електрични автомобили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Sep 2023 11:09:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png електрични автомобили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сите нови европски модели на „Нисан“ ќе бидат целосно електрични https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/site-novi-evropski-modeli-na-nisan-ke-bidat-tselosno-elektrichni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/site-novi-evropski-modeli-na-nisan-ke-bidat-tselosno-elektrichni/#respond Tue, 26 Sep 2023 11:09:00 +0000 https://kurir.mk/?p=881824

Автопроизводителот „Нисан мотор ко“ објави дека сите негови нови модели за пазарот на Европа ќе бидат целосно електрични и оти во иднина се планираат само електрични возила (ЕВ) на „Стариот Континент“ до 2030 година. Јапонскиот производител на автомобили соопшти дека еден од двата нови модели на електромобили што веќе ги потврди за Западот ќе биде произведен во неговата фабрика во Сандерленд, Англија. - Сега нема враќање назад. Сите нови модели на „Нисан“ за во Европа отсега ќе бидат целосно електрични, изјави извршниот директор на Ниссан, Макото Учида. Производителите на автомобили се жалат дека непочитувањето на „правилата за потекло“ утврдени во договорот за „Брегзит“ меѓу Велика Британија и Европската Унија може да доведе до царини од 10 отсто за електричните возила со коишто се тргува меѓу блокот и Велика Британија уште во јануари. Од друга страна, претседателот на „Нисан“ за Африка, Блискиот Исток, Индија, Европа и Океанија, Гијом Картие изјави дека електромобилите произведени во Сандерленд ќе ги исполнуваат тие правила. Колин Вокер, шеф за транспорт во Единицата за информации за енергијата и климата (ЕЦИУ), истакна дека регулаторната сигурност е клучен елемент за компаниите да одлучат каде да произведуваат електрични возила. Одлуката на „Нисан“, според него, се заснова на јасното сознание дека европскиот и британскиот пазар се префрлаат на електрични возила, и тоа прилиочно брзо. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/site-novi-evropski-modeli-na-nisan-ke-bidat-tselosno-elektrichni/feed/ 0
ЕУ ќе отвори истрага за кинеските субвенции за електрични автомобили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ke-otvori-istraga-za-kineskite-subventsii-za-elektrichni-avtomobili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ke-otvori-istraga-za-kineskite-subventsii-za-elektrichni-avtomobili/#respond Wed, 13 Sep 2023 08:54:37 +0000 https://kurir.mk/?p=877598

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска најави истрага за субвенционирање на електрични возила што доаѓаат од Кина, јави ДПА. Глобалните пазари се преплавени со евтини кинески електрични автомобили, рече фон дер Лајен, обраќајќи им се на пратениците во Европскиот парламент во Стразбур во годишното обраќање за „Состојбата на Унијата“. Нивната цена вештачки се одржува ниска поради „огромните државни субвенции“, рече таа, што доведува до нарушување на пазарот во ЕУ. ЕУ не толерира нарушувања на пазарот ниту од внатре ниту од надвор од него, рече фон дер Лајен. - Европа е отворена за конкуренција, а не за трка до дното, рече таа. Во исто време „од витално значење е да се задржат отворените линии на комуникација и дијалог со Кина“, додаде Фон Дер Лајен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ke-otvori-istraga-za-kineskite-subventsii-za-elektrichni-avtomobili/feed/ 0
Анкета: Помалку од половина Американци искажуваат спремност да преминат на електрични автомобили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-pomalku-od-polovina-amerikantsi-iskazhuvaat-spremnost-da-preminat-na-elektrichni-avtomobili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-pomalku-od-polovina-amerikantsi-iskazhuvaat-spremnost-da-preminat-na-elektrichni-avtomobili/#respond Thu, 11 May 2023 15:17:45 +0000 https://kurir.mk/?p=833121

