ел пасо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Aug 2019 06:50:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ел пасо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трамп ќе ги посети Дајтон и Ел Пасо, каде за викендот имаше масовни убиства https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-kje-gi-poseti-dajton-i-el-paso-kade-za-vikendot-imashe-masovni-ubistva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-kje-gi-poseti-dajton-i-el-paso-kade-za-vikendot-imashe-masovni-ubistva/#respond Wed, 07 Aug 2019 06:50:37 +0000 https://kurir.mk/?p=227151

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе ги посети градовите Дајтон, во Охајо, и Ел Пасо, во Тексас, во кои за време на викендот дојде до масовно пукање во кое загинаа 31 лице, јави ДПА.

Трамп со твит потврди дека ќе патува за Дајтон и Ел Пасо „ да се сретне со најодговорните, со луѓето кои го спроведуваат законот и со дел од сведоците на ова згрозувачко насилство“. Трамп е изложен на жестоки напади за неговиот одговор на пукањата, во обраќањето пред нацијата во понеделникот. Место говорот да го искористи за воведување построги мерки за контрола на оружјето, тој се осврна на проблемите со менталното здравје и ги обвини видео игрите и социјалните медиуми за насилството.
Градоначалникот на Дејтон, демократот Нан Вајли, вели дека ќе го поздрави Трамп во нејзиниот службен градоначалнички кабинет, но додаде дека има намера да му каже „колку ќе биде беспомошен“ во решавањето на вооруженото насилство. Градоначалникот на Ел Пасо, Ди Марго, исто така, рече дека ќе се сретне со Трамп „во неговиот кабинет“, како дел од неговата официјална должност, но рече дека ќе ги оспори сите „штетни и неточни изјави дадени за Ел Пасо“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-kje-gi-poseti-dajton-i-el-paso-kade-za-vikendot-imashe-masovni-ubistva/feed/ 0
ФОТО: Откриена првата жртва во Ел Пасо- мајка на три деца убиена додека си го спасувала бебето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-otkriena-prvata-zrtva-vo-el-paso-majka-na-tri-deca-ubiena-dodeka-si-go-spasuvala-bebeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-otkriena-prvata-zrtva-vo-el-paso-majka-na-tri-deca-ubiena-dodeka-si-go-spasuvala-bebeto/#respond Mon, 05 Aug 2019 08:37:50 +0000 https://kurir.mk/?p=226456

Меѓу 20 убиени во масовното пукање во американскиот град Ел Пасо е и 25-годишната Џордан Анчондо, која настрадала додека го штитела своето 2-месечно бебе, јавуваат американските медиуми. Обвинителите бараат смртна казна за убиецот Патрик Крусијус кој беше уапсен после извршеното злосторство. Анчондо, инаку мајка на 3 деца, е првата идентификувана жртва на масакрот во трговскиот центар во Ел Пасо. Нејзината смрт ја поврдила нејзината 19-годишна сестра Лета Џамровски. Според тоа што го кажала сестра ѝ, Анчонда настрадала додека купувала училишен прибор за едно од своите постари деца. -Врз основа на повредите кои ги претрпело бебето, ни рекоа дека Џордан најверојатно се обидела да го заштити своето бебе. Кога била застрелана, го држела бебето во раце, а потоа паднала врз него, поради што на детето му се скршени неколку коски. Бебето е живо, затоа што та го дала својот живот да го заштити“, рекла Лета за американските медиуми. Засега не се знае како завршил сопругот на Џордан, Анре, кој исто така бил во трговскиот центар, но после масакрот не се јавил. -Ни рекоа дека ако е жив, веројатно би не контактирал - рекла Лета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-otkriena-prvata-zrtva-vo-el-paso-majka-na-tri-deca-ubiena-dodeka-si-go-spasuvala-bebeto/feed/ 0
Ебрард: Мексико ќе бара екстрадиција на осомничениот за нападот во Ел Пасо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ebrard-meksiko-kje-bara-ekstradicija-na-osomnicheniot-za-napadot-vo-el-paso/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ebrard-meksiko-kje-bara-ekstradicija-na-osomnicheniot-za-napadot-vo-el-paso/#respond Mon, 05 Aug 2019 06:36:20 +0000 https://kurir.mk/?p=226395

Мексико размислува да поднесе барање за екстрадиција на осомничениот за саботниот масакр во Ел Пасо, Тексас, бидејќи шестмина од загинатите се мексикански државјани, соопшти министерот за надворешни работи на оваа земја, Марсело Ебрард, јави ДПА.

-Ние инцидентот го класифициравме како терористички напсд врз мексиканско-американската заедница  и врз Мексиканците во САД, им изјави вчера Ебрард на новинарите. Канцеларијата на државниот обвинител на Мексико истражува дали може да го обвини 21-годишниот осомничен напаѓач од Ел Пасо за тероризам против Мексиканците во САД, соопшти Ебрард, пренесува ДПА.
-Оттаму, исто така, проценуваат дали може да обвиненија против оние кои на осомничениот му го продале оружјето што се користело во нападот, рече тој. Ел Пасо се наоѓа на самата граница со Мексико, спроти Сиудад Хуарез, а многу Мексиканци секој ден ја минуваат границата за работа или купување во САД. Американските власти соопштија дека масакрот се истражува како „домашен тероризам“ и обвинителите, исто така, размислуваат да го обвинат осомничениот за федерални злосторства од омраза. Полицијата верува дека човекот може да биде одговорен за „манифестот“ објавен на Интернет непосредно пред пукањето, во кој се вели дека за нападот е одговорна „латино инвазијата на Тексас“. МИА

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ebrard-meksiko-kje-bara-ekstradicija-na-osomnicheniot-za-napadot-vo-el-paso/feed/ 0
Кутија со муниција од хеликоптер паднала во училиште https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kutija-so-municija-od-helikopter-padnala-vo-uchilishte/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kutija-so-municija-od-helikopter-padnala-vo-uchilishte/#respond Fri, 18 May 2018 11:40:16 +0000 https://kurir.mk/?p=55625

Кутија со муниција паднала од хеликоптер во американската сојузна држава Тексас, во едно основно училиште во Ел Пасо и го пробила кровот, соопштија локалните власти. Училишните власти во Ел Пасо наведуваат дека никој не е повреден. Кутијата оставила дупка на кровот и предизвикала прекин на електричната енергија во делови на зградата, пренесува АП. Службениците во локалната база Форт Блис наведуваат дека го испитуваат случајот. Командантот на бригадата од Форт Блис во соопштение вели дека му е жал за штетата и оти му е мило што никој не бил повреден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kutija-so-municija-od-helikopter-padnala-vo-uchilishte/feed/ 0