Елеанор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 03 Jan 2018 12:12:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Елеанор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Северозапдна Европа зафатена од бурата Елеанор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severozapdna-evropa-zafatena-od-burata-eleanor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severozapdna-evropa-zafatena-od-burata-eleanor/#respond Wed, 03 Jan 2018 12:10:57 +0000 http://kurir.mk/?p=5869

Делови од северозападна Европа минатата ноќ и денеска се зафатени од бурата Елеанор, која предизвика прекини во електричната енергија и проблеми во авионскиот сообраќај. Силниот ветер остави без електрична енергија речиси 200.000 домаќинства во северниот дел на Франција. Ветровите на места достигна брзина и до 140 километри на час. Поради невремето денеска за посетителите е затворена и Ајфеловата кула во Париз. Силниот ветер предизвика доцнење и авионските летови, а најголем проблем има на најголемиот париски аеродром „Шарл де Гол“. Во Велика Британија и Ирска дуваа ветрови со брзина и до 160 километри на час. Невремето донесе дожд и град и остави десетици илјади домаќинства без струја. Најсилно е погодена областа Конрвол во југозападна Англија. Метеролозите прогнозираат дека во текот на денешниот ден ветрот над Велика Британија може да достигне 130 километри на час. Силниот ветер предизвика прекини на сообраќајот на аеродромот Схипхол во холандскиот град Амстердам. Ветерот дува со брзина до 120 километри на час, поради што аеродромската управа откажа 176 од предвидените 1.200 летови и најави дека е можно да откаже и дополнителни полети. Преостанатите слетување и полетување се спроведуваат со доцнење од по половина час. Схипхол е еден од најпрометните аеродроми во Европа. Бурата Елеанор предизвика сериозни материјални штети на територијата на Белгија, Синоптичарите информираа дека брзината на ветерот достигнала до 110 километри на час. Локални жители за белгиските медиуми изјавија дека Елеанор била најсилната бура што ја паметат. Силниот ветер, проследен со обилни дождови, откорнал или искршил голем број дрва кои оштетиле повеќе автомобили. Засега нема податоци за повредени лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severozapdna-evropa-zafatena-od-burata-eleanor/feed/ 0