Приблиќно четворица од десет возрасни Американци до некаде и веројатно ќе преминат на електро автомобили кога ќе дојде време за купување нов автомобил, се дознава од анкета на Центарот за иследување јавни политики на новинската агенција Асошиејтед прес-НОРК и Институтот за енергетска политика при универзитетот Чикаго. Според анкетата, чии резултати беа објавени денеска, главен фактор што испитаниците ги одвраќа од купување електро автомобил се високите цени и премалиот број станици за полнење на батериите. Од анкетата се дознава дека ако се пресмета субвенцијата од државата за купување нов електричен автомобил, што е во висина до 7.500 долари, на претседателот на САД Џо Бајден и на автомобилската индустрија ќе им биде тешко да ги убедат возачите да се откажат од лесни и товарни возила на бензин во корист на возила што не испуштаат издувни гасови. Автомобилските компании во САД инвестираат милијарди долари во фабрики и нови технологии за ефикасни батерии, во обид да се забрза преминот кон електрични возила, да се намали загадувањето од издувни гасови и борба со климатските промени. Американската Агенција за заштита на околината (ЕПА) предложи мерки според кои две третини од сите продажби на нови возила во САД до 2032 година да бидат продажби на електрични возила. Додека Бајден пак постави цел од 2030 година половина од продадените нови возила да бидат возила на електричен погон. Резултатите од анкетата укажуваат дека постигањето на овие цели ќе оди тешко. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-pomalku-od-polovina-amerikantsi-iskazhuvaat-spremnost-da-preminat-na-elektrichni-avtomobili/feed/ 0
Рено најавува: До 2030 година компанијата целосно ќе биде пренасочена кон продажба на електрични автомобили https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/reno-najavuva-do-2030-godina-kompanijata-celosno-kje-bide-prenasochena-kon-prodazba-na-elektrichni-avtomobili/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/reno-najavuva-do-2030-godina-kompanijata-celosno-kje-bide-prenasochena-kon-prodazba-na-elektrichni-avtomobili/#respond Fri, 14 Jan 2022 10:20:17 +0000 https://kurir.mk/?p=619275

„Рено“ најави можно целосно пренасочување кон продажба на електрични автомобили, во Европа, до 2030 година. Но, има и „план Б“ доколку тоа не успее поради неразвиената инфраструктура за полнење, или скапата струја, според извршниот директор на француската авто-компанија, Лука де Мео. Имено, тој изјави и дека во случај на проблеми што би ја спречиле целосната електрификација на возилата, оттаму сепак ќе продолжат да испорачуваат автомобили со внатрешно согорување. Претходно, предвидениот удел на електромобилите во продажбата на „Рено“ во 2030 година се очекуваше да биде 90 отсто. Постепено ќе се електрифицира и марката „Дачија“ – членка на „Рено груп“, но „во последен можен миг“, што веројатно значи – по 2030 година, најавуваат од „Рено“. Од овој бренд наскоро се очекува да ги претстави електричните модели „Меган“ и „Кангу“, а во подготовка е и малиот „Рено 5“ електричен автомобил во ретростил. Европската Унија сака до 2035 година да престане да продава нови автомобили со мотори со внатрешно согорување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/reno-najavuva-do-2030-godina-kompanijata-celosno-kje-bide-prenasochena-kon-prodazba-na-elektrichni-avtomobili/feed/ 0
„Шаоми“ од 2024 година ќе произведува електрични автомобили https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/shaomi-od-2024-godina-kje-proizveduva-elektrichni-avtomobili/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/shaomi-od-2024-godina-kje-proizveduva-elektrichni-avtomobili/#respond Tue, 19 Oct 2021 09:12:03 +0000 https://kurir.mk/?p=581866

„Шаоми“ (Xiaomi) почнува со производство на сопствени електрични автомобили во 2024 година. Ова го изјави претседателот на компанијата Леи Џун на денешната средба со инвеститорите, јави „Пенгпај“. Подготвителната работа на проектот оди побрзо од предвиденото. Како што истакнува Леи Џун, производството на електрични автомобили ќе оди во полза на постоечкиот екосистем, што вклучува примена и на технологија за управување со паметен дом или канцеларија. Во септември, „Шаоми“ ја заврши регистрацијата на подружница која ќе се занимава со производство на електромобили. Регистрираниот капитал на новата компанија – „Шаоми квиче“ (Xiaomi Qiche), е 10 милијарди јуани (околу 1,3 милијарди евра). Претседателот на Одборот на „Шаоми“ – Леи Џун е одобрен како законски застапник. Вкупната инвестиција во електрични возила се очекува да достигне 10 милијарди долари следните 10 години. „Шаоми“ веќе ангажираше 300 стручни лица за новата компанија и продолжува да бара висококвалификувани луѓе. На крајот на јули, тие најавија и создавање структура за развој на сопствена технологија за управување беспилотни возила. „Шаоми“ е основан во април 2010 година и е еден од најголемите производители на паметни телефони во светот. Во 2018 година, компанијата ја одржа првичната јавна понуда на своите акции на берзата во Хонг Конг. На крајот на декември лани, пазарната капитализација на фирмата првпат надмина 100 милијарди долари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/shaomi-od-2024-godina-kje-proizveduva-elektrichni-avtomobili/feed/ 0
Електричните автомобили го освојуваат светот, а ова се главните причини поради кои луѓето се одлучуваат за нив https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/elektrichnite-avtomobili-go-osvojuvaat-svetot-a-ova-se-glavnite-prichini-poradi-koi-lugjeto-se-odluchuvaat-za-niv/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/elektrichnite-avtomobili-go-osvojuvaat-svetot-a-ova-se-glavnite-prichini-poradi-koi-lugjeto-se-odluchuvaat-za-niv/#respond Thu, 11 Mar 2021 09:32:47 +0000 https://kurir.mk/?p=480585

