електричната енергија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 27 Sep 2022 13:13:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png електричната енергија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Заглавени 120 рудари во Трепча поради прекин на електричната енергија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaglaveni-120-rudari-vo-trepcha-poradi-prekin-na-elektrichnata-energija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaglaveni-120-rudari-vo-trepcha-poradi-prekin-na-elektrichnata-energija/#respond Tue, 27 Sep 2022 13:13:05 +0000 https://kurir.mk/?p=738010

Во косовскиоот рудник за јаглен Трепча попладнево останале заглавени 120 рудари од првата смена, поради прекин на снабдувањето со електрична енергија, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста за порталот „Газета експрес“ ја потврди директорот на рудникот, Енис Абдурахмани, кој изјави дека дефектот настанал поради удар на гром, кој уништил неколку изолатори во електричната мрежа на рудникот. Тој информира дека состојбата на рударите е добра и дека се очекува набргу да бидат извлечени. – Во соработка со екипите на Енергетската корпорација (КЕСКО) правиме напори за санирање на проблемот. За триесетина минути ќе го средиме дефектот и ќе ги извлечеме рударите со лифт. Тие се заглавени во 11-тиот, 10-тиот и 9-тиот хоризонт. Нивната состојба е добра, изјави Абдурахмани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaglaveni-120-rudari-vo-trepcha-poradi-prekin-na-elektrichnata-energija/feed/ 0
Дваесет начини како да заштедите електрична енергија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dvaeset-nachini-kako-da-zashtedite-elektrichna-energija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dvaeset-nachini-kako-da-zashtedite-elektrichna-energija/#respond Fri, 17 Jun 2022 16:20:01 +0000 https://kurir.mk/?p=692278

Со зголемувањето на сметките за електрична енергија, многу домаќинства бараат начини да се намали потрошувачката на енергија. Со промена на некои мали навики драстично може да се намали потрошувачката на енергија.
  1. Да се затворат вентилите на радијаторите во собите што не се користат.
  2. Да се постават термостатски вентили и термостатски глави
  3. Да се испушти воздухот од радијаторите два пати во годината за одржување на ефикасноста.
  4. Да се вгради дигитален термостат за греење и ладење за прецизно контролирање на температурата.
  5. Апаратите денес се направени да трошат помалку енергија. Секогаш можете да ја проверите неговата етикета со класа на потрошувачка пред да го купите.
  6. Најдобрата практика е се уште кога потрошувачот не е во употреба да се исклучи. Тоа сигурно ќе покаже на значително намалување на сметката за електрична енергија.
  7. Користете соларна енергија. Сончевата енергија може да се користи за производство на енергија за многу работи, како на пример за топла вода, осветлување на различни делови од работното место и за полнење на мобилни и преносни уреди.
  8. Ќе се заштеди енергија, преку намалување на температурата на вашиот бојлер. Многу пати грејачот работи само за одржување на температурата на водата во бојлерот и ја затоплува многу повеќе отколку што некогаш ќе ја користите.
  9. Ќе заштедите енергија и кога ке го програмирате термостатот кога да се пали и кога да се гаси односно да се исклучи кога ќе си легнете или пак кога не сте дома.
  10. Ако сакате економично греење тогаш потребно е да инсталирате нов електронски, автоматски термостат за вашиот котел. Со овој термостат можете да ја контролирате температурата и кога не сте дома, за кога ќе се вратите вашиот дом ке ја има посакуваната температура.
  11. Елиминирајте ја непотребно потрошената енергија.
  12. 10% од сметката за струја троши осветлувањето во вашиот дом. Како еден од најголемите потрошувачи се светилките. Ако ги замените светилките ќе заштедите на енергија. На пример ако замените една светилка од 60 вати со една светилка од 30 вати ќе заштедите на електрична енергија. Исто така заштедете на електрична енергија ако не сте во соба, треба да го изгаснете светлото. Во поново време популарни се LED светилките, тие заштедуваат повеќе електрична енергија од обичните а ја даваат истата светлина а во некои случаеви и подобра.
  13. Загревањето на вода во домот односно во бојлерот е втор по големина потрошувач на електрична енергија. Прв начин е да се намали притисокот на топлата вода во тушот или чешмата, додека вториот начин е да се намали температурата на бојлерот. Со овие два начини се заштедува на електрична енергија.
  14. Соларните бојлери не се нова технологија, тие на пазарот се повеќе години и заштедуваат многу повеќе електрична енергија од обичните.
  15. Што се однесува до бојлерите, една од опциите е да се замени постоечкиот бојлер со нов бојлер во зависност од потребите од системот за греење што го имате инсталирано во вашиот дом. Бојлерот рабори 24 часа дневно за да ја загрее водата, а понекогаш и по неколку пати во денот во зависност од потребите (за туширање, миење на садови итн ). Системите кои се користат веќе со децении во Европа ја загреваат водата само кога е потребно. На почетокот овие системи се скапа инвестиција, но имаат брз повраток на истата бидејќи подоцна овие системи ги заштедуваат вашите пари односно вашата сметка за електрична енергија не е многу висока.
  16. Монтирајте тајмер на вашиот бојлер. Тајмерот служи кога водата во бојлерот ке се загрее да го исклучи греачот и со тоа ќе заштедите на електрична енергија.
  17. Користете повеќе ладна вода додека перете или користете топла вода со пониска температура . Така ќе заштедите од 2 до 4 % од енергијата.
  18. Греењето во вашиот дом во зима често може да доведе до огромни загуби на електрична енергија. Кога си легнувате во текот на ноќта, намалете ја температурата. Наутро кога станувате повторно вратете ја температурата. Со ова заштедувате на електрична енергија.
  19. Ако сте тип на човек кој заборава да ја намали температурата во текот на ноќта, или пак кога излегувате за на работа тогаш треба да инсталирате неделен дигитален тајмер кој може да ја прилагоди промената на температурата на онаа вредност која ќе му ја зададете.  Со инсталирањето на неделниот дигитален тајмер ќе се задржи температурата во вашиот дом на посакуваното ниво и преку ден и преку ноќ. Неделниот дигитален тајмер ќе ги намали вашите сметки за електрична енергија до 10%.
  20. Инсталирајте изолации на таванот и на ѕидовите, променете ги прозорците и вратите за да ја зачувате посакуваната топлина во вашиот дом.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dvaeset-nachini-kako-da-zashtedite-elektrichna-energija/feed/ 0
Украински министер: Русија да овозможи обновување на електричната енергија во Чернобил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-minister-rusija-da-ovozmozi-obnovuvanje-na-elektrichnata-energija-vo-chernobil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-minister-rusija-da-ovozmozi-obnovuvanje-na-elektrichnata-energija-vo-chernobil/#respond Wed, 09 Mar 2022 14:47:17 +0000 https://kurir.mk/?p=644116

