Елче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Oct 2022 07:37:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Елче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Елче го отпушти тренерот Франциско по пет последователни порази https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/elche-go-otpushti-trenerot-francisko-po-pet-posledovatelni-porazi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/elche-go-otpushti-trenerot-francisko-po-pet-posledovatelni-porazi/#respond Tue, 04 Oct 2022 07:37:48 +0000 https://kurir.mk/?p=740731

Елче го отпушти тренерот Франциско Родригез по серијата од пет порази во Шпанското фудбалско првенство. Гол разликата на тимот во овој сегмент е 2:14. Во 7. коло Елче синоќа загуби од Рајо Ваљекано (1:2) и се наоѓа на последното место на табелата во Ла Лига со само еден освоен бод. – Би сакале да му се заблагодариме на тренерот за неговата работа и посветеност за време на неговиот престој во клубот и напорите да обезбеди опстанок во Ла лига минатата сезона, стои во соопштението на клубот. Четириесет и четиригодишниот Родригез го презеде водството на Елче во ноември минатата година. Во сезоната 2021/22, тимот заврши на 13. место.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/elche-go-otpushti-trenerot-francisko-po-pet-posledovatelni-porazi/feed/ 0
Реал Мадрид спаси бод во финишот против Елче https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-madrid-spasi-bod-vo-finishot-protiv-elche/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-madrid-spasi-bod-vo-finishot-protiv-elche/#respond Sun, 23 Jan 2022 18:05:17 +0000 https://kurir.mk/?p=622263

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид немаше најдобра недела, откако им беше потребен гол во 92. минута да се спасат од пораз од Елче кој заврши 2:2 на „Сантијаго Бернабеу“, а уште полошо, нивниот најдобар стрелец оваа сезона, Карим Бензема мораше да биде повлечен од игра поради повреда. Реал Мадрид сега има само четири поени предност пред второпласираната Севилја, а доколку повредата на Бензема се покаже посериозна, имаат големи проблеми на три недели пред мега-дуелот со Пари Сен-Жермен во Лигата на шампионите. Бензема, кој оваа сезона постигна толку многу голови, прво во 33. минута од мечот не успеа да реализира пенал, по што во финишот на полувремето, во 42. минута Лукас Боје ги донесе Елче во неочекувано водство. Бензема во 58. минута од мечот мораше да биде заменет со Лука Јовиќ, откако се пожали со повреда на бутниот мускул, а во 76. минута, Пере Милја го удвои водството на Елче. Обидот на Реал да се вратат резултираше со уште еден пенал, овојпат во 82. минута, и Лука Модриќ овојпат не згреши, пред Едер Милитао во 92. минута да спаси поен за тимот на Карло Анчелоти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-madrid-spasi-bod-vo-finishot-protiv-elche/feed/ 0