електорски гласови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 24 Dec 2022 10:12:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png електорски гласови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Конгресот на САД го измени Законот за броење електорски гласови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kongresot-na-sad-go-izmeni-zakonot-za-broenje-elektorski-glasovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kongresot-na-sad-go-izmeni-zakonot-za-broenje-elektorski-glasovi/#respond Sat, 24 Dec 2022 10:12:53 +0000 https://kurir.mk/?p=779977

Американскиот Конгрес го смени законот стар речиси 150 години со кој се регулира официјализирањето на резултатите од претседателските избори. Потегот е рпеземен со цел да се спречат идни обиди за оспорување на изборните резултати, како што тоа го направи во 2021 година поранешниот претседател Доналд Трамп. Претставничкиот дом синоќа ги усвои амандманите на Законот за броење гласови како дел од многу поголемиот законодавен пакет вреден 1,7 трилиони долари, кој претходниот ден беше усвоен од Горниот дом, Сенатот. Законот сега треба да го потпише американскиот претседател Џозеф Бајден, по што ќе стапи на сила. Во соопштение Бајден го пофали вклучувањето на таа регулатива во законодавниот пакет и ја нарече „витална двопартиска акција што ќе помогне да се обезбеди изразената волја на народот“. Измените во Законот за пребројување на гласовите се најзначајниот одговор на Конгресот досега на агресивните напори на Трамп да го поткопа легитимитетот на претседателските избори во 2020 година, кои ги загуби од Бајден. Тој потег беше препорачан и од специјалниот комитет на Претставничкиот дом, кој спроведе истрага за насилниот упад на бунтовничката толпа во зградата на Конгресот на 6 јануари 2021 година. Законот за пребројување на гласовите, донесен во 1887 година, долго време беше критикуван дека е лошо напишан и конфузен. Неговите промени добија поддршка и од Демократската и од Републиканската партија на САД. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kongresot-na-sad-go-izmeni-zakonot-za-broenje-elektorski-glasovi/feed/ 0
Проекција на Си Ен Ен: Трамп со 42, а Бајден со 30 електорски гласови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proekcija-na-si-en-en-tramp-so-42-a-bajden-so-30-elektorski-glasovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proekcija-na-si-en-en-tramp-so-42-a-bajden-so-30-elektorski-glasovi/#respond Wed, 04 Nov 2020 06:15:49 +0000 https://kurir.mk/?p=424588

По пребројувањето на дел од гласачките ливчиња Си Ен Ен прави проекција за тоа по колку електроски гласови добиваат републиканецот Доналд Трамп и кандидатот на демократите Џо Бајден. Според делумно преброени гласови, Си Ен Ен проектира дека засега Бајден добива 30, а Трамп 42 електроски гласови. Според Си Ен Ен, Трамп победува во Кентаки, Оклахома, Индијана, Тенеси Северна Каролина, а Бајден во Далавер, Дисктрикт Вашингтон, Мериленд, Масачусетс и Вермонт, . Во клучната државата Флорида, која носи дури 29 електроски гласови се води „мртва“ трка и наизменично двајцата кандидати преминуваат во водство. Гласачите не гласаат директно за Трамп или Бајден, туку избираат електори (гласачи), демократи или републиканци, кои во декември формално бираат претседател (Изборен колеџ). Во 48 од 50 држави важи правилото според кое кандидатот за кого во државата гласале мнозинство од гласачите, автоматски ги добива гласовите на сите електори во таа држава. Само во државите Мејн и Небраска, гласовите на електорите можат да се делат пропорционално меѓу кандидатите во зависност од добиените гласови. Вкупно има 538 електроски гласови, а за место во Белата куќа потребни се 270.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proekcija-na-si-en-en-tramp-so-42-a-bajden-so-30-elektorski-glasovi/feed/ 0