електрана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Nov 2022 19:05:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png електрана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Француската ЕДФ откри радиоактивно истекување во електраната Сиво https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-edf-otkri-radioaktivno-istekuvanje-vo-elektranata-sivo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-edf-otkri-radioaktivno-istekuvanje-vo-elektranata-sivo/#respond Mon, 07 Nov 2022 19:05:33 +0000 https://kurir.mk/?p=757053

Француската ЕДФ минатата среда откри радиоактивно истекување во примарното коло за ладење во нуклеарната централа Сиво, објави компанијата, додавајќи дека нема безбедносен ризик. Истекувањето се случи во реакторот 1 на електраната Сиво, но не е измерена радиоактивност надвор од неа. Тој инцидент може да го одложи рестартирањето на реакторот планирано за 8 јануари, изјави денеска извор запознат со ситуацијата. Нуклеарната централа се наоѓа на околу 40 километри југоисточно од Поатје, град на западот на Франција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-edf-otkri-radioaktivno-istekuvanje-vo-elektranata-sivo/feed/ 0
Франција би можела оваа зима повторно да активира една електрана на јаглен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-bi-mozela-ovaa-zima-povtorno-da-aktivira-edna-elektrana-na-jaglen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-bi-mozela-ovaa-zima-povtorno-da-aktivira-edna-elektrana-na-jaglen/#respond Mon, 27 Jun 2022 05:56:17 +0000 https://kurir.mk/?p=696120

Електраната на јаглен на истокот на Франција, затворена на 31 март, би можела да биде рестартирана зимава, со оглед на ситуацијата во Украина и тензиите на енергетскиот пазар, потврди француското Министерство за енергетска транзиција. Од Министерството изјавија дека ја оставаат можноста за активирање на централата Сент Аволд на дополнителни неколку часа, доколку има потреба, за следната зима. Како што беше наведено, Франција во секој случај ќе остане под еден процент од електричната енергија произведена од јаглен, а руски јаглен нема да се користи. Во Франција има само уште една електрана на јаглен во Кордеме на запад, каде што повеќе од 67 отсто од електричната енергија се произведува од нуклеарни извори, а фосилните горива сочинуваат 7,5 отсто во 2020 година, од кои 0,3 отсто биле јаглен и 6,9 проценти гас. Министерството соопшти дека рестартирањето на централата се вклопува во нејзиниот план за затворање и дека планот на претседателот Емануел Макрон за затворање на сите фабрики на јаглен во Франција останува непроменет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-bi-mozela-ovaa-zima-povtorno-da-aktivira-edna-elektrana-na-jaglen/feed/ 0
Руската армија користела тортура врз вработените во електраната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-armija-koristela-tortura-vrz-vrabotenite-vo-elektranata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-armija-koristela-tortura-vrz-vrabotenite-vo-elektranata/#respond Wed, 09 Mar 2022 08:11:10 +0000 https://kurir.mk/?p=643780

Еуромајдан прес, англиски весник кој известува за руската инвазија на Украина, исто така се огласи на Твитер. – Руската армија употреби тортура за да ги натера вработените во заземената нуклеарна централа Запорожје да снимаат лажна адреса, која Русија ќе ја користи за пропагандни цели – изјави министерот за енергетика Херман Халушченко, пренесува Suspilne. Потсетуваме дека нападот на нуклеарната централа во Запорожје се случи во петокот минатата недела. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-armija-koristela-tortura-vrz-vrabotenite-vo-elektranata/feed/ 0
Единствената електрана во Појасот Газа не работи, Израел го спречи снабдувањето со енергенси https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edinstvenata-elektrana-vo-pojasot-gaza-ne-raboti-izrael-go-sprechi-snabduvanjeto-so-energensi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edinstvenata-elektrana-vo-pojasot-gaza-ne-raboti-izrael-go-sprechi-snabduvanjeto-so-energensi/#respond Tue, 18 Aug 2020 20:49:48 +0000 https://kurir.mk/?p=392389

Два милиона жители на Појасот Газа од денеска ќе имаат струја само четири часа дневно бидејќи единсствената електрична централа престана со работа. Електраната престана со работа еден ден откако Израел спречи снабдување со енергенси како одговор на акциите на палестинските екстремисти. Израелската армија соопшти дека палестинските екстремисти истрелале ракета од Појасот Газа кон Израел. – На голем број служби им се заканува пропаст ако продолжи ова криза, изјави портпаролот на Електродистрибуцијата во Газа, Мохамед Табет. Тој го повика Израел да дозволи испорака на енергенси, што се платени од Катар. И Министерството за здравство предупреди на опасни последици по пациентите на одделенијата за интензивна нега во болниците во Газа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edinstvenata-elektrana-vo-pojasot-gaza-ne-raboti-izrael-go-sprechi-snabduvanjeto-so-energensi/feed/ 0