Фановите на електричните автомобили тврдат дека возењето „на електрична енергија“ во голем град заштедува многу време и пари. Сепак, тоа не е единствената причина да се определите за да возите целосно електричен автомобил. Покрај нултата емисија на штетни гасови и придобивки за планетата, секако има и други придобивки кои влијаат на самите возачи. Еве шест причини зошто е подобро да се избере електричен автомобил отколку класичен автомобил со мотор со внатрешно согорување. 1. Збогум на сообраќајниот метеж Сообраќајниот метеж е еден од стимулациите со кои се повеќе градови ги наградуваат возачите на електрични автомобили. Имено, во многу европски градови е дозволено да се вози по автобуски ленти. Особено се истакнува случајот со Мадрид, каде што можете да возите по лента специјално резервирана за специјални возила или за еколошки автомобили. Благодарение на таа мерка, доколку живеете во предградијата, можете да ги намалите дневните патувања на работа за околу 30 минути на ден, што за многу корисници е главната причина за избор на електричен автомобил, пишува Автоманија. 2. Повластен паркинг Друг голем дневен предизвик за возачите во повеќето градови е наоѓање паркинг простор. Како резултат, сè повеќе градови нудат посебни придобивки на возачите на електрични возила, како што се бесплатни или поевтини резервирани места за паркирање. Често им е дозволено да паркираат и во сината и во зелената зона, без плаќање и без временско ограничување. 3. Возење во центарот на градот Скоро 300 европски градови имаат зони за возила со мала емисија на штетни гасови, и тој број продолжува да расте. Шпанскиот закон за климатски промени, на пример, ги обврзува сите градови со повеќе од 50.000 жители да одредуваат зони со ниски емисии и да го ограничат сообраќајот со поголеми емисии до 2023 година. Електричните автомобили се решение за ограничувањата во градовите. 4. Има сè повеќе полначи Веќе има повеќе од 150 000 јавни точки за полнење во Европа за полнење. Градовите се свесни дека мораат да изградат електрична мрежа за полнење електрични автомобили, па даваат стимулации за поставување „станици за полнење“ во куќи и компании. Покрај тоа, хотелите, рестораните и трговските центри им нудат паркинг простори со електрична енергија на клиентите целосно бесплатно. 5. Возете понатаму, трошете помалку Во исто време, електричните возила имаат се поголем опсег, така што новите градски електрични автомобили можат да поминат до 350 километри со едно полнење. Приближно 100 километри возење електричен автомобил чини околу 1 евро. Тоа, се разбира, зависи од земја до земја. 6. Набавка на субвенции, понизок данок Целта на мерките за поттикнување е масовно ширење на електричната мобилност, со пристапни цени за електричните автомобили. Сепак, електричните возила се уште се поскапи од оние со СУС мотори, па директната поддршка е клучна за нивно купување, што се движи од 3.000 до 5.000 евра од земја до земја, па дури и повеќе. Постојат различни дополнителни даночни поволности за поседување и користење електрични возила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/elektrichnite-avtomobili-go-osvojuvaat-svetot-a-ova-se-glavnite-prichini-poradi-koi-lugjeto-se-odluchuvaat-za-niv/feed/ 0
Во Гевгелија поставен првиот полнач за електрични автомобили https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-gevgelija-postaven-prviot-polnach-za-elektrichni-avtomobili/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-gevgelija-postaven-prviot-polnach-za-elektrichni-avtomobili/#respond Thu, 25 Oct 2018 10:21:50 +0000 https://kurir.mk/?p=119301

На паркинг просторот во центарот на Гевгелија, ЕВН го постави првиот полнач за електрични автомобили кој овозможува истовремено полнење на два автомобила. Независно од фактот што моментно во градот и околината нема многу хибридни автомобили, мопеди и инвалидски колички кои се напојуваат со струја, од ЕВН сметаат дека економските и незагадувачките ефекти од овие типови возила допрва ќе се препознаваат, а нивниот број во блиска иднина брзо ќе расте. Електричниот полнач овозможува, на пример, со дополнување на батеријата во времетраење од половина час, автомобилот да помине околу 50 километри што е приближно на растојанието меѓу Гевгелија и Демир Капија. Со оваа донација, од ЕВН сметаат дека ќе се подигне свеста за еколошките придобивки од користење на електрични возила и заштитата на животната средина. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-gevgelija-postaven-prviot-polnach-za-elektrichni-avtomobili/feed/ 0