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска изјави дека Русија мора веднаш да го почитува привремениот прекин на огнот за да се овозможи поправка на далноводот до нуклеарната централа Чернобил, бидејќи, како што тврди, може да дојде до истекување на радијација доколку и понатаму нема струја. – Резервните дизел генератори имаат капацитет од 48 часа за напојување на нуклеарната централа во Чернобил. После тоа, системите за ладење на складиштата на потрошеното нуклеарно гориво ќе престанат да работат, поради што истекување на радијација ќе биде неизбежно, напиша Кулеба на Твитер. Тој исто така тврди дека ветерот може да пренесе радиоактивен облак во други региони на Украина, Белорусија, Русија и Европа, пренесува „Гардијан“. „Доколку ситуацијата продолжи, целиот персонал таму ќе биде изложен на опасна доза на радијација“, предупредува Кулеба. Претходно украинскиот државен енергетски оператор објави дека руските сили ја исклучиле нуклеарната централа Чернобил од електричната мрежа. Украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“ објави дека од нуклеарната централа може да се испуштаат радиоактивни материи, бидејќи таа не може да го лади потрошеното нуклеарно гориво откако и било прекинато напојувањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-minister-rusija-da-ovozmozi-obnovuvanje-na-elektrichnata-energija-vo-chernobil/feed/ 0
ЈП Водовод и канализација донесе одлука, ќе ја намалува потрошувачката на електричната енергија https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-vodovod-i-kanalizacija-donese-odluka-kje-ja-namaluva-potroshuvachkata-na-elektrichnata-energija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-vodovod-i-kanalizacija-donese-odluka-kje-ja-namaluva-potroshuvachkata-na-elektrichnata-energija/#respond Fri, 12 Nov 2021 11:38:35 +0000 https://kurir.mk/?p=594596

ЈП Водовод и канализација – Скопје, врз основа на прогласената кризна состојба во енергетскиот сектор во времетраење од 30 дена, од страна на Владата, донесе интерна одлука за рационализација на потрошувачката на електричната енергија. -Во согласност со состојбата во која се наоѓаме во однос на енергетската криза, ЈП Водовод и канализација – Скопје, донесе интерна одлука за рационализација, односно намалување на потрошувачката на електричната енергија, на најниско можно ниво, без притоа да се наруши функционирањето и безбедноста на претпријатието. Врз основа на нашите општествено одговорни политики и спроведувањето на истите, се надеваме дека со ова ќе придонесеме кон зголемување на свеста за заштеда и рационална употреба на електричната енергија, пракса и пример кој ќе се следи и во иднина за сите природни ресурси кои се употребуваат за општо добро на граѓаните, вклучително и водата за пиење, изјави Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-vodovod-i-kanalizacija-donese-odluka-kje-ja-namaluva-potroshuvachkata-na-elektrichnata-energija/feed/ 0