Нињо ќе се формира наскоро и додатно ќе влијае на временските услови ширум светот што ќе ги зголеми шансите следната година да биде потопла од било кога, предупредуваат научниците. Како што тврдат од Центарот за предвидување на клима од американската Национална управа за океан и атмосфера, 80 отсто се шансите Ел Нињо да почне да се формира и тоа да трае до крајот на февруари 2019 година. Влијанието на Ел Нињо станува се поопасно последнава година поради глобалното загревање, а тоа се ќе се влоши штом просечните температури ќе продолжат да растат, наведува неодамнешната студија во весниккот „Geophysical Research Letters". Самиот термин на шпански јазик значи „мало момче“ и се однесува на малиот Исус, бидејќи ефектите на Ел Нињо најмногу се чувствуваат околу Божик. Последниот Ел Нињо е забележан во 2016 година, а поврзан е со катастрофалното избелување на коралите на Големиот корален гребен, големите суши во Африка, Јужна Америка и делови од Пацификот и југоисточна Азија и пожарите во Индонезија и Канада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/doagja-opasniot-meteoroloshki-fenomen-el-ninjo-negovite-efekti-najmnogu-se-chuvstvuvaat-okolu-bozik/feed/ 0